Скопје
11ᴼ /
11ᴼ
Германскиот фудбалски клуб Фрајбург беше убедлив и на реваншот од Лигата на Европа на гости против Селта во Виго со 3:1, и со вкупни 6:1 во двомечот обезбеди место во полуфиналето. Гостите поведоа во 33 минута преку Игор Матановиќ, кој искористи асистенција од Макенг. Само шест минути подоцна, предноста беше зголемена, откако Сузуки постигна гол за 2:0. Веќе тогаш беше јасно дека Фрајбург ќе продолжи понатаму. Сузуки ги отстрани сите сомнежи ...
Американскиот Претставнички дом денеска ја поддржа воената кампања на американскиот претседател Доналд Трамп против Иран, гласајќи против предлогот на демократите насочен кон суспендирање на војната сè додека Конгресот не одобри продолжување на непријателствата, објави Би-би-си. Гласањето за Законот за овластување за војна заврши со 213-214, речиси целосно по партиски линии, при што републиканците претежно ја поддржаа континуираната воена ...
Првата дама на Америка, Меланија Трамп ѝ приреди добредојде во Белата куќа на кралицата Максима од Холандија. Иако Максима се смета за една од најдобро облечените жени во Европа, тешко било да се победи Меланија Трамп. Американскиот претседател Доналд Трамп и првата дама Меланија Трамп ги пречекаа кралот Вилем-Александар и кралицата Максима од Холандија и холандскиот премиер Роб Јетен во Белата куќа во понеделникот. Меланија Трамп излегла во ...
Кое чувство кај вас предизвикува страв и не сакате повторно да го доживеете? Психологијата ги проучува стравовите што го обликуваат човековото однесување, а многу од нив остануваат скриени и влијаат на нас на потсвесно ниво. Затоа, ваквите тестови на личноста можат да бидат корисни, пишува „Сенса“. Траумата не секогаш е поврзана со нешто драматично. Понекогаш станува збор за мали емоционални искуства што се вкоренуваат и продолжуваат да ...
Кејт Лохан, некогашната маќеа на актерката Линдзи Лохан, е уапсена во Тексас по насилен инцидент во кој физички го нападнала својот поранешен сопруг, Мајкл Лохан. Инцидентот се случил при средба за преземање на нивните заеднички деца, синовите Ландон и Логан, пишува „ЈуЕс“. Според полицискиот извештај, Кејт почнала да го удира Мајкл, при што му го скршила носот. Во еден момент нападот станал уште поопасен, таа отишла во кујната, зела нож и ...
Еден човек загина, а над 20 се повредени во тешка сообраќајна несреќа меѓу патнички воз и камион во југозападниот дел на Словачка. Несреќата се случила на железничко-патен премин на периферијата на градот Дунаиска Стреда, каде дошло до директен судир. Според информациите објавени од ТВП, возачот на камионот починал на самото место. Кабината на возилото била целосно уништена, што укажува на силата на ударот. Во патничкиот воз, кој сообраќал ...
Студентите во блокада на Земјоделскиот факултет во Белград објавија дека инспектори во „цивилка“ следеле нивните колеги, ги пресретнале, и без налог ги одвеле во полициската станица во Земун, пренесува српскиот медиум Н1. Сето тоа, како што наведуваат, било поради „транспарент“. „Приведуваш тројца луѓе поради ‘транспарент’, запленуваш автомобил, боја, спрејови и машина за шиење и на крај сите ги пушташ“, наведоа студентите на социјалната ...
Не можејќи да ја издржи болката по смртта на синот, само три и пол месеци по него, во 2023 година почина легендарната актерка Катерина Крстева, во народот позната како Мара Попара. На Крстева се потсети порталот „Викимедија“, кој ја објави нејзината животна приказна, во која, покрај многу смеа, имало и многу тага на крајот. „Речиси да нема човек кого не го насмеала до солзи додека ја гледал на малите екрани или во театар, а сепак таа имала ...
Кошаркарите на Филаделфија се пласираа во плејофот на Источната конференција откако го победија Орландо со 109:97 во натпревар од плејин фазата во НБА-лигата. Филаделфија како седми носител ќе игра во првото коло од плејофот против второпласираниот Бостон. Тајрис Макси го предводеше тимот до победата со 31 поен и шест асистенции, ВЈ Еџкомб постигна 19 поени и 11 скока, а Кели Убре имаше 11 поени. Дезмонд Бејн го предводеше Орландо со 34 ...
Италијанскиот фудбалски клуб Интер подготвува големи промени ова лето, но едно е сигурно, тренерот Кристијан Киву нема да биде отпуштен. Иако неодамна се пишуваше дека постои можност Романецот да добие отказ, сега е јасно дека ќе остане на „Џузепе Меаца“, а воедно ќе му бидат дадени поголеми авторитети во клубот. Покрај позицијата како главен тренер, тој ќе ја извршува и функцијата на менаџер како оние во Англија, кои се занимаваат со ...
Актерката Џени Гарт, позната по серијата „Беверли Хилс“ (Beverly Hills, 90210), проговори за непријатното искуство со продуцентот Ден Шнајдер, откривајќи детали за токсичната атмосфера зад сцената. Во гостување во поткаст, Гарт изјави дека за време на снимањето на серијата „Она што ми се допаѓа кај тебе“ (What I Like About You) чувствувала „лоша енергија“ од Шнајдер, до степен што одбивала директно да комуницира со него. „Му реков дека ...
Потрагата по новиот агент 007 сè уште трае, а челниците на „Амазон МГМ Студио“ на настанот „СинемаКон“ конечно проговорија за тоа кога фановите можат да го очекуваат следното поглавје од култната франшиза. Откако студиото ја презеде креативната контрола врз серијалот, ангажирањето на Денис Вилнев, режисерот на „Дина“, за следното продолжение наиде на огромни пофалби, пишува „Гардијан“. Покрај него, за сценариото ќе биде задолжен креаторот ...
Сметаме дека за стабилноста, мирот на Балканот, апсолутно неопходен предуслов е влезот на државите од Западен Балкан во Европската Унија, посочи министерот за национална одбрана на Грција Никос Дендијас. Тој одржа говор пред припадниците на грчкиот контингент на КФОР во Косово, а во обраќањето се осврна и на регионот и европската перспектива, јави дописничката на МИА од Атина. „Како што знаете, нашата татковина, Грција, веќе децении го ...
Мајка на ученик ја нападнала наставничката на родителска средба во училиште во скопски Аеродром. Според неофицијалните информации, инцидентот се случил во основното училиште „Браќа Миладиновци“. -На 15.04.2026 во 22:10 часот во СВР Скопје, К.К.Л. од Скопје пријави дека околу 17:00 часот во училница во основно училиште на подрачјето на општина Аеродром, додека заедно со нејзина колешка одржувале родителска средба, М.М.Г. од Скопје (мајка на ...
Во Карлсруе, на југозападот од Германија, колонија мравки предизвикала неколку сообраќајни несреќи – на раскрсницата со повеќе ленти, семафорот неколкупати откажал, а конфузијата довела до две несреќи, во кои неколку луѓе биле полесно повредени, пренесува „Шпигел“. Одделот за градежништво на крајот ја открил причината за проблемот – мравки во контролната кутија на семафорот, изјави портпаролот на градот. Кутијата ќе биде исчистена и ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Истанбул се сретна со претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган. На средбата, според кабинетот на Сиљановска, било констатирано дека македонско-турските односи се одликуваат со силно пријателство, доверба и континуирана меѓусебна поддршка. Претседателката најпрво лично му изразила сочувство на претседателот Ердоган за жртвите во вчерашното пукање во училиште во Турција, ...
Принцот Абдул Матин Болкијах од Брунеj, еден од најследените членови на кралското семејство на социјалните мрежи, повторно е во центарот на вниманието откако сподели серија опуштени семејни фотографии од Велика Британија, а главна ѕвезда е неговата ќерка Захра. Абдул Матин и неговата сопруга, принцезата Аниша, која има хрватски корени, станаа родители на почетокот на февруари. Тие веќе ја споделија својата прва семејна фотографија со ...
Сузана Турунџиева има посебна терапија со која ја лекува душата по се што ѝ се случи. Познатата водителка, писателка и уметница покажа дека нејзиниот креативен дух нема граници, овојпат споделувајќи моменти на чист спокој и семејна хармонија преку звуците на необичниот инструмент – хендпен. Во својата последна објава, Сузана е снимена како се препушта на магичните вибрации на овој инструмент, кој во светот е сè попопуларен како моќна алатка ...
Ана Винтур (76), го привлече вниманието во Њујорк на премиерата на бродвејската претстава „The Fear Of 13“, каде се појави во придружба на својата ќерка Би Карозини. Поранешната уредничка на „Вог“ сè уште е верна на својот препознатлив стил, носеше елегантен бел фустан со маслинесто зелен и син принт, кој го надополни со масивен накит и чевли со змиски дезен. Секако, неизоставен дел од нејзиниот изглед беа „боб“ фризурата и очилата за сонце ...
На годишно ниво, потрошувачките цени во март пораснале за 2,6 отсто, според конечната проценка објавена денеска од Евростат во Луксембург. Во февруари стапката на инфлација изнесуваше само 1,9 проценти, објави Евростат. Растот на цените во март исто така беше посилен отколку што претходно се проценуваше. Во својата првична проценка, Евростат пријави годишна стапка од 2,5 отсто. Ова значи дека целта за инфлација од 2 отсто поставена од ...
Ако сте забележале дека низ нашите градови има сè повеќе „сјајни глави“, не сте далеку од вистината. Најновите податоци објавени од релевантниот статистички центар „Ворлд популејшн ривју“ (World Population Review), откриваат дека Европа е апсолутен лидер кога станува збор за машката ќелавост. Според истражувањето, Шпанија официјално го зазеде првото место во светот, каде речиси секој втор маж (44.5%) се соочува со губење на косата. Глобално ...
Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Израел и Либан постигнале договор за десетдневен прекин на огнот кој ќе стапи на сила вечерва во 23 часот. Трамп потврди дека имал „одлични разговори“ со либанскиот претседател Џозеф Аун и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, велејќи дека ова е десеттата војна што ја решава. „Тукушто имав одлични разговори со почитуваниот либански претседател Џозеф Аун и израелскиот премиер Биби ...
Брачно-музичкото дуо „Силви бенд“ сподели емотивна приказна за децата по повод велигденските празници. Силви и Влатко Плевнеш ја покажаа својата хумана страна со донација за штитениците на „СОС Детско село“, во пресрет на празниците. Во духот на празничната магија и под мотото „Ниту едно дете да не расте само“, тие донираа разновидна опрема за најмладите, вклучувајќи бебешки седишта, играчки и други неопходни реквизити кои ќе го олеснат ...
На просторот на некогашната атракција за скопјани, езерото „Треска“, наскоро нема да има ни елитни хотели ни бунгалови, луѓето нема да се рекреираат покрај отворени и затворени базени, ниту ќе се сончаат на плажа покрај чистите езерски води. Ниту камче не е поставено според Деталниот урбанистички план за „Треска“, кој „бомбастично“ беше претставен од Општина Сарај уште пред пет години, а Владата веднаш потоа донесе одлука за формирање ...
Поп-ѕвездата Аријана Гранде се појавува во првиот трејлер за новата комедија „Во сродство со Фокер“ (Focker In-Law), каде настапува заедно со Бен Стилер и Роберт де Ниро. Филмот претставува продолжение на хит-франшизата „Запознај ги родителите“ (Meet the Parents), која го следи ликот на Грег Фокер (Стилер) и неговите обиди да се вклопи во семејството на својата партнерка, предводено од строгиот татко, ликот на Де Ниро. Оригиналниот филм ...
На 19 април 2026 година, во хотел „Хилтон“ во Скопје, ќе се одржи третиот по ред состанок посветен на формирањето на Регионална ракометна лига во машка и женска конкуренција (MRHL / WRHL). На состанокот ќе присуствуваат претставници на ракометните федерации и клубови од Македонија, Србија и Црна Гора. Свое присуство ќе има и Предраг Бошковиќ, потпретседател на Европската ракометна федерација, што дополнително ја нагласува важноста на овој ...
Нејзината приказна почнува по земјотресот во 1963 година како хуманитарен подарок од повеќе од 30 земји. Објект што буквално е „собран од светот“ за да му помогне на Скопје. Во неа се одржувале и студентски предавања, каде што генерации бруцоши слушале настава во иста просторија што вечерта станувала сцена за концерти. Пуштена е во употреба на 10 јануари 1966 година, како Центар за организирање приредби, со драмската претстава „Виктор или ...
Петер Маѓар, победникот на унгарските избори, ѝ порача на партијата Фидес, предводена од поранешниот премиер Виктор Орбан, дека нема да избега од одговорност за политиките што ги водела во последните години. „Им го кажувам ова на лидерите на Фидес: без разлика колку се преправате дека ништо не се случило, ние знаеме што сте им направиле на нашата татковина и на унгарскиот народ. Не се сомневајте ни за момент – ќе пожнеете што сте посеале“, ...
Редок астероид наскоро ќе биде видлив со голо око во редок небесен настан, според астрономите. Наречен „Богот на хаосот“ или „убиецот на градовите“, астероидот 99942 Апофис, ќе биде најблиску до Земјата на 13 април 2029 година. Во тој период, тој ќе биде поблиску до нас од телекомуникациските сателити во геостационарна орбита и ќе биде видлив со голо око, пишува „Еј-би-си њуз“. Според пресметките на астрономите, астероидот ќе помине на ...
Ретка приказна за легендарниот актер Димче Мешковски и неговата ќерка, пливачката шампионка Наташа, е споделена на социјалните мрежи. Дека „крушата под круша паѓа“ и дека талентот и харизмата се пренесуваат низ генерациите, најдобро сведочи една ретро-фотографија која деновиве ги разнежни оние што ја видоа на Фејсбук. На неа, легендарниот македонски актер Димче Мешковски позира со својата ќерка, тогаш младата и перспективна пливачка Наташа ...