Борбата со шумските пожари продолжува во регионите на Егејското и Средоземното Море, како и во други делови на Турција, каде што високите температури и силниот ветер значително ги отежнуваат интервенциите на противпожарните екипи, јави Анадолија. Најкритична е состојбата во округот Мугла, на егејскиот брег, каде што пожарот што избувна вчера брзо се прошири под влијание на силниот ветер, налагајќи евакуација на државната болница во градот ...

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека парламентарните избори ќе бидат распишани кога надлежните институции ќе оценат дека се исполнети сите уставни и законски услови, нагласувајќи дека веднаш ќе го признае евентуалниот изборен пораз доколку граѓаните одлучат така, но истовремено ја повика опозицијата уште отсега јавно да се изјасни дали ќе ги прифати резултатите доколку тие не одат во нејзина корист. Одговарајќи на ...

Двајца пациенти на возраст од 76 и 66 години од седумте хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести со западнонилска треска, се во критична состојба и се на механичка вентилација на одделот за интензивно лекување, изјави попладнево директорот на Клиниката, Фадил Цана, кој рече дека дополнително за уште тројца пациенти, кои се примени со дијагноза акутно заболување на мозокот и мозочната обвивка, во текот на денов се чекаат ...

Двајца млади скопјани пријавиле дека биле измамени за вкупно 2.313.000 денари, откако биле убедени да вложат пари во криптовалути. Според пријавата во СВР Скопје, 24-годишник и 20-годишник на 28 јули пријавиле дека Х.Д. ги навел да инвестираат средства во крипто валути. Парите ги уплаќале преку менувачница, а потоа добивале известувања по електронска пошта дека трансакциите се успешно реализирани. Кога подоцна побарале да ги подигнат ...

Македонски туристи и нивни пријатели од Шпанија и Португалија останале без пасоши, пари и други документи откако нивниот автомобил бил провален додека ручале во ресторан кај Сахара Бич, во близина на Неа Каликратија, Грција. Според изјавите, по враќањето од Сивири застанале на паркингот кај Сахара Бич за да ручаат. Кога по извесно време се вратиле до возилото, забележале дека било провалено. Од автомобилот биле украдени пет пасоши – ...

Полициски службеници од СВР Тетово – ОВР Гостивар во текот на ноќта спровеле акциска контрола во два угостителски објекти на подрачјето на Гостивар. Контролата била извршена на 30 јули, во периодот од 02:00 до 04:00 часот. Во угостителски објект во село Чегране, гостиварско, околу 02:00 часот бил лишен од слобода М.Х. (50) од село Форино. Според полицијата, тој откако ги забележал полициските службеници пред објектот ја заклучил влезната ...

74-годишен маж од Пробиштип бил уапсен откако бил пријавен дека се самозадоволувал пред осумгодишно малолетно девојче. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека случајот бил пријавен, а на 29 јули 2026 година околу 16:30 часот полициски службеници од ОВР Пробиштип го лишиле од слобода В.С.(74) од Пробиштип. Мажот бил задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна ...

Судскиот совет на денешната седница го избра судијата Зоран Герасимовски за вршител на должноста претседател на Апелацискиот суд Скопје откако досегашната претседателка Мери Дика вчера беше избрана за судијка на Уставниот суд. За в.д. претседател на Апелацискиот суд Скопје беа предложени Тања Милева и Зоран Герасимовски, а Советот одлучи функцијата привремено да ја извршува Герасимовски. Истовремено, беше донесена одлука за распишување оглас ...

Во јавните здравствени установи во Гостивар вчера се прегледани 73 пациенти кои побарале лекарска помош, соопшти Министерството за здравство. Во Општата болница „Д-р Ферид Мурад" Гостивар, како што се посочува, се регистрирани вкупно 45 нови прегледи, од кои 26 на инфективно (со две нови хоспитализации) и 18 на педијатриското одделение. Во моментот се хоспитализирани по двајца пациенти на инфективно и на одделението за педијатрија. Во ...

Нема да дозволиме ниеден негативен ефект врз животната средина за да се градат дата-центри. Нема да се сечат дрвја, ниту ќе се дозволат какви било други штетни влијанија врз природата - водата, воздухот, за да добиеме некаков бенефит. Мислам дека тоа беа глуви, назадни зборови и желби на одредени поединци да создадат еден вид лажна хистерија - рече денеска министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски. Се размислува, информира ...

Вкупно 147 корисници на пензија од задолжителното капитално финансирано пензиско осигурување, односно вториот пензиски столб, остваруваат исплата од индивидуалните сметки, покажува анализата со пресек на 30 јуни 2026 година. За овие корисници, како што соопштија од Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС), е исплатен вкупен нето износ од 1.452.089 денари, при што просечната нето исплата по корисник ...

Според Деловникот, оставено е на претседателот на Собранието да одлучи кога, по исцрпената расправа, може да го повика пленумот на гласање. Јас ќе го искористам тоа право да проценам и да одлучам кога е најдобро тој закон да се стави на гласање - истакна на денешниот месечен брифинг со новинарите претседателот на Собранието, Африм Гаши, прашан за Законот за правичната застапеност за кој се завршени сите предвидени процедури. - Не е случајно ...

Уверение за квалитет - сертификат за земјоделски производи, преработки и стоки, како и уверение за квалитет В1 - сертификат за извоз на вино, се двете нови електронски услуги на Државниот инспекторат за земјоделство, наменети за компаниите што од денеска ќе бидат достапни преку Националниот портал за услуги - uslugi.gov.mk. Како што рекоа министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, и директорот на Инспекторатот, Ивица ...

До 13 часот денеска на територијата на државата се евидентирани вкупно пет пожари на отворен простор, од кои два се активни, еден е ставен под контрола, а два се изгаснати. Според информациите од Центарот за управување со кризи, активни се пожарите во општина Долнени, кај селото Вранче, каде гори нива со жито, како и во општина Кичево, зад спортската сала „Јанчица“, каде е зафатена сува трева. Под контрола е пожарот во општина Кавадарци, кај ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на седницата на пратенички прашања, одговарајќи на прашање на пратеникот и лидер на СДСМ, Венко Филипче, се осврна и на економските показатели во државата, нагласувајќи дека економски споредбени параметри покажале дека растот на БДП и растот на пензиите е за три пати поголем сега отколку за време на владата на СДСМ и ДУИ. Тој рече дека побрзо растат и платите, цените на горивата се најевтини во регионот ...

Американската армија соопшти дека ноќеска извела напади врз цели во Иран како одговор на ракетните напади што иранските вооружени сили во вторникот ги извршија врз американски воени единици на Блискиот Исток. Централната команда на вооружените сили на САД (CENTCOM) на социјалните мрежи објави дека воздушните напади претставуваат „силен одговор на обидот за ирански напад“ од вторникот. Последните напади за светските агенции претставуваат ...

Портокалова и црвена фаза на опасност од пожари е прогласена за крајот на оваа недела на целата територија на Словенија. Црвена фаза, што означува многу висока опасност од пожари, е прогласена во подрачјата на Копер, Сежана, Дивача, Хрпелје-Козина, Комен, Нова Горица, Мирен-Костањевица и Ренче-Вогрско. Во останатиот дел од земјата е прогласена портокалова фаза, што укажува на висока опасност од пожари. Во цела Словенија е забрането палење ...

Гаснењето на пожарите на грчките острови Крит и Лезбос, што траеше во текот на целата ноќ продолжува и утрово, а огнената стихија јужно од градот Ретимно на Крит и понатаму е вон контрола, јави дописничката на МИА од Атина. Конкретниот пожар избувна вчера околу 14.30 часот и брзо се прошири, а животот го загубија двајца пожарникари. Силниот ветер, освен што брзо го прошири пожарот, утрово дополнително го отежнува гаснењето со оглед на тоа ...

Полскиот премиер, Доналд Туск, ја обвини Русија дека го нарушила воздушниот простор на Полска за време на масовниот напад врз Украина извршен во текот на ноќта. „Русија за време на масовниот напад врз Украина го наруши нашиот воздушен простор“, објави Туск на платформата „Икс“. Тој додаде дека свикал координативен тим, во кој се вклучени министерот за одбрана, Владислав Косиниак-Камиш и претставници на надлежните служби, кои го истражуваат ...

Американскиот Црвен крст предупреди дека залихите на крв во САД се намалени на „кризно ниво“, истакнувајќи дека ова е вторпат во неговата 150-годишна историја да прогласи таква состојба. Според доктор Кортни Лоренс од Американскиот Црвен крст, до недостигот довеле повеќе фактори, меѓу кои големите шумски пожари и екстремно високите температури. Залихите на крв само во текот на минатиот месец се намалиле за една четвртина. Кризата се појавува ...

Бројот на загинати, во земјотресот што го погоди јапонскиот остров Кјушу, се искачи на 30, соопшти владата на Јапонија. Земјотресот со интензитет од 7,1 степени според Рихтеровата скал,а што пред два дена ја погоди јужна Јапонија, разурна голем број домови, оштети мостови и предизвика пожари. Околу 22.500 домаќинства и други објекти и понатаму се без електрична енергија, додека вчера 84.000 домаќинства имаа прекини во водоснабдувањето. ...

Пакистан, што има улога на посредник во разговорите меѓу САД и Техеран, соопшти дека Вашингтон и Иран започнале преговори со цел намалување на тензиите во Ормуската Теснина. „Во моментов се водат преговори меѓу двете страни, особено во однос на Ормуската Теснина, за да се намали напнатоста во регионот“, изјави портпаролот на пакистанското Министерство за надворешни работи, Тахир Андраби. МИА Пакистан, што има улога на посредник во ...

Најдобриот аргентински фудбалер Лионел Меси се врати во Интер Мајами по Светското првенство 2026. - Денешното пристигнување на играчите се чувствува сосема поинаку, се вели во соопштението на прес-службата на клубот, објавено заедно со фотографија од Меси како пристигнува во тренинг-кампот. На 19 јули, 39-годишниот играч, како дел од репрезентацијата на Аргентина, загуби со 1:0 од Шпанија во финалето на Светското првенство. Осумкратниот ...

Четири лица, меѓу кои и градоначалникот и неговиот заменик беа уапсени за пожарот на грчкиот остров Парос, што во вторникот избувна во депонија и брзо се прошири на голема површина, а беше изгаснат по над 24 часа, јави дописничката на МИА од Атина. Државната телевизија ЕРТ објави фотографија од просторот каде што е депонијата, на која се гледа куп отпад, а пожарот оттаму се прошири на соседна површина со ниска вегетација. Во рамките на ...

Четири лица заразени со вирусот западен нил починаа во Грција, а во земјата се потврдени вкупно 42 случаи заклучно со вчера, од кои половина се регистрирани во изминатата седмица, во согласност со податоците од неделниот извештај на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ) – јави дописничката на МИА од Атина. Од ЕОДИ соопштија дека од заразените, 37 пациенти се со симптоми на централниот нервен систем (енцефалитис и/или менингитис ...

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) отвори денеска дисциплинска постапка против двајца аргентински репрезентативци поради физички напад на шпански играчи непосредно по завршувањето на финалниот натпревар на неодамнешното Светското првенство. Аргентинскиот репрезентативец од средниот ред Леандро Паредес се соочува со три обвиненија за физички напад по финалниот натпревар и поразот од Шпанија во продолженијата со 1-0 во Њу Џерси. Покрај ...

Нагло поскапе суровата нафта на светските берзи. Само денеска цената за барел скокна за 7% и повторно надмина 90 долари. Ова доаѓа по денешните нови напади на Блискиот Исток. Вчера и завчера цената на нафтата се стабилизираше и тоа ѝ даде оптимизам на Владата дека од следната недела може да има поевтинување на горивата. „Важно е што како држава остануваме со најевтина цена на дизелот и на безоловниот бензин имајќи предвид дека ова се ...

Украина е подготвена да ѝ помогне на Франција во борбата против разорните шумски пожари кои беснеат на нејзината територија, посебно преку испраќање специјалисти за тој вид катастрофи, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски во телефонски разговор со францускиот колега Емануел Макрон. Зеленски на социјалните мрежи соопшти дека го информирал Макрон за содржината на своите разговори во Белата куќа и во американскиот Сенат, во ...

Шумски пожари денеска избувнаа ширум западна Турција, уништувајќи неколку домови, принудувајќи евакуација на други домаќинства и на една јавна болница, како и затворање патишта, додека пожарникарите се борат со огнените стихии, јавија локалните медиуми. Како што пренесе ДПА, засега нема информации за жртви. Властите предупредија на опасноста од ширење на шумските пожари поттикнати од екстремните температури и силните ветрови. Најмалку седум ...

Дрон удри американски танкер за превоз на гас во египетското медитеранско пристаниште Дамиета, соопшти британската организација за поморска безбедност „Амбри“, повикувајќи се на првичната проценка на инцидентот. Компанијата за пристанишни услуги „Инчкејп“ додаде дека два танкери со гас се зафатени од пожар во Дамиета. Дронот го удрил танкерот со име „Енергос Винтер“ предизвикувајќи пожар кој потоа се проширил на друго пловило – „Газлог ...

weather icon

Скопје

35ᴼ / 35ᴼ
2.87
19%
1011
weather icon

Белград

37ᴼ / 37ᴼ
0.89
34%
1012
weather icon

Загреб

38ᴼ / 38ᴼ
0.5
23%
1012
weather icon

Софија

32ᴼ / 32ᴼ
4.43
26%
1012
weather icon

Сараево

37ᴼ / 37ᴼ
4.18
25%
1012
weather icon

Љубљана

37ᴼ / 36ᴼ
1.79
26%
1013
weather icon

Атина

35ᴼ / 33ᴼ
4.47
36%
1010
weather icon

Тирана

36ᴼ / 36ᴼ
3.44
23%
1012
weather icon

Подгорица

35ᴼ / 35ᴼ
6.32
30%
1011
weather icon

Букурешт

36ᴼ / 34ᴼ
4.47
33%
1013
weather icon

Будимпешта

41ᴼ / 38ᴼ
1.79
20%
1013
weather icon

Истанбул

32ᴼ / 30ᴼ
5.56
100%
1011
Currency

61.525

Currency

53.2455

Currency

71.6902

Currency

37.5744

Currency

38.0006

Currency

65.9708

Currency

7.88813

Currency

0.65758

Currency

0.33763

Currency

0.52419

Currency

1.11911

Currency

0.55999

Калај

56.46

Рутениум

53852.50

Бакар

13.51

Платина

56135.20

Сребро

1994.05

Родиум

274085.11

Злато

136962.18

Паладиум

43499.96

Кобалт

56.29

Иридиум

252383.36

Алуминиум

3.25

Цинк

0.00