Скопје
33ᴼ /
33ᴼ
Иран го одби вчерашниот предлог на Оман за заедничко регионално управување со Ормуска Теснина, изјави неименуван ирански извор. Техеран за предлогот на Оман тврди дека нема шанси за успех. – Заедничка контрола со Оман, по принципот 50-50 не е во интерес на Иран, иако Техеран смета дека Оман е скапоцен сосед, изјави ирански неименуван извор. Оман вчера презентираше предлог за управување со Ормуска Теснина, според кој Иран би можел да собира ...
Единицата за финансиски криминал при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал на 27 јули поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција против три лица, осомничени за кривични дела поврзани со поткуп и противзаконскои влијание. Како што информираат од МВР, пријавени се А.Т. (27) од Битола за кривично дело „давање награда за ...
Регионалната депонија кај Новаци се очекува да биде готова и пуштена во употреба до крајот на 2027 година.И покрај претходните доцнења во активностите, рокот останува. Градоначалникот Пецаков вели дека процесот е забрзан набавени се комунални возила за јавните претпријатија во југозападниот и пелагонскиот регион и следува формирање на меѓуопштинско јавно претпријатие . Во Охрид на локацијата Мауцкер каде сега има и диво одлагање на отпад, ...
Следната недела Македонија ја очекува силен топлотен бран со продор на многу топол воздух од Африка. Времето ќе биде стабилно, сончево и суво, без врнежи, а температурите во поголемиот дел од земјата ќе надминуваат 35 степени. Во Скопската Котлина, Повардарието, централните и југоисточните региони се очекуваат и над 40°C. Се прогнозираат и тропски ноќи, кога температурите ниту во ноќните часови нема да се спуштаат под 20 степени. Топлотниот ...
Две млади лица од Охрид биле спасени од водите на Охридското Езеро откако поради нагло влошување на временските услови не можеле да се вратат на брегот со СУП даските. Случајот бил пријавен вчера (28 јули) околу 19:55 часот во Полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“. Според пријавата, две лица кои пловеле со СУП даски на околу 1.000 метри од брегот, наспроти авто-камп во Охрид, со извикување барале помош. Езерската полиција ...
На денешната прес-конференција, Клековски информираше дека се потврдени три нови случаи на вектор-преносливи болести, два на Инфективна клиника и еден на неврологија кој има само една потврда. Министерот објасни дека се прават различни тестови за случаите, нагласувајќи дека веднаш се прават епидемиолошки анкети. - Она што можам да го потврдам врз основа на комуникацијата со Комисијата за заразни болести која заседава по ова прашање е дека ...
Премиерот Христијан Мицкоски очекува в понеделник да има надолна корекција на цените на дизелот и на бензините во државава и дополнително стабилизирање на инфлацијата. Порача дека Владата останува на политиката за поддршка на стандардот на граѓаните и зачувување на ценовната стабилност. - Прерано е да зборува, денеска имаме мал скок, вчера цените за брентот се движеа 83, 84 долари за барел, денеска повторно имаме нагорно придвижување, од 87, ...
На 29.07.2026 во 01:30 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишија од слобода Г.Ј.(44) од село Топлица и А.А.(46) од селото Чегране поради основано сомневање дека сториле кривично дело „мачење животни“. Претходниот ден околу 23:45 часот на влез во селото Топлица, полициски службеници од Полициското одделение Галате затекнале група граѓани и кучиња со видливи повреди и крварења од борба. Според пријавеното, лицата претходно се ...
Армијата останува да помогне во Гостивар додека има потреба за тоа, рече денеска министерот за одбрана, Владо Мисајловски во Штип, каде изврши увид во касарната „Јане Сандански“ на реновираниот објект кој е дел од инфраструктурните проекти кои се реализираат во касарните низ државава. -Во Гостивар ќе останеме како Армија, за давање дополнителна техничка вода, нашите капацитети што ги имаме ги ставивме на располагање насекаде, цистерни и ...
Премиерот Христијан Мицкоски информира дека денеска одржале работен состанок посветен на Реформската агенда и процесот на европска интеграција, на кој преку онлајн обраќање учествувал директорот на Генералниот директорат на Европската комисија за проширување и источно соседство, Герт Јан Копман. На состанокот, како што посочува премиерот во објавата, разговарале за досегашниот напредок, следните чекори и координацијата меѓу институциите, со ...
Основното јавно обвинителство Гевгелија отвори истражна постапка против српски државјанин осомничен за кривично дело – избегнување плаќање акциза од член 279-б став 2 вв став 1 од Кривичниот законик. Според Обвинителството, осомничениот се обидел да избегне плаќање акциза во вредност од речиси пет милиони денари, пренесувајќи 5.000 штеки цигари без акцизни маркички преку граничниот премин Богородица. Тој со камион – влекач со приколка, со ...
Министерот за здравство Сашо Клековски денеска на прес-конференција соопшти дека Владата донела одлука да го откочи процесот за вработување на уште 300 од вкупно 600 специјализанти, чие вработување е предвидено со одлука од 2024 година. Тој посочи дека процесот за нивно вработување треба да заврши до крајот на годинава. - По одреден застој се откочи процесот за вработување на 600 специјализанти. Тоа е одлука на Владата од 2024 година. Се ...
Распишан е повик за изработка на физибилити студија и проектно решение за експресниот пат Кочани – Виница – Делчево, а се очекува постапката да биде комплетирана до крајот на годинава, изјави денеска во Делчево премиерот Христијан Мицкоски. Одговарајќи на новинарско прашање за иднината на патното поврзување на Пијанечкиот и Малешевскиот Регион, Мицкоски истакна дека во тек е првата фаза од подготовката на проектот. – Конечно е распишан ...
Општина Центар го објави Јавниот повик за доделување еднократна парична помош за граѓаните и правните лица кои претрпеа штети од силното невреме што го зафати подрачјето на општината на 21 јули 2026 година. Барањата се поднесуваат во Архивата на Општина Центар, на ул. Михаил Цоков бр. 1, секој работен ден од 9 до 15 часот, во рок од два месеци од денот на објавувањето на јавниот повик. Максималниот износ на еднократната парична помош ...
Продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно (на домашниот и на странскиот пазар) во јуни годинава се зголемени за 0.5 проценти во однос на претходниот месец, а за 6.2 проценти во однос на јуни минатата година, објави Државниот завод за статистика. Во однос на мај регистрирано е зголемување на продажните цени во секторите Рударство и вадење камен за 3.7 проценти, Преработувачка индустрија за 0.4 проценти, Снабдување со ...
Нарадата за квалитет „Сино знаме“ е отстранета од девет грчки плажи на островите Хиос и Парос, бидејќи или не биле соодветно организирани за оваа сезона или при контролите било утврдено дека не ги исполнуваат строгите критериуми на програмата, но во секој случај квалитетот на водата за капење останува одличен согласно стандардите на програмата, јави дописничката на МИА од Атина. Грчкото друштво за заштита на природата што воедно и ...
Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, по телефонскиот разговор со неговиот украински колега Андриј Сибиха соопшти дека Техеран не бара ескалација на тензиите со Киев, но дека мора да има обештетување за загубите предизвикани од украинскиот напад врз ирански трговски брод. Арагчи преку пост на платформата „Икс“ потврди дека Сибиха го уверил оти нападот бил ненамерен и оти Киев немал намера да ја влошува ситуацијата. „Ниту Иран ...
Бугарската гранична полиција вчера евакуираше 186 патници од крузерот „Викинг Улур“, кој се насука кај романското место Салциа поради нискиот водостој на Дунав. Бродот, што пловеше под знаме на Швајцарија требало да пристигне во бугарскиот град Видин за да ги надополни резервите за храна и вода. По евакуацијата на патниците на брод останале 52 членови на екипажот. Бродот во понеделникот исплови од романскиот град Дробета-Турну Северин кон ...
Во земјотресот со јачина од 7,1 степен што вчера го потресе подрачјето во близина на градот Кумамото загинаа најмалку 13 лица, а спасувачите итно трагаат по преживеани заробени под урнатините, изјави денеска јапонската премиерка, Санае Такаичи. „Се уште има луѓе кои чекаат да бидат спасени и ова е трка со времето. Ќе ги искористиме сите расположливи средства на терен за да спасиме и извлечеме што е можно повеќе луѓе“, изјави Такаичи пред ...
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп забрани увоз на нови модели кинески хуманоидни и четириножни роботи, како и на нови кинески инвертори што се користат во соларни инсталации и центри за податоци, повикувајќи се на причини поврзани со националната безбедност и заштитата на американскиот синџир на снабдување во областа на вештачката интелигенција. Мерките ги објави Федералната комисија за комуникации (FCC) и стапија во ...
Во украински напади извршени вчера со беспилотни летала врз пограничната Белгородска област на Русија бил погоден автобус, при што се убиени најмалку три, а се повредени 19 лица, соопшти руското Министерство за одбрана. Автобусот бил погоден при гранатирање во градот Шебекино, во близина на границата со Украина. Осумнаесет од 19-те повредени патници биле пренесени во болница. Истовремено во напад со дрон врз трговски објект во село во ...
Вимблдон 2026 постигна рекордна посетеност од 550.151 гледачи во текот на двете недели, што е малку повеќе од минатогодишниот вкупен број, објави ESPN, повикувајќи се на „Ол Ингланд клубот за тенис и крокет“. Зголемувањето на посетеноста на 139-то издание на Гренд слем турнирот на трева беше олеснето од фактот дека првенството беше без дожд за прв пат од 2019 година. Вкупната посетеност ја надмина бројката од 2025 година за 1.381 гледач. Во ...
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен ветер од променлив правец. Утринските температури ќе се движат од 11 до 21 степен, додека дневните ќе достигнат од 31 до 38 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Во Скопје ќе преовладува сончево и топло време со слаб променлив ветер. Минималната температура ќе изнесува околу 18 степени, а максималната ќе достигне до 35 степени. ...
Министерот за одбрана Владо Мисајловски, заедно со командантот на 1. пешадиска бригада, бригадниот генерал Дејан Чиплаковски, денеска ќе ги посети припадниците на лесната пешадиска баталјонска група во касарната „Јане Сандански“ во Штип. Во рамки на посетата, министерот ќе изврши увид во реновираниот објект кој е ставен во функција во касарната, како дел од активностите за подобрување на условите за работа и престој на припадниците на ...
Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска ќе ја одржи 37-та седница, на чиј дневен ред е изборот на заменик-претседател на Комисијата. Покрај изборот на заменик-претседател, членовите на ДКСК ќе разгледуваат и предмети од нивна надлежност, како и прашања и предлози. На дневен ред е и постапување по предмети поднесени од укажувачи. МИА Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска ќе ја одржи 37-та ...
Германскиот канцелар Фридрих Мерц ги повика институциите на ЕУ нејзиниот буџет за претстојните години да биде помал за неколку стотици милијарди евра во споредба со предлогот на Европската комисија. Тој на средбата со ирскиот премиер Михол Мартин во Даблин истакна дека мора да се направат кратења во сите области. – Овие кратења се од суштинско значење, без оглед на тоа колку ќе напредуваме со новите сопствени ресурси – рече Мерц. Буџетот на ...
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, денеска се сретна со американскиот претседател. Доналд Трамп, во Белата куќа, каде што разговараа за новите дипломатски напори за завршување на војната во Украина и за зајакнување на украинската противвоздушна одбрана, пренесува „Киев Индепендент“. По средбата, Зеленски изјави дека состанокот бил добар и откри дека разговарале за лиценцно производство на пресретнувачи за системот „Патриот“, како и ...
Бројот на потврдени случаи на заболени од ебола во Демократска Република Конго се зголеми на 3.262, вклучувајќи 1.437 смртни случаи, покажуваат најновите податоци што ги соопшти Министерството за здравство на земјата. Во соопштението се наведува дека најновиот број заболени во Конго речиси го достигна истото ниво што беше забележано за време на епидемијата во периодот од 2018 до 2020 година, која беше најголемата некогаш забележана во таа ...
– Дваесет и тригодишен маж денеска е обвинет за серија намерно предизвикани пожари во департманот Вар, на југот на Франција, соопшти обвинителството во Драгињан. Пожарот кај Гро Бесијон, во департманот Вар, сè уште не е ставен под контрола, пренесува телевизијата БФМ. Дваесет и тригодишниот маж е обвинет за повеќе намерно предизвикани пожари во местата Брињол, Кабас и Ван-сир-Карами, соопшти заменичката обвинителка во Драгињан, Лоранс ...
61-годишна жена од Велес била касната од пајак црна вдовица додека работела во поле во велешкото село Еловец. По каснувањето почувствувала силни болки во раката и грбот, вртоглавица и грчеви низ целото тело, по што била примена во Ургентниот центар во Велес. Лекарите ѝ укажале итна медицинска помош, а по консултација со Клиниката за токсикологија во Скопје, таа била префрлена на понатамошно лекување. Пајакот бил донесен во болницата, каде што ...