Министерството за здравство информира дека нема нови случаи на западнонилска треска и дека последните суспектни случаи се негативни. - Во однос на западнонилската треска, до Институтот за јавно здравје не се пристигнати нови лабораториски потврдени случаи. Последните примероци од суспектните случаи се негативни на PCR-тестирањето. Исто така, на Клиниката за инфективни болести нема новопримени пациенти со сомнение за западнонилска треска, ...

Епидемиолошката состојба во Гостивар останува стабилна и континуирано се следи од надлежните здравствени институции, информира денеска Министерството за здравство. Вчера се регистрирани вкупно 84 први прегледи, што е за 27 повеќе во споредба со претходниот ден, кога беа евидентирани 57 прегледи. Од Министерството велат дека и покрај дневното зголемување, бројот на прегледи останува значително понизок во однос на пикот од 18 јули, кога беа ...

Сончевото и многу топло време ќе продолжи до крајот на неделава. Од четврток во попладневните часови локално се најавуваат дожд и грмежи. - Продолжува периодот на сончево и многу топло време со дневна температура која наместа ќе надмине 40 степени Целзиусови. Од четврток до крајот на седмицата во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи - велат од УХМР. Од среда ...

Над 17 000 лица ја напуштиле македонската држава за последните 24 часа преку гевгелискиот граничен премин со Грција во последните 24 часа, а околу 16 000 влегле во Македонија низ истата граница, покажуваат последните податоци од Министерството за внатрешни работи. Зголемениот број на возила кои чекаат за излез од државата го блокираа сообраќајот на двата гранични премини во Гевгелија и Дојран, во последните неколку часа, создавајќи ...

Американскиот претседател Доналд Трамп најави нов круг разговори со ирански претставници, откако привремено ги откажа понатамошните напади врз Иран. Преговорите треба да се одржат денеска, им изјави Трамп на новинарите синоќа во претседателскиот авион „Air Force One“ додека патуваше од Њу Џерси за Вашингтон. Тој не кажа каде ќе се одржат, колку долго би можеле да траат ниту кој ќе учествува, пренесе ДПА. Трамп исто така повтори дека ...

На илјадници луѓе им беше наредено да евакуираат делови од Спокен во источната американска сојузна држава Вашингтон, додека пожарникарите се борат со неколку шумски пожари. Властите вчера го издадоа предупредувањето за евакуација од највисок степен поради „тековна или непосредна“ закана, повикувајќи ги жителите веднаш да ги напуштат погодените области и да не се враќаат додека противпожарните екипи ја продолжуваат својата работа. Гувернерот ...

Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Иран, Есмаил Багеи, изјави дека Ормуската Теснина никогаш нема да се врати на состојбата пред војната. Багеи тврди дека разговорите што се водат меѓу Иран и Оман за Ормуската Теснина не се во никаква врска со отворањето или затворањето на тој пловен пат, пренесе иранската новинска агенција Фарс. Тој рече дека затворањето на Ормуската Теснина било последица, како што наведе, на ...

Големиот пожар што избувна во петокот во централна Грција и веќе е проширен во западниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, а во кој загинаа две лица по судар на хеликоптери што учествува во гаснењето, сè уште не е ставен под контрола и четврти ден, нешто помалку од 500 пожарникари се борат со огнената стихија, јави дописничката на МИА од Атина. Утрово, со оглед на тоа што е намален интензитетот на ветерот, започна и гаснење ...

Британскиот премиер Енди Бернам изјави синоќа дека претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, не е вистинскиот човек да го предводи светскиот фудбал. Реакцијата на официјален Лондон доаѓа откако контроверзниот план предложен од Инфантино за продажба на удел од комерцијалните права на идните светски првенства на приватни инвеститори пропадна по жестоки критики од целиот свет. „Не верувам дека тој е вистинскиот човек да го води фудбалот напред на ...

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Во западните делови ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен, а во источните делови од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 19, а максималната од 33 до 39 степени. Во Скопје ќе биде топло и ветровито. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 39 степени. Топлиот бран од југ ќе продолжи до ...

Земјотрес со јачина од 2,5 степени по Рихтер вчеравечер е почувствуван во Скопје. Земјотресот е регистриран во 21:54 часот, а според информациите од Сеизмолошката опсерваторија во Скопје, епицентарот на земјотресот е од скопското епицентрално подрачје. Земјотресот бил со интензитет од три до четири степени според Европската макросеизмичка скала. МИА Земјотрес со јачина од 2,5 степени по Рихтер вчеравечер е почувствуван во Скопје. ...

Родителите и учениците од карбинското село Крупиште излегоа на протест пред училишната зграда по добиените информации дека од 1-ви септември им се затвора училиштето. Срамота е велат во месноста каде според археолошките наоди се тврди дека е создадена глаголицата, во 21 век да нема училиште за нивните деца. -Ова сега е стварно жално и неприфатливо, да одат сега и да се малтретираат по 20 км за да ги пополнуваат останатите подрачни училишта за ...

Струмичките пожарникари утринава успешно спасија мајка и дете кои паднале во провалија покрај трим-патеката што води кон манастирот „Св. Илија“. Од Територијалната противпожарна единица Струмица информираат дека спасувачката акција започнала околу 05:15 часот, кога тим од пожарникари-спасители бил испратен на местото на настанот. По пристигнувањето на местото на настанот, пожарникарите со употреба на соодветна спасувачка опрема успешно ги ...

Расте бројот на сомнителни на западно-нилска треска хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести. Уште тројца скопјани со воспаление на мозок изминатото деноноќие завршиле на болничко лекување и за нив лекарите чекаат лабораториски анализи дали станува збор за вест најл вирусот. -Сите тројца се суспектни на вест најл вирусната инфекција. Тројцата се од Скопје, кај сите епидемиолошката анкета е негативна, не патувале надвор од државата. ...

Уапсени се 6 лица, а едно е повикано на информативен разговор, по вчерашното пукање на семејна прослава во гостиварското село Добридол. Полицијата соопшти дека меѓу приведените има 21 годишник, кој пукал заедно со својот татко, 46 годишник. Во нивниот двор се пронајдени 27 испукани чаури. Но оружје и муниција имало и кај останатите приведени, велат од МВР. -Пронајдени и одеземни се гасни пиштоли, куршуми за гасни пиштоли, еден пиштол со 8 ...

На Мечкин Камен во Крушево беа одбележани 123 години од Илинденското востание. Потпредседателот на Собранието, Антонио Милошоски кој ја предводеше собраниската делагација порача дека денешното востание не се пушката и црешовото топче, туку одговорноста да се создаде семејство и да се воспитаат деца, а демографијата е новата борба за Македонија. На Мечкин Камен во Крушево беа одбележани 123 години од Илинденското востание. Потпредседателот на ...

Во Крушево се роди идејата дека слободата вреди повеќе од животот, а во манастирот Прохор Пчински идејата доби државотворна форма. Втори август е потсетник за жртвата на илинденците и асномците кои се изборија за државноста, а оваа генерација е последната која може да се избори со многуте неправди и погрешни историски одлуки кои и се нанаесени на Македонија, кажа премиерот Мицкоски во илинденската порака. Владината делегација предводена од ...

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување и раководител на Главниот штаб за управување со кризи Стојанче Ангелов информира дека денеска се регистрирани 20-тина пожари на отворен простор од кои најголем дел се изгаснати. Останатите се ставени под контрола и се очекува да бидат изгаснати во текот на денот. Во гаснењето на пожарите денеска не се вклучени ер -тракторите. -Пожар којшто беше видлив од подалеку и предизвика одредена ...

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска заедно со генералниот секретар на партијата Драган Ковачки и со заменик-министерот за правда Ален Деребан положи цвеќе пред спомен-обележјето на хероите од илинденската епопеја во село Ташмаруништа. -Илинден не е само спомен на славното минато, туку и трајна обврска да ја чуваме, развиваме и сакаме нашата татковина. Со благодарност кон хероите и со почит кон нивното дело, го ...

На 01.08.2026 во 22:06 часот, во Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Гостивар, од Медицинскиот центар Гостивар е пријавено дека кај нив биле донесени две повредени лица од сообраќајна несреќа. Полициски службеници излегле на местото на настанот и утврдиле дека во с. Дебреше, во близина на основното училиште, четирицикл без регистарски таблички, управуван од 14-годишник од с. Чегране, а како сопатник бил 13- годишник од с. ...

На 01.08.2026 во 13:05 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Т.Р.(73) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека во 12:00 часот во ходник од станбена зграда во Охрид, по претходно недоразбирање околу паркирано возило вперил пиштол кон Г.К.(51) од Скопје, кој престојувал во истата зграда. Потоа полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција при СВР Охрид извршиле претрес во домот на ...

Двајца загинати и двајца спасени е билансот од несреќата со двата хеликоптера што се судрија во Грција за време на операција за гаснење на големиот шумски пожар во бизина на Псата во западниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, а станува збор за изнајмени хеликоптери од типот „Бел“, како што соопштија од противпожарната служба на Грција. Веднаш по сударот биле мобилизирани спасувачки екипи, а со операцијата на терен раководел ...

Епидемиолошката состојба во Гостивар е стабилна и континуирано се следи од надлежните здравствени институции, информира денеска Министерството за здравство. -Во текот на 1 август се регистрирани вкупно 57 први прегледи, што е за три помалку во споредба со претходниот ден, кога беа евидентирани 60 прегледи. Нема нови хоспитализации, се наведува во соопштението. Заклучно со 1 август, регистрирани се вкупно 1.041 формална пријава за заразна ...

Сообраќајот на државните патишта во земјава се одвива непречено и по суви коловози, информира Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е зголемен, а поради поголемата фреквенција на возила има задржувања на два гранични премини. На граничниот премин Табановце времето на чекање за влез и излез од државата е околу еден час, додека на Богородица се чека околу 30 минути во ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во своето обраќање во Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце, по повод одбележувањето на националниот празник 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, порача дека секоја генерација има свој Илинден, со своја мисија и задача, а сегашната има задача да ја зачува државата силна, да ја направи просперитетна, да ја направи праведна и повторно да ја направи земја во која луѓето ќе веруваат дека вреди да се ...

Илинден не е само спомен. Тој е меѓник според кој се мери како се однесуваме кога времињата стануваат тешки. И токму затоа денес сме овде. Со почит да се потсетиме на 1903 година и, уште поважно, длабоко да им се поклониме на луѓето што покажаа што значи непокор. Илинденците не ни оставија слободна држава, но ни оставија насока до неа. Не ни оставија готова иднина. Ни оставија обврска да ја создадеме. Тоа е суштинската разлика. Историјата не ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во своето обраќање по повод одбележувањето на националниот празник 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, нагласи дека поопасно од секоја криза е моментот кога еден народ ќе престане да верува во себе и нагласи дека нивна најголема задача во моментов не е само да управуваат со институциите, туку повторно да изградат доверба, чувство дека оваа држава повторно му припаѓа на народот, дека законите важат ...

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска од Крушево, градот-симбол на Илинден и македонската државност, упати порака по повод 2 Август – Илинден, нагласувајќи дека овој датум претставува симбол на вековната борба на македонскиот народ за слобода, самобитност и сопствена држава. Тој истакна дека идеалите на илинденците денес се продолжуваат преку развојот и изградбата на современа Македонија, посочувајќи дека ...

Со интонирање на државната химна и со читање на делови од Крушевскиот Манифест и реферат за двата Илиндена, во Тетово денеска беше одбележана 123 годишнината од Илинденското востание и 82 годишнината од првото заседание на АСНОМ. Прославата, организирана од Сојузот на борците од Тетово, се одржа пред споменикот на Револуцијата во центарот на градот. -2 Август не е само датум, тој е завет. Од Херонеја каде што мекедонската храброст испиша ...

Државата јакнее преку националното помирување. Ако сакаме нашата држава да биде пристојно место за живеење, мора да ги надминеме поделбите и да научиме да зборуваме во еден глас за прашањата од национален интерес. Тоа ни е потребно повеќе од кога било порано, ова е главната порака на претседателката Гордана Сиљановска Давкова од нејзиното обраќање по повод 2 Август Илинден, пред споменикот на Методија Андонов Ченто во Скопје. -Државата ...

weather icon

Скопје

35ᴼ / 35ᴼ
2.87
19%
1011
weather icon

Белград

37ᴼ / 37ᴼ
0.89
34%
1012
weather icon

Загреб

38ᴼ / 38ᴼ
0.5
23%
1012
weather icon

Софија

32ᴼ / 32ᴼ
4.43
26%
1012
weather icon

Сараево

37ᴼ / 37ᴼ
4.18
25%
1012
weather icon

Љубљана

37ᴼ / 36ᴼ
1.79
26%
1013
weather icon

Атина

35ᴼ / 33ᴼ
4.47
36%
1010
weather icon

Тирана

36ᴼ / 36ᴼ
3.44
23%
1012
weather icon

Подгорица

35ᴼ / 35ᴼ
6.32
30%
1011
weather icon

Букурешт

36ᴼ / 34ᴼ
4.47
33%
1013
weather icon

Будимпешта

41ᴼ / 38ᴼ
1.79
20%
1013
weather icon

Истанбул

32ᴼ / 30ᴼ
5.56
100%
1011
Currency

61.525

Currency

53.2455

Currency

71.6902

Currency

37.5744

Currency

38.0006

Currency

65.9708

Currency

7.88813

Currency

0.65758

Currency

0.33763

Currency

0.52419

Currency

1.11911

Currency

0.55999

Злато

136962.18

Цинк

0.00

Паладиум

43499.96

Иридиум

252383.36

Алуминиум

3.25

Рутениум

53852.50

Бакар

13.51

Родиум

274085.11

Кобалт

56.29

Платина

56135.20

Сребро

1994.05

Калај

56.46