Скопје
11ᴼ /
11ᴼ
Во уште една тешка сообраќајна несреќа, во центарот на Скопје, на крстосницата кај поранешната зграда на „Нова Македонија“, претпладнево возачо со автомобилПрегазен е пешак во сообраќајна незгода што се случи денеска претпладне на булеварот „Св. Кирил и Методиј“ (кај поранешна НИП Нова Македонија) во Скопје. „Несреќата е пријавена во 11:15 часот во СВР Скопје, кога патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски таблички, управувано од ...
Критичниот атлантски систем на океански струи изгледа значително поверојатно да колабира одошто се мислеше претходно, откако ново истражување покажа дека климатските модели кои предвидуваат најголемо забавување се всушност најреалистични. Научниците го нарекоа ова откритие „многу загрижувачко“ бидејќи таквиот колапс би имал катастрофални последици за Европа, Африка и за Америка, објави „Гардијан“. Атлантската меридијална превртена ...
За секој жител по една картичка. Вака изгледа платежната структура во земјава според минатогодишниот извештај на Народна банка на Македонија. Од сите издадени картички скоро 1,7 милион се дебитни, а останатите се кредитни. Експертите велат дека полека но сигурно се менуваат финансиските навики на граѓаните во земјава, кои покажуваат дека сме во нова фаза на дигитална зрелост. Според истите податоци граѓаните лани имале речиси еден милион ...
Војната на Блискиот Исток, неодлучноста на Федералните резерви на САД и затегнувањето на монетарната политика во Европа и Пацификот предизвикаа зајакнување на неколку светски валути во однос на ослабениот американски долар. На почетокот на 2026 година, пазарните очекувања беа прилично стандардни: забавување на американската економија што би им овозможило на Федералните резерви да ги намалат каматните стапки, додека Европската централна банка ...
Железничката линија Прилеп-Битола-Жабени ќе биде пуштена најдоцна до јуни годинава, а повратна карта ќе чини 150 денари, најави министерот за транспорт и врски Александар Николоски на денешната средба во Битола со Регионлните комори од двата града. Според него, патниците на оваа релација ќе можат да се движат побрзо и да стигнуваат навреме. Ова решение рече Николоски, се предлага додека трае изградбата на автопатот Прилеп-Битола, поради што ...
Иран целосно го суспендираше извозот на петрохемиски производи за да даде приоритет на домашното снабдување и да спречи недостиг на суровини, пренесуваат медиумите. Се наведува дека државната национална петрохемиска компанија им наредила на компаниите да го суспендираат извозот до понатамошно известување. Некои од иранските центри за производство на петрохемиски производи беа цел на израелски воздушни напади во последните недели, додека ...
По поразот на Реал Мадрид од Баерн Минхен во четвртфиналето на фудбалската Лига на шампионите, соблекувалната на шпанската екипа ја посети претседателот на клубот, Флорентино Перез по натпреварот. Според MatchDay Central, Перез бил видливо лут од елиминацијата на Реал во двомечот со Германците: – Една сезона без трофеј во Реал Мадрид е неуспех. Две сезони е неприфатливо. Го ценам денешниот напор, но оваа сезона беше вистинско разочарување. ...
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа со победа од 2:1 во сетови (4:6, 6:3, 6:2) го почна настапот на ИТФ турнирот во Порторож, Словенија, што се игра за награден фонд од 60.000 долари. Таа во првото коло со пресврт стигна до победата против Кајса Риналдо Персон од Шведска. Првиот сет ѝ припадна на противничката со 6:4 во гемови, а Ѓорческа го доби вториот сет со 6:3, откако противничката поведе со 1:0, а македонската тенисерка направи серија ...
Ако сте во дилема што да правите со преостанатите варени јајца и не сакате да ги фрлите, ви предлагаме рецепт за вкусни тортички. Пробајте го рецептот за тортитчки со јагоди и шлаг од мајката на еден од најдобрите готвачи во светот, Џејмс Бирд – кој напишал 20 книги за готвење, водел емисии за готвење и ја променил играта во модерната кујна. Меѓу другото, и престижна кулинарска награда е именувана по него. Овој успех не можел да го постигне ...
Америка и Иран се спремаат за втората рунда преговори во Пакистан. Според некои извори, индиректно се договараат да го продолжат двонеделното примирје, но американскиот претседател Доналд Трамп рече дека можеби и нема потреба од таков чекор за постигнување конечен договор. Иран има свои барања, а исто и Америка. Сепак, оваа реторика на одмерување на силите е завеса, со по неколку големи дупки од молци, што се обидува да ја скрие стварноста – ...
Се менуваат специјализациите по интерна медицина и општа хирургија, најавија на прес-конференција министерот за здравство Азир Алиу и претседателката на Лекарската комора доктор Калина Гривчева Старделова. Според Алиу, при специјализацијата за интерна медицина ќе има засилена практична обука особено во ургентна медицина и на интензивна нега. Од темел се менува суровата реалност – дека 15 години системот на специјализации не чини Системот на ...
Поранешниот возач во Формула 1, Ралф Шумахер, наскоро ќе ја круниса својата љубов со брак и тоа пред телевизиските камери. Германецот во мај ќе стапи во брак со својот партнер Етјен Буске-Касањ, со кого е во врска од летото 2024 година и целиот настан ќе биде претворен во телевизиска емисија. Двојката неодамна ја потврди веста преку социјалните мрежи, а поканите за тридневната прослава веќе се испратени. Свадбата ќе биде дел од телевизиски ...
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан изјави дека ниедна сила во светот не може да го принуди иранскиот народ да се покори. „Иран не сака војна и нестабилност, но отсекогаш ја нагласувал важноста на дијалогот и конструктивната интеракција со сите земји во светот. Сепак, секој обид да се наметне каква било волја врз земјата или да се принуди да се предаде е осуден на неуспех и иранската нација никогаш нема да попушти на таков пристап“, ...
Ниту еден од петмината сведоци не дојдоа на денешното рочиште во судницата во Идризово да сведочат за трагедијата што се случи на 16 март минатата година кога во пожар во дивото кабаре „Пулс“ загинаа 63 млади луѓе и над 200 беа повредени. Двајца од овие сведоци кои ги има предложено јавното обвинителство не можеле пак да ја преживуваат кобната вечер со сведочење во суд, двајца од нив Обвинителството не успеало да ги исконтактира, а еден бил ...
Нема да молчиме и ќе продолжиме да се бориме за нашите права, порача Синдикатот на културата на Република Македонија од протестот што се одржа денеска пред Министерството за култура и туризам во Скопје. Протестот беше насочен кон изразување незадоволство од одлуката на Уставниот суд да поведе постапка за укинување на Колективниот договор за култура, како и поради прекршувањето на договореното во начинот на пресметка на платите. Нема да ...
Дорис Драговиќ е една од најголемите музички диви на овие простори. Родената сплиќанка, со вистинско име Доротеа Будимир, со децении е присутна на сцената, а нејзините песни ги обележаа животите на генерации. Денес го слави својот 65. роденден, а низ фотографиите можете да погледнете како се менувала низ годините. Дорис љубовта кон музиката ја покажувала уште од детството, а како свои најголеми идоли ги истакнувала Арсен Дедиќ, Габи Новак и ...
14-годишно дете вооружено со пет пиштоли денеска отвори оган во училиште во Турција и уби најмалку осуммина ученици и наставник. Според последните информации, 13 други луѓе, ученици и вработени, се ранети во најкрвавиот напад со пукање во училиште во државата досега, јави Ројтерс. Додека Турција е во шок од страшната трагедија, на социјалните мрежи се врти морничава снимка на која се гледа како ученици скокаат од прозорците на училиштето, во ...
И младите сакаат да учествуваат во процесите и имаат што да кажат, но сакаат и да бидат навремено информирани за конференции како оваа, рече Александар Николовски – претставник на Координативната група за реформи во високото образование и претседател на Универзитетското собрание на УКИМ. Тој пристигна на крајот на денешната расправа за Законот на високо образование во Владата, на која присуствуваа премиерот Христијан Мицкоски, министерката за ...
На покана од претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, денеска престојува во официјална посета на ФФМ. Посетата, според ФФМ, претставува „уште една потврда за одличните односи меѓу ФФМ и УЕФА, како на институционално, така и на лично ниво“. Заедно со првиот човек на европскиот фудбал, во делегацијата се и Зоран Лаковиќ, директор за национални асоцијации во УЕФА, како и ...
Американската телевизиска мрежа Си-ен-ен во својата туристичка рубрика ја издвојува и ја препорачува Македонија како една од европските дестинации што сè уште е недоволно откриена од туристите, но има значителен потенцијал. Во текстот се наведува дека најголемиот дел од посетителите од светот кои доаѓаат во Европа традиционално ги избираат Франција, Шпанија и Италија, иако континентот нуди вкупно 44 земји признати од Обединетите нации, кои ...
Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, во рамки на пролетните средби на ММФ и Светска банка во Вашингтон, учествуваше на тркалезна маса на која беше претставена петгодишна програма за развој на капацитетите на нов Регионален центар за техничка помош на Меѓународниот монетарен фонд за Југоисточна Европа (SEETAC). Центарот, чие започнување со работа е предвидено најдоцна до јануари 2027 година, ќе биде дел од глобалната мрежа на ...
Премиерот на Гренланд, Јенс-Фредрик Нилсен, изјави дека многу граѓани на автономната данска територија „не се чувствуваат безбедно“ поради повторените изјави на американскиот претседател Доналд Трамп, додавајќи дека тие претставуваат „неприфатлив притисок врз народот на Гренланд“. „Многу луѓе не се чувствуваат безбедно. Некои се исплашени. Сега тоа се претвора, за многумина, во гнев“, изјави Нилсен за Ен-би-си Њуз. Премиерот на Гренланд одби ...
Македонскиот пијанист Симон Трпчески летово ќе одржи два концерти на отворено во Македонија. Првиот концерт ќе се одржи на 13 август во Античкиот театар во Охрид, а вториот на 14 август во Хераклеја во Битола, објави продукцијата „Прагма“. Античкиот театар во Охрид, како еден од најзначајните културно-историски локалитети, ќе понуди амбиент во кој секоја нота добива нова димензија. Во овој простор, каде што историјата и уметноста се ...
Поради технички зафати и дефект на водоводната мрежа, денес дел од жителите на Кисела Вода и Капиштец се соочуваат со прекини во снабдувањето со струја и вода. Делови од Скопје денеска се без струја и вода поради два прекини во електричната и водоводната мрежа. Како што информираат надлежните, без електрична енергија од 08:00 до 12:00 часот се корисниците од улицата „1519“ во населбата Каменик, во општина Кисела Вода. Во меѓувреме, поради ...
Израелската војска (ИДФ) објави дека уништила „70 позиции на Хезболах“ во областа Бинт Џбеил во Јужен Либан, по вчерашниот напад на израелските командоси. Припадници на единицата командоси „Егоз“ извршија напад врз Аинат, населба веднаш до Бинт Џбеил, која ИДФ ја опишува како „борбен комплекс“ на Хезболах. העמקת הפעילות במרחב בינת ג’בייל נמשכת: לוחמי יחידת אגוז ויהל”ם השמידו כ-70 תשתיות של ארגון הטרור חיזבאללה בתוך דקה אחת בלבד לכל ...
Стопроцентен воен инвалид, кој учествувал во конфликтот во 2001 година во Македонија, 25 години по ред не може да добие стан од државата, откако се здобил со инвалидитетот кога позицијата на која се наоѓал како полициски резервист, била погодена од гранати и мини во Арачиново. Тој има потврда од СВР Скопје дека е „повреден на боиште при преземање оперативно-тактички мерки“. Во 2003 година, наместо стан, државата му дала мизерна барака од 36 ...
И покрај тоа што иранскиот министер за спорт изјави дека земјата можеби нема да учествува поради војната со САД, а претседателот Доналд Трамп изрази загриженост за „животот и безбедноста“ на играчите, претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, е уверен дека националниот тим на земјата ќе игра на Светското фудбалско првенство ова лето во САД, Мексико и Канада. – Се надеваме дека дотогаш ситуацијата ќе биде мирна, тоа дефинитивно би помогнало. Но, ...
Актерот Итан Џејмисон (27), познат по улогата во филмот „Игрите на гладните“, е уапсен откако, според наводите на полицијата, пукал со огнено оружје кон тројца мажи во американскиот град Рали, пишува „Дејли мејл“. Hunger Games star Ethan Jamieson arrested for assault with a deadly weapon with intent to kill https://t.co/DmPqkoiXuZ — Daily Mail Celebrity (@DailyMailCeleb) April 16, 2026 Според судските документи, Џејмисон бил уапсен на 8 ...
Октаj Кочан, уметник од македонско-турско потекло кој живее во Тулуз, Франција, се претставува пред своите сограѓани со изложбата „Хуманоид”. Тој ја истражува промената на нашиот однос кон минатото под влијание на дигиталната ера и технолошкото забрзување, а со тоа и начинот на кој го доживуваме сопствениот идентитет. – Во светот каде што технологијата сè повеќе се вмешува во секојдневниот живот, човекот понекогаш ја доживува реалноста низ ...
Во просториите на Македонскиот КИЦ во Белград на „Македонска 30“, на 16 април, во 19 часот, ќе биде отворена изложбата „Архивски документи“ од познатата македонска ликовна уметница Жанета Вангели. Овој ликовен концепт се остварува во соработка со Националната галерија на Македонија од Скопје, претставувана од Маја Крстевска, кураторка на изложбата. Изложбата „Архивски документи“ на ликовната уметница Жанета Вангели во македонскиот ...