Потпретседателот на Собранието Антонијо Милошоски, кој ја предводи собраниската делегација на одбележување на 2 Август - Денот на Републиката во Крушево денеска во своето обраќање од Мечкин камен порача дека нашето востание денес не се пушката и Црешовото топче, туку одговорноста да се создаде семејство и да се воспитаат деца и нагласи дека демографијата е нашата нова борба за Македонија. -Крушево - градот што е симбол на борбата за слобода ...

До крајот на денот ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Во западните делови ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен, а во источните делови од променлив правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 33 до 39 степени. Во Скопје сончево и топло со слаб до умерен ветер со променлив правец и со температура до 39 степени. Најтопло денеска ќе биде во Скопје, Велес и Демир Капија со 39 степени, натаму во ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека го ставил на чекање планираниот нов бран воени напади врз Иран поради, како што опиша, напредокот кон дипломатски договор. Трамп на Трут Соушл наведе дека суспензијата е условена со брзо постигнување договор. Тој рече дека американската војска е подготвена да удри со сета своја сила, но дека Иран и другите земји во регионот побарале од Вашингтон да се воздржи од напад бидејќи биле договорени ...

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи предупреди против нова воена ескалација во конфликтот со САД, велејќи дека вооружените сили на Техеран ќе одговорат одлучно на каков било чин на агресија. Во порака на Телеграм по разговорот со саудискиот министер за надворешни работи Фејсал бин Фархан, Арагчи рече дека САД, Израел и сите заливски држави што се вклучени ќе сносат целосна одговорност за какви било нови напади. Откако почна ...

Три лица загинаа, а 15 се повредени во експлозија што синоќа избувна во близина на едно кафуле во центарот на Москва, потврди руското Министерство за внатрешни работи. „Московската филијала на МВР работи на местото на инцидентот. Според достапните информации, денеска околу 20:10 часот по локално време се случила експлозија во близина на летна бавча на кафуле, во која три лица загинаа, а 15 се повредени“, изјави синоќа претставник на МВР. ...

Пожарот што во петокот наутро избувна во областа Виотија во централна Грција веќе е проширен и во соседниот регион, областа Атика поширокиот регион на Атина, а според метеоролошката служба Метео на грчката Националната опсерваторија, изгорена е површина од над 6.500 хектари, јави дописничката на МИА од Атина. Пожарот веќе трет ден е без контрола, проширен е на голема површина и постојат повеќе активни жаришта, а изгорени се и куќи, иако ...

Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека иранскиот режим никогаш не се соочил со претседател како Доналд Трамп, кој е подготвен да преземе конкретни мерки за да го спречи Техеран да развие нуклеарно оружје. Рубио во интервју за „Фокс њуз“ оцени дека Иран во последните 20 до 30 години се навикнал меѓународната заедница, вклучително и САД, да толерира измами, кршење на постигнатите договори и избегнување на преземените обврски, ...

Руските воени сили извршија воздушни удари врз објекти на транспортната инфраструктура во пристаништата во Одеса и Николаев во Украина, а кои наводно ги користат украинските вооружени сили, соопшти руското Министерство за одбрана. „Како резултат на нападот со високопрецизно воздушно оружје и беспилотни летала, во пристаништето Одеса се оштетени резервоари со гориво и мазива наменети за снабдување на украинските вооружени сили, додека во ...

Охрид полн за продолжениот празничен викенд. За Илинден туристичкиот центар го живее шпицот на сезоната. Најбројни гости се домашните и од регионот, Европа но и нашинците од Америка, Канада и Австралија кои годишниот одмор го користат во родните краеви. Хотелите долж езерото се целосно исполнети а место повеќе се бара и во приватното сместување. Добрите познавачи од областа на туризмот посочуваат дека неопходно е да се направи истражување на ...

Полициски службеници од Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје на 29 јули годинава лишиле од слобода три лица од Скопје, осомничени за фалсификување исправа и злоупотреба на лични податоци. Како што информира МВР, приведени се И.Т. (45), С.Т. (21) и П.П. (29), поради сомнение дека сториле кривични дела „фалсификување исправа“ по член 378 и „злоупотреба на лични податоци“ по член 149 од Кривичниот законик. Според ...

Жителите на Гостивар многу скоро, а можеби и во текот на денешниот ден, би можеле повторно да добијат безбедна вода за пиење. Ова се очекувањата на премиерот Христијан Мицкоски, откако водата од гостиварскиот водовод е под забрана за пиење уште од 17ти јули. Интензивно се врши хиперхлорирање на системот и секојдневно се земаат мостри за анализа. Сепак, последните информации покажуваат дека во водата се уште се присутни бактерии. Иако не ...

Нови тројца пациенти со воспаление на мозокот и омнителни на западно нилска треска, изминатото деноноќие биле хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести. Сите се од Скопје и се на возраст над 60 години. Дали и кај нив состојбата е поради вест најл вирусот треба да покажат лабораториските анализи. -Кај сите тројца е потврдено дека се работи за вирусно воспаление на мозокот и мозочните обвивки. Но се уште немаме лабораториски потврди за ...

Пукање со пиштоли во воздух, млади лица качени на автомобил со гостиварски таблички и тројца со огнено оружје во рака. Ова е дел од видеото со кое млади луѓе објавија на социјалните мрежи како слават, снимани и со телефони и со професионална камера. Објавената снимка предизвика бурни реакции во јавноста за тоа како во денешно време се уште се слави со огнени оружја и пукање во воздух, иако има строга забрана за користење оружје по свадби и ...

Државниот санитарен и здравствен инспекторат ќе спроведе вонреден стручен надзор за околностите поврзани со лекувањето на 19 годишната пациентка од струмичко, за која нејзиниот свекор на видео што го објави на социјалните мрежи бара помош од здравствените власти бидејќи како што вели, останала во инвалидска количка по направен царски рез пред еден месец. Пациентката е мајка на две деца а како што објаснува нејзиниот свекор биле во многу ...

Зголемена фреквенција на возила има на граничните премини кон Грција и Србија. Авто мото сојузот на Македонија соопшти дека на граничниот премин Табановце за влез и излез од земјава се чека повеќе од еден час, а на граничниот премин Богородица за излез од земјава се чека околу 30 минути. На граничниот премин Блаце за излез од земјава се чека околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез ...

Сервисот на третиот „ер трактор“, што беше оштетен во невремето во Скопје, успешно е завршен, објави денеска Дирекцијата за заштита и спасување. Во текот на денот е извршен е пробен лет, при што е утврдено дека авионот е функционален. „Ер тракторот“ се враќа во употреба во борба против пожарите, нагласија од ДЗС. МИА Сервисот на третиот „ер трактор“, што беше оштетен во невремето во Скопје, успешно е завршен, објави денеска Дирекцијата за ...

Денеска (01.08.2026) полициски службеници од СВР Тетово во врска со објавеното видео на социјалните мрежи за пукање на семејна веселба во Добридол, гостиварско, извршија претреси на повеќе локации, при што се приведени шест лица, а едно лице е повикано на службен разговор. При претресите се пронајдени и одземени оружје и муниција. Во 18:00 часот е извршен претрес кај И.С. (21) од село Добридол, а во 18:05 часот, кај А.И.(30) од с.Добридол, ...

Индустриското производство расте, долгот се намалува. Државната статистика објави дека производството во јуни во однос на претходниот месец е зголемено за 6,5% додека во споредба со претходната година растот изнесува близу 1 отсто. Најголем пораст има во преработувачката индустрија , а во секторите рудаство и снабдување со енергија забележан е пад. Статистичките бројки премиерот ги оцени како добра вест за граѓаните, но лоша за опозицијата ...

Лидерите на 22 земји-членки на Европска Унија, на иницијатива на Италија и на Данска, бараат итен и единствен одговор на мигрантскиот бран во Сеута. Тие во писмото испратени до претседателите на Европскиот совет, Европската комисија и Советот на ЕУ бараат да се одржи итна видеоконференција на министрите за внатрешни работи, на која ќе се процени ситуацијата и ќе се дефинираат координирани мерки. Тоа подразбира брза мобилизација на достапните ...

Шпанија ги врати речисите сите 60 000 луѓе кои во четвртокот од Мароко нерегулено по копно и преку море влегоа во шпанската северноафриканска енклава Сеута за да стигнат до ЕУ, соопштија шпанските власти. Според нивнте податоци најмалку 57 лица ги загубија животите обидувајќи се да ја преминат границата и да стигнат до Сеута. Премиерот Педро Санчез изјви дека владата целосно ја вратила контролатаа на границата и спречила какво било ...

На 31.07.2026 во автокамп лоциран на охридското крајбрежје, од страна на полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид слобода е лишен В.С.(39) од Скопје. При претрес во камп приколка и во дворното место, извршен по судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа шест кеси со марихуана, фолија со бела прашкаста материја, дигитална вага со остатоци од марихуана и други предмети. По целосно документирање на ...

Денеска (01.08.2026) во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани, по претходно добиена судска наредба, извршија претрес во дом на А.Р. во Кочани, при што пронајдени и одземени се над 160 грама кокаин, хашиш и марихуана. А.Р. е лишен од слобода, известен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка по член 215 од Кривичниот законик. Денеска (01.08.2026) во Кочани, полициски ...

Локалната иницијатива „И здравје и работа“ најостро ги осудува сè почестите јавни напади и обиди за дискредитација на универзитетските професори, геолозите, рударските инженери и другите стручни лица кои јавно ги презентираат научните факти и современите технолошки решенија што денес се применуваат во рударството. Во последниот период сме сведоци на организирани обиди од една мала група луѓе да се наруши кредибилитетот на луѓе кои целиот ...

На 31.07.2026 во ПС Струмица, полициски службеници од СВР Струмица извршија службен разговор со З.П. (37) од Струмица, постапувајќи по пријава дека на 31.07.2026 околу 12:40 часот, во угостителски објект во Струмица со остар предмет ја нападнал неговата поранешна 34-годишна сопруга и и нанел повреда во пределот на лицето, по што се дал во бегство, но по кратко време самиот се пријавил во Полициската станица Струмица. При извршено мерење со ...

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски објави видео од Градскиот парк со порака дека по силното невреме што пред некокку дена го зафати главниот град, Градскиот парк повторно го враќа својот сјај. - Повеќе од 100 дрвја беа соборени, пешачките патеки беа затрупани, а значителна штета беше нанесена и на урбаната опрема. Благодарение на брзата реакција и посветената работа на екипите на јавните претпријатија на Град Скопје, првиот дел од ...

Имаме намалување и на државниот и на јавниот долг во вториот квартал и сега сме, би рекол, посебно за државниот долг, на ниво коешто, е најниско од после короната. Имаме намалување за нешто повеќе од 40-тина милиони евра кај државниот и нешто повеќе од 20-тина милиони евра кај јавниот долг во вториот квартал од годината и имаме зголемување на индустриското производство во јуни месец од 6,5 проценти или, ако се земе вториот квартал, е 4 ...

Претседателката Гордана Сиљановска - Давкова денеска во вила „Билјана“ во Охрид остварила средба со српскиот премиер Ѓуро Мацут. - Во вилата „Билјана“ се сретнав со српскиот премиер, проф. д-р Ѓуро Мацут, придружуван од македонскиот премиер проф. д-р Христијан Мицкоски. Особено ми беше драго што, покрај политичките функции, тројцата нè поврзува и академската професија, којашто секогаш отвора простор за содржаен и аргументиран дијалог - ...

Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна. Иако е забележано дневно зголемување, вкупниот тренд е значително понизок во однос на времето кога беше пикот, информира денеска Министерството за здравство. - На 31 јули се регистрирани вкупно 60 први прегледи. Иако е забележано дневно зголемување, вкупниот тренд останува значително понизок во споредба со пикот од 18 јули, кога беа евидентирани 649 прегледи. Од 14 до 31 јули се регистрирани ...

Министерството за здравство денеска соопшти дека внимателно го следи случајот со 19-годишната пациентка која по царски рез направен во Клиничката болница во Штип останала парализирана. - Со цел целосно, објективно и стручно утврдување на сите околности поврзани со лекувањето на пациентката, Министерството издаде налог до Државниот санитарен и здравствен инспекторат да изврши вонреден инспекциски надзор. По добивањето на инспекцискиот наод и ...

До Институтот за јавно здравје нема новопријавени лабораториски потврдени случаи на западно-нилска треска, соопшти Министерството за здравство. На Клиниката за инфективни болести се примени тројца пациенти кај кои постои сомнение за заболувањето и за кои се очекуваат резултатите од лабораториските испитувања. - Министерството за здравство, во координација со Институтот за јавно здравје и здравствените установи, продолжува со засилен ...

weather icon

Скопје

35ᴼ / 35ᴼ
2.87
19%
1011
weather icon

Белград

37ᴼ / 37ᴼ
0.89
34%
1012
weather icon

Загреб

38ᴼ / 38ᴼ
0.5
23%
1012
weather icon

Софија

32ᴼ / 32ᴼ
4.43
26%
1012
weather icon

Сараево

37ᴼ / 37ᴼ
4.18
25%
1012
weather icon

Љубљана

37ᴼ / 36ᴼ
1.79
26%
1013
weather icon

Атина

35ᴼ / 33ᴼ
4.47
36%
1010
weather icon

Тирана

36ᴼ / 36ᴼ
3.44
23%
1012
weather icon

Подгорица

35ᴼ / 35ᴼ
6.32
30%
1011
weather icon

Букурешт

36ᴼ / 34ᴼ
4.47
33%
1013
weather icon

Будимпешта

41ᴼ / 38ᴼ
1.79
20%
1013
weather icon

Истанбул

32ᴼ / 30ᴼ
5.56
100%
1011
Currency

61.525

Currency

53.2455

Currency

71.6902

Currency

37.5744

Currency

38.0006

Currency

65.9708

Currency

7.88813

Currency

0.65758

Currency

0.33763

Currency

0.52419

Currency

1.11911

Currency

0.55999

Цинк

0.00

Алуминиум

3.25

Злато

136962.18

Сребро

1994.05

Бакар

13.51

Рутениум

53852.50

Родиум

274085.11

Платина

56135.20

Паладиум

43499.96

Кобалт

56.29

Иридиум

252383.36

Калај

56.46