Скопје
15ᴼ /
15ᴼ
Капитенот на македонската женска кошаркарска репрезентација, Анџелика Митрашиновиќ, се надева на позитивен резултат на вечерашното гостување во Славонски Брод против Хрватска. – Покажавме сите во репрезентацијата како треба да се бори за националниот дрес. Фокусирани сме на наредниот натпревар. И да се обидеме да дојдеме до победа на гостувањето во Хрватска. Колку што знаеме тие имаат проблеми со повреди. Нивниот најдобар играч се повреди на ...
Денвер рано утрово загуби од Чикаго на домашен терен со 127:130. Ниту тројниот ефект на Никола Јокиќ кој постигна 36 поени, 18 скока и 13 асистенции не беа доволни Нагетс да го избегнат поразот. На другите натпревари од НБА-лигата играни ноќта понеделник кон вторник постигнати се следниве резултати: Кливленд – Милвоки 118:106 Детроит – Индијана 127:112 Њу Орлеанс – Оклахома 109:126 Минесота – Далас 120:96 Торонто – Шарлот 110:108 Мајами – ...
IРакометарите на Вардар ги очекува нов предизвик бидејќи утре на домашен терен играат со Кристијанштад дуел од 4.коло од Лига Европа. Шведската екипа во претходното коло по голема борба и во драматична завршница успеа да стигне до победата во последните секунди. Грешките беа составен дел на натпреварот, а на тој начин беше испуштена и шанса за позитивна резултат. – Се подготвувавме да ги намалиме грешките максимално, особено што на гостински ...
Државниот секретар на САД, Марко Рубио, изјави дека купувањето билети за Светското првенство во 2026 година не гарантира дека странските државјани ќе добијат визи за земјата. – Ќе спроведеме ист процес на проверка како и со сите други странски државјани што влегуваат во Соединетите Американски Држави, изјави Рубио. Функционерот, исто така, истакна дека имателите на билети за Светското првенство во 2026 година ќе имаат приоритет за апликации ...
Кошаркарите на Јута ги победија Чикаго Булс со 150:147 (127:127), по две продолженија, во најефикасниот натпревар од стартот на сезоната во НБА лигата. Херој на средбата беше Кеонте Џорџ, кој ја погоди клучната тројка на две секунди пред крајот. Лаури Марканен одигра феноменално и го заврши натпреварот со 47 поени, додека Џорџ додаде 32, вклучувајќи шест во второто продолжение. Ајзеа Колиер и Брајс Сенсабо постигнаа по 16, а Кевин Лав и Сви ...
Фудбалерот на Милан Кристијан Пулишиќ сè уште нема потпишано нов договор со клубот. На негов потпис чекаат и бројните навивачи на овој клуб. Неговиот важечки договор е до 2027 година, но американскиот играч не потпишува нов договор – сака гаранција дека клубот ќе игра во Лигата на шампионите. Пулишиќ заработува 4,4 милиони евра годишно, се евентуалниот нов договор платата би му се зголемила на 5,5 милиони евра годишно. На девет одиграни ...
Македонската фудбалска репрезентација синоќа го одработи последниот тренинг на Градскиот стадион во Кардиф каде вечер од 20:45 часот ќе му гостува на Велс во последниот натпревар од квалификациите за пласман на Светското првенство 2026. Избраниците на селекторот „Благоја Милевски“ ќе се обидат да останат непоразени и со тоа да изборат бараж за Мундијалот. Во случај на чудо во Лиеж и победа на Лихтенштајн над Белгија, тогаш македонската ...
Застапниците на поранешниот напаѓач на ПСЖ, Килијан Мбапе, издадоа соопштение во врска со нивното барање парискиот клуб да плати 240 милиони евра отштета за штетата нанесена на играчот. -Килијан Мбапе не бара ништо надвор од законот. Тој едноставно ги спроведува своите законски права, како што би направил секој вработен, се вели во соопштението од адвокатите на 26-годишниот фудбалер. Сослушувањата во спорот меѓу Мбапе и ПСЖ започнаа на 17 ...
Репрезентацијата на Велс е последната пречка за македонските репрезентативци во квалификациската група за Светското првенство. Во Кардиф улогата на фаворит ја имаат репрезентативците на Велс. – Секогаш е голема предност кога се игра на домашен терен, така е во секој спорт. Ми се допаѓа што овој натпревар има резултатска тежина, тоа е ново искуство за мене, бидејќи кога играв последните три или четири дуели, немавме за што да се бориме, па ...
Македонските фудбалски репрезентативци се во очекување на последниот дуел од квалификациите за Светското првенство. Натпреварот на гости против Велс е последниот. Нашата репрезентација по седум одиграни дуели има три победи и четири нерешени резултати што значи дека сме без пораз. Ако продолжат македонските фудбалери со позитивните резултати, на крајот ќе бидеме подобро пласирани од утрешниот ривал. – Сите го знаеме значењето на овој ...
Екипа од Манчестер е прва што официјално стана тим на НБА Европа. Добро познатиот проект НБА Европа објави дека нивниот прв официјален тим е од Англија, поточно од Манчестер. Претседателот на Италијанската кошаркарска асоцијација, Џани Петручи, изјави дека маркетиншкиот потенцијал на НБА Европа е многу голем и потврди дека Манчестер Јунајтед е првиот тим од нивното натпреварување. „Ако Манчестер Јунајтед, тимот со најмногу навивачи во светот, ...
Македонската фудбалска репрезентација утре ја очекува последниот натпревар од групата за квалификациите за Светското првенство. Гостуваме кај Велс, а воедно тоа е дуел на две екипи кои се борат за втората позиција во групата. Никогаш не недостасува мотивација во ваква ситуација. Кога се борите за подобра стартна позиција во плеј-оф, а не за плеј-оф, тоа нуди дополнителна убавина. Верувам дека ќе уживаме во натпреварот. Секогаш морате да ...
Англија одигра одлични квалификации, а меѓу најдобрите во таборот на Томас Тухел беше напаѓачот Хари Кејн. Напаѓачот на „Гордиот Албион“ постигна осум голови и беше најдобар стрелец. – Имавме одлична година со новиот селектор Томас Тухел, а сега со нетрпение ја чекаме 2026 година. Мислам дека е најдобрата екипа ја имаме, тука мислам на стартните „единаесет“ и на клупата. Сметам дека на Светското првенство се вбројуваме во кругот на ...
ПСЖ побара 180 милиони евра од Килијан Мбапе како компензација за неуспешен трансфер по понудата од саудискиот клуб Ал Хилал од 300 милиони евра, која играчот ја одби во јули 2023 година, изјавија адвокатите на ПСЖ пред судот во Париз. Барањето на европските шампиони, кои се во спор со својата поранешна ѕвезда од летото 2023 година, е одговор на 240 милиони евра што ги бара Мбапе, особено за рекласификација на неговиот договор на определено ...
Ракометарите на Вардар се подготвени за реваншот со Кристијанштад во Европската лига на ЕХФ. Токму шведскиот претставник минатата седмица му го нанесе првиот пораз на Вардар во тековната сезона во второто по квалитет клупско европско натпреварување. „Црвено-црните“ во Кристијанштад имаа водство во последните две минути, промашија зицер во последниот свој напад, а потоа примија гол и загубија со 32:31. Тренерот на македонскиот тим Иван Чупиќ ...
Фудбалскиот клуб Барселона официјално го потврди враќањето на „Камп Ноу“. Во официјалното соопштение на Каталонците се наведува дека првиот натпревар по враќањето ќе се игра против Атлетик Билбао во 13-то коло од Ла Лига. Тој натпревар е закажан за 22 ноември (16:15 часот), а билетите веќе се пуштени во продажба. Капацитетот ќе биде ограничен на 45.401 гледачи, бидејќи клубот сè уште не ги добил сите потребни лиценци. Стадионот треба да ...
Сопственикот на Лацио, Клаудио Лотито, повторно ја изненади јавноста. Лотито реши да се бори против повредите што почнаа да се натрупуваат и лошата форма. Првиот човек на Лацио повика свештеник да ги благослови тимот и теренот. Кризата во Лацио трае веќе долго време, од поразот од Рома во дербито. Колата едноставно тргна надолу. Од недела во недела, бројот на повредени играчи се зголемуваше. Во еден момент, десетмина беа на листата на ...
Италијанскиот репрезентативец Мануел Локатели се осврна на поразот (1:4) синоќа Норвешка во квалификациите за Светското фудбалско првенство 2026. – Нашиот пласман на Мундијалот веќе беше во опасност по поразот во Осло, но денес требаше да играме подобро. По водството се обидовме да постигнеме втор гол, но покажавме слабост, а тоа не смее да се случи повторно. Треба да ги анализираме нашите грешки, бидејќи во одредени моменти треба да ...
Норвешкиот фудбалер Ерлинг Халанд го израмни рекордот за голови во европските квалификации за Светското првенство 2026. Во последниот натпревар од групната фаза против Италија синоќа во Милано (4:1), Халанд постигна два гола, со што неговиот вкупен број достигна 16. Тој се изедначи со Полјакот Роберт Левандовски, кој исто така постигна 16 гола во квалификациите за Светското првенство во Русија 2018 година. Поранешниот играч од средниот ред на ...
Македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер ја оствари втората победа во европската Лига на шампионите совладувајќи го унгарски ПИК Сегед со 25:24 (11:8). Вечерашниот успех на битолчани беше најавен во првото полувреме кога пелистерци во првите десет минути од средбата поведоа со 5:0, а предност од пет голови разлика имаа и во 23 минута кога на семафорот пишуваше 10:5. Гостите во првиот дел игра под своите можности и реномето со кое ...
Канаѓанецот Феликс Оже-Алијасим се искачи на петтото место на најновата ранг-листа на АТП објавена денес. Претходно тој беше на осмото место. АТП ранг-листа објавена на 17 ноември 2025 година: 1 (1). Карлос Алкараз (Шпанија) – 12.050 поени 2 (2). Јаник Синер (Италија) – 11.500 3 (3). Александар Зверев (Германија) – 5.160 4 (4). Новак Ѓоковиќ (Србија) — 4.830 5 (8). Феликс Оже-Алијасим (Канада) — 4.245 6 (6). Тејлор Фриц (САД) — 4.135 7 (7). ...
Италијанскиот тенисер Јаник Синер ги сподели своите емоции по победата на АТП финалето во 2025 година синоќа во Торино. Во финалето, вториот тенисер во светот го победи првиот светски рекет Карлос Алкараз со 7:6 (7:4) и 7:5. – Прославувајќи го овој трофеј на крајот од годината по толку интензивни последни неколку месеци – за мене, нема подобар начин да се заврши сезоната. Беше многу тежок и интензивен натпревар. Мора да играте најдобро што ...
Во првиот натпревар од 12.коло од ракометната Супер лига вечерва во Охрид истоимената домашна екипа го совлада Алкалоид со 28:24. Во првиот дел по 6:6 во 14.минута ракометарите на Охрид предводени од словенечкиот интернациналец Тилен Стрмљан стигна до висока предност од шест разлика која беше и на полувремето 17:11. Во второто полувреме избраниците на Кирил Лазаров намалија на 20:22, кон средина на полувремето. Но, домашниот тим во завршните ...
Италијанскиот тенисер Јаник Синер го освои Завршниот АТП турнир во Торино. Во финалето, вториот светски тенисер го победи првиот рекет Шпанецот Карлос Алкараз со 7:6 (7:4) и 7:5. Мечот траеше 2 часа и 4 минути. Италијанецот сервираше 8 аса, направи 5 двојни грешки и реализираше 2 од 2 брејк топки. Шпанецот погоди 5 аса, не се соочи со двојни грешки и реализираше 1 од 3 брејк топки. Дваесет и четиригодишниот Синер го освои Завршниот турнир ...
Фудбалерот од средниот ред на Португалија, Бруно Фернандеш, го коментираше триумфот од 9:1 над Ерменија во домашниот натпревар од квалификациите за Светското првенство во 2026 година. – Секогаш сакаме да победуваме на ист начин – да бидеме убедливи и да ја контролираме играта. Тоа не е секогаш можно, но денес бевме ефикасни и остваривме добра победа, што беше најважно. На крајот на краиштата, одиме на Светското првенство. Треба да работиме на ...
Селекторот на Англија, Томас Тухел, го предупреди Џуд Белингам дека „однесувањето е клучно“ откако ѕвездата на Реал Мадрид реагираше бурно на замената за време на натпреварот против Албанија, кој Англија го доби со 2:0. Инцидентот се случи на крајот од натпреварот, веднаш откако Хари Кејн го постигна својот втор гол, а реакцијата на ѕвездата на Реал Мадрид предизвика остар одговор од тренерот. Се играше 84-та минута кога Морган Роџерс беше ...
Фудбалската репрезентација на Италија доживеа тежок пораз на „Сан Сиро“, во последното коло, во квалификациите за пласман на СП. Азурите водеа против Нрвешка, на крајот загубија со 1.4. И пред почетокот на натпреварот беше јасно дека Италија има невозможна задача, да победи со девет голови разлика за да го освои првото место. Водеа Италијаните со голот на Еспозито, а откако во вториот дел Нуса изедначи, на азурите целосно потоанаа во ...
По вчерашните натпревари во квалификациите, пласман на Светско фудбалско првенство 2026 во Канада, Мексико и САД изборија Португалија и Норвешка. Тие се 31-от и 32-учесник на Мундијалот 2026. Во Европа, квалификациската рунда, вклучувајќи го и плејофот, трае од март 2025 година до март 2026 година. Пласман на СП 2026 досега изборија: Канада, Мексико, САД, Јапонија, Нов Зеланд, Иран, Аргентина, Узбекистан, Јужна Кореја, Јордан, Австралија, ...
Селекторот на Италија, Џенаро Гатузо, се извини за поразот (1:4) од Норвешка во домашен натпревар од квалификациите за Светското првенство во 2026 година. – Прво и најважно, мора да им се извиниме на нашите навивачи, бидејќи 1:4 е тежок резултат. Штета, бидејќи првото полувреме беше многу добро, бевме вистински тим, но најголемото разочарување е што второто полувреме не го достигнавме тоа ниво. Честитки до Норвешка, но ќе мора да ја градиме ...
Кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, Лука Дончиќ, ги израмни рекордите на Вилт Чемберлен, Мајкл Џордан и Боб Мекаду. Во натпреварот одигран ноќеска против Милвоки (119:95) на гостински терен, Дончиќ имаше 41 поен, девет скока, шест асистенции, една украдена топка, две блокади и три изгубени топки. Дваесет и шестгодишниот Словенец стана четвртиот играч во историјата на НБА-лигата кој постигнал 40 или повеќе поени во 50 натпревари пред да наполни ...