Скопје
13ᴼ /
13ᴼ
Европската унија (ЕУ) планира да ги обнови политичките односи со Сирија и да ја продлабочи соработката во областите на трговијата, безбедноста и миграцијата, се наведува во документ на дипломатската служба на ЕУ во кој увид имал Ројтерс. Според планот, ЕУ ќе започне формални политички разговори на високо ниво со сириските преодни власти во мај, што претставува значајна промена во политиката по години замрзнати односи. Документот, исто така, ...
Денеска во Кривичниот суд Скопје, исказ пред судија дава Стојанче Јовановски. Тој ги опиша односите со сопругата Ивана како нормални до 2022 година, но оттогаш рече дека пронаоѓал сомнителни пораки поради кои мислел дека Ивана го изневерува, коишто биле и со Мартин Саздов. Според неговото сведочење, кога дознал за врската меѓу Ивана и Мартин Саздов, тоа ескалирало, поточно со Саздов се сретнале „да се пресметаат“. -Мартин извади калашников, ...
Италијанскиот фудбал оваа сезона доживеа сериозен удар на европска сцена. По елиминациите на Болоња во Лигата на Европа и Фиорентина во Конференциската лига, „азурите“ останаа без ниту еден претставник во завршниците на УЕФА натпреварувањата. Ова значи дека Серија А нема да има клуб во полуфинале за првпат од сезоната 2018/19, период кога постоеја само две европски натпреварувања. Ако се земе предвид форматот со три турнири, ваков неуспех не ...
Во време кога сите брзаме и често готвиме „набрзина“, убаво е да се потсетиме дека подготовката на храната може да биде и вистинско уживање. Токму така готви и Кристина Колевски од Битола – со вистински мерак и љубов кон целиот процес. Преку својот инстаграм-профил @solenoblagiprikazni, таа веќе подолго време ги инспирира луѓето да влезат во кујна, да си дадат време и да зготват нешто вкусно. Денеска таа ни го претставува својот рецепт за ...
Американскиот пејач Ди фор ви ди (D4vd) е уапсен под сомнение за убиство на тинејџерка која исчезна во 2024 година, потврди полицијата, пренесува „Би-би-си“. 21-годишниот алтернативен поп пејач, со вистинско име Дејвид Берк, е приведен во Лос Анџелес во рамки на истрагата за смртта на Селесте Ривас Ернандез. Полициската управа во Лос Анџелес соопшти во четвртокот дека пејачот е задржан без можност за кауција и дека случајот во понеделник ќе ...
Освен повредите што ги имала од падот од зградата во Тафталиџе, Ивана Јовановска имала и крвни подливи на брадата и вратот од тап и тврд предмет настанати десет дена пред настапувањето на смртта, како и такви настанати истиот ден кога настапила нејзината смрт или еден ден претходно, сведочеше во судница експертот по судска медицина, вештакот Златко Јаќовски. Кај покојната Ивана Јовановска, според него, не се констатирани ниту алкохол ниту ...
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека државата нема какви било предизвици во синџирот на снабдување со нафта и нафтени деривати и оти имаме најевтини горива во регионот потенцирајќи дека со керозин кај нас се снабдуваат неколку аеродроми од регионот, покрај набавката на горива што ја прават граѓаните од соседните држави кај нас на бензинските станици на пограничните места. Доколку се случи таков предизвик, рече денеска Мицкоски, тогаш ...
Во услови на зголемена глобална неизвесност и динамични економски текови, финансиската писменост сè повеќе се наметнува како суштинска вештина како за пошироката јавност, така и за сите кои активно управуваат со капитал. Во таа насока, на Економскиот факултет – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ се одржа гостинско предавање од страна на Иван Ивановски, основач на Prime Capital и креатор на primeclass.mk – водечка едукативна ...
По вчерашните дојави во Сараево, денеска имаше дојави за бомби и во Загреб, каде беа евакуирани неколку трговски центри. Полицијата потврди дека примила закани за можни експлозивни направи и веднаш започнала со безбедносни проверки на локациите, пренесе ХРТ. Според првичните информации, евакуација била спроведена во повеќе објекти, меѓу кои и големи трговски центри во градот – „Арена центар“, „Авенју мол“ и „Сити центар“. Засега нема ...
Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа имаше разочарувачки настап на турнирот во Порторож, каде што беше елиминирана во осминафиналето по убедлив пораз од Украинката Катарина Заватска. Иако според ранг-листата важеше за фаворитка, со оглед дека нејзината противничка е пласирана дури 60 позиции подолу, Ѓорческа не успеа да го наметне својот ритам и претрпе тежок пораз. Македонската тенисерка во првиот сет освои само два гема, додека во ...
Американското списание „Есквајр“ ја објави својата листа на најдобрите нови хотели во светот за 2026 година, а првото место го освои хотел во Фиренца. „Колеџо ала Кверче“ е прогласен за хотел на годината, откако ги отвори вратите во март 2025 година. Првично изграден како вила во 16. век, „Колеџо ала Кверче“ подоцна служел како интернат, пред да биде трансформиран во хотел со 83 соби каков што е денес. Сместен на рид, објектот нуди ...
„Алкалоид“ АД Скопје повторно ја доби довербата на јавноста и беше прогласен за најпосакуван работодавач за 2025 година четврти пат по ред, според анкетата на веб порталот „Вработување.ком“. Наградата, која беше врачена во рамките на манифестацијата организирана од „Вработување.ком“, се базира на национално истражување за перцепцијата и за искуствата поврзани со работодавачите во земјава. Континуитетот на ова признание за нас има особено ...
Обвинителството поднесе обвинение против разрешениот судија Ѓоко Ристов откако, како што тврди, обезбедило цврсти докази дека тој давал лажни податоци за тоа колку е богат и не го пријавил својот имот и имотот на неговото семејство, кој бил многу поголем од она што Ристов можел да го заработи од судиската плата. Иако поранешниот државен правобранител Фехми Стафа беше фатен на дело како зема поткуп за да му го даде на Ристов и да издејствува ...
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, ги отфрли сугестиите дека безбедносните гаранции на САД би биле условени со откажување на Украина од Донбас. Неколку западни медиуми објавија дека Вашингтон ги условува безбедносните гаранции со предавањето на источноукраинскиот регион Донбас на Русија, а самиот Зеленски го потврди ова. „Тие велат дека гаранциите ќе дојдат дури откако ќе заврши војната, а војната ќе заврши кога ќе се повлечеме од ...
Одбојкарите на Одбојкарски клуб Штип Угд денеска со убедлива победа од 3:0 во сетови (25:15, 25:22, 25:17) над Борец Велес ја отворија финалната серија за шампионската титула. Лидерот во првенството имаше контрола над играта и резултатот во текот на целиот натпревар, а мала неизвесност понуди само вториот сет. Задмард со 15 поени го предводеше штипскиот состав, додека Илиев со 13 поени го следеше. Во редовите на Борец Велес, Оливера ...
Сликата „Ветеј, утрински ефект“ на Клод Моне, насликана во 1901 година, беше продадена на аукција за речиси 10,2 милиони евра во Париз, што е рекордна цена постигната во Франција за дело од овој уметник во последните години. Друга слика од Моне, „Островите во Порт Вил“, насликана во 1883 година, достигна цена од 6,45 милиони евра на истата продажба, пренесува „Фигаро“. Според „Сотбис“, ова се рекордните цени за дело на Моне продадено на ...
Вооружени разбојници вчера ограбиле банка сред бел ден во Неапол, Италија, држејќи 25 луѓе како заложници пред да избегаат преку тунел, пренесува Би-би-си. Полицијата ја опколила филијалата на „Креди Агрикол“ во јужниот италијански град кратко откако започнал грабежот околу пладне по локално време. Локалните медиуми објавија дека преговарале со ограбувачите пред заложниците да бидат ослободени, околу два часа по почетокот на грабежот. ...
Нуклеарната програма на Иран повеќе од две децении е сржта на тензиите меѓу САД и Исламската Република. Според Вашингтон, Техеран работи на развој на атомско оружје, а САД тоа сакаат да го спречат по секоја цена. Иран отфрла дека се стреми кон развој на бомба, но инсистира на своето право на користење нуклеарна програма за цивилни потреби. Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека спречувањето на Иран да се стекне со атомско оружје е ...
Денеска со ждрепка во полскиот град Катовице најдобрата женска ракометна репрезентација на Македонија ги дозна противниците на Европското првенство што ќе се одржи од 3 до 20 декември 2026 година во Полска, Романија, Чешка, Словачка и Турција. Нашата селекција ќе игра во групата Б заедно со актуелниот европски и светски шампион Норвешка, Романија, како еден од домаќините на ЕП, и селекцијата на Швајцарија. Избраничките на селекторот ...
Македонските штали и трла остануваат празни. Бројот на добиток во земјава континуирано се намалува во последните десет години, а најновите податоци покажуваат дека трендот не само што не запира, туку и се продлабочува. Од осамостојувањето до денес снема над два милиони овци, стотици илјади говеда и десетици илјади свињи. Во последните десет години пак, од 2015 до денес, статистиката бележи јасна линија на пад кај речиси сите главни категории ...
Изборите во Бугарија в недела нема директно да го решат спорот со Македонија, но ќе покажат дали во Софија ќе има стабилна влада што ќе може да носи одлуки и да води континуирана политика. Анкетите ѝ даваат предност на коалицијата поврзана со поранешниот претседател Румен Радев, пред ГЕРБ-СДС. Сепак, и покрај таа разлика, ниту една политичка сила нема доволно поддршка за да формира влада самостојно. Тоа значи дека по изборите повторно би ...
Киното „Милениум“ во Градскиот трговски центар, кое е затворено неколку години, повторно ќе проработи, а тоа би можело да се случи уште во септември, најави денеска градоначалникот на Скопје, Орце Ѓоргиевски, информирајќи дека „веќе се преземаат конкретни чекори“ киното, со кое стопанисува Град Скопје преку МКЦ, да се обнови и повторно да се отвори. „Сакам да истакнам, ексклузивно, дека преку Стопанската комора на Македонија – Турција ...
Шест месеци граѓаните не ќе можат да ја користат улицата „Киро Фетак“ во Драчево, во делот кај мостот, поради реконструкција, која според градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска започнала во средата, на 15 април, а таа за овој зафат што половина година ќе им го проблематизира нормалното функционирање на жителите од тој дел на градот, извести дури вчера попладне. Поради градежните активности, улицата ќе биде ...
Премиерот Христијан Мицкоски има сè посилни чувства дека функционери од поранешната влада на СДСМ ќе станат предмет на прогон. На опозицискиот СДСМ му порача да се допишува со кого сака, но прво да го побара Васко Ковачевски да се врати во земјава и додаде дека екстрадиција на поранешниот премиер Никола Груевски ќе побараат откако Будимпешта ќе му го тргне азилот. Претседателот на опозицискиот СДСМ Венко Филипче, пак, во „чувствата“ на ...
Премиерот Христијан Мицкоски ги коментираше протестите на културните работници незадоволни од одлуката на Уставниот суд да поведе постапка за укинување на Колективниот договор за култура. Тој нагласи дека договорот не добил позитивно мислење од Министерството за финансии и дека за да биде тој колективен договор применлив неопходно е претходно да постои согласност од Министерството за финансии. „На владина седница на 31 декември годината кога ...
Американската глумица Кристина Еплгејт, која со години се бори со мултиплекс склероза, наводно е хоспитализирана во Лос Анџелес, објавија американските медиуми, повикувајќи се на извори блиски до актерката. Како што објави „Ти-ем-зи“, глумицата наводно се наоѓа во болница уште од крајот на март и сè уште е таму. Засега не е познато дали наводната хоспитализација е поврзана со нејзината болест. „Не можеме да коментираме дали е во болница ниту ...
Кривичниот суд ја прифатил спогодбата што ја склучиле поранешниот државен правобранител Фехми Стафа и јавното обвинителство и тој е веќе спроведен во затворот во Шутка за да ja издржува затворската казна од една година и три месеци затоа што зел поткуп од неговиот клиент Љупчо Пецов – Ѓаволот, наводно спремни за судијата Ѓоко Ристов кој требало да му го укине притворот на Ѓаволот додека тој беше во бегство. Судот ја објави спогодбата од ...
Реакциите на ова најново примирје меѓу Израел и Либан кое стапи на сила синоќа околу полноќ по централноевропско време, може да бидат олеснување, ублажено со прилично голема доза на скептицизам, пишува во свој текст Би-би-си. Како што пренесуваат медиумите се очекува истото да трае во период од десет дена, со можност за негово продолжување. Во меѓувреме додека стигаат меѓународните ракции за постигнатиот договор за мир со посредништво на ...
Секој работен ден со почеток во 10 и 30 часот гледајте Вести на „Слободен печат“. Следете ги најновите содржини од домашната и светската политика во информативниот блок, во кој ќе ви презентираме и актуелности од повеќе области како здравство, економија, хроника, регионални случувања, спортски информации… Модератор на вестите е Александра Вуксановиќ. Ви благодариме на довербата. Секој работен ден со почеток во 10 и 30 часот гледајте Вести ...
Францускиот репрезентативец Едуардо Камавинга се обрати до јавноста по елиминацијата на Реал Мадрид од Лигата на шампионите, во која беше посочен како еден од трагичарите на натпреварот. „Кралевите“ по поразот во првиот четвртфинален дуел во Мадрид од Баерн Минхен (1:2), во реваншот во Минхен водеа со 3:2 сè до 86. минута. Токму тогаш Камавинга заработи втор жолт картон, што автоматски значеше исклучување, Баерн до крајот направи пресврт. ...