Скопје
13ᴼ /
13ᴼ
Бојана Скендеровски со многу емоции зборува за средбата со децата од Домот за деца без родители „11 Октомври“, каде што ја доби титулата амбасадор на хуманоста. Поп-пејачката вели дека е среќна што започнува ново поглавје во животот, насочено кон поддршка, грижа и видливост на децата без родителска грижа. Настанот бил исполнет со силни емоции, искрени средби и моменти, кои, како што самата вели, засекогаш ќе ги носи во себе. – Најпрво сакам ...
Директор на јавно претпријатие од Македонска Каменица ќе одговара откако, според МВР, му дозволил на инкасатор од претпријатието, кој имал исполнето услови за пензија, да работи еден месец повеќе. Со ова, велат од полицијата, директорот значително го оштетил буџетот на комуналното претпријатие – за цели 850 евра, колку што во бруто износ била дополнителната плата на инкасаторот. „Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево ...
Аеродромите во главните градови на поранешна Југославија овој месец забележаа намалување на летовите и на капацитетот по серијата ревизии на мрежата од страна на авиокомпаниите поради тековниот конфликт на Блискиот Исток, зголемувањето на цените на горивата и потенцијалните ограничувања на снабдувањето. Во споредба со првично поднесените распореди и нивоа на капацитет за април објавени од EX-YU Aviation News кон крајот на март, ситуацијата ...
Европската комисија ги одобри плановите на германската влада за субвенционирање на енергетски интензивната индустрија со 3,8 милијарди евра во наредните години. Парите се наменети за привремено ослободување на компаниите од високите цени на електричната енергија. Субвенциите треба да го избегнат преместувањето на индустријата надвор од Европската Унија, каде што електричната енергија е често поевтина, а еколошките стандарди се помалку ...
Под силен економски притисок поради блокадата на Ормускиот Теснец, западните партнери денеска во Париз се советуваат во врска со можна воена мисија по војната со Иран. Целта на конференцијата, иницирана од Франција и Велика Британија, на која учествува и германскиот канцелар Фридрих Мерц, е изработка на „мултинационален план“ за обезбедување на теснецот – кој, сепак, би можел да се спроведе само под одредени услови. За владата на Германија, ...
Прометот во индустријата вкупно е зголемен за 1,6 процент во февруари годинава во однос на февруари минатата година – објави денеска Државниот завод за статистика. Најголемо влијание врз зголемувањето на вкупниот промет во индустријата во февруари 2026 година во однос на февруари 2025 година имаат одделите: Производство на прехранбени производи со 3,1 проценти, Производство на електрична опрема со 4,2 проценти и Производство на машини и ...
Куба не сака војна со Соединетите Американски Држави, но е подготвена да одговори доколку се случи, изјави кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел, нагласувајќи дека, во случај на напад, Кубанците ќе можат да ги победат американските сили, објави „Си-би-ес Њуз“. Обраќајќи се пред поддржувачите на владата на одбележувањето на 65-годишнината од инвазијата во Заливот на свињите, Дијаз-Канел, облечен во воена униформа, нагласи дека земјата се ...
Тринаесет независни иницијативи кои учествуваа на изборите, меѓу кои и „Шанса за Центар“, „Независни за Карпош“, „Независни заедно“, „Подобро за Тетово“, „Ред за Куманово“, „Стига е“ и други побараа нивни претставник да биде дел од работната група која веќе работи на измените на Изборниот законик, покрај тие од политичките партии. Исто така, да се имплементираат нивните 15 барања, кои му ги доставија на министерот за правда, Игор Филков, ...
Таткото на две деца, Џон Дентон (34), од Хартфордшир, Англија, вели дека би сакал да го „врати времето“ и да ја промени одлуката да отпатува во Турција за да ги поправи своите „распаднати“ заби. Во јануари 2020 година, Џон доживеал тешка сообраќајна несреќа, поради која му биле извадени предните заби заради поставување цевки за дишење. Во текот на закрепнувањето, тој добил метални импланти во вилицата и, како што вели, сè станало ...
Точно 162 лица приведе турската полиција, осомничени дека објавувале контроверзни содржини на интернет во врска со двете страшни училишни пукања што се случија оваа недела во Турција, пренесува Би-би-си. Министерот за правда Акин Гурлек обвини дека профили од социјални мрежи споделувале снимки од инцидентите, ширеле содржини што можат да предизвикаат страв и дури го величале криминалот. Најмалку 16 луѓе беа ранети во инцидент со пукање во ...
Денеска се одиграа реванш натпреварите од четвртфиналната фаза во Лигата на Европа, а пласман понатаму слават екипите на Брага, Фрајбург, Нотингем форест и Астон Вила. Англија сигурно ќе има свој учесник во финалето на ЛЕ зајажано за 20 мај во Истанбул, на претпоследната пречка Нотингем форест ќе игра против Астон Вила на 30 април и 7 мај. Во второто полуфинале ќе се сретнат португалската Брага и германскиот Фрајбург. Познати се и ...
Цената на златото на светските берзи денес се движи во релативно стабилен опсег, по неколкудневни осцилации предизвикани од геополитички тензии и движењата на доларот. Според најновите податоци, цената на златото изнесува околу 130 евра за грам (24-каратно злато), со мали дневни падови од околу 1%. Во текот на неделата, златото се тргуваше со повисока цена околу 134 евра за грам што укажува на значителна краткорочна волатилност на пазарот. ...
Романските власти соопштија дека воените радари на армијата детектирале дрон кој го нарушил националниот воздушен простор за време на вчерашниот руски ноќен напад врз Украина, соопшти Министерството за одбрана на Романија. Дронот бил следен сè додека не бил изгубен од радарите југоисточно од пограничното село Килија Веке, кое се наоѓа во близина на границата со Украина, пренесуваат украинските медиуми. Романија, како членка на НАТО и ...
Два нови лека против Алцхајмеровата болест, кои во претходните студии покажаа дека можат да го забават падот на когнитивните способности, најверојатно, сепак, нема да донесат значителни придобивки за пациентите, покажало најновото истражување. Научниците посочиле дека ефектите на лековите донанемаб и леканемаб се „значително помали“ од нивото потребно за да се промени животот на пациентите што страдаат од Алцхајмерова болест, пренесе ...
Унгарскиот премиер во заминување, Виктор Орбан, призна дека на неговата партија Фидес ѝ е потребна целосна обнова и дека тој како нејзин претседател ја носи одговорноста за изборниот пораз. Тој во првото интервју по поразот на изборите, емитувано во четврток вечерта, рече дека политичката ера е завршена и дека ќе следи реорганизација, која ќе биде завршена до крајот на летото. По изборите на 12 април, Орбан се огласуваше само на Фејсбук, ...
Лука Дончиќ и Новак Ѓоковиќ вчера се најдоа на трибините во Мадрид, каде во рамки на последното коло од Евролигата се сретнаа Реал Мадрид и Црвена Звезда. И двајцата имаат емоционална поврзаност со белградскиот клуб уште од детството, но кариерата на Дончиќ е силно врзана со „кралскиот клуб“ па, не е познато за кого словенечкиот кошаркар навиваше во дуелот. Ѓоковиќ на натпреварот пристигна во друштво на синот Стефан, додека Дончиќ беше со ...
Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Исмаил Багеи, го поздрави прекинот на огнот во Либан и истакна дека прекинот на огнот во Либан е дел од договорот за прекин на огнот меѓу Иран и САД, постигнат со посредство на Пакистан. „Од самиот почеток, за време на разговорите со разни регионални и меѓународни страни, вклучително и разговорите во Исламабад, Исламската Република Иран ја нагласи потребата од воспоставување ...
Секретарот на рускиот совет Сергеј Шојгу ги предупреди Финска, Естонија, Латвија и Литванија дека Москва го задржува правото на она што го нарече „самоодбрана“ доколку украинските беспилотни летала ја нападнат Русија користејќи го нивниот воздушен простор. Коментарите следеа по посебно предупредување издадено од Москва еден ден претходно, во кое се вели дека европската поддршка за украинските беспилотни летала може да доведе до „непредвидени ...
Модната икона Викторија Бекам (51) за првпат јавно проговори за болниот раздор во семејството и прекинот на сите односи со нејзиниот најстар син Бруклин (27). Во искрено интервју за „Волстрит журнал“, Викторија призна дека таа и Дејвид отсекогаш се труделе да бидат најдобрите можни родители и покрај тоа што живеат под постојан притисок од јавноста повеќе од три децении, пишува „Пипл“. Иако во интервјуто одбива да го изговори името на ...
Американската воена команда ЦЕНТКОМ објави видеоснимка од Оманскиот Залив, на која се гледа како воен хеликоптер следи трговски брод во рамки на поморската блокада поврзана со Иран. Покрај видеото, објавена е и аудиокомуникација со бродот „Мали“, во која американски воен брод информира дека ќе го придружува до следното пристаниште и ќе остане на комуникација, пренесуваат медиумите. Audio🔊of a Sailor aboard USS Michael Murphy (DDG 112), with ...
Во момент кога Блискиот Исток повторно стои на работ меѓу деескалација и нова криза, десетдневното примирје меѓу Израел и Либан отвора дилема, дали станува збор за вистински чекор кон мир во регионот или само за краткотрајно затишје во долгогодишниот конфликт. Имено, како што наведуваат светските медиуми, примирјето, кое вчера стапи на сила со посредство и силна поддршка од американскиот претседател Доналд Трамп, доаѓа во период на засилени ...
Кошаркарите на Црвена звезда претрпеа пораз во последното 38 коло од регуларниот дел на сезоната Евролигата во Мадрид од Реал. Реал победи убедливо со 103:82 и обезбеди топ 4, односно предност на домашен терен во четвртфиналето (24-14). Од друга страна, Црвена звезда (21-17) оди на плеј-ин натпреварувањето, кое започнува во вторник. Црвена звезда ќе го дознае својот конечен пласман в петок по завршувањето на колото. Сè ќе зависи од ...
Користете ги остатоците од велигденските јајца за да направите домашен мајонез. Лесно се прави и одлично оди со различни јадења. Ако ви останале варени јајца по Велигден, лесно можете да ги претворите во домашен мајонез. Брзо се подготвува, има благ вкус и одлично оди со сендвичи, печива или дури и пире од компири. Со само неколку состојки, ќе добиете мазна текстура и избалансиран вкус, без потреба од класичниот процес на правење мајонез од ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Според информациите од Управата за хидрометеоролошки работи, денеска и утре ќе дува умерен со засилен северен ветер и ќе има појава на локален дожд со услови за ретки грмежи. Од вторник повторно времето ќе биде нестабилно со врнежи од дожд и појава на грмежи. Температурата денеска ќе се движи од 7 до 25 степени Целзиусови на територија на државата. Во Скопје, од 12 до 24 степени ...
Поранешниот државен правобранител Фехми Стафа, кој сега работи како адвокат, ќе одлежи една година и три месеци затвор, откако ја признал вината за илјадниците евра спремни за поткуп на судија со кои беше уапсен и се спогодил со Обвинителството, потврдиле од Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за телевиијата „Телма“. Според информациите, доцна попладнево е склучена спогодба меѓу обвинителството и Стафа, по што ...
Ви го претставуваме дневниот хороскоп за 17 април, погледнете што ви предвидуваат ѕвездите за денес. Овен Овни, ве очекува динамичен ден со повеќе обврски од вообичаеното. Добро се справувате со притисокот. Ќе бидете директни и искрени, но внимавајте да не брзате премногу со коментарите. Партнерот може погрешно да ве разбере. Ќе ви биде од корист повеќе одмор, не го игнорирајте заморот. Бик Бикови, ви се допаѓа стабилноста, но бидете ...
Унгарскиот премиер Виктор Орбан претрпе изборен пораз на парламентарните избори, а еден од факторите што придонеле за таков исход можеби била неговата блискост со американскиот претседател Доналд Трамп, објавува „Политико“, повикувајќи се на неименувани извори. Во текстот на бриселскиот портал се наведува дека врските со Вашингтон во сегашните политички околности не биле добро прифатени меѓу унгарските гласачи. Сличен став изразил и ...
Најпознатата криптовалута во светот, биткоин, денес се тргува во услови на зголемена неизвесност, со висока цена, но без јасен тренд на раст или пад. По бурната 2025 година, кога достигна историски рекорди, пазарот сега влегува во фаза на стабилизација проследена со силни дневни осцилации. Во моментот, вредноста на биткоинот се движи во опсег меѓу 73.000 и 75.000 долари, со чести промени во текот на денот. Аналитичарите велат дека ваквото ...
Словачка е подготвена да го блокира новиот пакет санкции на Европската Унија против Русија, но нема да се спротивстави на одобрувањето на заем од 90 милијарди евра за Украина, изјави денес словачкиот министер за надворешни работи Јурај Бланар, пренесе Украинска правда. Бланар изјави дека Словачка сака да го блокира 20-тиот пакет санкции против Русија сè додека не добие гаранции дека нафтоводот „Дружба“ ќе биде повторно отворено. Обраќајќи се ...
1421.- Повеќе од 100.000 луѓе се удавиле кога морето во Холандија ги пробило заштитните насипи. 1492.- Кралската двојка на Шпанија Фернандо Шести и Изабела Прва се согласиле да го финансираат првото патување во Америка, односно Индија како што тогаш се мислело, на шпанскиот морепловец од италијанско потекло Кристофер Колумбо. На Колумбо му биле дадени три брода-едрилици, титулата адмирал на океанот и вицекрал на земјите кои ќе ги освои. Исто ...