Најпрестижната индивидуална награда во фудбалот, Златаната топка, ќе биде доделена на 22 септември, во Париз. За истата има неколку кандидати, а меѓу нив најмногу се издвојуваат Усман Дембеле и Ламин Јамал. Дембеле имаше одлична сезона со ПСЖ каде што ги освоија сите домашни трофеи, како и престижниот трофеј од Лигата на шампионите. Покрај овие двајца, се споменуваат и имиња како Рафиња, Мохамед Салах и Килијан Мбапе. „Усман ја заслужува ...

ФИБА ги објави четвртфиналните натпревари на Евробаскетот, натпреварите ќе се играат во вторник и среда. За разлика од натпреварите од осминафиналето, кои се играа во 11:15, 14:15, 17:30 и 20:45 часот, четвртфиналните мечеви ќе се играат во различни термини. Ќе се игра од 16:00 до 20:00 часот, по македонско време. Во вторник, Турците, предводени од Алперен Шенгун, и Полјаците, кои ја елиминираа селекцијата на БиХ, ќе бидат првите што ќе излезат ...

Најдобрите шпански фудбалери со стил ги започнаа квалификациите за Светското првенство во 2026 година. За само неколку дена, тие гостуваа двапати и остварија две победи со гол-разлика од 9:0. По гостувањето во Софија на 4 септември и убедливата победа од 3:0 над Бугарија, шпанската репрезентација гостуваше во Коња и ја победија Турција со 6:0 (3:0). Пред натпреварот, турските медиуми најавија спектакуларен дуел помеѓу двајца левоноги момци од ...

Арина Сабаленка успеа да ја одбрани титулата на Отвореното првенство на САД. Тенисерката број еден во светот ја победи Американката Аманда Анисимова во финалето со 6:3, 7:6. Анисимова го загуби и второто гренд слем финале оваа година. Претходно на Вимблдон беше поразена од Ига Швионтек. Со победата во Њујорк, Сабаленка успеа да освои три Гренд слем титули оваа година, не успеа само на почетокот на годината да го освои Отвореното првенство на ...

Лука Станковски имаше деби од соништата во дресот на Македонија. Во својот прв официјален натпревар во репрезентативниот дрес Станковски постигна гол-првенец, откако во самиот финиш стави печат на победата над Лихтенштајн (5-0). По средбата не го криеше задоволството од деби-голот, но и од победата на Македонија. „Нормално дека ми е мило за погодокот, ова е сон на секој фудбалер, но најважно од сè е што Македонија победува и добро е што од ...

По елиминацијата на Италија од Евробаскетот селекторот Џанмарко Поцеко поднесе оставка. Тој на прес конференцијата по дуелот беше емотивен и со солзи во очите изјави дека повеќе нема да седи на клупата на Италија. – Ова беше мој последен натпревар со италијанската репрезентација. Сакам да им се заблагодарам на сите кои беа дел од тимот, како и на менаџерот на репрезентацијата и на претседателот на федерацијата. Вечерва сум тажен, не заради ...

По прекрасното скопско попладне задоволството не го криеше и македонскиот фудбалски репрезентативец Дарко Чурлинов. „Она што го договаравме пред мечот, добро го реализираме, го пренесовме на терен и тоа ни го донесе овој убедлив резултат. Во денешниот фудбал не постои релаксирачки и лесен натпревар, никој не може да влезе со 70% од своите можности, особено кога се носи дресот на државата. Тоа треба така да биде и во иднина, ние секогаш ќе даваме ...

Три натпревари беа одиграни вечерва од првото коло од машката ракометна Супер лига. Најважната победа ја остварија ракометарите на Пролет, кои пред своите навивачи го совладаа Тиквеш со 22:19. МРК Куманово пред своите навивачи со пресврт во последните минути го совлада Радовиш со 34:32, додека победа како гостин оствари Еурофарм Пелистер 2 со 32:29. Претходно беа одиграни дуелите: Бутел – Еурофарм Пелистер 20:29 и Струга – Вардар 25:38. Првото ...

Словенечката кошаркарска репрезентација предводена од Лука Дончиќ кој постигна 42 поена ја совлада Италија со 84:77 (29:11; 21:29; 22:16 и 12:21). Словенија од почетокот на дуелот го имаше расположениот Дончиќ, кој постигна половина од поените за својата репрезентација и беше вистински лидер на тимот. Италија по водството на ривалот од 78:65 направи серија од 12-0 и успеа да намали на еден негатива, но до крајот на дуелот не постигнаа ниту еден ...

Еден од најголемите тенисери во историјата, Роџер Федерер, го привлече вниманието на јавноста за време на осминафиналниот меч на Вимблдон помеѓу Новак Ѓоковиќ и Алекс де Минoр. Иако повеќе не е активен играч, Федерер и понатаму е чест гостин на престижните турнири, а неговото присуство во ложата на Централниот терен секогаш предизвикува интерес меѓу љубителите на тенисот. Сепак, овојпат вниманието не го предизвика само неговото доаѓање, туку и ...

Андре Онана досегашниот голман на Манчестер Јунајтед ќе има нов клуб. Тој договори премин во Трабзонспор, а во клубот од Турција ќе настапува како позајмен играч. Клубовите се договорија во текот на вчерашниот ден, а голманот потоа прифати трансфер. Позајмицата ќе трае до крајот на јуни 2026 – односно едногодишна позајмица. Онана во Манчестер Јунајтед стигна летото во 2023 од Интер и беше наследник на Давид Де Геа, а претходно беше голман на ...

Победникот на Купот екипата на Вардар има ново име на голманската позиција. Едногодишен договор со „црвено-црните“ потпиша досегашниот голман на Струга Трим Лум, Ведран Ќосевски. Тој пред неколку дена го напушти тимот од Струга, а со доаѓањето ќе преставува засилување за „црвено-црните“ од причина што тимот сега има поголема конкуренција за оваа позиција. Ќосевски е поранешен голман на Железничар Сараево и Вележ Мостар од БиХ, а бранеше и во ...

По натпреварот на прес-конференцијата зборуваше селекторот Благоја Милевски. Тој не го криеше задоволството за сигурниот триумф и ги пофали своите фудбалери. „Да му честитам на противникот за сè она што проба да го направи вечерва. Честитки за нашите фудбалери и имам само да кажам – секоја чест, за секој од нив. Секоја чест за сериозноста, пристапот и се останато. Не изгледавме така како што изгледавме случајно, имавме максимален респект кон ...

Со победата во полуфиналето на ИТФ турнирот во Слобозија, Романија македонската тенисерка Лина Ѓорческа избори ново вкупно четврто финлео 2025 година. Таа ја совлада романската тенисерка Марија Попа со 2-0 во сетови (6-1, 6-4) за 86 минути игра. По 1-1 во гемови Ѓорческа направи серија од пет гема и го доби првиот сет со убедливи 6-1 за 30 минути игра. Во вториот сет нерешено беше до 2-2 во гемови, кога македонската тенисерка успеа да освои два ...

Кошаркарите на Грузија ја победија Франција со 80:70 во натпреварот од осминафиналето на Евробаскетот, во следната рунда ќе играат против Финска, која ја елиминираше Србија. Селекцијата на Фредерик Фоту во најголемиот тек од натпреварот ја бркаше негативата, крајот подлегна на притисокот. Избраниците на поранешниот македонски селектор, Александар Џикиќ приредија првокласна сензација совладувајќи ги олимписките вицешампиони со 80:70. Торнике ...

Мануел Аканџи (30) одигра важна улога во тимот на Пеп Гвардиола минатата сезона, сепак во финишот на преодниот рок тој замина на позајмица во Интер. Минатата сезона имаше 40 настапи во сите натпреварувања за Манчестер Сити. Иако немаше статус на играч кој секогаш е во почетниот состав, тој остана важен дел од системот на „Граѓаните“. Ова лето се соочи со ситуација што не ја очекуваше. Пеп Гвардиола нему и на останатите дефанзивци отворено им ги ...

Македонската фудбалска репрезентација вечерва во Скопје го совлада Лихтенштајн со 5:0. Со новите три бодови македонскиот национален тим се врати на првата позиција на табелата во групата Ј од квалификациите за СП 2026. Македонските репрезентативци беа расположени за игра, а серијата голови ја отвори Ељиф Елмас откако мина пет противнички играчи. Официјално голот е запишан како автогол на голманот на Лихтенштајн Бенџамин Бухел. На почетокот на ...

Македонскиот фудбалски тим вечерва успеа да оствари убедлива победа од 5:0 против Лихтенштајн. Со новите три бодови нашиот тим сега е на чело на табелата. На овој дуел сите пет голови ги постигнаа пет различни играчи. – Среќен сум за победата. Најважно е што ги освоивме бодовите на овој натпревар и заслужено победивме со 5:0. Ние секогаш кога играме, играме да победиме и со тоа да го оствариме нашиот сон. Сакам да играме на Европско првенство, ...

Кармело Ентони (41) и Двајт Хауард (39) стнаа жители на Куќата на славните во Спронгфилд. Ентони, кој играше 19 сезони во НБА, ја заработи оваа чест врз основа на неговите лични достигнувања и како член на американскиот тим кој освои злато на Олимписките игри во Пекинг во 2008 година. Американците особено го паметат златото од Пекинг затоа што четири години претходно во Атина беа само бронзени. Ентони има уште два златни медали од Олимписките ...

Француската репрезентација ја оправда улога на фаворит и ја победи Украина со резултат од 2:0, но остана без двајца играчи. Селекцијата предводена од клупата од Дидие Дешан нема да може да смета на Усман Дембеле и Дезире Дуе исто како и нивниот клуб ПСЖ. Дембеле имаше проблеми со повредата пред да и се приклучи на репрезентацијата, а ја обнови дури против Украина. Сега се проценува дека ќе мора да паузира шест недели. Слична пауза го очекува и ...

Макс Ферстапен, актуелниот шампион на Формула 1 и возач на Ред Бул, беше најбрз во квалификациите за трката на Големата награда на Италија, која се вози на култната стаза во Монца. Холанѓанецот ја освои пол-позицијата со време од 1.18.792. Зад него беа двајца возачи на Мекларен, Ландо Норис на второто место и Оскар Пјастри на третото место. Четвртата и петтата позиција ги зазедоа адутите на домашната публика, односно дуото на Ферари, Шарл Леклер ...

Кошаркарите на Полска ја победија Босна и Херцеговина со резултат од 80:72 во осминафиналето на Евробаскетот. Избраниците на Игор Миличиќ ќе играат во четвртфиналето против Турција, која во саботата беше подобра од Шведска. Најефикасен играч во победничкиот тим беше неверојатниот Џордан Лојд со 28 поени, по него Понитка со 19 и Соколовски со 10. За Босна и Херцеговина, Нуркиќ се истакна со 20 поени и седум скока, а Роберсон имаше 19 пред ...

Кошаркарската репрезентација на Србија доживеа шокантна елиминација од Евробаскетот од Финска во осминафиналето со пораз од од 86:92. Пред турнирот, Србите беа поставени како главен фаворит, а против Финците исто така беа голем фаворит, на теренот не го покажаа тоа. Финска ја надигра Србија, доминираше во офанзивниот скок и на крајот славеше и покрај вкупниот шут од 41 отсто. Сензацијата е главна тема во светот на кошарката. На никого не му е ...

Кошаркарскиот клуб Пелистер се пофали со уште едно странско засилување, а тоа е Џордан Скипер Браун. 27-годишниот Американец доаѓа во редовите на Пелистер по настапите за турски Трабзон. На девет одиграни натпревари тој имаше просек од 5,3 поени. Во минатото Скипер Браун настапуваше за Леуван и Астана со која заигра во ВТБ лигата по доаѓањето во Европа од НЦАА лигата. Џордан Скипер Браун е четвртото странско засилување на Пелистер, по ...

Возачот на Дукати, Марк Маркез, победи во спринт трката како дел од Големата награда на Каталуња во шампионатот Мото ГП. Марк Маркез ја однесе својата 14-та победа на 15-та спринт трка оваа сезона на патеката „Каталуња“, иако стартуваше од третото место. Освојувачот на пол-позицијата, Алекс Маркез, падна од својот мотор четири круга пред крајот на трката, на тој начин му ја препушти лидерската позиција на својот постар брат. Втор беше возачот на ...

Македонскатата репрезентација до 19 години ја совлада соодветната селекцијата на Босна и Херцеговина во вториот пријателски натпревар во Струмица со резултат од 2:1. Водство за македонскиот национален тим во 30.минута донесе Стефан Младеновски откако беше прецизен изведувач на пеналот. Предноста беше актуелна само три минути откако Армин Спахиќ донесе изедначување. На почетокот на вториот дел по грешката на гостите Игор Ристов донесе ново ...

Кошаркарите на Финска ја приредија најголемата сеозанција на Европското првенство во кошарка, во осминафиналетоо ја елиминираа Србија со победата 92:86. Херој на Финска е Валтунен, 26-годишниот копаркар на Гранада кој постигна осум поени во клуните моменти од натрпреварот. Почетокот намечот ја навести сензацијата. Финсите отворија со 11:1, со домонација во скокот и одличен шут за три поени (6/11). Србите уште во првиот период бркаа довфифрен ...

Македонската фудбалска репрезентација денес од 18 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје ќе го пречека Лихтенштајн во рамки на квалификациите за Светското првенство. По реми натпреварите со Велс и Белгија, националниот тим ќе се обиде да стигне до првата домашна победа во циклусот. Со евентуален триумф, Македонија ќе се врати на врвот на групата. Во моментов нашата селекција има осум бодови, два помалку од Велс, кој утре нема ...

Во дуелот на двете балтички држави Литванија со 88:79 (28:18; 19:19; 19:17 и 22:25) ја совлада Летонија. Со овој пораз во нок аут фазата домаќинот Летонија остана без медал на Евробаскет. Литванската репрезентација од самиот почеток стави до знаење дека ќе ја оправда фаворитската улога. На полувреме имаа предност од десет разлика, а во последната четвртина и од +15 (75:60). Летонија успеа да намали на 81:77, но немаше време за пресврт. Арнас ...

Галатасарај сака преодниот рок да го заврши со уште еден звучен трансфер. Преодниот рок во Турција трае до наредната недела. . Галатасарај го потпиша Илкај Гундоган, а сега редот за врска сака да го засили со Хакан Чалханоглу. Клубот понудил 17 милиони евра, но Интер нема намера да го пушти Турчинот, особено не за таа сума. Сепак, во Галатасарај се убедени дека Чалханоглу ќе дојде: „Хакан сака да дојде кај нас, но околностите не се поволни. ...

weather icon

Белград

10ᴼ / 9ᴼ
7.2
67%
1015
weather icon

Загреб

7ᴼ / 6ᴼ
0.51
92%
1015
weather icon

Софија

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
70%
1014
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
4.39
92%
1016
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
1.54
94%
1015
weather icon

Атина

19ᴼ / 17ᴼ
1.03
63%
1004
weather icon

Тирана

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
76%
1006
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
2.06
72%
1008
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
9.26
86%
1017
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 8ᴼ
1.79
88%
1015
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 18ᴼ
3.6
45%
1009
weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
2.57
76%
1010
Currency

61.6238

Currency

52.9069

Currency

70.6047

Currency

35.1461

Currency

38.2593

Currency

65.7014

Currency

7.48319

Currency

0.6928

Currency

0.34051

Currency

0.52462

Currency

1.24411

Currency

0.58801

Бакар

10.95

Платина

52952.77

Рутениум

29192.88

Калај

40.48

Злато

135056.24

Кобалт

58.42

Цинк

3.23

Никел

473339.37

Алуминиум

2.91

Родиум

255598.44

Сребро

1878.05

Паладиум

46425.68