Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) ги објави денеска 11. кандидати за наградата „Пушкаш“, која се доделува за најдобар гол во сезоната. Победникот ќе биде избран со гласање на фудбалските помеѓу навивачи и професионално жири, во процент 50-50, а добитникот на наградата ќе биде објавен за време на доделувањето на годишните награди на ФИФА. Наградата, именувана по еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Ференц Пушкаш, се доделува ...

Францускиот напаѓач Килијан Мбапе ја достигна границата од 400 голови во својата кариера, но рече дека тоа не е доволно импресивно достигнување за љубителите на фудбалот. Мбапе постигна 398 голови пред вчерашниот натпревар против Украина во мундијалските квалификации на кој напаѓачот на Реал Мадрид беше двоен стрелец во триумфот од 4-0. „400 голови не импресионираат луѓе. Ако сакам да предизвикам восхит, морам да постигнам уште 400. Границата ...

Поранешниот тренер на Ливерпул, Јирген Клоп, ќе биде телевизиски коментатор за МагентаТВ за време на Светското фудбалско првенство кое идната година ќе се одржи во САД, Мексико и Канада, објави телевизискиот канал. „Навистина сакам да го доживеам ова Светско првенство од експертска перспектива. Во исто време, знам дека овој маратонски турнир ќе донесе свои уникатни предизвици“, рече Клоп. Германскиот стратег веќе има телевизиско искуство, ...

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо би можел да го пропушти првиот натпревар од Светското првенство 2026 доколку Португалија, како што се очекува, се квалификува за мундијалскиот турнир. Роналдо беше исклучен откако со лакт го удри ирскиот репрезентативец Дар О’Ши во 60 минута од квалификацискиот натпревар одигран во четвртокот вечер во Даблин, во кој Ирска победи со 2:0. Португалскиот напаѓач автоматски ќе ја отслужи суспензијата од ...

Селекторот на Англија, Томас Тухел, рече дека е задоволен од настапот на неговата репрезентација во првото полувреме во победата од 2-0 (1-0) над Србија синоќа во квалификациите за Светското првенство во 2026 година. -Мислам дека 2-0 е реален резултат. Потребно беше време, многу трпение и напорна работа за да се победи. Мило ми е што не беше сè лесно, но се одвиваше онака како што сакавме. Се адаптиравме на противникот. Не знаевме многу за ...

Денвер рано утрово на гостински терен славеше победа над Лос Анџелес клиперс на гостински терен со 130:116. Центарот на нагетс, Никола Јокиќ, го предводеше својот тим со 55 поени, 12 скока и шест асистенции. Свој ден имаше и Стеф Кари кој постигна 46 поени во победата на Голден Стејт над Сан Антонио со 125:120. Во поразениот тим Виктор Вембањама оствари трипл-дабл со 31 гол, 15 асистенции и 11 асистенции. Денвер го доби својот деветти ...

Во автобус што превезувал навивачи на шпанскиот фудбалски клуб „Барселона“ во Бриж вечерва избувна пожар, но при инцидентот нема повредни, јави белгискиот јавен радиодифузен сервис ВРТ. Пожарот избувнал додека автобусот со навивачите се движел кон стадионот „Јан Брејдел“, каде што вечерва се игра фудбалски натпревар рамките на Лигата на шампионите меѓу домашниот „Бриж“ и „Барселона“. Според полицијата, пожарот го предизвикал еден од ...

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, најави синоќа дека клубот планира да постави статуа на Лионел Меси пред реновираниот стадион „Камп Ноу“ за да му оддаде почит на својот најдобар стрелец на сите времиња. Триесетиосумгодишниот Меси, кој настапува за Интер Мајами, претходно оваа недела го посети стадионот на Барселона за прв пат по неговото заминување во 2021 година, а по тој повод испрати порака на социјалните мрежи дека се надева оти ...

Фудбалерот на Барселона, Френки де Јонг, играчот од средниот ред на Барселона, не смета дека треба да се пресели во Премиер лигата за да ја докаже својата вредност. – Имаше понуди, но јас сум среќен во Барселона. Англиската Премиер лигата е најдобрата лига во светот во моментов, без сомнение, исто како што беше Ла Лига пред десет години. Но, тоа не значи дека мора да одиш таму за да докажеш дека си одличен играч. Барселона е мој сон уште од ...

Француската фудбалска репрезентација го завери своето место на Светското првенство 2026 триумфирајќи синоќа над Украина, додека Португалија испушти шанса да стане третата европска репрезентација со обезбеден мундијалски настап, откако загуби од Ирска и остана без својот капитен Кристијано Роналдо, кој доби директен црвен картон на гостувањето во Даблин. Франција го обезбеди првото место во квалификациската група Д со победата над Украина со ...

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година претрпе убедлив од соодветната шведска селекција со 4:1. На дуелот одигран вечерва во Битола од 5. коло од Групата Е во квалификациите за Европското првенство, Македонците први дојдоа во водство со голот на Елези во 12. минута. За Шведска головите ги постигнаа Оморова (два), Сонко и Боудри. На табелата водат Полска и Италија со по максимални 12 бода, Црна Гора и Шведска имаат по 6, Македонија ...

Без победник и без постигнат гол (0:0) заврши вечерашниот контролен натпревар на македонската фудбалска репрезентација со Летонија. На средбата одиграна на Национална арена „Тодор Проески“ пред околу 3.500 гледачи, двете репрезентации имаа свои моменти, но не ги искористија шансите. „Црвено-жолтите“ следниот натпревар ќе го имаат во Кардиф против Велс во квалификациите за Светското првенство 2026. Оваа средба е закажана за 18 ноември. Фото: ...

Последниот, одлучувачки чекор кон новиот договор на турскиот репрезентативец во дресот на Јувентус, Кенан Јулдиз се покажа покомплициран од очекуваното. Јувентус и Кенан Јилдиз не успеаја да постигнат договор за продолжување на соработката до 2030 година. Како што пишува „Газета дело Спорт“, преговорите се во застој, а сега страните повторно размислуваат за следните чекори. Недостасува компромис за бројките околу новата плата на Јилдиз, па ...

Роберто Манчини има нов ангажман. Тоа е тимот на Ал Сад од Катар кој што денеска и официјално ја објави новата соработка со искусниот стратег. Поранешниот селектор на Италија потпиша две и полгодишен договор со својот нов клуб Неговиот ангажман како селектор на Саудиска Арабија заврши неодамна, а тој ете се одлучи повторно да се впушти во авантура наречена Блиски Исток. Ал Сад е најуспешниот клуб од Катар и има 18 освоени титули. Сепак, во ...

Шефот на Мерцедес во Формула 1, Тото Волф, планира да продаде дел од својот удел во тимот, чија вредност според најновите проценки изнесува околу 6 милијарди американски долари. Волф моментално поседува приближно 33 % од акциите во тимот Мерцедес-AMG Petronas F1, а според светските медиуми, се разгледува продажба на помал дел од уделот со цел да се обезбеди капитал и да се прилагоди сопственичката структура. И покрај тоа, Австриецот ќе остане ...

Фудбалерот на Интер Мајами, Лионел Меси, изјави дека би претпочитал да го освои Светското првенство во 2026 година, отколку да освои уште една Златна топка. – Уште едно Светско првенство или уште една Златна топка? Уште едно Светско првенство. Да поседувам клуб или тренер? Би рекол да поседувам клуб, го цитира Меси, инсајдерот Фабрицио Романо на социјалната мрежа „X“. Триесет и осумгодишниот Аргентинец освои осум награди „Златна топка“ во ...

Фудбалерот на Лил, Итан Мбапе, би можел да биде повикан во алжирската репрезентација, објави „WinWinAfrique“. Алжирската фудбалска федерација се надева дека ќе го додаде помладиот брат на капитенот на Франција, Килијан Мбапе, во својата репрезентација. Итан, кој има 18 години, не е повикан во француските младински селекции. Мбапе помладиот постигна два гола на пет натпревари од француското првенство оваа сезона. „Трансфермаркт“ ја проценува ...

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски се најде во центарот на вниманието во Шпанија, откако неговите изјави предизвикаа незадоволство кај раководството на Валенсија. Димитриевски, кој летово пристигна на „Местаља“ како едно од засилувањата во тимот, јавно зборуваше за условите во клубот и за својата минутажа, што не им се допадна на челниците. Според шпанските медиуми, особено весникот Супердепорте, изјавите биле оценети како ...

Најголемата ѕвезда на португалската фудбалска репрезентација, Кристијано Роналдо зборуваше за очекувањата пред квалификацискиот натпревар за Светското првенство во 2026 година против Република Ирска. Натпреварот ќе се игра вечер во Даблин со почеток во 20:45 часот. – Многу сум среќен. Имам одличен однос со селекторот Роберто Мартинез и сакам да продолжам во овој дух. Целта ни е добро да ги завршиме квалификациите и сме многу позитивни. ...

Возачот на Мекларен, Ландо Норис не очекува победа на претстојната трка од Формула 1 шампионатот што ќе се вози во Лас Вегас. – Мислам дека минатата година беше нашата најлоша трка за нашиот тим. Значи, навистина не очекувам успех. Работевме доста напорно за да ги решиме нашите проблеми. Мерцедес беа неверојатно силни на оваа трка минатата година, исто така и Ред Бул и Ферари. Ние очигледно многу се подобривме оваа година, па тоа ми дава за ...

Наполи се врати на тренинзите по поразот (0:2) од Болоња во 11. коло од италијанското фудбалско првенство, но без главниот тренер Антонио Конте, објави „Скај Спортс“. Тренерот во договор со раководството на клубот, зел неколку дена одмор, кои ќе ги помине во Торино. Конте ќе се врати во Неапол во понеделник, 17 ноември. Тимот овој период ќе го предводи помошникот тренер Кристијан Стелини. Наполи има 22 бода и е четврти на табелата во Серија А ...

Манчестер јунајтед внимателно ја следи ситуацијата околу Карем Адејеми, талентираниот германски напаѓач на Борусија Дортмунд, кој се наоѓа во тешка позиција во својот клуб поради несогласувања со тренерот Нико Ковач и слабата форма во последните месеци. Адејеми сезонава има ограничена минутажа и не е задоволен од својата улога во тимот. Германските медиуми тврдат дека Борусија е подготвена да ги слушне понудите за 22-годишниот фудбалер, ...

Минимална победа постигнаа македонските кошаркарки во првиот натпревар од квалификациите за Евробаскет. Во Скопје попладнево совладана беше Данска со 79:78 (18:21; 21:19; 19:18 и 21:20). Во изедначен натпревар македонските кошаркарки постигнаа важна победа на стартот од новата рунда квалификации. Избраничките на селекторот Александар Ашаданов во првата четвртина водеа со 18:13, но противникот направи серија од 8-0 за водство на крајот на ...

Португалскиот фудбалер Рафа Силва ги шокираше навивачите на Бешикташ со одлуката да стави крај на кариерата среде сезона. Според турските медиуми, 32-годишниот офанзивец им соопштил на челниците на клубот дека повеќе не сака да игра професионален фудбал, иако има договор до 2027 година. Силва, кој летово пристигна во Истанбул како големо засилување од Бенфика, наводно веќе подолго време се чувствува немотивирано и незадоволно од својата ...

Полскиот голгетер Роберт Левандовски повторно е во фокусот на трансфер-гласините – според информациите од Шпанија, два клуба се сериозно заинтересирани за негов ангажман и веќе стапиле во контакт со неговите претставници. Станува збор за еден клуб од Саудиска Арабија и еден од САД (MLS), кои се подготвени да понудат богати договори на 36-годишниот напаѓач. Саудискиот клуб, наводно, подготвува понуда вредна околу 100 милиони евра за две ...

Француската фудбалска репрезентација може да игра пријателски натпревар против Бразил напролет 2026 година. Според „Канал+“, доколку Франција избори пласман на Светското првенство во 2026 година овој месец, тие ќе играат против Бразил на 28 март во Бостон. Бразил веќе го обезбеди своето место во финалето на Светското првенство во 2026 година. Франција е лидер во групата Д. За да обезбеди место на Светското првенство во 2026 година, треба да ...

Европската фудбалска федерација (УЕФА) го потврди распоредот на натпреварите за Европското првенство 2028, според веб-страницата на организацијата. Домаќини на завршниот турнир ќе бидат Англија, Ирска, Шкотска и Велс. Вкупно се закажани 51 натпревар. Првиот натпревар од првенството, во кој ќе учествуваат екипи од Групата А, ќе се одржи на 9 јуни 2028 година, на Националниот стадион на Велс во Кардиф. Полуфиналињата (4 и 5 јули) и финалето (9 ...

Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, го коментираше во Лондон лансирањето на брендот за Европското првенство во 2028 година, кое ќе се одржи во Обединетото Кралство и Ирска. – Фудбалот е универзален јазик. Тој изразува страст, вештина, храброст, солидарност и почит подобро од кој било друг јазик и постојано нè потсетува дека токму нашите разлики го прават нашиот спорт толку убав. На Евро 2028, сите ќе го зборуваме јазикот на фудбалот – ...

Лион продолжува со преговорите со Реал Мадрид за позајмица на напаѓачот Ендрик. Според „ESPN Brasil“, францускиот клуб ќе покрие 50 проценти од платата на 19-годишниот Бразилец – 200.000 евра. Реал Мадрид ќе продолжи да го плаќа остатокот. Оваа сезона, Ендрик одигра 11 минути во победата од 4:0 над Валенсија во 11. коло од шпанското фудбалско првенство. Неговиот тековен договор е до 2030 година. Трансфермаркт ја проценува вредноста на ...

Европскиот шампион ПСЖ подготвува терен за купување на ново засилување. Дајот Упамекано сè уште го нема продолжено договорот со својот клуб Баерн Минхен. Договорот истекува летово и многу лесно може да се случи играчот да замине од клубот. Доколку двете страни не постигнат договор, можно е да се случи Упамекано да биде мета и на некоја од екипите од Премиер лигата. Во случај Упамекано да не постигне договор со Баерн и влезе во последните шест ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
76%
998
weather icon

Белград

8ᴼ / 6ᴼ
4.12
69%
997
weather icon

Загреб

6ᴼ / 5ᴼ
1.03
92%
997
weather icon

Софија

4ᴼ / 4ᴼ
4.12
87%
1000
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
2.29
99%
1002
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 4ᴼ
0.0
96%
997
weather icon

Атина

14ᴼ / 12ᴼ
1.54
87%
999
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
2.06
66%
999
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
3.09
100%
1000
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 7ᴼ
5.66
86%
1001
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 6ᴼ
1.54
91%
997
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 12ᴼ
6.17
55%
1003
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Родиум

339994.14

Злато

157561.16

Калај

48.78

Алуминиум

3.09

Сребро

2733.78

Рутениум

45750.51

Бакар

12.12

Цинк

3.29

Платина

83354.78

Иридиум

221848.72

Паладиум

55781.55

Кобалт

64.04