
Скопје
14ᴼ /
14ᴼ



Еден од најголемите боксери на сите времиња, Мајк Тајсон, потроши најголем дел од својата заработка од борбата против Џејк Пол. Тајсон, за потсетување, пред два месеци ја имаше првата професионална борба по речиси 20 години. Тој беше поразен од инфлуенсер 21 година помлад од него по осум рунди и одлука на судиите. Според информациите кои стигнаа во јавноста, Тајсон од таа борба заработил 20 милиони долари, а веќе потрошил 13 милиони долари. ...
Македонската ракометна репрезентација попладнево во 18 часот го игра третиот меч на СП во Вараждин. Противник е селекцијата на Гана, која важи за аутсајдер во групата, но и на овој меч. Македонија со реми или со победа ќе обезбеди пласман во следната фаза, каде би требало да вкрстиме со Франција, Австрија и Катар. Сепак, се освен победа би било рамно на сензација. – Натпреварот со Гвинеја ни е од круцијално значење. Мораме да се мобилизираме и ...
Македонската ракометна репрезентација вечерва во Вараждин ја совлада Гвинеја со 29:20 (полувреме 14:10) во натпревар од 3. коло во групата Д на Светското првенство. Со овој триумф избраниците на селекторот Кирил Лазаров обезбедија пласман во Главната групна фаза на Мундијалот 2025. Македонија ја оправда фаворитската улога и заслужено ја запиша првата победа на планетарниот ракометен собир што се игра во Хрватска, Данска и Норвешка и вкупно ...
Барселона синоќа ремизираше со Хетафе (1:1) во 20. коло од шпанското фудбалско првенство. Каталонците со овој примен гол го изедначија клупскиот анти-рекорд во Ла Лига. Имено, Барселона деветти натпревар по ред им дозволува на противниците да ја затресат мрежа. Последен пат тоа се случи во 2018 година под водство на тренерот Ернесто Валверде. Барселона е трета на табелата во Ла Лига со 39 бодови, пет бода помалку од лидерот Атлетико. Хетафе е ...
Победата на Холандија над Македонија од 37:32 во Вараждин беше одбележана со инциденти. Испровоцирани од двата црвени картони и лошото судење од страна на данските судии, македонските навивачи почнаа да фрлаат разни предмети на теренот, а Холанѓаните избегаа кон соблекувалната. Инцидентот не остана незабележан од Меѓународната ракометна федерација (ИХФ), која изрече казни за се што се случи, како за Македонската ракометна федерација, за ...
Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров е оптимист во пресрет на утрешниот натпревар со Гвинеја во 3.коло на Д-групата на Светското првенство 2025. – Натпреварот со Гвинеја ни е од круцијално значење. Мораме да се мобилизираме и да го добиеме натпреварот. Нема да калкулираме воопшто, победата ни е потребна за пласман во втор круг. Можеби сме фаворити на хартија, но со оглед дека имавме две тешки и исцрпувачки дуели, ...
Ељиф Елмас се чини дека е пред заминување од Лајпциг. Според Скај, конкретен интерес за офанзивецот има клуб од Шпанија. Знаците во РБ Лајпциг и ретко користениот офанзивен играч Ељиф Елмас укажуваат на разделба. Двете страни бараат решение и следниот чекор за напаѓачот сега би можел да биде Шпанија доколку гласините се точни. Како што пишува Скај, ФК Валенсија од Примера дивизион фрли око на Елмас. Клубот кој е загрозен од испаѓање, кој ...
Македонската ракометна репрезентација го претрпе првиот пораз на овогодинешното Светско првенство од селекцијата на Холандија 32:37 (15:18), во второто коло од прелиминарната фаза на планетарното првенство. Прилично тензичен натпревар, полн со тензии со многу исклучувања за нашиот тим, одлуки на данските судии кои баш и не им се допаднаа на македонските навивачи, а сето тоа предизвика голема фрустрација кај споменатите македонски навивачи во ...
Отвореното првенство на Австралија одлучи да ги покрие ходниците на Род Лејвер арената со камери кои непрекинато ги снимаат тенисерите, па овојпат можеме да видиме ексклузивни содржини – како играчите се загреваат, разговараат по ходниците, се консултираат со тренерите и многу повеќе. Така, пред натпреварот помеѓу Новак Ѓоковиќ и Хаиме Фариа, еден детал привлече големо внимание, бидејќи навивачите забележаа дека Ѓоковиќ се појави со превез за ...
Холанѓаните, предводени од легендарниот Швеѓанец Стафан Олсон, постигнаа три гола во последните три минути и славеа со 37-32, а судиските одлуки запалија искра на трибините во Вараждин, на кои доминираа навивачите на Македонија. Додека играчите се редеа за церемонијата за доделување на „Играч на натпреварот“, македонските навивачи почнале да фрлаат разни предмети кон Холанѓаните. Навивач на Македонија го плукнал селекторот Олсон според ...
Македонскиот голман Столе Димитриевски е член на Валенсија, а наскоро би можеле да имаме тројца играчи во Ла Лига. Според пишувањата на „Скај“, а ги пренесе новинарот Филип Хинзе, Валенсија го сака Елиф Елмас на шестмесечна позајмица. Имено, како што пишува, првичните контакти помеѓу Валенсија и Лајпциг се остварени, па нема да биде ништо чудно доколку биде постигнат договор па Елмас да стане соиграч на Димитриевски. Претходно, шпанскиот весник ...
Јувентус вечерва го победи Милан со 2:0 во домашен натпревар од 21. коло во италијанскиот фудбалски шампионат. Стрелец на првиот гол беше Самуел Мбангула во 59. минута. Пет минути подоцна Тимоти Веа го зголеми водството на домаќините. Јувентус ја прекина серијата од четири порази во сите натпреварувања и се искачи на четвртото место во Серија А со 37 бодови, додека Милан го претрпе првиот пораз на девет натпревари. Тимот има 31 бод и се наоѓа ...
Најголемиот трансфер во јануарскиот преоден рок доби официјална потврда, бидејќи Пари Сен Жермен го претстави Kвича Кварацхелиja (23)! За преселбата на Грузиецот од Наполи во ПСЖ се шпекулира со недели, а сагата заврши синоќа бидејќи Кварацхелија потпиша четири и пол годишен договор со клубот од Паркот на принцовите. На дресот ќе го носи бројот 7. Според информациите ПСЖ на Наполи ќе му плати 70 милиони евра. Le premier jour de Khvicha ...
Македонскиот ракометар Милан Лазаревски се осврна на поразот од Холандија вчеравечер во Вараждин на Светското ракометно првенство 2025. Македонија загуби со 37:32, во меч на кој „главната улога“ ја имаа судиите. – Единствено нешто што ги издвојува Холанѓаните е нивната брза полуконтра и контра. Не се физички супериорни. Транзицијата им е извежбана до перфекција и колку да се подготвуваш, едноставно тешко е да им се спротивставиш на натпревар. ...
Македонскиот ракометар Павле Атанасијевиќ ги искажа своите впечатоци за натпреварот со Холандија вчеравечер во Вараждин на Светското ракометно првенство 2025. Македонија загуби со 37:32, во второто коло во Д-групата. – Холандија предноста ја направи при крајот на првото полувреме. Ние направивме некои грешки со враќањето во одбрана. Но ќе кажам дека сум горд на нашиот тим. Прикажавме добра борба. Судиите имаа некои одлуки во корист на ...
Угледниот шпански весник „АС“ објави дека Енис Барди се враќа во Шпанија. Како што пишува овој медиум, македонскиот репрезентативец веќе има начелен договор со Реал Ваљадолид, чиј сопственик и претседател е легендарниот бразилец Роналдо. Деталите не се познати, но АС тврди дека има начелен договор, кој се очекува да биде реализиран во следните неколку дена. Барди само треба да ги договори личните услови, бидејќи ќе дојде како слободен играч ...
На предлог на спортскиот директор на Национални репрезентации, Горан Пандев и техничкиот директор на ФФМ, Ѓорги Христов, Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија ги прифати предлозите за нови селектори на младинските национални репрезентации: Димитар Капинковски е назначен за селектор на македонската репрезентација до 18 години (генерација 2008.). Капинковски е поранешен репрезентативец на Македонија и тренер на битолски ...
ФФМ одржа Управен одбор на кој се донесени неколку одлуки. Данчо Масев е именуван за директор на А репрезентацијата на Македонија. Поранешниот македонски репрезентативец се враќа на позицијата која ја извршуваше од јуни 2018 до ланскиот септември. Масев беше директор на најдобрата репрезентација во моментите на најголемиот успех – пласманот на Европското првенство и освоеното прво место во последното издание од Лига на нации. Игор Митревски е ...
Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, смета дека мора да се внимава со пофалбите кон Амад Диало откако напаѓачот од Брегот на Слоновата Коска со „хет-трик“ обезбеди победа од 3-1 над Саутемптон. Диало го предводеше својот тим до многу потребниот успех, станувајќи вториот најмлад играч на Јунајтед кој постигнал три гола на еден натпревар во Премиер лигата по Вејн Руни. -Важно беше да победиме, а тој ни помогна. Но, треба да бидете ...
Генералниот секретар на Ракометната федерација на Македонија, Филип Милошевски, најави дека РФМ ќе поднесе жалба до ИХФ за делењето на правдата на средбата со Холандија. -За 12 години во ракомет не сум видел натпревар со повеќе пенали, повеќе украдени топки, повеќе искалкулирани фаули. Во превод… дробење. Досега ретко сме се жалеле, може двапати до сега, ама ова беше под секое спортско достоинство. РФМ ќе поднесе жалба, но без оглед на ...
Ракометната репрезентација на Македонија вечерва од 18 часот ќе го одигра дуелот со Холандија од второто коло на Светското првенство. Нашите репрезентативци во првиот натпревар од ракометниот мундијал одиграа нерешено против Унгарија (27-27). Единствениот меѓусебен дуел досега со Холанѓаните беше пред две години на Светското во Полска каде загубивме убедливо со 34-24 во Краков. Во Вараждин повторно се очекува голема поддршка од македонските ...
Македонската ракометна репрезентација доживеа пораз на вториот меч од СП во Вараждин, од селекцијата на Холандија со 37:32. Иако пет голови е разликата, мора да се признае дека момците на Кире Лазаров одиграа солиден меч. Точно е дека направија голем број на грешки, кои се резултат веројатно на младоста, неискуството, а можеби дел и поради судењето. Да, на овој меч во најмала рака имаше „чудно“ судење, црвени картони, два за Македонија и дури ...
Македонската ракометна репрезентација на првиот меч на СП во Вараждин одигра 27:27 против фаворизираната Унгарија. Вечерва во 18 часот го игра вториот меч од ракометниот мундијал, а противник е исто така уште еден фаворит Холандија. Многу нешта за пласман во следната рунда секако зависат од овој исход. Сепак, самите ракометари велат дека се подготвени и дека со поддршката од трибините ќе биде ветер во грб за нив. Македонија има свои фанови, кои ...
Десното крило на македонската ракометна репрезентација, Ненад Костески е оптимист пред утрешниот натпревар со Холандија во второто коло на Светското првенство 2025. – Од натпреварот со Унгарија ги извлековме добрите работи, лошите ги тргнавме на страна. Утре не очекува брза и подготвена репрезентација. Ги анализиравме добро и се подготвивме за нивната игра. Тие имаа различен стил од Унгарија. Нема да биде лесно. Мора да им ја спречиме нивната ...
Се чини дека деновите на Нејмар во Ал-Хилал се избројани откако тренерот на тимот, Жорже Жесус изјави дека Бразилецот повеќе не е играч каков што беше. -Нејмар е од светска класа, но физички веќе не може да настапи на нивото на кое сме навикнати да го гледаме, коментира тренерот. Тој додаде дека 32-годишниот Бразилец нема да биде вклучен во натпреварите на тимот во азиската Лига на шампиони. Нејмар се уште нема играно во сезоната на ...
Ѕвездата на Наполи, Хвича Кварацхелија објави порака на својот Инстаграм профил со која се збогува со навивачите на тимот. Грузискиот репрезентативец се смета за сигурно ново засилување за францускиот шампион Пари Сен Жермен. -Ова е тешка одлука за мене, но време е да се збогувам. Поминав неверојатно време овде, споделивме одлични спомени заедно и доживеавме неверојатни емоции. Неапол беше мојот дом и тука се чувствував фантастично ...
Фудбалската јавност во Англија утрово доби голема вест. Ерлинг Халанд го продолжи договорот со Манчестер Сити, потпишувајќи договор на неверојатни девет и пол години. 🚨🔵 Erling Haaland has signed new deal at Manchester City valid until June 2034! The agreement is valid for 9.5 years, as revealed by @David_Ornstein — with record salary for City 🇳🇴🤝🏻 ℹ️ There will be release clause valid from 2029 but only available at very high numbers. ...
Фудбалерите на Реал Мадрид се мачеа да се пласираат во осминафиналето од Купот на шпанскиот крал, морајќи да одиграат тежок натпревар против Селта Виго. По ремито 2-2 во регуларното време, Реал на крајот победи со 5-2. Кралскиот клуб имаше тежок период зад себе, губејќи ја битката за трофејот од шпанскиот Суперкуп по тешкиот пораз од Барселона во финалето (5:2). Сепак, мадридскиот тим синоќа покажа знаци на опоравување, иако не беше воопшто ...
Двократниот освојувач на Лигата на шампионите и поранешна ѕвезда на Португалија и Реал Мадрид, Фабио Коентрао (35) е уапсен со повеќе од еден тон морска храна на илегална фарма. Од Португалија пристигнува малку неверојатна вест. Локалниот весник Jornal de Noticias пишува дека поранешниот португалски ас бил уапсен со повеќе од еден тон морска храна на илегална фарма што ја изнајмил пред седум месеци во рибарското пристаниште Повоа де Варзим. ...
Париз прави безбедносни аранжмани пред кошаркарскиот натпревар од Евролигата меѓу Париз и Макаби Тел Авив закажан за четврток навечер. Ќе бидат распоредени вкупно 600 полицајци, поради ситуацијата на Блискиот Исток, како што информираат од париската полиција. Во декретот издаден во средата, префектурата рече дека натпреварот може да се „смета како примарна и симболична цел за терористички акти“, во услови на „актуелен контекст на многу високо ...