Белград
11ᴼ /
11ᴼ
Уште од претставувањето на нивниот прв уред на преклоп, Oppo покажаа дека се сериозна конкуренција на веќе до некаде оформениот пазар. Од компанијата ја разбираат целта при развојот на ваквите уреди, а тоа е тие да можат да ги заменат „класичните“ смартфони преку погодување на форматот, намалување на тежината и на крајот на големината на уредот. Сега од компанијата го најавуваат претставувањето на Oppo Find N5 уредот и тој повторно ќе се истакне ...
Карате федерацијата на Македонија (КФМ) ги избра најдобрите за 2024 година, а 10 од доделените признанија припаднаа на „Макпетрол“. На свечена промоција беа избрани најдобрите спортисти, тренери и клубови за изминатата 2024 година. Каратистите на скопскиот клуб и на овој избор повторно се најмногубројни и најдобри во највозрасните категори на спортисти. Во највозрасните категории на сениори прворангиран е Петар Заборски, додека на втора позиција ...
Без некоја поголема најава, Microsoft направи промена кај најавувањето со нивните сметки. Почнувајќи од февруари, најавувањето со Microsoft сметка, на било кој производ или сервис, ќе ја задржи сметката најавена се додека корисникот не се одјави. Ова ја менува досегашната практика која подразбираше автоматско одјавување по 24 часа, а ова обично се прави како безбедносна мерка за корисниците. Оваа новина сепак е позитивна, па корисниците кои ...
Членот на клубот „Макпетрол“, Петар Спасеновски, прикажа добри борби на Светската Карате 1 Премиер лига во Париз, Франција. Тој беше близу до пласман во четвртфиналето. Спасеновски имаше одлична борба со Андриј Торашанко од Украина која заврши 2-2, а победата му избега на две секунди пред крајот. И во вториот настап, исто така, прикажа добра борба и беше близу до победата и при водство со 3-2, а по преглед на акција, загуби 3-4 од Јапонецот ...
Apple, нешто што е доста карактеристично за компанијата, доцнеа зад конкурентите со пуштањето на функции со генеративна вештачка интелигенција. Тоа самото по себе не претставуваше некој проблем, а проблемот дојде кога најавените Apple Intelligence функции не беа пуштени во септември со најновата верзија од iOS. Конечното пуштање на Apple Intelligence беше постепено, а повеќето најавени функции станаа достапни во декември со iOS 18.2. Реакциите ...
YouTube оваа недела за корисниците кои плаќаат за Premium пристапот најави пет нови експериментални функции кои корисниците можат да ги пробаат. Експерименталните функции се една од предностите на YouTube Premium претплатата, а со истите корисниците добиваат пристап до новини кои се’ уште не се пуштени официјално за сите. Главната новина, која не е дел од петте нови функции, е можноста да се вклучат повеќе од една експериментална функција која е ...
Microsoft повторно го менува името на нивниот најпознат пакет на апликации, пакет кој започна со името Microsoft Office. Низ годините пакетот беше преименувам во Office 365, па потоа во Microsoft 365. Сега од компанијата повторно го менуваат името, па на него се додава Copilot, односно пакетот ќе се вика Microsoft 365 Copilot. Ова доаѓа по најавата дека Copilot станува достапен и за приватните корисници на Microsoft 365, односно Personal и ...
Една од главните информации кои ги чекаме од претставувањето на нова Galaxy S серија обично е и кој чип ќе се користи кај уредите, конкретно на европскиот и нашиот пазар. Причината за ова е позната, а тоа е користењето на Exynos чипот од Samsung на одредени пазари, односно на европскиот и нашиот пазар. Минатата година ова беше случајот, па само Galaxy S24 Ultra доаѓаше со Snapdragon 8 Gen 3, а искуството покажа дека сепак чипот од Qualcomm доаѓа ...
Samsung вчера ја претстави Galaxy S25 серијата на нивниот Galaxy Unpacked настан кој се одржа во Сан Хоза, Калифорнија, а стандардно можеше да се следи и во живо преку YouTube. Иако мислам дека шансите беа мали, сепак неофицијално се најавуваше можноста да биде претставен и четврт модел, покрај стандардните три. Овој модел треба да биде доста потенок од останатите, а вакво нешто веќе со месеци се шпекулира за Samsung и Apple. Телефонот не беше ...
На 18 септември 1977 година, вселенското летало Voyager 1 на НАСА направи историска фотографија, прва од ваков вид, која ги прикажува Земјата и Месечината заедно во една рамка. Во моментот на снимањето, Voyager 1 се наоѓаше на оддалеченост од 11,66 милиони километри од Земјата. На фотографијата, Месечината е позиционирана над Земјата, гледано од перспектива на леталото. Видливи се источна Азија, западниот дел на Тихиот Океан и дел од Арктикот. ...
Со почеток во 19:00 часот по македонско време, Samsung ќе го започне нивниот прв Galaxy Unpacked настан за 2025, а стандардно за овој период од годината на истиот се претставува наредната Galaxy S серија. Galaxy S25 серијата ќе биде претставена на денешниот настан во Сан Хозе, а како и секогаш, презентацијата ќе може да се следи во живо преку YouTube каналот на компанијата. Иако тоа што треба да биде претставено не се очекува да биде драстично ...
Поголемата годишна надградба на Windows 11 беше пуштена во октомври минатата година, а стандардно за овие надградби е што се пуштаат постепено, во главно поради огромниот број на корисници и не толку ретките проблеми кои се појавуаат. Корисниците кои сакаат побрзо да ги добијат надградбите можат да го направат истото, а останатите имаат одреден период во кој Microsoft нема да „ги тера“ да го ажурираат својот компјутер. Сега, Windows 11 2024 ...
Вештачка општа интелигенција или AGI – Artificial general intelligence, е наредното ниво на развојот на вештачката интелигенција кое може да се каже дека ќе го заслужи засега повеќе маркетиншкото име. Ова е нивото кое ќе и овозможи на вештачка интелигенција самата да се унапредува, односно да учи нови работи без потреба од сегашното тренирање на јазичните модели од страна на програмерите. Без разлика од сегашното верување од многу корисници дека ...
За користење на Google Search, поточно задржување на досегашното корисничко искуство, вклучувајќи одредени функции, како и квалитетот на резултатите, корисниците ќе мора да го вклучат JavaScript програмскиот јазик. Како главна причина за оваа одлука од Google ја истакнуваат желбата да се заштити сервисот од малициозни активности, какви што доаѓаат од „ботовите“, како и спам активностите. JavaScript е програмски јазик кој се користи при развојот ...
„Сокриена“ во Dev каналот од Windows 11 Preview нова функција се подготвува да стане дел прво од тест верзиите од системот, па подоцна од финалните. Се работи за многу мала функција, но една од тие кои се чудиме зошто Microsoft ја нема имплементирано уште од почеток поради нејзината корисност. Се работи за можноста да се додаде процентот на батеријата до иконата во долната лента од системот. Иконата ја покажува состојбата на батеријата, но ...
Одличниот Џон Просер, познат преку неговиот бренд fpt – front page tech, во неговото најново видео објавува целосен редизајн на апликацијата за камерата во iOS 19. Тој истакнува дека има видено видео од новиот дизајн, но за да ги заштити неговите извори, не го прикажува тоа видео, па прикажува негова преработка врз основа на новините кои ги има видено. Апликацијата добива целосна преработка, односно функционална, како и на корисничкиот ...
Во декември 2024 година, пазарот на криптовалути првично се искачи на рекордни 3,91 милијарди американски долари. Ова беше поттикнато од регулаторниот оптимизам, институционалното усвојување и новото историски највисоко ниво на Биткоин од 108 илјади американски долари, што беше предизвикано од вклучувањето на MicroStrategy во Nasdaq 100, како и од континуираните аквизиции на БТК. Релито попушти кон крајот на декември кога Федералните резерви ги ...
Нешто пред полноќ по македонско време, поточно во 23:37 часот, SpaceX ја лансира седмата тест мисија на нивниот Starship, огромниот вселенски брод кој покрај носењето тежок товар, се планира да се користи за мисиите на Месечината и Марс. За разлика од претходните неколку тест летови, овој помина не толку добро како што се надеваа од компанијата. Starship леталото не успеа да ја заврши својата мисија и да слета назад на Земјата, па по првичното ...
Според гласините од изминатите неколку месеци, Samsung и Apple оваа година планираат да претстават „екстра тенки“ верзии од нивните најдобри смартфони. За Samsung истиот се најавува дека можеме да го очекуваме идната среда на Galaxy Unpacked настанот на кого ќе бидат претставени телефоните од Galaxy S25 серијата. Во случајот со Apple, претставувањето се очекува во септември, заедно со iPhone 17 серијата, а овој потенок модел наводно ќе го замени ...
Во очекуван, но сепак изненадувачки потег, Марк Закерберг најави тргање на досегашниот систем за проверка на фактите кој функционира на Facebook, Instagram и Threads со систем сличен како тој на X. Ова секако е резултат на големата победа на Доналд Трамп на изборите во САД и најавата на доста компании дека ќе се тргнат од досегашните практики на цензура, промоција на „воук“ заедницата и слично. Замената на системот за проверка на факти, кој е ...
Nintendo официјално го најави претставувањето и пуштањето во продажба на втората генерација од нивната популарна играчка конзола Nintendo Switch. Оваа конзола беше претставена во 2017, па од компанијата не се брзаа со пуштањето на наследникот на оваа мини конзола која овозможува играње во неколку режими. Во најавата од компанијата не открија повеќе детали за Nintendo Switch 2, а објавено е само кратко видео преку кое може да се види разликата ...
Ажурирањето на iOS обично влијае на потрошувачката на енергија на iPhone, a Apple започна со информирање на корисниците кога ова се случува. Информирањето на е преку известување, па корисниците ќе можат да ја забележат информацијата доколку ги отворат прилагодувањата за батеријата. Во овој дел сега стои информација дека процесот на ажурирање довршува во позадина, па може да се очекува подобрување на перформансите и загревањето на уредот кога ...
ChatGPT доби нова функција која за почеток е во бета верзија и достапна само за корисниците кои плаќаат месечна претплата. Истата ќе го направи овој „четбот“ да биде и како личен асистент, односно да извршува команди слични како тие кои сме научени да ги гледаме кај Siri и Google Assistant. Новата функција на корисниците им овозможува да креираат потсетници директно во ChatGPT и соодветно да добијат известување во времето кое го имаат избрано. ...
Неофицијални информации најавуваат три нови Apple Watch модели за оваа година. Без некој посебен редизајн ќе остане Watch Series 11, а истото се очекува и од третата генерација на Watch Ultra. Третиот модел кој се очекува за оваа година е Watch SЕ, кој ќе биде единствениот кој ќе дојде со редизајн, но тоа е и очекувано со оглед на застареноста на последниот модел. Задржувањето на изгледот на часовниците сепак не би требало да е проблем поради ...
Tesla претстави освежување за својот популарен Model Y, кој од март треба да стане достапен на кинескиот пазар, а кратко подоцна и на други пазари во Азија. Пуштањето на автомобилот во овој дел од светот е очекувано со оглед на доста големата конкуренција која доаѓа изминатите години од кинеските производители на електрични автомобили. Model Y, кој претставува верзија од Tesla за популарните „crossover“ возила, може да се каже дека со ...
Samsung ќе ја претстави Galaxy S25 серијата на 22 јануари, односно идната среда. Galaxy Unpacked настанот, исто како и минатата година, ќе се одржи во Сан Хозе, а ќе може да се следи во живо преку YouTube. Очекувањата за Galaxy S25 серијата се големи, од користење на Snapdragon 8 Elite кај сите свои модели секаде во светот, па се до големите новини кај One UI 7 кои во голем дел ги донесуваат добрите делови од iOS 18. Стандардно претставувањето ...
Со години веќе чекаме подобрување кај технологијата на батериите, па тоа не мора ни да биде толку екстремно. Денешните телефони трошат многу повеќе енергија, па јасно е зошто не може да се споредат со старите кои ги полневме еднаш до два пати неделно, а задоволни ќе бидеме мислам ако за почеток смартфоните можат да издржат барем два дена без потреба до полнење. Повеќе пати е пишувано за некоја нова технологија за батерии која треба да направи ...
Во рамките на CES 2025, една од најпознатите апликации за пуштање на видео содржина, VLC, имаше сопствен штанд на кого беше присутен директорот на компанијата. Најавата која беше дел од настанот беше дека апликацијата ќе добие интеграција на генеративната вештачка интелигенција, а со тоа корисниците ќе можат да очекуваат автоматски генерирани титлови и преводи. За оваа функција ќе се користат јазични модели со отворен код, а целото процесирање ...
Полека се ближи крајот на поддршката која ја добива Windows 10, иако истата веќе со години вклучува во главно безбедносни надградби и исправки на грешки. До крајот на Windows 10 остануваат уште околу 10 месеци, односно официјалниот крај на поддршката ќе биде на 14 октомври оваа година. По оваа дата користењето на системот ќе се смета за не баш безбедно, но сепак се очекува дека огромен број на корисници ќе продолжат да го користат. Тие што би ...
Dell во рамките на CES 2025 најави нови компјутери, а тие доаѓаат со целосно нов начин на нивно брендирање. Според компанијата оваа промена треба да го поедностави изборот за корисниците кои не ретко се откажуваат поради сложеноста, но ќе видиме колку новиот начин на брендирање ќе биде позитивно прифатен. Од компанијата и сега имаат брендови кои се за обичните корисници, за бизнис корисниците, како и за тие кои бараат најдобри перформансите. ...