Фудбалерот на Интер Мајами, Лионел Меси, постави историски рекорд. Триесет и осумгодишниот Аргентинец стигна до 1.300 поени (896 гола и 404 асистенции), станувајќи првиот играч во историјата на фудбалот со вакво достигнување. Меси синоќа на гостувањето кај Синсинати во четвртфиналниот плејоф натпревар од МЛС (4:0) постигна еден гол и три асистенции. Меси имаше 941 поени за Барселона, 117 за Интер Мајами, 66 за ПСЖ и 176 за репрезентацијата на ...

Тренерот на Реал Мадрид, Чаби Алонсо, изрази незадоволство по ремито со синоќа Елче во 13. коло од Шпанското фудбалско првенство. Натпреварот се одигра во Елче и заврши 2:2. – Тоа е фудбалот. По добрата серија, имаме резултати што не ги сакавме. Незадоволни сме бидејќи секогаш сакаме да победуваме, но сè уште има многу натпревари пред нас. Мора да продолжиме да ја анализираме ситуацијата. Тимот не се откажа, се боревме. Резултатот и играта ...

Тренерот на Милан, Масимилијано Алегри, ги искажа впечатоците по синоќешното дерби со градскиот ривал Интер. Милан како гостин победи со 1:0 во 12. коло од Серија А. – Беше величествена победа и спектакуларен натпревар. Почнавме малку вкочането во првите 15 минути, но потоа се опуштивме и создадовме четири или пет шанси каде што можевме да донесеме подобри одлуки во последната третина, особено со Пулишиќ и Салемакерс кои се движеа напред. ...

Фудбалерите на Реал Мадрид ремизираа 2:2 во Елче во рамките на 13-то коло во Примера. Претпладнево првиот човек на Реал, Флорентино Перез одржа говор на Собранието на клубот. Во говорот од 78 минути тој ги критикуваше судиите, а токму овој натпревар го обележа судиската одлука на крајот од натпреварот, која беше во корист на Реал Мадрид. Реал изедначи во 87-та минута, а на голот му претходеше очигледен прекршок врз голманот на Елче, Ињаки ...

Атлетико Мадрид запиша важна гостинска победа од 1:0 против Хетафе, во меч што долго време изгледаше како да ќе заврши без голови. Решавачкиот момент се случи во 82-та минута, кога стоперот Домингос Дуарте несреќно ја затресе сопствената мрежа. По брза акција на Атлетико и ниско додавање во казнениот простор, Дуарте се обиде да ја исчисти топката, но под притисок реагираше лошо и со пета ја испрати зад својот голман. Тоа беше доволно за тимот ...

Милан славеше голема победа во градското дерби против Интер со 1:0, а мечот го одбележа голманот Мајк Мањан, кој стана апсолутен херој на „росонерите“. Францускиот чувар на мрежата во второто полувреме одбрани пенал на поранешниот играч на Милан, Хакан Чалхаоглу, спречувајќи го Интер да се врати во игра. Интер беше во налет и бараше израмнување, но Мањан со фантастична интервенција ја сочува предноста и му даде психолошки импулс на Милан да ...

Арсенал славеше убедлив дерби-триумф од 4:1 над Тотенхем на „Емирати“, во меч кој целосно го одбележа блескавата вечер на Ебереќи Езе. Англичанецот постигна хет-трик и беше недопирлив за одбраната на „спарси“. Домаќините поведоа преку Леандро Тросар, а потоа Езе ја презеде сцената со два брзи гола – првиот пред полувремето, вториот веднаш по паузата. Тотенхем накратко се врати во игра со прекрасен удар на Ричарлисон од голема дистанца, но ...

Кристијано Роналдо повторно ја крена публиката на нозе и на свои 40 години, постигнувајќи неверојатен гол со „ножички“ во 96-тата минута од натпреварот меѓу Ал-Наср и Ал-Калеја. Португалецот ја доби топката во шеснаесетникот, се намести со акробатски потег и со прецизен волеј ја испрати под пречката – удар кој веднаш стана хит на социјалните мрежи и беше поздравен со овации од навивачите. Голот ја заокружи победата на Ал-Наср од 4:1, а ...

Рома направи важен чекор кон врвот на табелата, победувајќи ја Кремонезе со 3:1 на гости во натпревар од 12. коло на Серија А. Головите за „волците“ ги постигнаа Матијас Суле (во 17-та минута), Иван Фергусон (во 64-та минута, свој прв гол за Рома) и Весли(во 69-та минута), додека домаќините намалија преку Фолино во судиското надополнување. Рома беше под притисок во првото полувреме — Кремонезе имаше шанси и бараше пенал, но решението беше ...

Репрезентацијата на Италија синоќа ја победи Белгија во полуфиналето на Дејвис купот. Пресметката заврши со 2:0, немаше потреба да се игра мечот во двојки. Прво Матео Беретини го победи Рафаел Колињон (6:3, 6:4), а по него, Флавио Коболи го совлада Зизу Бергс (6:3, 6:7 и 7:6). Во финалето, Италијанците ќе играат против победниците од денешниот натпреварот Шпанија – Германија (почеток 12 часот). Италија е актуелен шампион на Дејвис купот. ...

Астон Вила славеше со 2:1 на гостувањето кај Лидс Јунајтед, откако со одлично одигран втор дел успеа да направи целосен пресврт на „Еланд Роуд“. Херој на мечот беше Морган Роџерс, кој со два погодоци го донесе важниот триумф за тимот на Унаи Емери. Лидс го отвори натпреварот многу подобро и поведе уште во 8. минута преку Мартинез, користејќи ја несигурноста во одбраната на Вила. Домаќините имаа контрола и темпо, но не успеаја да го зголемат ...

Нејмар повторно се соочува со повреда, откако по настапот против Мирасол почувствувал силни болки во коленото. Бразилскиот ас веднаш бил изваден од тренажниот процес и моментално работи индивидуално во теретана, со цел да го намали товарот и да избегне дополнително влошување. Ситуацијата создаде нова грижа во Сантос, каде што клубот сега стравува дека Нејмар ќе го пропушти претстојниот натпревар против Интернационал. Медицинскиот тим ...

Џејмс Харден приреди вистинско шоу против Шарлот, предводејќи ги ЛА Клиперс до убедлива победа од 131:116 со една од своите најмоќни партии во последните години. Искусниот бек постигна 55 поени и погоди 10 тројки, поставувајќи нов рекорд на клубот по број на погодени шутеви од дистанца на еден натпревар. Харден доминираше од самиот почеток, преземајќи ја целосната контрола врз темпото и неуморно казнувајќи ја одбраната на Шарлот. Погодуваше ...

Во Првата македонска фудбалска лига попладнево на распоредот беа две средби, на двете убедливи победи забележаа домашните екипи. Постигнати резултати: Арсими – Шкендија 3:0 Тиквеш – Башкими 3:0. Вчера Вардар ја победи АП Брера на гости со 2:0, во петокот Македонија ЃП – Силекс 1:2. Утре играат Работнички и Струга ТЛ, колото ќе се комплетира во вторник со натпреварот Шкупи – Пелистер. Лидер на табелата е Вардар со 36, Струга ТЛ има 32, ...

Матео Пелегрино со два гола го предводеше тимот кон историски триумф, додека Верона продолжува да чека на првата домашна победа оваа сезона.* Парма забележа историска победа како гостин на „Марк’Антонио Бентегоди“, совладувајќи ја Верона со 2:1 – нешто што не му успеало на тимот од Емилија-Ромања цели 24 години. Херој на мечот беше младото крило Матео Пелегрино, кој го отвори резултатот во 18. минута и го постигна победничкиот гол во 80. ...

На годишното Собрание на Реал, првиот човек на „кралскиот клуб“ остро ги критикуваше практично сите нивоа на фудбалот. За тоа, тој доби овации од сите делегати. Годишната седница на Собранието на Реал ја отвори Флорентино Перез, кој по којзнае кој пат „удри“ по Ла Лига и нејзиниот шеф Хавиер Тебас, кон УЕФА и кон Барселона и секако кон судиите. Не е прв пат, но зборовите на Перез, се чини, никогаш не биле толку остри. Говорот на првиот човек ...

Крис Пол по 21 сезона во НБА стави крај на својата блескава играчка кариера. Еден од најдоминантните и најконзистентните плејмејкери во модерната кошарка на социјалните мрежи објави дека оваа сезона ќе биде неговата последна. „Благодарен сум за ова последното“, напиша Пол, испраќајќи јасна порака дека е време да го спушти завесата на своето поглавје во најсилната лига на светот. Со своето повлекување, Пол ќе остане запаметен како еден од ...

Тренерот на Наполи, Антонио Конте, го коментираше поразот од 3-1 над Аталанта синоќа на домашен терен во 12. коло на Италијанското фудбалско првенство. – Задоволни сме од победата и од начинот на кој ја постигнавме, особено во првото полувреме, каде што го задржавме високото темпо. Можевме подобро да ја контролираме топката во второто полувреме, но севкупно е добро, бидејќи го победивме многу силниот тим на Аталанта. Ги анализирав од ...

Капитенот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк, го коментираше поразот од 3:0 од Нотингем Форест вчеравечер во домашниот натпревар од 12. коло на англиската Премиер лига. – Сите сме разочарани и така треба да биде. Поразот дома од Нотингем Форест е, според мене, многу болен. Лошо е. Тоа е најљубезното нешто што можам да го кажам за тоа, изјави 34-годишниот Холанѓанец. Ливерпул е деветти на табелата во Премиер лигата со 18 бода по 12 натпревари. Фото: ...

Тренерот на Баерн, Винсент Компани, се осврна на вчерашниот триумф со 6:2 над Фрајбург во 11-то коло од Германското фудбалско првенство. Баварците до победата дојдоа со резултатски пресврт, откако губеа со 0:2 по 17 минути игра. – Без сомнение, нашиот најважен момент беше кога го постигнавме вториот гол. Играчите ја создадоа таа фаза од нападот. Имаше многу квалитет. Не многу играчи се способни за такво нешто. Се вративме во натпреварот ...

Пол Погба повторно се појави на фудбалскиот терен и го одигра својот прв натпревар по повеќе од две години пауза, ставајќи крај на едно од најтешките поглавја во неговата кариера. Францускиот ас го направи дебито за Монако, откако клубот му даде шанса да се врати во професионалниот фудбал по намалувањето на неговата суспензија за допинг. Погба влезе во игра во 85. минута, во моменти кога Монако се обидуваше да избегне пораз, но тоа што ...

Четирикратниот светски шампион Макс Верстапен од Ред Бул утрово победи на трката во Формула 1 во Лас Вегас за Големата награда на САД. Ландо Норис од Мекларен заврши втор, 20,741 секунди зад Верстапен, додека Џорџ Расел од Мерцедес беше трет, 23,546 секунди зад победникот. На две трки до крајот на сезоната, Норис останува лидер во пласманот на возачи со 408 поени, 30 поени пред Оскар Пјастри, Верстапен е на третото место 42 поени зад Норис. ...

Наполи одигра перфектно прво полувреме и со три погодоци уште пред паузата ја обезбеди победата над Аталанта со 3:1 во дуел од 12. коло на Серија А. Тимот од Неапол доминираше од самиот почеток и практично без поголема драма стигна до нови три бода. „Партенопеите“ поведоа во 17. минута, кога Давид Нерес ја искористи лошата реакција на одбраната на гостите. Бразилецот продолжи во исто темпо и во 38. минута го удвои водството, наградувајќи ја ...

Тренерот на Ливерпул, Арне Слот е разочаран од денешниот убедлив пораз од Нотингем Форест. „Црвените“ на свој терен загубија со 0:3. – Тешко е да се измери колку е лош овој резултат, но секако е многу лош. Играњето дома и губењето со 3:0 е многу, многу, многу лош резултат. И е неочекувано, со оглед на првиот половина час, кој го одигравме добро. Веројатно никогаш не сме создале толку многу шанси во првиот половина час во еден натпревар оваа ...

Кошаркарот на Партизан, Ник Калатес верува дека може да игра на потребното ниво уште некоја сезона. Освојувачот на трофејот во Евролигата во 2011 година се мачеше со повреди минатата година. – Сè уште чувствувам дека имам што да докажам. Сè уште имам нешто во мене. Минатата година беше мојата прва вистинска повреда. Но, сè уште ја сакам играта. Излегувањето на теренот со момците. Атмосферата во соблекувалната. Секако, не мислам дека ќе можам ...

Во натпреварот од 12. коло на Серија А, Фиорентина и Јувентус одиграа без победник, завршувајќи 1:1 на „Артемио Франки“. Овој нерешен исход дополнително ја истакна кризата на домаќините, кои и по 12 одиграни кола сè уште не успеале да стигнат до триумф во шампионатот. Фиорентина, која има големи очекувања пред сезоната, продолжува да разочарува. Навивачите на „виолите“ веќе подолго време се загрижени, бидејќи нивниот тим не покажува доволно ...

Возачот на Ферари, Шарл Леклер ги сподели своите впечатоци за болидот „SF-25“. – Се бориме за третото или можеби второто место, но, искрено, второто место ќе биде тешко во Шампионатот на конструктори. Сакам да се борам за победи, па секако, тоа не е автомобил што ќе ми недостига, изјави Леклер за „Моторспорт“. По 21 трка од сезоната 2025 година, Ферари е на четвртото место во Шампионатот на конструктори со 362 поени. Дваесет и осумгодишниот ...

Возачот на Мекларен, Ландо Норис, ги сподели своите емоции по освојувањето на пол-позицијата на Големата награда на САД. – Беше нервозно! Не знаев дека никој нема да заврши круг по мене. Патеката беше лизгава. Само малку да згрешиш како што направив јас, ќе се извртиш и ќе го изгубиш автомобилот. Речиси удрив во ѕидот! Сепак на крајот, возев доволно добро за првото место. Не беа најдобри услови, но ми е мило што дождот престана и успеавме да ...

Манчестер сити вечерва загуби со 2:1 на гостински терен од Њукасл во 12.коло на Англиското фудбалско првенство. Харви Барнс постигна два гола за домаќините. Англичанецот постигна гол во 63. и 70. минута. Рубен Дијас го постигна единствениот гол за Сити во 68. минута. За „Граѓаните“ ова е втор пораз на последните четири натпревари во Премиер лигата. На 26 октомври, загубија со 1:0 од Астон Вила, а помеѓу тој натпревар и денешниот, победија со ...

Барселона вечерва го победи Атлетик Билбао со 4:0 дома во 13. коло од шпанската Ла Лига. Домаќините го одиграа својот прв натпревар на „Камп Ноу“ по неговото реновирање. Барселона не играше на својот стадион од мај 2023 година. Головите за Каталонците ги постигнаа Феран Торес (два), Роберт Левандовски и Фермин Лопез. Барселона со 31 бод изби на првото место на табелата, пред второпласираниот Реал Мадрид кој исто така има 31 бод и натпревар ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
1.54
59%
997
weather icon

Белград

12ᴼ / 10ᴼ
9.26
60%
996
weather icon

Загреб

6ᴼ / 5ᴼ
1.54
92%
996
weather icon

Софија

6ᴼ / 6ᴼ
6.69
81%
999
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
1.89
100%
1001
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
0.51
95%
996
weather icon

Атина

14ᴼ / 12ᴼ
2.68
85%
999
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
4.12
58%
997
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
93%
999
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
6.69
93%
1001
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 8ᴼ
4.12
87%
997
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 10ᴼ
4.63
64%
1005
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Родиум

339994.14

Бакар

12.12

Рутениум

45750.51

Сребро

2733.78

Калај

48.78

Иридиум

221848.72

Платина

83354.78

Паладиум

55781.55

Злато

157561.16

Кобалт

64.04

Алуминиум

3.09

Цинк

3.29