Грција и Белорусија приредија големи изненадувања во квалификациите за Светското првенство и значително ја закомплицираа борбата за директен пласман на Данска и Шкотска. Грција одигра одличен натпревар и ја совлада Шкотска со 3:2, резултат кој ги остави Шкотите во тешка позиција пред последното коло. Иако „Тартан армијата“ важеше за фаворит, Грците одиграа храбро, агресивно и успеаја да го задржат водството до самиот крај. Во меѓувреме, ...

Канадскиот тенисер Феликс Оже-Алијасим одговори на прашање за тенисерите кои се жалат на нивниот густ распоред. – Не разбирам како некому може да не му се допаѓа нешто што не мора да го практикува. Разбирам дека може да се заморите. И јас сум уморен. Патувам низ светот и гледам различни работи. Мислам, имаме среќа. Секое утро се будам и сум среќен. Ми се допаѓа што сум тука. Дури и да изгубам, не е голема работа. Не знам. Ако сакате да играте ...

Ред Бул и Рејсинг Булс ќе одржат заедничко претставување на своите автомобили за 2026 година. Болидите на двата формула 1 тима за следната сезона ќе добијат новите бои на каросеријата. Претходно беше објавено дека претставувањето на Ред Бул ќе се одржи на 15 јануари во Детроит, во седиштето на нивниот технички партнер, Форд. Сега е објавено дека и Ред Бул и Рејсинг Булс ќе ги претстават своите автомобили пред јавноста на овој настан. Ова ќе ...

Во кошаркарската Евролига вчеравечер се одиграа пет натпревари со кои се заокружи 11. коло. Милано и Лион забележаа минимални победи над фаворитите Олимпијакос и Партизан. Постигнати резултати: Дубаи – Жалгирис 95:89 Анадолу Ефес – Баерн 74:72 Лион – Партизан 88:87 Барселона – Виртус Болоња 88:81 Милано – Олимпијакос 88:87. На табелата водат Хапоел Тел-Авив и Црвена ѕвезда со биланс 8-3 (победи-порази). Фото: ЕПА МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: ...

Доминик Ливаковиќ (30) е блиску до враќање во Динамо во зимскиот преоден рок. Ливаковиќ сака да се врати во Динамо, а и клубот сака легендата повторно да застане на голот. Извори блиски до клубот наведуваат дека договорот е блиску до завршување, со оглед на тоа што постои взаемна волја. Ова лето, Ливаковиќ отиде на позајмица во Џирона до крајот на сезоната од Фенербахче, со кого има договор до летото 2028 година. Двата и пол месеци по ...

Во заостанат натпревар од 12. коло на Првата македонска фудбалска лига, Шкендија попладнево го победи Шкупи со 2:1. На средбата во Струга на која домаќин беше Шкупи, чаирчани поведоа во 57. минута со погодокот на Луис Рибеиро. Шкендија изедначи преку Имран Фетаи во 72.минута. Осум минути подоцна Лиридон Латифи го постави конечниот резултат. Шкендија која е бранител на шампионскиот трофеј, со 30 бода се искачи на 3. место на табелата во ПМФЛ, ...

Казахстан денес ремизираше 1:1 со Белгија на домашен терен во квалификациски натпревар за Светското првенство во 2026 година. Дастан Сатпаев, го отвори резултатот во 9. минута. Белгија изедначи со голот на Ханс Ванекен во 48. минута. Домаќините последните десеттина минути ги одиграа со фудбалер помалку по исклучувањето на Ислам Чесноков во 79. минута. Казахстан, со 8 бода по 8 натпревари, е четврти во Групата Ј, додека Белгија, со 15 бода од ...

Плејмејкерот на Голден Стејт вориорс, Стеф Кари, се израмни со шесткратниот шампион на НБА, Мајкл Џордан, по најмногу натпревари со 40 или повеќе поени откако наполни 30 години. Во победата на гостувањето кај Сан Антонио (109:108) остварена утринава, 37-годишниот Кари постигна 49 поени. Ова му овозможи да го израмни Џордан по најмногу натпревари со 40 или повеќе поени откако наполни 30 години. Тие сега имаат 44 такви средби во историјата на ...

Италијанската машка тениска репрезентација ќе биде дополнително ослабена за финалето на Дејвис купот, кое ќе се игра во Болоња следната недела, откако по Јаник Синер, настапот го откажа и Лоренцо Мусети. Синер и Мусети, во моментов рангирани на второто и деветтото место во светот, лани ѝ ја донесоа титулата на Италија. Сепак, Синер пред две недели објави дека ќе го прескокне овогодишното финале, а денеска за италијанскиот тренер Филипо ...

Селекторот на Португалија, Роберто Мартинез, даде свое видување за црвениот картон на Кристијано Роналдо во квалификацискиот натпревар за Светското првенство 2026 против Република Ирска (0:2). Роналдо беше исклучен поради удирање со лакт на противничкиот дефанзивец Дара О’Шеј, кој претходно го повлече за дресот 40-годишниот напаѓач на Ал-Наср. – По натпреварот беше тешко да се дефинираат емоциите. Ја видов неговата реакција на провокацијата. ...

Поранешниот дефанзивец на Ливерпул и телевизиски стручњак, Џејми Карагер, го спореди статусот и популарноста на Манчестер сити и Манчестер јунајтед. – Манчестер сити никогаш нема да биде поголем од Манчестер јунајтед. А соперништвото меѓу Ливерпул и Манчестер Сити никогаш нема да биде толку значајно како ривалството меѓу Ливерпул и Манчестер јунајтед. Едноставно нема да се случи, невозможно е, изјави Карагер за „Дејли мејл“. Од сезоната ...

Претседателот на Интер, Џузепе Марота, ја пофали работата на главниот тренер на Интер, Кристијан Киву. – Изненаден сум од зачуденоста на луѓето колку е добар Киву. Го избравме поради вредностите што ги поседува и имавме храброст да одиме против медиумскиот бран. Некои го споменаа Мурињо како можна замена, но со сето должно почитување, ако немав таа храброст, ќе зажалев, го цитира Марота „Тутомеркатовеб“. Романскиот тренер го презеде тимот во ...

Италијанскиот тенисер Јаник Синер со совлада попладнево Американецот Бен Шелтон со 6-3, 7-6 (3) и трета година по ред го заврши натпреварувањето во групната фаза на АТП финалето во Торино со максимални три победи. За Синер ова беше осма последователна победа во дуели со 23-годишниот Американец (8-1), од кого беше поразен само во првиот натпревар одигран во 2023 година во Виена. Оттогаш, Шелтон не освои ниту сет против најдобриот италијански ...

Ливерпул и Јувентус се два клуба кои најсилно притискаат за ангажман на крилниот напаѓач на Баерн Минхен, **Серге Гнабри**, пренесуваат медиумите во Германија. Искусниот Германец се приближува до крајот на својот договор со баварскиот гигант и сè поизвесно е дека во летниот преоден рок ќе побара нова средина. Гнабри одамна е на радарот на Ливерпул, кој гледа во него идеално офанзивно засилување за следната сезона. „Црвените“ се подготвени да ...

Врвните европски клубови покажуваат интерес за напаѓачот на Јувентус, Душан Влаховиќ, објави „Газета дело Спорт“. Договорот на 25-годишниот Србин со клубот од Торино истекува во летото 2026 година. Тој ќе биде слободен да преговара со други клубови почнувајќи од јануари. Барселона, Баерн, Манчестер јунајтед, Атлетико Мадрид и Тотенхем го следат Влаховиќ и покажуваат сериозен интерес за негов ангажман. Оваа сезона, Влаховиќ има одиграно 18 ...

Селекторот на италијанската фудбалска репрезентација, Џенаро Гатузо, е незадоволен од правилата за квалификации за Светското првенство во 2026 година во Европа. -Во 1990 и 1994 година, на Светското првенство имаше две африкански екипи (три во 1994 година, Ед.), сега има девет… Ако ја погледнете Јужна Америка, каде што шест од девет екипи се квалификуваат директно… Тоа е жално и малку тажно. Системот во Европа треба да се промени, изјави ...

Хрватска синоќа ги победи Фарските Острови со 3:1 и се квалификуваше за Светското фудбалско првенство 2026. Хрватите станаа 30. учесник на Мундијалот идната година. Досега пласман на СП 2026 обезбедија: САД, Мексико, Канада, Австралија, Иран, Јапонија, Јордан, Јужна Кореја, Узбекистан, Аргентина, Бразил, Еквадор, Нов Зеланд, Уругвај, Колумбија, Парагвај, Мароко, Тунис, Египет, Алжир, Гана, Зелено’ртските Острови, Јужна Африка, Катар, Англија, ...

Полскиот напаѓач Роберт Левандовски нема намера да ја напушти Барселона следното лето, објави денеска германскиот новинар Флоријан Плетенберг. Според најавите, Барселона ќе биде последниот клуб во кариерата на 37-годишниот Левандовски. Полскиот голгетер не размислува да замине во фудбалска пензија во блиска иднина, но одлуката би можел да ја забрза доколку раководството на Барса не му понуди нов договор. Договорот на полскиот репрезентативец ...

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, најави дека планира да се повлече од функцијата во 2026 година, отворајќи нова ера за шпанскиот гигант. Перез, кој има 78 години, сака трансмисијата на власта да биде „уредена и планска“, без големи потреси за клубот. Под негово раководство, Реал Мадрид бележи големи успеси, вклучувајќи седум титули во Лигата на шампионите, бројни домашни купови и лиги, како и модернизација на стадионот ...

Најдобриот кошаркар на Лос Анџелес лејкерс, Лука Дончиќ, одговори на прашање за можно враќање во Далас по отпуштањето на генералниот менаџер Нико Харисон, кој го смени Словенецот. -Далас, неговите навивачи, неговите играчи – сето тоа секогаш ќе има посебно место во моето срце. Мислев дека ќе останам таму засекогаш, но тоа не се случи. Значи, секогаш ќе биде посебно место за мене. Секогаш ќе го нарекувам дом. Враќање во Далас? Во моментов сум ...

По стартната победа над Данска во евроквалификациите, македонската женска кошаркарска репрезентација утревечер ја пречекува Грција во рамки на второто коло во квалификациската група Ф. Избраничките на селекторот Александар Ашаданов во средата во Скопје ја совладаа Данска со 79-78 и со победа ги почнаа квалификациите за пласман на Европското првенство. „Првата цел ја остваривме, но не застануваме тука. Пред нас имаме уште пет натпревари во кои ...

Фудбалската репрезентација на Аргентина рутински ја победи Ангола со 2:0 во пријателски натпревар одигран во Луанда. Првиот гол го постигна Лаутаро Мартинез во 43. минута по асистенција на Лионел Меси, додека во 82. минута Меси го искористи несебичното проигрување на Мартинез за конечни 2:0. Аргентина ја контролираше играта од почетокот до крајот, а триумфот ја зацврсти репутацијата на „гаучосите“ како силна селекција пред претстојните ...

Канадскиот тенисер Феликс Оже-Алисиме ја оствари првата победа на годинашново издание на Мастерсот во Торино. Тој во мечот групата го победи Американецот Бен Шелтон со 2:1 во сетови (4:6; 7:6(7) и 7:5) по 2 часа и 25 минути игра. Оже-Алисиме успеа да направи пресврт во мечот и по загубениот прв сет, во вториот иако го доби во тај брејкот противникот немаше ниту една меч топка. Во решавачкиот сет Оже-Алисиме во 12.тиот гем ја искористи третата ...

Северноамериканската професионална фудбалска лига, (МЛС), ќе го усогласи календарот со натпревари со врвните светски фудбалски лиги почнувајќи од лето 2027 година. МЛС ја нарече промената „едно од најзначајните случувања во историјата на лигата“ и посочи дека „продолжува да работи со Здружението на играчи на МЛС за да се финализира договор околу планот за транзиција“. „Усогласувањето на нашиот распоред со водечките светски лиги ќе ја зајакне ...

Фудбалската репрезентација на Финска доживеа големо изненадување, откако на домашен терен загуби од Малта со 1:0 во натпревар од квалификациите за Светското првенство 2026. Единствениот гол на натпреварот го постигна Џејк Греч во 81. минута, донесувајќи историска победа за Малта. Овој резултат претставува голем шок за финската селекција, која беше фаворит на натпреварот. Со овој пораз, Финска ги намали своите шанси за пласман на следното ...

Селекторот на Италија, Џенаро Гатузо, бурно реагираше по победата од 2:0 над Молдавија во квалификациите за Светското првенство, откако дел од навивачите ги исвиркаа играчите во моменти кога резултатот сè уште беше неизвесен. Италија доминираше во текот на целиот натпревар и не дозволи ниту еден удар кон својот гол, но тоа не ги спречи дел од присутните да упатат критики и потсмев кон репрезентативците. Токму тоа најмногу го испровоцираше ...

Српскиот стратег Ален Тупајиќ е назначен за нов тренер на македонскиот фудбалски прволигаш Работнички, објави попладнево скопскиот клуб. Тупајиќ (50) седнува на клупата на Работнички на местото на Турчинот Алпарслан Ердем кому во вторникот му беше врачен отказ по серијата слаби резултати во домашното првенство. По 13 одиграни кола во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) Работнички е претпоследно пласиран со седум бодови, запишувајќи само ...

Бразилскиот фудбалер Оскар (34) е во стабилна состојба, но останува хоспитализиран во болницата „Алберт Ајнштајн“ во Сао Паоло, во која беше примен откако се онесвести за време на тренинг во вторникот. Оскар колабираше за време на тренингот на прволигашот Сао Паоло и беше итно префрлен во болница каде му беше дијагностицирана вазовагална синкопа. Вазовагалната синкопа е губење на свеста предизвикано од невролошки индуциран пад на артерискиот ...

Актуелниот светски шампион во Формула 1 , Макс Ферстапен, призна дека шансите да ја одбрани титулата во оваа сезона се минимални. Возачот на Ред Бул истакна дека големата штета е направена уште во првиот дел од сезоната, кога тимот имаше повеќе проблеми со болидот и не успеа да ги искористи можностите. „Имавме неколку викенди каде едноставно не бевме доволно брзи. Подоцна успеавме да вратиме дел од бодовите, но тоа не беше доволно. Јасно е ...

Италијанскиот тенисер Лоренцо Мусети синоќа го победи Австралиецот Алекс Де Минаур во меч на Завршниот АТП турнир во Торино. Натпреварот траеше 2 часа и 48 минути и заврши со 7:5, 3:6 и 7:5. Ова е прва победа за Мусети на турнирот. Дваесет и тригодишниот Италијанец сервираше пет аса, направи три двојни грешки и реализираше три од 12 брејк топки. Неговиот противник сервираше 10 аса, немаше двојни грешки и реализираше две од пет брејк топки. ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
76%
998
weather icon

Белград

8ᴼ / 6ᴼ
4.12
69%
997
weather icon

Загреб

6ᴼ / 5ᴼ
1.03
92%
997
weather icon

Софија

4ᴼ / 4ᴼ
4.12
87%
1000
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
2.29
99%
1002
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 4ᴼ
0.0
96%
997
weather icon

Атина

14ᴼ / 12ᴼ
1.54
87%
999
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
2.06
66%
999
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
3.09
100%
1000
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 7ᴼ
5.66
86%
1001
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 6ᴼ
1.54
91%
997
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 12ᴼ
6.17
55%
1003
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Сребро

2733.78

Кобалт

64.04

Родиум

339994.14

Бакар

12.12

Иридиум

221848.72

Калај

48.78

Рутениум

45750.51

Алуминиум

3.09

Паладиум

55781.55

Цинк

3.29

Злато

157561.16

Платина

83354.78