Белград
12ᴼ /
11ᴼ
Honda и Sony конечно го имаат подготвено автомобилот кој е развиен во соработка помеѓу овие две компании. Доста време помина додека концептот од најавената соработка стане официјално достапен, па оваа година тоа конечно ќе се случи. За почеток Afeela 1 изгледа ќе може да се нарача само во Калифорнија во САД, а корисниците ќе можат да ги очекуваат нивните автомобили идната година, а за поевтиниот модел дури 2027. Достапни се два модели, Afeela 1 ...
На ланскиот CES настан за технологија, Honda го претстави концептот за нивната нова Honda 0 серија, односно Honda Zero серија. Се работи за целосно електрични возила со доста нестандарден дизајн, а за почеток може да се очекуваат две возила од серијата. На CES 2025, кој моментално се одржува, Honda ги претстави првите две возила кои може да се очекуваат од идната година. Се работи за прототип од возилата, што значи дека до идната година сигурно ...
Како и што е најчесто случајот, неофицијалните информации ја погодија датата кога ќе биде претставена Galaxy S25 серијата. Galaxy Unpacked настанот официјално е најавен за 22 јануари, а истиот ќе се одржи во Сан Хозе, а не во Сан Франциско, како што се најавуваше. Очекувано, Samsung главниот акцент во поканата го става на вештачката интелигенција, па очекувањата се големи на тој план. Досега може да се каже дека генеративната вештачка ...
Microsoft има работено на додавање на динамични позадини во Windows 11, нешто за кое досега е пишувано. Овие динамични позадини во основа се анимирани, што значи не стојат статично и имаат одредено движење на објектите на сликата. Дополнително, динамичните позадини имаат две верзии, односно една за светлата и една за темната тема на Windows, што ги прави погодни за било кој стил на користење на системот. Штета што истите не се направени во ...
Apple се договори со подносителите на групна тужба против компанијата и за тоа ќе плати 95 милиони долари во кеш. Оваа исплата се однесува на корисниците во САД и тие ќе имаат право да побараат дел од оваа исплата за до пет Apple уреди. Групната тужба се однесува на нешто што сите ние се имаме запрашано дали се случува или не, односно дали нашите телефони не слушаат и кога не знаеме. Сомневањата за тоа најчесто доаѓаат кога ќе видиме одредени ...
Една од поважните работи за корисниците кои планираат да купат телефон од Galaxy S серијата на Samsung е кој чип ќе се користи за моделите надвор од САД и Јужна Кореа. Samsung повеќе пати досега за корисниците во Европа, како и во нашата земја, го користи нивниот Exynos чип, наместо Snapdragon, па кратко кажано, корисниците не се задоволни кога оваа комбинација се прави. За наредната Galaxy S25 серија се верува дека сепак ќе дојде со Snapdragon ...
Според најновите информации, Apple планира значителни подобрувања кај екраните на своите идни iPhone 17 модели. Се очекува сите уреди од оваа серија да бидат опремени со LTPO OLED панели, овозможувајќи ProMotion технологија со стапка на освежување до 120 херци, што досега беше резервирано само за Pro и Pro Max моделите. Засега не е целосно познато дали стапката на освежување би одела до 120 херци кај сите модели, но сепак се верува дека оваа ...
Преку својата Android апликација, YouTube продолжува со тестирање на можноста корисниците да пуштат видео по случаен избор. Овој тест започна уште во 2023 година, а сега продолжува во нова форма. Сега корисниците кои се дел од тестот можат да забележат копче во долниот десен дел од апликацијата, таканаречено „лебдечко“ копче кое е означено како „Play something“. Со притискање на копчето се отвора формат на видеа како тој за Shorts, но може да ...
Corning минатата година претстави нова генерација од нивното заштитно стакло за смартфоните, Gorilla Armor, кое ексклузивно стана достапно на почетокот кај Galaxy S24 Ultra. Оваа нова генерација од Gorilla стаклото привлече посебно внимание, а од Samsung специјално објавија видео од Маркез Браунли. Очекувано е дека нешто слично може да се очекува и идната година со претставувањето на Galaxy S25 Ultra, па според Ice universe, така и ќе биде. ...
Моментално Microsoft се најголемиот инвеститор во OpenAI, а како што е познато тие беа и првите кои почнаа да ги интегрираат функциите со генеративна вештачка интелигенција во нивните производи. Соработката со OpenAI на Microsoft им овозможи пристап до најновите јазични модели од компанијата, пред истите да им станат достапни и на другите. Оваа соработка изгледа веќе не е како што беше на почетокот, односно како што изгледа од страна. Анонимни ...
Типично за Apple, иако со години се чека да влезат на пазарот на смартфони на преклоп, тие чекаат додека технологијата овозможи претставување на ваков уред кој навистина вреди. Од конкуренцијата можеме да заклучиме дека ваквите уреди се’ уште не се доволно усовршени, па не треба воопшто да се чудиме зошто од Apple чекаат. Повеќето гласини сега ја најавуваат 2026 како годината кога Apple конечно ќе влезе на овој пазар, а според некои тоа ќе биде ...
Марк Гурман веќе неколку пати најавува дека Apple планираат поголем влез на пазарот на паметни домови во наредните неколку години. Еден од првите производи кој можеме да го очекуваме наводно веќе идната година е паметен монитор кој ќе се користи како асистент и контролен центар за паметниот дом. Сега Гурман најавува дека од компанијата планираат и конкурент на познатите Ring од Amazon паметни ѕвончиња за врата. Тоа што ќе го направи овој ...
Познатиот Минг-Чи Куо започна со најави за можни новини кои ќе бидат воведени од страна на Apple подоцна, односно не кај наредните модели од идната година. Според него, Apple планира сериозно да ја подобри и унапреди камерата кај некој од наредните iPhone модели, најверојатно iPhone 18 Pro, со воведување на таканаречена променлива бленда. Променливата бленда овозможува прилагодување на отворот на леќата, што директно влијае на количината на ...
На почетокот од месецот, Македонски Телеком преку нивната веќе доста позната Magenta Moments програма, на корисниците им пушти нестандардна „награда“ достапна за сите бесплатно. Се работи за бесплатен пристап до Pro верзијата од пребарувачот базиран на вештачка интелигенција Perplexity. Пристапот може да се активира преку Telekom MK апликацијата и вклучува пристап до сервисот цела година. За Perplexity на кратко може да се каже дека е еден вид ...
SES денеска објави дека го продолжи договорот со Телеком Србија за уште четири години за сателитски услуги од сателитот ASTRA 3C на SES на 23,5 степени источно. Ова обновување ја зацврстува успешната соработка која започна во 2011 година со првиот договор за капацитет и се прошири во 2018 година со лансирањето на DTH платформата на Телеком Србија, M:Sat TV. Согласно договорот, SES ќе продолжи да обезбедува мултитранспондерски капацитет за да му ...
Од 14 до 17 ноември, под слоганот „Време е за чај“, на приземјето во Скопје Сити Мол, ќе се случува голем „Фестивал на чај“, на кој ќе се претстават повеќе од 30 учесници. Фестивалот е во организација на Платформата за истражување и промоција на природата и културата „ Експедиција Природа“ и Скопје Сити Мол. На четиридневниот фестивал, посетителите ќе имаат исклучителна можност да дегустираат и купат чаеви, продукти од ароматични билки, ...
Европскиот Младински Олимписки Фестивал – ЕМОФ Скопје 2025, кој во јули следната година ќе се одржи во Македонија, претставува повеќе од обичен спортски настан. Фестивалот претставува платформа која преку спортот ги обединува младите спортисти од цела Европа, промовирајќи го духот на соработка, пријателство и почитување. Со своето значење и обем, овој фестивал е шанса Македонија да го покаже својот потенцијал на меѓународната сцена, а ...
Од денес започнуваат номинациите за избор на најдобрите во македонската е-трговија за 2024 година „E-commerce Awards 2024“, кој по четврти пат е во организација на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија. Покрај препознавање на успешната работа на е-трговците, преку овој избор се зголемува и компетитивноста кај е-трговците со што се придонесува кон поттикнување и унапредување на растот и развојот на македонската е-трговија во целост. На ...
Инженерите од Универзитетот Нортвестерн постигнаа значаен напредок во квантната комуникација, успешно демонстрирајќи квантна телепортација преку оптички кабел кој веќе пренесува интернет сообраќај. Ова откритие е објавено во списанието Optica и покажува дека е можно да се комбинираат квантните комуникации со постојната интернет инфраструктура, што значително ја поедноставува потребната инфраструктура за напредни технологии како квантните ...
Редовниот и најчесто точен „протекувач“ на информации, @evleaks, ја објави датата кога ќе се одржи првиот Galaxy Unpacked настан за идната година, настан на кој ќе биде претставена Galaxy S25 серијата. Сликата, која изгледа како официјалната од Samsung, беше објавена на X, меѓутоа моментално е тргната, но истата е достапна на Android Police. Според истата, Galaxy Unpacked настанот ќе се одржи на 22 јануари, а локацијата ќе биде истата од ...
Honda и Nissan ги потврдија гласините кои беа објавени минатата недела дека двете компании размислуваат за спојување. Компаниите сега официјално потпишаа Меморандум за разбирање врз основа на кој ќе започнат со разговори во правец на интеграција на бизнисите преку создавање на нова заедничка холдинг компанија. Новата холдинг компанија ќе стане целосен сопственик на двете компании, а идниот месец и Mitsubishi ќе одлучат дали ќе се приклучат кон ...
Практиката на Google да прави договори за кои им плаќа на компаниите нивниот пребарувач да биде главен, нивните апликации да бидат пред-инсталирани на Android, како и договорите со операторите, им донесе проблем со Министерството за Правда. Од министерството бараат растурање на компанијата, односно Google да ги продаде Chrome и Android. Google излегоа со одговор на ова барање со предлози како да се решат истакнатите проблеми кои ги имаат од ...
Microsoft 365 Companions е нова функција која минатиот месец беше најавена за Windows 11. Во основа, оваа функција ќе донесе мали додатоци на долната лента од системот, како и на Старт менито. Еден таков „придружник“ кој беше прикажан е од Phone Link апликација и ќе се прикажува на едната страна од Старт менито, а корисниците ќе добијат многу побрз пристап до дел од функциите на апликацијата без потреба да ја отворат. Дополнителни Companions кои ...
Apple го презентира приклучувањето на трендот на интегрирање на функции со генеративна вештачка интелигенција, наречени Apple Intelligence, уште во јуни оваа година. Првично се веруваше дека сите овие нови функции ќе станат достапни како и со другите вакви најави, во септември со првата финална верзија од системите, но тоа не беше така, а и можевме да прочитаме дека тоа нема да биде така. Сега како што е познато, повеќето функции беа пуштени ...
Како одговор на две објави на неговата мрежа X, Елон Маск најави дека во план е пуштање на е-пошта сервис од страна на компанијата. Најавата доаѓа во класичниот стил на Маск, кој само кратко кажа дека вакво нешто се планира да се направи. Очекувано, нема повеќе информации за тоа дали навистина и кога може да се очекува @x.com сервис и какви функции би нудел. Исто така не може да се процени колку корисници би се одлучиле да го заменат нивниот ...
Microsoft оваа недела пушти бесплатна верзија од нивниот GitHub Copilot, одлука која дефинитивно ќе направи разлика за доста програмери. Со ова корисниците добиваат бесплатен пристап до алатка која може да им помогне доста при развојот на својот код. Очекувано, GitHub Copilot Free доаѓа со одредени ограничувања, па корисниците ќе можат да искористат до 2.000 довршувања на код во месецот, како и до 50 пораки како разговор во месецот. Добро е што ...
Донесувањето на Digital Markets законот во Европската Унија може да се каже дека досега најмногу ги погоди Apple. Тие како прилично затворена компанија, односно компанија која го држи нивниот систем затворен, сега се принудени да отворат доста од пристапите и сервисите достапни само за нивните уреди и корисници. Apple се погодени од овој закон како компанија со голем број на корисници и влијание, а уште од самиот почеток од компанијата започнаа ...
YouTube започна со тестирање на нов начин на оставање одговор на коментарите на видеата од страна на креаторите на видеата. Тие ќе можат да одговорат со нивниот глас, односно со аудио како дел од стандардните одговори на коментарите. Засега оваа новина се тестира со мал број на креатори од САД и им е достапна само преку YouTube апликацијата на iOS. Одговорите треба сите да можат да ги слушнат, но колку што проверив, не секогаш тоа е случајот, ...
Повеќе од седум години по претставувањето на HDMI 2.1 стандардот, кој донесе доста потребни и барани карактеристики, HDMI Forum го најави претставувањето на наредната верзија од стандардот. Иако не е директно најавено дека се работи за HDMI 2.2, се верува дека ова ќе биде верзијата која ќе биде претставена. Претставувањето се очекува да се случи на почетокот од идниот месец, односно во рамките на CES 2025 саемот за технологија. Повеќето ...
Каратистот на „Макпетрол“ и на репрезентацијата на Македонија, Стефан Стојановиќ, годинава имаше извонредни постигнувања крунисани со бронзениот медал на Светското првенство за кадети, јуниори и У-21 во Венеција, Италија, во категоријата над 84 килограми во млади сениори (У-21). Со овој резултат тој на изборот за „Спортист на годината 2024“ е номиниран за „Млад спортист на годината“. Листата на успеси на Стојановиќ е голема и тој еден од ...