Скопје
11ᴼ /
11ᴼ
Заминувањето на Виктор Орбан од власт во Унгарија го поставува прашањето кој ќе ја преземе улогата на најгласен противник и потенцијален блокатор на клучните одлуки во Европската Унија во време кога на Брисел му е потребно единство повеќе од кога било. Виктор Орбан го нема, а неговата позиција како главен деструктор во Унијата одеднаш е слободна, пишува угледниот магазин Политико. Предавањето на власта доаѓа во чувствителен момент, со оглед ...
Особено ја цениме јасната позиција дека евроинтеграцискиот процес мора да се темели на исполнување на копенхашките критериуми од страна на земјите кандидати, но клучна е и подготвеноста на самата Европска унија да спроведе неопходно внатрешни реформи за прием на нови членки – рече министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски на денешната заедничка прес-конференција со белгискиот министер за надворешни работи, европски ...
Студија на ирската компанија за патничко осигурување „Џаст кавр“ (JustCover) го издвои Лисабон како најшарениот град во светот, пишува „Еуроњуз“. Во анализираните фотографии од португалската престолнина биле откриени повеќе од 2,6 милиони бои, а на листата се најде и еден град од нашето соседство. Во време кога патувањата сè повеќе се документираат на социјалните мрежи, естетиката и визуелниот впечаток стануваат важен фактор при избор на ...
Актерката Стојна Костовска на Инстаграм објави видео во издание какво што досега не сме ја виделе. Актерката, која со децении го збогатува македонското културно поднебје, во опуштено издание покажа дека уметноста и песната се нераскинлив дел од неа. Во видеото што го објави на Инстаграм, може да се види во опуштена атмосфера на отворено, како ужива во звуците на познатата песна „Несаница“ и ја пее. Во двор, на сончево време, опкружена со ...
Еден од најуспешните британски тенисери во двојки, Џејми Мареј, стави крај на својата богата професионална кариера, оставајќи зад себе импресивни резултати и бројни трофеи. Мареј, кој е првиот Британец што се искачил на врвот на светската ранг-листа во конкуренција на двојки, последен пат настапи на турнирот во Њујорк минатото лето, по што реши да стави точка на долгогодишната кариера. „Моето тениско патување завршува по 36 години“, напиша ...
Патниците што минуваат низ некои европски аеродроми, наводно, чекаат до три часа на граничните контроли додека започнува целосната имплементација на системот за влез/излез (EEС) за влез во земјите од ЕУ и Шенген зоната, соопшти меѓународното тело за аеродроми, објави Н1. Патниците на аеродромите во земји како Франција, Германија, Белгија, Италија, Шпанија и Грција чекаат со часови на граничните проверки, соопшти Меѓународниот совет на ...
Регионалната новинарска платформа која се залага за медиумска слобода и за безбедност на новинарите, „SafeJouralists“, остро го осудува последниот бран ботски напади врз профилите на „Слободен печат“ на Инстаграм, насочени кон подривање на влијанието на нашиот медиум на социјалните мрежи и воопшто. „Силно ги осудуваме повторените и координирани ботски напади кои целат врз официјалните инстаграм-профили на медиумот „Слободен печат“, од кои ...
Британскиот принц Хари, за време на својата посета на Австралија, упати порака која веднаш одекна во светските медиуми. Тој отворено зборуваше за воспитувањето на своите деца, истакнувајќи дека сака да го прекине циклусот на „генерациска болка“, пренесува „Мирор“. Војводата од Сасекс нагласи дека неговата намера не е директно да ги критикува своите родители, вклучувајќи го и кралот Чарлс Трети, туку смета дека секоја нова генерација има ...
Џенифер Лопез и Брет Голдштајн, најпознат по улогата на Рој во серијата „Тед Ласо“, се најдоа во центарот на шпекулациите за нова романса која од филмското платно се пресели во реалниот живот. Имено, Имено, за време на снимањето на новата романтична комедија „Канцелариска романса“, Џеј Ло и маркантниот британски актер станале неразделни. Како што пренесуваат странските медиуми, Џенифер, која зад себе го има турбулентниот развод со Бен Афлек ...
Баерн Минхен со предност влезе во реваншот против Реал Мадрид во Лигата на шампионите, но таа предност од еден гол (2-1) „кралевите“ ја анулираа по само 40 секунди во Минхен. Мануел Ноер направи неверојатен кикс на самиот почеток и додаде до Арда Ѓулер кој од огромна далечина погоди на празната мрежа, сепак за негова среќа и Баерн, преку Павловиќ по еден корнер во шестата минута израмни на 1-1, па германскиот гигант одново има предност во ...
Дебатата која трае уште од 2006 година, дали Плутон треба да биде планета или не, повторно се разгоре, а овојпат главниот збор го има едно 10-годишно девојче по име Каела. Нејзиното искрено, рачно напишано писмо упатено до НАСА стана вирален хит на социјалните мрежи, а одговорот што го доби од вселенската агенција ги изненади сите. Прочитајте го писмото на Каела во целост: „Драга Н.А.С.А… Ве молам, направете го Плутон повторно планета. ...
По години тврдоглаво избегнување на социјалните медиуми, Сандра Булок конечно попушти и го отвори својот официјален инстаграм-профил, среде промоцијата на долгоочекуваното продолжение на филмот „Практична магија 2“. За својата прва објава, Сандра избра кратко, хумористично видео од снимањето, во кое ги подготвува познатите „полноќни маргарити“, со натпис „Полноќ некаде…“. За само неколку часа, бројот на следбеници ја надмина бројката од ...
Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз пропушти можност повторно да се искачи на врвот на АТП листата, откако се повлече од турнирот во Барселона, што значи дека Јаник Синер ќе остане лидер барем уште извесен период. Алкараз имаше сигурен старт на турнирот и без поголеми проблеми го елиминираше финскиот тенисер Ото Виртанен, а во осминафиналето требаше да игра против Томаш Махач. Сепак, до тој меч нема да дојде. Првиот носител во Барселона беше ...
Кошаркарите на ТФТ со убедлива победа го потврдија пласманот во финалето во АБА 2 лигата, откако пред домашната публика во Скопје славеа против Сутјеска со 90-77, во меч во кој разликата можеше да биде и поголема. Гостите парираа само во воведните минути, по што следуваше целосна доминација на избраниците на Боро Смилковски. Домашниот состав одигра на високо ниво и практично не му остави шанси на противникот. ТФТ рано ја наметна контролата и ...
Дете на возраст од седум години е тешко повредено во Кочани вчера попладне, кога во него со автомобил удрил возач од градот, соопшти полицијата. „На 14.04.2026 околу 17:30 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на ул.„Стамен Манов“ во Кочани, патничко возило „цитроен“ со кочански регистарски ознаки, управувано од Ј.М.(40) од Кочани, удрило во седумгодишно дете од Кочани. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, ...
Началникот на Генералштабот на Израелските одбранбени сили (ИДФ), генерал-потполковник Ејал Замир, за време на посетата на јужен Либан денес изјави дека одобрил нови борбени планови и за Либан и за Иран. „Вчера, заедно со форумот на началниците на генералштабовите, ги одобрив плановите за претстојниот период. Продолжуваме да спроведуваме тековни проценки на ситуацијата и да одобруваме планови и во Либан и во Иран“, рече генералот Замир, ...
Кралицата на попот, Мадона, официјално потврди дека на 3 јули ќе го објави албумот „Confessions on a Dance Floor: Part II“, точно 21 година по излегувањето на оригиналното ремек-дело. Новото издание е директно продолжение на нејзиниот легендарен албум од 2005 година и воедно нејзин прв студиски албум по седум години пауза, односно по „Madame X“ од 2019 година. Мадона веќе подолго време го најавуваше овој проект, објавувајќи снимки од ...
Постојат места на Јадранот кои ве освојуваат на прв поглед, а едно од нив без сомнение е плажата Сакарун, која се наоѓа на Долгиот остров, во задровскиот архипелаг во Хрватска. Нејзината речиси нереална комбинација од тиркизно море, светол песок и мирисна боровa шума е причината зошто многумина без размислување ја споредуваат со егзотични дестинации како Карибите. Но она што е особено фасцинантно е фактот дека овој пејзаж не се наоѓа на ...
Манчестер Јунајтед ќе биде значително ослабен во одбраната за гостувањето кај Челси в сабота во рамки на Премиер лигата, откако отпадна и Хари Мегваер. Англискиот стопер веќе одработи еден натпревар суспензија за дуелот со Лидс, кој „црвените ѓаволи“ го загубија со 2-1, но проблемите за него продолжија. По исклучувањето против Борнмут на 20 март, следуваа дополнителни санкции поради неговото однесување кон четвртиот судија при напуштањето на ...
Елек за спасување што го носел еден од преживеаните патници на Титаник ќе биде понудена на аукција и би можел да достигне цена од речиси 500.000 долари. Елекот ѝ припаѓал на Лаура Мејбл Франкатели, патничка од прва класа, а на аукцијата организирана од англиската аукциска куќа „Хенри Алдриџ и синот“ ќе биде понуден на 18 април, пишува „Пипл“. Артефактот бил во сопственост на семејството Франкатели речиси еден век, сè додека не бил купен од ...
Лидија Кочовска ја покажа семејната куќа во близина на Струга, која за неа има големо емотивно значење. Пејачката реши да ги сподели моментите на мир и спокој кои ги пронаоѓа во својот втор дом. На Инстаграм, Лидија објави фотографија од семејната куќа лоцирана во преубавата населба Елен Камен, во непосредна близина на Струга. На фотографијата, пејачката позира на пространата тераса со поглед кој го одзема здивот. Со краток, но емотивен ...
Рускиот претседател Владимир Путин ќе присуствува на следниот самит на БРИКС во Индија подоцна оваа година, изјави денес портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, како што објавија медиумите. Кремљ претходно објави дека самитот ќе се одржи на 12 и 13 септември, но нема официјална потврда дека самитот ќе се одржи тогаш, пренесува Танјуг. Претходниот самит на БРИКС се одржа во Рио де Жанеиро во јули минатата година, кога беше усвоена заедничка ...
Во пресрет на парламентарните избори закажани за 19 април, привремениот премиер Андреј Ѓуров изјави дека во Бугарија се спрема шема за купување гласови со фалсификувани евра, објави „Софија глоуб“. – Тоа значи дека тие не само што сакаат да го изобличат гласот на бугарските граѓани, туку и директно да ги измамат. На нас е да ги фатиме, а на бугарските граѓани е со нивниот глас во недела да ги направат овие напори на купувачите на гласови ...
Трагичен настан го потресе Еквадор, откако судија беше застрелан среде фудбалски натпревар, јавуваат локалните медиуми. Жртвата е 48-годишниот Хавиер Ортега, а нападот се случил во неделата во градот Пасаје, во крајбрежната провинција Ел Оро, пред очите на бројни гледачи. Според очевидци, неколку вооружени лица му пришле на судијата додека натпреварот бил во тек, по што отвориле оган и избегале од местото. Нападот предизвикал паника меѓу ...
Светот со восхит гледаше како НАСА ги испраќа Рид Вајсман, Виктор Гловер, Кристина Кох и Џереми Хансен на патување околу Месечината и назад – најдалечното патување што човештвото некогаш го направило во вселената. Но, една работа НАСА не забележа: астронаутот Вајсман тајно ја зел кадифената играчка – маскотата Рајс“, пишува британски „Телеграф“. Рид Вајсман, командант на историската мисија „Артемис 2“ на Месечината, признал дека го прекршил ...
На Велигден христијаните го слават воскресението на Исус Христос и победата на животот над смртта. И ортодоксните Евреи и муслиманите веруваат во воскресение. За хиндусите и будистите во прв план е ослободувањето од циклусот на повторното раѓање. Тагата поради загубата на некој близок – поради болест, старост, насилство или несреќа – кај верниците често се меша со надежта дека смртта не е крај. Тие наоѓаат утеха во идеите за задгробен живот, ...
САД и Иран веројатно ќе ги продолжат разговорите за прекин на конфликтот следната недела, а нова средба веројатно ќе се одржи во Пакистан, дознава „Скај њуз“, повикувајќи се на извори. Медиумот информира дека новата рунда разговори ќе се одржи во Исламабад, по претходната средба одржана во пакистанскиот главен град минатата недела. Слични информации објави и „Волстрит журнал“, наведувајќи дека Вашингтон и Техеран постигнале принципиелен ...
Украина во моментов се соочува со критичен недостиг на противвоздушни ракети „Патриот“, а ситуацијата е најлоша можна, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски. Во исто време, американскиот потпретседател Џеј Ди Венс го нарече прекинот на воената помош за Киев едно од „најгордите“ достигнувања на администрацијата на Трамп, пренесува „Еуроњуз“. Зеленски: Недостатокот е најлошо нешто што може да се случи За време на посетата на ...
Британскиот готвач Џејми Оливер пристигна во Белград, во неговиот „Џејмис Паста Бар“ во „Фуд Хангар“, каде што го пречекаа бројни обожаватели кои чекаа ред за фотографија и средба со познатата кулинарска ѕвезда. Некои од гостите дури и платија за да имаат можност да ги пробаат јадењата на светски познатиот готвач, чие доаѓање предизвика големо воодушевување и голема гужва на локацијата. Во видеото се гледа како Оливер опуштено комуницира со ...
Љубов која трае со децении имаат мајката и таткото на Маријана и Росана кои денес живеат во Куманово. Мајката на пејачките близначки, Гордана (Гоца) на Фејсбук објави видео од колаж слики од неа и од сопругот и до нив напиша: „Сите фази во животот ги поминавме во хармонија и љубов. Секогаш заедно“. Под сликите, пријателите коментираа дека нивната љубов е реткост и сите им посакаа да продолжат да живеат во љубов и хармонија Инаку, еден од ...