Белград
9ᴼ /
8ᴼ
Капитенот на Арсенал, Мартин Одегар, ќе го пропушти претстојниот натпревар против Атлетик Билбао во првото коло од Лигата на шампионите поради повреда. Тренерот на Арсенал, Микел Артета, потврди дека Едегор не е со тимот во Шпанија, откако се повреди во саботата на натпреварот против Нотингем Форест (3:0) во Премиер лигата. „Габриел Жезус, Каи Хаверц, Бен Вајт и Мартин Одегар се отсутни, за жал“, рече Артета, за „Скај Спортс“. Одегар го напушти ...
Германскиот бундеслигаш Борусија Менхенгладбах го отпушти својот главен тренер, Херардо Сеоане, кој беше на чело на тимот од јуни 2023 година. Борусија (М) ја започна тековната сезона во Бундеслигата со нерешен резултат 0-0 против Хамбург и порази од Штутгарт (0-1) и Вердер (0-4). Тие исто така не успеаја да победат на ниту еден натпревар во последните седум натпревари од последното германско првенство. Гладбах моментално е на 16-то место на ...
Новата сезона на фудбалската Лига на шампиони започнува вечерва, по втор пат во новиот формат што беше воведен минатата година, а титулата ја брани Пари Сен Жермен. Во мај, ПСЖ ја освои својата прва титула во историјата со победата над Интер 5:0 во финалето, што е најубедливата победа во финалните натпревари во историјата на елитното натпреварување. Патот на Парижаните, сепак, беше далеку од лесен, бидејќи беа блиску до елиминација во неколку ...
Челзи имаше амбиции да го ангажира Кенан Јилдиз, но ЈУвентус ја одби понудата од „Стенфорд Бриџ“. Клубот од Лондон беше активен во преодниот рок, не штедеше пари, а Кенан Јилдиз исто така беше во плановите на „сините“. Еден од најдобрите играчи на Јувентус беше мета на Челзи, во Торино стигнала понуда од 70.000.000 евра, пишува „Калкомеркато“. „Старата дама“, ги одби тие пари и покажа дека смета на турскиот ас на долг рок, а извештајот го ...
Дерби дуелот од 2.коло од Супер лигата одигран во Кавадарци заврши со победа на Алкалоид со 24:22. Ова е прва победа во новото првенство за тимот на Кирил Лазаров и нови два бода. Во Битола, првакот Еурофарм Пелистер на убедлив начин стигна до победата над Пролет со 36:24, додека уште поубедлив беше Охрид, кој во „езерската пресметка“ го совлада тимот на Струга со 40:16. Од второто коло денес се играат дуелите: Еурофарм Пелистер 2 – Вардар и ...
Вејн Руни, легендарниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, верува дека тренерот Рубен Аморим мора да врати искусен играч во тимот за да го реши проблемот со недостатокот на лидерство што беше очигледен во поразот во градското дерби. Јунајтед забележа само една победа во првите четири кола од Премиер лигата, а доживеа и понижувачка елиминација од Карабао Купот од Гримсби. Руни, најдобриот стрелец во историјата на клубот, го гледа недостатокот на ...
Португалскиот стручњак Руи Виторија повеќе не е тренер на Панатинаикос, објави клубот од Атина. „Ти благодараме Руи. Ти посакуваме се најдобро во следната поглавје од твојата кариера“, се вели во објавата на Панатинаикос објавено на социјалната мрежа „Икс“. Виторија (55) доби отказ по лошиот влез во сезоната. Панатинаикос освои само еден бод во првите две кола од грчкото првенство. Следниот викенд, Панатинаикос го пречекува Олимпијакос во ...
Грција ја победи Финска во натпреварот за бронзениот медал на последниот ден од Евробаскетот во Рига. Грците славеа со резултат од 92:89. Ова е прв медал за Грција на континенталните шампионати по пауза од 16 години. Најдобриот грчки играч, член на иделаната петорка на ЕП, Јанис Адетокумбо, прв пат во кариерата освои медал со Грција. НБА ѕвездата имаше емотивно излагање на прес конференцијата по натпреварот. „Прво на сите, сакам да нагласам дека ...
Иконата на аргентинскиот и светскиот фудбал, Анхел Ди Марија, продолжува да импресионира дури и во ветеранските години. Росарио Централ на Ди Марија и Бока Јуниорс го одиграа дербито на осмото коло во Калусура. Ди Марија во 24-та минута изведе корнер, ги изненади сите на стадионот, наместо центаршут постигна спектакуларен гол и го постави конечниот резултат. ¡¡¡GOLAZO OLÍMPICO DE FIDEO DI MARÍA PARA EL 1-1 DE ROSARIO CENTRAL ANTE BOCA!!! ...
Португалецот Рубен Аморим, менаџер на Манчестер јунајтед, имаше скандалозен учинок откако пристигна во Премиер лигата. По очајната прва сезона во Манчестер (седна на клупата во декември минатата година), Аморим ужасно ја започна оваа сезона катастрофално. По четири кола освои ист број бодови, доволни само за 14-то место на табелата. По поразот од градскиот ривал Манчестер сити, неговиот настап во Премиер лигата со Јунајтед е 8 победи, 7 нерешени ...
Барселона го одигра својот прв домашен натпревар оваа сеозна. На стадионот „Јохан Кројф“, Барселона ја декласира Валенсија со 6:0. Првото полувреме не навестуваше дека екипата од Валенсија ќе доживее дебакл. Фермин Лопез ја доведе Барселона во водство по додавање од Феран Торес, а потоа следеше канонада во втората половина од натпреварот. Во игра влезе Рафиња, кој целосно ја поремети играта на противникот. Бразилецот го дуплираше водството на ...
Фудбалерите на Милан ја победија Болоња (1:0) на „Сан Сиро“ во натпреварот од третото коло на италијанската Серија А. Херој на Росонерите беше 40-годишниот Лука Модриќ, кој го постигна својот прв гол во дресот на славниот клуб во 61-та минута. Крајот на натпреварот го обележа интересна ситуација судијата Матео Марченаро покжа на пенал, но откако ја прегледа снимката го поништи, а потоа му покажа црвен картон на тренерот на Милан, Масимилијано ...
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа ја продолжи серијата победи на турнирите во Романија. Таа денеска во четвртфиналето на фјучрс турнирот во Букурешт со сигурна игра стигна до триумф против Лаура Хиетаранта од Финска со 2-0 во сетови (6:3, 6:3) за два часа игра. Во полуфиналето Ѓорческа која е рангирана како четврта носителка ќе игра против првата носителка Деспина Папамихаил од Грција. Во првиот сет македонската тенисерка имаше три брејка ...
Ергин Атаман, селектор на Турција, зборуваше на прес-конференција по неуспехот во финалето на Евробаскетот. Неговата репрезентација загуби од Германија во финалето во Рига (88:83) во трилер завршница. „Мислам дека во текот на овие три недели во Рига на Евробаскетот, разговаравме за сè и немам ништо ново да кажам. Многу сме тажни поради поразот, потресени, но ѝ честитам на Германија за освојувањето на шампионатот“, рече Атаман на почетокот. ...
Германија на светската и ја придодаде и европсата титула. Германија, вечерва во Рига ја победи Турција со 88:83 и по 1993 година повторно ја освои европската титула. Апсолутен херој на Германија, пред сите е Исак Бонга, а во завршницата капитенот Денис Шредер кој во последните 67 секунди постигна шест поени. Турците и во своето второ финале (првото го играа во 2001 година) не успеа да се искачи на врвот. Германија стана четвртата репрезентација ...
Манчестер сити го доби градското дерби против Јунајтед со 3:0 во четвртото коло, во Премиер лигата. Блескаше стрелецот на два гола Ерлинг Халанд. Менаџерот на Сити, 26. пат го водеше својот тим во дуелите со градскиот ривал и ја забележа 14. победа. Манчестер сити, против градскиот ривал ја прекина серијата од два порази, ја забележа втората победа во сезоната и напредуваше на табелата. Јунајтед, остана на 14.место, откако го забележа вториот ...
Грција го освои бронзениот медал на 42. Европско првенство во кошарка. Во „малото финале“, во Рига, Грција ја победи Финска со 92:89 (24:15, 24:19, 21:22, 23:33). За Грција ова е прв медал по пауза од 16 години, во 2009 година во Полска исто така оваа репрезентација беше бронзена. Грците го диктираа темпото речиси во текот на целиот натпревар, иако момците на Ласе Туови пружија добар отпор. Ова особено се почувствува во првото полувреме, но ...
Иако по „шокантната“ елиминација во осминафиналето на Евробаскетот 2025 селекторот на Србија, Светислав Пешиќ изјави дека нема да поднесе оставка, збогувањето, сепак, е неизбежно. Имено, во вчерашното интервју за српска „Политика“ тој откри дека ќе се пензионира и ќе му помогне на претседателот на Кошаркарскиот сојуз на Србија, Небојша Човиќ, во изборот на новиот селектор на српската репрезентација. – Дојде време да се најде нов тренер кој ќе ...
Француската фудбалска федерација постигна принципиелен договор со Зинедин Зидан за негово назначување за главен селектор на националниот тим, објави „Ел Национал“. Како што беше претходно објавено, 53-годишниот специјалист ќе го замени Дидие Дешан по Светското првенство во 2026 година. Се забележува дека за време на паузата во тренерската кариера, Зидан одбил голем број понуди од различни клубови, бидејќи бил решен да работи само во француската ...
Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси се изрезили изминатата ноќ, промаши пенал, а потоа Шарлот го победи Интер Мајами со 3:0. Сè започна со пеналот во 32-та минута, кога Аргентинецот се реши за Паненка, хрватскиот голман Кристијан Калина остана на место, ја прочита намерата на Меси и фати „жива топка“. No luck on the panenka. Kristijan Kahlina stands his ground! 😳 📺 #MLSSeasonPass: https://t.co/Hk7vdrFPCI pic.twitter.com/ltzmUpAPEn — Major ...
Кошаркарската репрезентација на Турција супериорно избори место во финалето на Евробаскетот. Во второто полуфинале, Турција ја декласира Грција со 94:68 (26:16, 25:13, 23:20, 22:17). Турција по пауза од 24 години повторно ќе игра финале на ЕП. Во 2001 година на домашен терен Турците го загубија финалето од Сојузна Република Југославија. Грците како и пред 16 години го загубија финалето, тогаш во Полска ја освоија бронзата. Турската одбрана ја ...
Во петте натпревари од англиската Премиер лига одиграни од 16 часот, постигнати се само пет гола, од нив три на еден натпревар. Повеќето работи што вреди да се споменат од денешните натпревари од четвртото коло се случија во Борнмут, каде што истоимениот домашен тим го победи Брајтон со 2:1. Победата на Борнмут му ја донесоа стрелците Алек Скот и Антоан Семењо од пенал. Голот за Брајтон, за 1:1 во тој момент, го постигна Јапонецот Митома. Ова ...
Атлетико Мадрид го победи Виљареал со 2:0 (1:0) во четвртото коло од Примера, што е прва победа за „јорганџиите“ оваа сезона по пораз и два нерешени натпревари. Во исто време „жолтата подморница“ го забележа првиот пораз во Ла Лига оваа сеозна. Тимот предводен од Диего Симеоне имаше многу посериозен пристап кон играта и поведе во деветтата минута со голот на Пабло Бариос, на кого му асистираше аргентинскиот напаѓач Хулијан Алварез. Атлетико ...
Охрид од 18 до 20 септември ќе биде домаќин на Меѓународниот ракометен турнир „Трофеј Македонија“. во организација на РФМ. На турнирот покрај Македонија, ќе настапат и селекциите на Тунис, Египет и Грција Селекторот на најдобрата женска ракометна репрезентација на Македонија, Кристијан Грчевски го објави списокот. Тој повика 20 ракометарки, најголемиот дел од домашните клубови и осум интернационалки. Собирот е закажан за ден 15.09.2025 ...
До крајот на Евробаскет 2025 останаа да се одиграат уште четири натпревари. Денес на програмата се полуфиналните натпревари на шампионатот во Рига, во кои ќе се натпреваруваат Финска – Германија и Турција и Грција. Јасно е дека очите на јавноста ќе бидат вперени во второто полуфинале, пресметката на соседите. Сè е подготвено за уште еден епски судир. Турција ја победи Полска во четвртфиналето со 91:77, по одличната игра на Шнегун, кој забележа ...
Македонскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер во следниот период нема да може да смета на голманот Саид Хаидарирад. Тој ја обнови повредата со која се здоби на турнирот во Охрид, се работи за парцијална руптура на задната ложа. Битолчани новата сезона во Лигата на шампионите ја почнаа со победа над Загреб на домашен терен, а токму Хаидарирад беше меѓу подобрите на теренот и притоа во последната секунда и постигна гол. Во домашното првенство ...
Фудбалерите на Брентфорд и Челзи одиграа нерешено (2:2) во четвртото коло на Премиер лигата. Ова беше натпревар полн со драма и пресврти, а на крајот, Брентфорд успеа да „извлече“ бод во 93-та минута. На почетокот од натпреварот, Бранфорд успеа да воведе ритам што повеќе му одговара, се играше бавно, без големи шанси, а Челзи без Палмер тешко создаваше шанси. Токму кога изгледаше дека полувремето ќе заврши без голови, во 35-та минута Брентфорд ...
Актуелниот шампион во Серија А, Наполи, лесно го мина гостувањето во Фиренца. Во третото коло, Наполи ја победи Фиорентина со 3:1. За Наполи, првиот меч по враќањето во клубот го одигра Елиф Елмас. Репрезентативецот на Македонија влезе на теренот во 69.минута на местото на Кевин Де Брујне. Екипата на Антонио Конте стигна до триумфот релативно рутински, иако Вања Милинковиќ-Савиќ мораше неколку пати да интервенира во финишот за да не биде ...
Јувентус во „Дерби дела Италија“, го победи Интер со 4:3. Дербито донесе спектакл во Торино, два пресврти, голови на браќата Тирам, голови на турските репрезентативци Јидиз и Чалханоглу и неверојатниот гол на Црногорецот Аџиќ во 92.минута са триумф на „старата дама“. Спектаклот во Торино со гол го отоври Кели по 14.минути игра. Изедначи Чалханоглу во 30.минута, со гол од далечина. Осум минути подоцна на сличен начин на спротивната страна погоди ...
Фудбалерите на Тотенхем, како гости, го победија Вест Хем во градското дерби (3:0), во четвртото коло од Премиер лигата. Вест Хем доживеа уште еден тежок поразо во пресметка со ривал од Лондон, откако претходно на домашен терен загубија и од Челзи (1:5). Практично сè се случи во рок од 20 минути од второто полувреме, кога играчите на Тотенхем ги постигнаа сите голови, а „чеканите“ останаа со играч помалку. Папе Сар постигна гол во 47-та минута, ...