Македонскиот пијанист Симон Трпчески летово ќе одржи два концерти на отворено во Македонија. Првиот концерт ќе се одржи на 13 август во Античкиот театар во Охрид, а вториот на 14 август во Хераклеја во Битола, објави продукцијата „Прагма“. Античкиот театар во Охрид, како еден од најзначајните културно-историски локалитети, ќе понуди амбиент во кој секоја нота добива нова димензија. Во овој простор, каде што историјата и уметноста се ...

Поради технички зафати и дефект на водоводната мрежа, денес дел од жителите на Кисела Вода и Капиштец се соочуваат со прекини во снабдувањето со струја и вода. Делови од Скопје денеска се без струја и вода поради два прекини во електричната и водоводната мрежа. Како што информираат надлежните, без електрична енергија од 08:00 до 12:00 часот се корисниците од улицата „1519“ во населбата Каменик, во општина Кисела Вода. Во меѓувреме, поради ...

Израелската војска (ИДФ) објави дека уништила „70 позиции на Хезболах“ во областа Бинт Џбеил во Јужен Либан, по вчерашниот напад на израелските командоси. Припадници на единицата командоси „Егоз“ извршија напад врз Аинат, населба веднаш до Бинт Џбеил, која ИДФ ја опишува како „борбен комплекс“ на Хезболах. העמקת הפעילות במרחב בינת ג’בייל נמשכת: לוחמי יחידת אגוז ויהל”ם השמידו כ-70 תשתיות של ארגון הטרור חיזבאללה בתוך דקה אחת בלבד לכל ...

Стопроцентен воен инвалид, кој учествувал во конфликтот во 2001 година во Македонија, 25 години по ред не може да добие стан од државата, откако се здобил со инвалидитетот кога позицијата на која се наоѓал како полициски резервист, била погодена од гранати и мини во Арачиново. Тој има потврда од СВР Скопје дека е „повреден на боиште при преземање оперативно-тактички мерки“. Во 2003 година, наместо стан, државата му дала мизерна барака од 36 ...

И покрај тоа што иранскиот министер за спорт изјави дека земјата можеби нема да учествува поради војната со САД, а претседателот Доналд Трамп изрази загриженост за „животот и безбедноста“ на играчите, претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, е уверен дека националниот тим на земјата ќе игра на Светското фудбалско првенство ова лето во САД, Мексико и Канада. – Се надеваме дека дотогаш ситуацијата ќе биде мирна, тоа дефинитивно би помогнало. Но, ...

Актерот Итан Џејмисон (27), познат по улогата во филмот „Игрите на гладните“, е уапсен откако, според наводите на полицијата, пукал со огнено оружје кон тројца мажи во американскиот град Рали, пишува „Дејли мејл“. Hunger Games star Ethan Jamieson arrested for assault with a deadly weapon with intent to kill https://t.co/DmPqkoiXuZ — Daily Mail Celebrity (@DailyMailCeleb) April 16, 2026 Според судските документи, Џејмисон бил уапсен на 8 ...

Октаj Кочан, уметник од македонско-турско потекло кој живее во Тулуз, Франција, се претставува пред своите сограѓани со изложбата „Хуманоид”. Тој ја истражува промената на нашиот однос кон минатото под влијание на дигиталната ера и технолошкото забрзување, а со тоа и начинот на кој го доживуваме сопствениот идентитет. – Во светот каде што технологијата сè повеќе се вмешува во секојдневниот живот, човекот понекогаш ја доживува реалноста низ ...

Во просториите на Македонскиот КИЦ во Белград на „Македонска 30“, на 16 април, во 19 часот, ќе биде отворена изложбата „Архивски документи“ од познатата македонска ликовна уметница Жанета Вангели. Овој ликовен концепт се остварува во соработка со Националната галерија на Македонија од Скопје, претставувана од Маја Крстевска, кураторка на изложбата. Изложбата „Архивски документи“ на ликовната уметница Жанета Вангели во македонскиот ...

Од граѓанската иницијатива „Стоп за Вардариште“ попладнево информираа дека по седум месеци, повторно гори депонијата „Вардариште“. „Ова е последно предупредување од наша страна“, велат од граѓанската иницијатива, која лани организираше серија протести како притисок врз властите да го решат деценискиот еколошки проблем во Скопје. „Стоп за Вардариште“ бара итна реакција од надлежните институции и враќање на полициското присуство на ...

Фејслифтингот е хируршка процедура чија цел е подигнување и затегнување на ткивата на лицето, отстранување на вишокот кожа и враќање на контурите во нивната природна позиција. Наместо да создаде „ново лице“, оваа интервенција има за цел да создаде помлада, посвежа и одморена верзија од вас. Стареењето на лицето не е резултат само на опуштање на кожата. Со текот на годините се случуваат неколку важни промени: намалување на колагенот и ...

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната расправа за Законот на високо образование во Владата рече дека образованието во Македонија со години трпело експерименти кои оставиле сериозни последици врз квалитетот и дека измените кои ги предлага Владата се „повеќе од потребни“. За Мицкоски е најважно е тоа што, како што рече, со новото законско решение „се создаваат услови младите да останат во земјата и тука да го градат својот професионален и ...

Во Скопје од 21-ви до 29-ти април ќе биде одржано Светското училично првенство во ракомет. Почетокот на првенството ќе биде означен на плоштадот „Македонија“, а ќе се соберат околу 700 ученици. Според најавата ќе се игра во шест училишни сали, дополнително ќе биде одредено во кои. „Салите во кои ќе се игра ќе бидат одредени откако ќе помине инспекцијата на техничката комисија. Нашата амбиција е освојување медал“, изјави Елена Мицковска која ...

Фудбалската репрезентација на Македонија за играчи до 16 години во првиот натпревар од развојниот турнир на УЕФА што се одржува во Струмица беше поуспешна од селекцијата на Северна Ирска. Откако по 90 минути игра мрежите мируваа на двете страни, победникот се решаваше по подобро изведување на удари од единаесет метри. Клучниот пенал за победа во овој дуел го изведе Благојче Седлоски кој успеа да го совлада противничкиот чувар на мрежата. ...

Македонскиот фотограф Боби Кузманоски реализираше редок и долгогодишен фотографски проект – да ја прикаже патеката на Сонцето над Скопје преку таканаречена сончева аналема. Станува збор за специфична појава во астрономијата, при која Сонцето, фотографирано во исто време и од исто место во текот на една година, создава крива во форма на бројот осум. „Одамна ме привлекуваа фотографиите на сончева аналема, онаа убава крива во облик на бројот 8 ...

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Министерството за економија и труд заеднички прават скрининг на увозниците на вештачки ѓубрива, рече министерот за земјоделството, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски. Тој најави заеднички состанок на кој се очекува да се донесат мерки кои ќе го превенираат ценовниот шок, бидејќи има зголемување на цената на вештачките ѓубрива. Скринингот е во делот на тоа по која цена се ...

Американскиот претседател Доналд Трамп за време на приватната вечера со холандската кралска двојка во Белата куќа изјави дека сака „брзо да ја заврши“ војната со Иран, објави „Волстрит журнал“, додавајќи дека неговата стратегија за постигнување на таа цел не вклучува попуштање, туку максимизирање на притисокот врз Техеран. Од друга страна, како што наведува весникот, холандската влада веќе одби да му помогне на Трамп со блокадата на ...

Македонија ќе биде центар на европската минибаскет-сцена од 4 до 7 јуни, кога Скопје ќе биде домаќин на Европската конвенција за минибаскет. Настанот е во организација на Кошаркарска федерација на Македонија, во соработка со ФИБА. Станува збор за 11-то издание на конвенцијата, која ќе обедини тренери од цела Европа што работат со најмладите кошаркарски категории. Фокусот е ставен на едукација и унапредување на тренерските вештини, преку ...

Во Бихаќ вчера, на 72-годишна возраст почина Нихад Јусуфхоџиќ, музичар и еден од основачите на бендот „Дивље јагоде“. Јусуфхоџиќ во последните месеци се лекувал во Кантоналната болница во Бихаќ, а граѓаните претходно организирале и акции за дарување крв за него, пренесува „Кликс“. Веста за неговата смрт предизвика бројни реакции во музичките кругови, особено меѓу поранешните членови и соработници на бендот. Од Јусуфхоџиќ се прости и пејачот ...

На 96-годишна возраст почина најстариот босански актер, Хусеин Чокиќ, јавува „Кликс“. Чокиќ имаше забележителни улоги во низа југословенски филмови. Кариерата во светот на глумата ја започнал пред скоро 75 години, во далечната 1953 година, во Народното позориште на Босанска Краина во Бања Лука. Тој имаше забележителни улоги во низа југословенски филмови, а повеќе од 40 пати се појави на големото платно. „Марш на Дрина“, „Валтер го брани ...

Секој работен ден со почеток во 10 и 30 часот гледајте Вести на „Слободен печат“. Следете ги најновите содржини од домашната и светската политика во информативниот блок, во кој ќе ви презентираме и актуелности од повеќе области како здравство, економија, хроника, регионални случувања, спортски информации… Модератор на вестите е Александра Вуксановиќ. Ви благодариме на довербата. Секој работен ден со почеток во 10 и 30 часот гледајте Вести ...

Финансиските лидери на Групата седум (Г7) се согласија да сторат сè што е можно за да ја стабилизираат глобалната економија поради војната меѓу САД и Израел против Иран, според учесниците на состанокот одржан во Вашингтон. Јапонскиот министер за финансии Сацуки Катајама им изјави на новинарите дека членовите на Г7 се согласиле да презентираат обединет фронт во справувањето со економските предизвици во време кога растечките цени на енергијата ...

Ана Ризовска Близновски од Скопје повеќе од 20 години собира декоративни салфетки. Во нејзината колекција денес има повеќе од 2.000 примероци, секоја со своја приказна, спомен или чувство. Вели дека ова не е само хоби, туку начин како да ги поврзе сегашните модерни времиња и нејзиното детство. Иако денес ваквото хоби е сè поретко, Ана сè уште со ист жар ги собира, ги разменува и внимателно ги чува салфетките, надевајќи се дека оваа мала и ...

САД и Иран водат индиректни преговори насочени кон продолжување на двонеделното примирје по неговото истекување на 22 април, објави „Гардијан“. Портпаролката на Белата куќа, Керолајн Левит, вчера негираше дека САД „формално“ побарале продолжување на примирјето, но нагласи дека Вашингтон останува „многу ангажиран“ во преговорите. Таа додаде дека втор круг разговори „многу веројатно“ ќе се одржи во Исламабад и дека Белата куќа има „добри ...

Во пресрет на велигденските празници, инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство заплениле и уништиле повеќе од 272 килограми небезбедна храна, најголемиот дел од животинско потекло. Според информациите, на депонијата Дрисла биле уништени и повеќе од 40 тони небезбедни јајца со потекло од Србија. Изречени се казни од над 19 илјади евра. „За утврдените недоследности со вонредните контроли ( пласирање на пазарот храна со ...

Мнозинството во Сенатот на САД вчера застана зад воената кампања на претседателот Доналд Трамп против Иран, отфрлајќи ја предлог-резолуцијата на демократите со која се бараше прекин на операциите сè додека Конгресот формално не даде одобрение, објави „Ројтерс“. Сенатот со 52–47 гласови реши да не ја продолжи резолуцијата за воени овластувања, што ја потврдува континуираната поддршка на Републиканската партија за воената политика на ...

Рики Мартин ја претвори својата последна турнеја во семејно патување. Латино ѕвездата пристигна во Буенос Аирес, Аргентина, пред закажаните концерти, и не беше сам, пишува „Хола“. На Рики му се придружија неговите синови близнаци, Валентино и Матео. Тие беа „уловени“ додека слегуваа од својот лет во лежерни модни комбинации, кои сепак успеаја да привлечат внимание. View this post on Instagram A post shared by HOLA! USA (@holausa) ...

Италијанскиот гигант за чоколадо и кондиторски производи „Фереро“ денес потврди дека е под истрага од Европската комисија за можно кршење на правилата за конкуренција. Производителот на „нутела“ и „киндер“ објави дека претставници на ЕК моментално вршат инспекции во канцелариите на компанијата, објави Ле Фигаро – пренесе Политика. Нутела претставува нов производ за првпат по повеќе од 60 години: Најпознатиот намаз сега и со кикирики ...

Русија вчеравечер започна бран напади со дронови и со ракети низ Украина, при што загинаа најмалку 15 луѓе, а најмалку 90 луѓе беа повредени, објави „Би-би-си“. Меѓу четирите жртви во главниот град Киев е и 12-годишно момче, додека, пак, тројца загинаа во Днипро на југоистокот. Од другата страна на границата, две деца, на возраст од пет и од 14 години, загинаа во украински напад со дрон во рускиот регион Краснодарски крај, изјави гувернерот ...

Незадоволството од работењето на министерот за земјоделство, Цветан Трипуновски, продолжува да расте и тоа не само меѓу земјоделците туку и меѓу вработените во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, обвини Левица. Од партијата велат дека до нив пристигнале сведоштва од внатре, според кои десетици вработени биле прераспределени по подрачни единици надвор од Скопје, не поради реална потреба, туку како форма на одмазда и ...

Концентрациите на полен се високи овие денови, а многумина што страдаат од поленска треска ги чувствуваат симптомите дури и во затворен простор. Фармацевтка предупредува дека во вашиот дом може да се кријат два „тајни магнети за полен“ кои ја влошуваат состојбата. Главната фармацевтка на лекарскиот синџир „Бутс“, Клер Невинсон, објаснила дека дел од вината може да лежи во ормарите и домашните миленици, пишува британски „Експрес“. Облека и ...

weather icon

Скопје

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
87%
1018
weather icon

Белград

15ᴼ / 14ᴼ
0.51
82%
1016
weather icon

Загреб

10ᴼ / 10ᴼ
0.51
87%
1016
weather icon

Софија

9ᴼ / 9ᴼ
1.54
93%
1019
weather icon

Сараево

16ᴼ / 16ᴼ
1.35
86%
1015
weather icon

Љубљана

10ᴼ / 7ᴼ
0.51
89%
1017
weather icon

Атина

20ᴼ / 17ᴼ
1.34
61%
1018
weather icon

Тирана

12ᴼ / 12ᴼ
1.54
67%
1016
weather icon

Подгорица

14ᴼ / 14ᴼ
0.0
72%
1017
weather icon

Букурешт

17ᴼ / 15ᴼ
2.06
80%
1016
weather icon

Будимпешта

14ᴼ / 12ᴼ
1.34
90%
1015
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 13ᴼ
2.06
88%
1018
Currency

61.6417

Currency

52.5532

Currency

71.2398

Currency

37.9646

Currency

38.4775

Currency

67.3564

Currency

7.70223

Currency

0.70181

Currency

0.33535

Currency

0.52518

Currency

1.15978

Currency

0.55488

Сребро

2534.46

Алуминиум

3.53

Цинк

0.00

Паладиум

49351.40

Кобалт

45.39

Злато

152465.86

Калај

52.70

Иридиум

253540.09

Бакар

12.46

Рутениум

51376.89

Платина

66744.95

Родиум

319899.93