Скопје
35ᴼ /
35ᴼ
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени Целзиусопви. Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 39 степени. Според највите од Управата за ...
Вупно 22 пожари на отворен простор се регистрирани изутринава до 07:30 часот, од кои активни нема, под контрола нема, а 22 пожари се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи. ЦУК информира дека изгаснатите пожари се во: Општина Чучер Сандево – с. Глуво (ниска вегетација и грмушки); Општина Чучер Сандево – с. Мирковци (ниска вегетација и грмушки); Општина Чучер Сандево – с. Кучевишка Бара (ниска вегетација и грмушки); Општина Карпош ...
– Како главен преговарач на Република Косово, официјално му ја пренесов на специјалниот пратеник за дијалогот, Питер Соренсен, нашата длабока загриженост за најновите случувања поврзани со исчезнатите лица за време на војната 1998-1999 година. Ја замолив Европската Унија да обезбеди Србија целосно да ги спроведе своите обврски од Декларацијата за исчезнати лица, вклучително и неограничен пристап до архивите и заштита на оние кои даваат ...
Регулаторната комисија за енергетика во секој момент треба да ги објави новите цени на горивата по кои тие ќе се продаваат од ноќеска на полноќ. Имајќи ги предвид движењата на цената на нафтата на берзите за очекување е од утре да се вози со поевтино гориво. Во моментов дизелот има највисока цена во последните 3,5 години и се продава за 98,5 денари по литар. Последен пат поскап дизел сме имале на почетокот на ноември 2022та додека неговата ...
Министерството за внатрешни работи на Албанија прогласи за „нон грата“ двајца државјани на Македонија, поради сомневања за активности насочени против интересите на албанската држава. Според информации на „Топ Ченел“, станува збор за Валон Беља и Бекир Халими, двајцата државјани на Македонија. Одлуката, според изворите, била донесена по предлог на единицата за борба против тероризмот при албанската полиција, а потоа била потврдена од ...
Дизелот поскапува, бензините поевтинуваат – Регулаторната комисија ги објави новите цени на горивата. Од полноќ, литар бензин ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава по 91 денар, 98-октанскиот за 93 денари, а дизелот ќе чини 99,5 денари. Во формирањето на цените, Регулаторна применила дополнително намалување на акцизите. Па така, кај бензините акцизата сега е скратена за 2 денари, а на дизелот за 4. При пресметката, регулаторите ги анализирале ...
Уште еден повозрасен скопјанец со симптоми на западнонилска треска утринава е примен на Инфективна. На Клиниката поради компикации од вирусот кој го пренесуваат комарците хоспитализирани се вкупно 17 пациенти, тројца се уште се во критична состојба и на апарати за дишење. Според клиничката слика сите имале воспаление на мозокот и мозочните обвивки од вирусно потекло, иако кај 6 –мина ПЦР тестовите биле негативни. - ПЦР-технологијата не е ...
Водата во Гостивар сѐ уште не е безбедна за пиење и смее да се користи исклучиво како техничка, соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски по денешниот состанок на Главниот штаб за управување со кризи. За да се прогласи водата за исправна, ќе бидат потребни три последователни позитивни резултати од сите мерни точки. Тошковски нагласи дека квалитетот на водата и понатаму варира, поради што остануваат на сила претходните препораки, ...
И покрај бактеријата во водоводната мрежа во Гостивар, водата смее да се користи за капење и како техничка вода, но забраната за пиење се уште важи. Иако изјавите на надлежните беа дека бактеријата може да предизвика инфекции на кожата, очите, ушите, уринарниот тракт, сепак по денешниот Главен штаб за кризи соопштија дека е безбедна за техничка употреба. За питка вода, најави се уште нема. Ќе се чекаат три последователни тестови кои ќе ...
На територијата на државава заклучно со 18 часот регистрирани се вкупно 14 пожари на отворен простор, од кои еден е активен, четири се под контрола, а девет се изгаснати. Активен пожар има во Стопански Двор, Општина Ѓорче Петров каде гори сува трева и грмушки, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Под контрола се ставени пожарите во Општина Кавадарци кај селата Раец, Ќесендре и Дреново каде гореше нискостеблеста шума и ниска ...
Политиките за привлекување нови авиокомпании и отворање нови авиолинии веќе даваат конкретни резултати, а македонските аеродроми бележат историски рекорди по бројот на патници и реализирани летови, порача вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, нагласувајќи дека растот на авио-сообраќајот е силен показател за развојот на туризмот, бизнисот и целокупната економија. Николоски во емисијата „Вести плус“ на Канал 5 посочи дека ...
Градоначалникот на Општина Кавадарци вечерва преку објава на својот профил на „Фејсбук“ информираше дека пожарот во селото Раец е целосно изгаснат. Во својата објава, тој упати искрена благодарност до сите кои беа вклучени во гаснењето на пожарот, истакнувајќи ја нивната пожртвуваност, координација и несебична ангажираност во справувањето со огнената стихија. „По три дена непрекината, макотрпна и пожртвувана работа, пожарот во село Раец е ...
Вредноста на макeдонската минимална плата – највисока во регионот и поголема од 7 земји членки на Унијата. Евростат ги објави податоците за минималните бруто заработки на земјите членки, но и на кандидатите. Бројките покажуваат дека минималната бруто плата кај нас изнесува 624 евра и за 10 години се зголемила за 388 евра, односно во 2016-та изнесува 236 евра. Ако се спореди по куповната моќ, според мерењата на Евростат Македонија е пред ...
Цените на нафтата денеска на меѓународните берзи се спуштија под 80 долари за барел, поттикнати од навестувањето дека се преговара за деблокада на Ормуска Теснина. На берзата во Лондон барел нафта се тргуваше за 79,92 долари, што е за 3,85 поевтина од вчера. Додека на американската берза барел нафта се продаваше за 76,18 долари односно за 4,16 долари помалку во споредба со вчера. Берзите на почетокот од неделата се смирија откако ...
Кризата со шумските пожари во Грција не се смирува. Високите температури и силните вретови им ја отежнуваат работата на пожарникарите. Пламените јазици голтаат се пред себе, предизвикувајќи итни евакуации на повеќе населени места. „Не е убаво, ужасно е чувството кога градиш нешто со толку многу труд, а кога не се лесно да се дојде до пари. Беше толку многу труд, а кога се грижиш за својот имот, за својата земја, не е убаво.“, изјави ...
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово до надлежниот суд поднесе предлог за определување мерка притвор за 41-годишна жителка на Кратово која беше лишена од слобода вчера и за која се водат постапки за спречување на службени лица во вршење службени дејствија и узурпација. Осомничената подолг период, и покрај сите досега преземени мерки, продолжува да го узурпира локалитетот “Куклица“, кој со указ е прогласен за споменик на ...
Полицијата го расчисти насилниот настан во Гостивар, откако на социјалните мрежи беше објавено видео од тепачката. На 2 август, 22-годишниот А.В. пријавил дека истиот ден околу 2:30 часот на улицата „Борче Јованоски“, тој и неговиот пријател Л.Е. биле физички нападнати од тројца мажи, кои употребиле тврди и дрвени предмети. По преземените мерки и координација со јавен обвинител, полицијата ги идентификувала сите тројца учесници. Двајца од ...
Поради најавените високи температури до 7 август, Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) апелира граѓаните да ги почитуваат препораките за заштита од топлотниот бран, особено во периодот од 11 до 17 часот кога ризикот од изложеност на сонце е најголем. -Кога амбиентниот воздух се приближува или ја надминува нормалната телесна температура од отприлика 36,7°С способноста на човековото тело да се лади слабее. Дополнително, кога релативната влажност ...
Евростат ги објави најновите податоци за минималната плата во државите од Европската унија и во земјите кандидати. Според стандардите за куповна моќ (PSS), најголем напредок бележат Македонија и Романија кај кои е забележан скок за осум места по што следи Србија која има напредок од пет места. Според овој параметар, Македонија е држава која е рангирана пред седум земји членки на Европската унија. Според овој показател, Македонија со 1.142 ...
На 04.08.2026 во 02:30 часот во Тетово, полициски службеници го лишија од слобода Р.Џ. (24) од Скопје, кој бил пријавен од неговата 41-годишна мајка дека на 03.08.2026 околу 23:30 часот во семејниот дом во Тетово, физички ја нападнал, а употребил и тврд предмет. Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. На 04.08.2026 во 02:30 часот во Тетово, полициски службеници го лишија од ...
Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“ Охрид, во текот на јуни и јули оваа година, во водите на Охридското езеро изврши 44 акциски контроли поврзани со кривичното дело „незаконит риболов“ и откривање лица сторители, како и пронаоѓање мрежи и други предмети од извршено кривично дело. Притоа, при вршење на кривичното дело „незаконит риболов“, полициските службеници затекнаа две лица, едното од охридското село Пештани а другото ...
Здружението за заштита на животни „Анима Мунди“ апелира до граѓаните и институциите да преземат мерки за заштита на животните за време на актуелниот топлотен бран и екстремно високите температури. Од здружението предупредуваат дека високите температури претставуваат сериозен ризик за бездомните животни, животните што се чуваат на отворено, фармските животни и оние што се користат за работа, како коњите и магарињата. Посочуваат дека ...
Од околу 30 пожари кои биле регистрирани вчера на отворен простор на разни места низ државата, пожарот во Кавадаречко бил најтежок за интеревенција и се очекува до крајот на денот, да биде изгаснат во целост, изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов на заедничката прес-конференција со кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев. -Во текот на вчерашниот ден имавме околу 30 пожари на отворен простор, неколку од ...
На 03.08.2026 во 20:55 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Шуто Оризари, бил нарушен јавниот ред и мир помеѓу Р.М.(59), Р.Р.(27) и Р.Р.(25) од една страна и М.Р.(32), Л.Р.(26) и Б.Р.(30) од друга страна, сите од Скопје, а биле употребени и тврди предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 03.08.2026 во 20:55 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Шуто Оризари, бил нарушен јавниот ред и мир ...
Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против едно физичко лице и едно правно лице поради сомнение за сторени кривични дела „Даночно затајување“ и „Фалсификување или уништување на деловни книги“, со кои, според наводите, е оштетен Буџетот на Република Северна Македонија за вкупно 7.211.359 денари. Како што информираат од Управата за финансиска полиција, првопријавениот М. Д. во ...
ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола. Секторот за санитарна контрола во периодот од 27.07.2026 до 31.07.2026 зема 195 примероци за физичко-хемиска и 195 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 42 мерни места во Градот Скопје. ...
Министерството за здравство денеска соопшти дека епидемиолошката состојба во Гостивар континуирано се следи од надлежните здравствени институции. Вкупно 78 прегледи се регистрирани вчера, што е за шест помалку споредено со претходниот ден, кога биле евидентирани 84 прегледи. Во однос на западнонилската треска, на Клиниката за инфективни болести е евидентиран еден нов сомнителен случај. Во тек се потребните испитувања за лабораториска ...
Од полноќ за два денари поевтинуваат бензините, а дизелот се зголемува за еден денар. Нова, поскапа цена за половина денар ќе има и Екстра лесното масло за домаќинство, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Според ова, максималната малопродажна цена на Еуросупер БС-95 ќе биде 91 денар за литар, а Еуросупер БС-98 ќе се продава по цена од 93 денари за литар. Цената на дизелот од полноќ ќе биде 99,5 денари за литар, а Екстра ...
Група од 25 американски сојузни држави вчера поднесоа тужба против администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп поради царините воведени за 60 трговски партнери. САД неодамна воведоа 10 и 12,5 процентни царини на увозот од 60 трговски партнери, обвинувајќи ги дека не вовеле и ефикасно не спроведуваат забрани за увоз на производи изработени со принудна работа. Подносителите на тужбата, инаку држави предводени воглавно од ...
Шумските пожари кои веќе трет ден горат на периферијата на Спокен во американската сојузна држава Вашингтон уништија најмалку 700 објекти и принудија 64.000 луѓе на евакуација, соопштија денеска локалните власти. Три пожари во областа се прогласени за највисок приоритет за гаснење во САД, вклучително и пацифичкиот северозапад, кој е погоден од суша, каде голем број пожари веќе со недели горат и го влошуваат квалитетот на воздухот во ...