Висок воен советник на врховниот лидер на Иран предупреди дека Иран ќе ги потопи американските бродови во Ормускиот Теснец ако САД почнат да го „контролираат“ стратешкиот воден пат, објави Анадолу, пренесуваат регионалните медиуми. Мохсен Резаи во изјава објавена од иранската државна телевизија рече дека САД немаат никаква улога во контролата на теснецот. „Господин Трамп сака да стане полицаец на Ормускиот Tеснец. Дали тоа е навистина ваша ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски заедно со неговиот белгиски колега Максим Прево утрово трчаа низ Скопје. Македонскиот министер објави на Фејсбук дека трчањето е одлична можност за гостинот да го запознае нашиот главен град. „Утрово, заедно со мојот колега и пријател, белгискиот министер за надворешни работи, Максим Прево, започнавме со поинаков почеток на денот – утринско трчање од 6 км низ Скопје. Шест ...

Синот на македонскиот музичар Марко Маринковиќ – Слаткар и неговата партнерка Сања Николиќ, Моша, го прослави својот шести роденден во весела атмосфера, опкружен со многу другарчиња и семејството. Роденденската забава, која се одржа на 15 април, била организирана според желбата на славеникот, во духот на популарниот филмски свет на „Паркот Јура“ (Jurassic Park). Просторот бил украсен со мотиви од диносауруси, а тематиката се пресликала и на ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа ќе има услови за појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 17 до 23 степени. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, попладне во делови од котлината ќе има повремен дожд и услови за појава на грмежи. Ќе дува ...

Австрија се соочува со сериозен фискален предизвик во наредните години, откако најновата проценка на Фискалниот совет покажува дека планираните мерки за штедење не се доволни за да се постигнат зацртаните буџетски цели. Наместо постепено намалување на дефицитот, проекциите укажуваат на стагнација, па дури и ризик од дополнително влошување. Според овие податоци, владата ќе мора да преземе значително поамбициозни чекори ако сака до 2027 година ...

Додека растат верувањата дека можеби војната на Блискиот Исток би можела да заврши во скоро време, откако израелскиот кабинет се состана во средата за да разговара за евентуално примирје во соседен Либан, од Бејрут пристигаат спротивни сигнали кои говорат дека можеби мирот е сè уште далеку од реалноста на терен. Имено, либански функционер изјави за Ал Џезира дека нема информации за можен телефонски повик меѓу либанските и израелските лидери ...

Јованка Јанкоска Бобе, која стои зад блогот bobesbakery.mk, фејсбук и инстаграм-профилот, е вистински кулинарски креативец – нејзините рецепти се милина и за очите и за непцето. Бобе денеска споделува рецепт за вистински гурмански деликатес: јогуртли тава со јагнешко месо и ориз. – Кога мирисот на печено јагнешко ќе се спои со кремаста јогуртна кора, настанува вистинска магија во кујната. Јогуртли тавата е едно од оние јадења што будат ...

Тројца луѓе беа убиени во американски напад врз уште еден чамец за кој се тврди дека бил вклучен во трговија со дрога, што е петти ваков смртоносен напад во исто толку денови, пренесе „Гардијан“. Американската Јужна команда соопшти дека извршила „смртоносен кинетички напад врз пловило управувано од организации означени како терористички“ во источниот Пацифик, без да ја именува наводната група, во објава на „Икс“. „Тројца машки ...

Португалскиот тренер Жозе Мурињо повторно се поврзува со враќање во Премиер лигата, откако се најде меѓу главните кандидати за клупата на Њукасл, доколку клубот реши да се раздели со актуелниот стратег Еди Хау. Хау се соочува со зголемен притисок поради неубедливите резултати и пласманот во средината на табелата, што не се совпаѓа со амбициите на клубот. Според информациите на новинарот Алекс Крук, Мурињо е сериозна опција за негов ...

Ви го претставуваме дневниот хороскоп за 16 април, погледнете што ви предвидуваат ѕвездите за денес. Овен Овни, имате наплив на енергија. Искористете ја, но не донесувајте избрзани одлуки. Денес сте подиректни од вообичаено. Внимавајте да не кажете нешто што може да го повреди вашиот партнер. Слободните можат да започнат интересен разговор со нова личност. Можна напнатост и главоболка, забавете го темпото. Бик Бикови, фокусирајте се на ...

Цената на златото денес на европските пазари бележи стабилно ниво со благи дневни осцилации, додека интересот за купување останува висок поради глобалната економска неизвесност. Според најновите податоци, цената на златото се движи околу 131 евро за грам (24К), а унца (31,1 грам) се продава за 4086во зависност од берзата и моменталните флуктуации. Во просек, референтната вредност е околу 129 евра за грам, што укажува на релативно стабилен ...

По победата на Петер Маѓар на изборите во Унгарија, полскиот министер за правда повторно испратил писма во кои бара одговори од Унгарија околу бараната екстрадиција на двајца поранешни функционери побегнати во Унгарија од правдата во својата земја – Збигњев Зиобро и Марчин Романовски, пренесе агенцијата ПАП. Министерот за правда и генерален обвинител на Полска, Валдемар Журек, во вторникот испратил две писма до Будимпешта, во кои првенствено ...

Две депонии горат вечерва во Скопје и во околината на главниот град, соопшти Центарот за управување со кризи. Покрај депонијата „Вардариште“, која денеска повторно се запали по седум месеци, со денови гори и депонијата во Арачиново, на којашто пожарот е активен и вечерва. – Преку Едиствениот број за итни повици Е-112 добиена е пријава за пожар на запалена депонија во с. Арачиново на излез на Арачиново према Грушино, информира вечерва ЦУК. ...

Управата за јавни приходи побарала проверка од странски администрации преку Министерството за надворешни работи за 257 лица кои биле на привремена работа во Авганистан и Ирак, кои тврделе дека веќе имаат платено данок за своите приходи. Досега стигнат е одговор само за едно лице и тој е негативен, односно нема потврда дека платил данок во земјата во која работел. Во однос на студентите што работеле во странство преку програмата „Ворк енд ...

1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо, француски романсиер, сатиричар и критичар. Негови најпознати дела се „Современа историја“, „Злосторството на Силвестер Бонар“, „Бунтот на ангелот“, „Боговите се жедни“ и други. Во 1921 година ја добил Нобеловата награда за литература. Умрел на својот имот Ла Бошлери, кај Тур, на 12 октомври 1924 година. 1859.- Умрел францускиот историчар и политичар Алексис Клерел де Токвил, противник на ...

Семките од чиа се познати како суперхрана, но како точно влијаат на вашето тело? Еден доктор објасни што може да се случи ако ги вклучите во вашата исхрана само две недели, се разбира, како дел од избалансирани оброци, а не како единствена храна. Избалансираната исхрана е клучна за внесување на сите потребни протеини, јаглехидрати, влакна и витамини, пишува „ЛАДбајбл“. Д-р Саураб Сети, гастроентеролог специјализиран за здравје на цревата и ...

Изборот на фризура треба да биде во согласност со обликот на вашето лице и текстурата на вашата коса. Идеалната должина на косата треба да ги нагласи вашите карактеристики, а изборот на вистинската должина е клучен за постигнување рамнотежа и истакнување на пропорциите на лицето. Обликот на лицето е најважниот фактор при изборот на фризура, затоа е потребно да ги знаете овие неколку работи пред да се одлучите која форма на коса ќе ја ...

Генерално, нарцисите имаат искривено чувство за самобитност и величественост и се карактеризираат со однесување кое покажува потреба за восхит и недостаток на емпатија. Сите ние понекогаш покажуваме некоја карактеристика на нарцисоидна личност. Овој тест може да ни открие на што треба да работиме и кој дел од нашата личност е повеќе фокусиран врз нас самите отколку на односите со другите, пишува „Сенса“. Ако некогаш сте се запрашале дали сте ...

Американскиот адвокат Џеферсон Фишер објасни во видео на социјалните мрежи како веднаш да препознаети лажливец, нагласувајќи дека овие луѓе ја мразат неизвесноста. – Нема ништо што лажливецот го мрази повеќе од неизвесноста. Тие сакаат веднаш да ја прифатите лагата. Тие сакаат да ја „спакувате“ и да кажете: „Да, разбирам“. Тие сакаат веднаш да ја „купите“ – рекол тој. Кога другата личност не се согласува, лажливецот ќе го смета тоа за ...

Процесот на намалување на масните наслаги често може да биде бавен и фрустрирачки, особено кога и покрај вложениот труд нема видливи резултати. Во вакви ситуации, проблемот најчесто не е во недостигот на дисциплина, туку во одредени грешки во тренингот и исхраната кои го забавуваат напредокот. Една од честите причини е недоволната зачестеност на тренингот. Вежбањето само неколку пати неделно може да биде недоволно за позначителни промени, ...

Кениски суд му наложи на кинескиот државјанин кој минатиот месец беше уапсен во обид да прошверцува голем број мравки од африканската земја, да плати казна од 1 милион шилинзи (7.746 долари) и го осуди на 12 месеци затвор за обид за шверцување живи мравки од земјата. Судијата во пресудата навел дека строгата казна е потребна како средство за одвраќање, со оглед на зголемувањето на трговијата со мравки во Кенија, објави Си-ен-ен. Оваа ...

Нарцисоидното однесување во голема мера е изградено околу потребата за постојано внимание и емоционален одговор. Кога тој „извор“ ќе исчезне, нарцисот е во паника и почнува да применува тактики за да ве врати под своја контрола. Луѓето со изразени нарцисоидни особини ги градат односите на посебен начин. За нив најважен извор на внатрешна рамнотежа е вниманието на другите, восхит, признание, но и страв или зависност. Во психологијата ова се ...

Поранешниот возач на Формула 1, Ралф Шумахер (50) и неговиот партнер Етиен Буске-Касањ (36), подготвуваат гламурозна венчавка која ќе биде пренесувана на телевизија. Телевизиската куќа „Скај“ најави дека ќе го документира големиот ден на парот преку серијал во четири дела со наслов „Ралф и Етиен: Ние велиме ДА“, чија премиера е закажана за 21 мај. Документарецот ќе ги прикаже подготовките и самата церемонија во престижниот Сен Тропе. „Сакаме ...

Британскиот јавен сервис, Би-би-си, денеска објави дека планира да отпушти до 2.000 работни места со цел да го намали својот годишен буџет за 10 проценти во следните две години, или за 500 милиони фунти, пренесува „Гардијан“. Американските медиуми пренесуваат дека најавените отпуштања, објавени за време на состанокот со вработените, се најголемите за повеќе од една деценија во оваа национална медиумска куќа на Велика Британија. „Знам дека ...

По едно фантастично четвртфинале во Лигата на шампионите, Баерн Минхен го елиминираше Реал Мадрид откако вечерва во Минхен го победи Реал Мадрид и во вториот натпревар, сега со 4-3. Натпреварот почна одлично за гостите од Мадрид, Ѓулер казни една неверојатна грешка на Мануел Ноер и го отвори резултатот по само 40-тина секунди. Баерн, сепак брзо се врати, Павловиќ погоди по еден корнер во шестата минута. Арда Ѓулер на сцена стапи повторно на ...

На денешен ден е почината Грета Гарбо, една од најголемите и најтаинствени филмски ѕвезди што некогаш се појавиле на филмскиот екран. Како водечка ѕвезда за време на немиот филм и раната златна ера на Холивуд, таа е позната по нејзините филмски портрети на трагични ликови и нејзините суптилни изведби. Родена и израсната во Стокхолм, нејзините раните години ѝ биле далеку од гламурот на Холивуд. Најмлада од три деца, таа била израсната во ...

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, изјави во средата дека Техеран останува посветен на промовирање на мирот и стабилноста во регионот. Изјавата дојде по состанокот со началникот на Генералштабот на армијата на Пакистан, фелдмаршал Асим Мунир, кој се смета за клучен посредник меѓу САД и Иран. Мунир пристигна во Техеран на чело на делегација на високо ниво, носејќи порака од Вашингтон, како што претходно објави пакистанската ...

Во изминативе десетина дена на социјалните мрежи масовно се објавуваат и се споделуваат видеа и фотографии од „нови“ глутници кучиња и агресивни улични животни што се појавија низ Скопје, особено во Кисела Вода и во Карпош, каде што ситуацијата е и повеќе од алармантна. Жителите на Кисела Вода активно објавуваа за неколку агресивни кучиња што напаѓале на две локации во општината, едната е кај бензинската „Макпетрол“ позната како Мечкаров во ...

Арда Ѓулер имаше фантастични 30 минути против Баерн Минхен во четвртфиналето од Лигата на шампионите, откако прво ја искористи грешката на Мануел Ноер по само 40 секунди, во 29-тата минута изведе вистинска мајсторија. Турскиот фудбалер доби прилика од слободен удар од 20-тина метри, маестрално шутираше, а Ноер беше немоќен на голот. Во продолжение Баерн одново го израмни резултат на 2-2 со гол на Хари Кејн во 38-та минута и уште еднаш ја ...

Израелската војска продолжува да го напаѓа Хезболах во Либан, изјави денес израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, додавајќи дека ѝ наредил на војската да „ја зајакне безбедносната зона“ во Либан. „Преговорите не се водени повеќе од 40 години. Тие се случија затоа што сега сме многу силни, а земјите што ни се обраќаат, не само Либан, се слаби“, рече Нетанјаху во видео обраќање, објави Ројтерс. Израел одобри нови борбени планови за Либан и ...

weather icon

Скопје

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
87%
1018
weather icon

Белград

15ᴼ / 14ᴼ
0.51
82%
1016
weather icon

Загреб

10ᴼ / 10ᴼ
0.51
87%
1016
weather icon

Софија

9ᴼ / 9ᴼ
1.54
93%
1019
weather icon

Сараево

16ᴼ / 16ᴼ
1.35
86%
1015
weather icon

Љубљана

10ᴼ / 7ᴼ
0.51
89%
1017
weather icon

Атина

20ᴼ / 17ᴼ
1.34
61%
1018
weather icon

Тирана

12ᴼ / 12ᴼ
1.54
67%
1016
weather icon

Подгорица

14ᴼ / 14ᴼ
0.0
72%
1017
weather icon

Букурешт

17ᴼ / 15ᴼ
2.06
80%
1016
weather icon

Будимпешта

14ᴼ / 12ᴼ
1.34
90%
1015
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 13ᴼ
2.06
88%
1018
Currency

61.6417

Currency

52.5532

Currency

71.2398

Currency

37.9646

Currency

38.4775

Currency

67.3564

Currency

7.70223

Currency

0.70181

Currency

0.33535

Currency

0.52518

Currency

1.15978

Currency

0.55488

Калај

52.70

Кобалт

45.39

Бакар

12.46

Родиум

319899.93

Цинк

0.00

Алуминиум

3.53

Платина

66744.95

Злато

152465.86

Иридиум

253540.09

Сребро

2534.46

Рутениум

51376.89

Паладиум

49351.40