Еден модел на фустан на модниот бренд Манго стана вирален на Инстаграм и ТикТок и е многу баран, бидејќи изгледа како дизајнерско парче и е прикладен за разни забави како свечена вечера, а уште повеќе како избор за гостинка на некоја пролетно-летна свадба. Фустанот е долг, плисиран и со асиметричен крој, го има во неколку бои и шари, но најбарани се моделите во темновиолетова и боја на циклама. Има големо побарување за овој фустан, на на ...

Во рамките на 51. издание на фестивалот „Мајски оперски вечери“ 2023 на 26 мај со почеток во 20 часот ќе се изведе едно од најмоќните и најдраматичните дела во историјата на класичната музика, „Реквием“ на италијанскиот музички мајстор Џузепе Верди. Диригент е гостинот од Бугарија, Емил Табаков, концерт-мајстор е Владимир Костов, а хор-мајстор е Ѓурѓица Дашиќ. Настапува Хорот на Националната опера и балет и Оркестарот на Филхармонија на Северна ...

Без разлика на најновите модни трендови, пругастата кошула останува како парче облека кое постојано се наоѓа во нашиот плакар и на полиците на продавниците, заедно со белата и класичната сина кошула. Оваа пролет ќе се заиграме со кошулите во сино-бели линии, во класичен крој или со трендовски широки димензии, погодни за деловен изглед, но и за лежерни пролетни пригоди. Редовите од дебели или тенки бели и сини риги лесно ќе се вклопуваат во ...

Утре, 20 мај, со почеток во 11 часот, Општина Центар во Паркот на франкофонијата организира „Екопикник“ со забава и активности по повод одбележување на Меѓународниот ден на семејството. Со цел промоција на локалните производи, излагачи на настанот ќе бидат македонски производители на храна и пијалаци. Во музичкиот дел ќе настапат децата од градинките и основните училишта како и Здружението на пензионери и Ансамблот „Кочо Рацин“ од Општина ...

Една од нашите најпознатите манекенки Елена Реи која што со години гради успешна интернационална кариера, од февруари повторно престојува и работи во Азија, и е ангажирана во повеќе фотосесии и кампањи за бројни модни брендови. Успех и што Елена повторно соработуваше со светски познатата дизајнерка Дајен Вон Фурстенберг и се појавува на фотографиите кои може да се видат и на веб страницата на Diane von Furstenberg (DvF). Заштитен знак на Вон ...

Најточна проверката на здравствената состојба се добива со анализа на крвта, каде се покажуваат првите знаци доколку нешто не е во ред. Со сеопфатна анализа на крвта се идентификува зачетокот на многу заболувања и воопшто работата на органите и целиот систем. Тоа е алармот за да се делува превентивно и да се спречи развој на одредени заболувања, или пак рано да се открие појавата на некоја болест. Факт е дека, кога одредена состојба е откриена ...

Изложбата „Во цут“ на дизајнерот Горан Костовски – Ind.o.g. ќе биде отворена на 18 мај во Мобилна/Монтажна галерија на Центарот за современи уметности, локација: Парк на Франкофонијата со почеток во 18:30 часот. Изложбата „Во цут” се состои од платна, слики и графики цртани изминативе две години. Таа има за цел да ја претстави пролетта и самото будење на природата. Авторот се поистоветува со будењето на природата како фаза за себе будење низ ...

Пушачите кои немале намера да ги остават цигарите или претходно имале проблеми да ги остават, во целост преминале на помалку штетни алтернативи кои го загреваат тутунот кога им биле понудени, се резултатите од новата студија. Првата студија од овој вид позната како CEASEFIRE опфати 220 учесници, кои во просек имале 41 година, пушеле околу едно пакување дневно и имале два претходни обиди да ги остават цигарите. Испитаниците биле поделени во две ...

„Сара фешн“ ви ја претставува новата колекција костими за капење „Sara Fashion Swimwear“ под мотото „Let’s make summer memories together“ или „Да создаваме летни спомени заедно“. Колекцијата изобилува со различни оригинални модели на костими за капење во кои лесно ќе се пронајде секоја девојка/жена. Велат дека секое лето е исто, она што го прави различно се спомените што сами ги создаваме. Од „Сара фешн“ со оваа колекција сакаат да истакнат ...

Пред само два дена на барање на модната агенција Елит (Elite) од Милано, нашиот интернационален модел Андреј Пајмакоски замина за Милано за да потпише ексклузивен договор. Еlite Model Management и денес е една од трите светски водечки модни агенции во светот. Манекенот Андреј имаше успешна година позади себе каде изработи голем број кампањи и едиторијали, меѓу кои за Дона Матоши (Косово), Спорт Вижн (Србија), Replay (Косово), како и последната ...

Модниот бренд Манго во својата машка колекција претставува модни стилови за овој период во лежерен и софистициран стил, илустрирани преку фотосесија замислена како викенд патување во Мароко. Доследен на својата препознатлива естетика, брендот Манго ја нагласува префинетата палета на бои на неутрални тонови, нудејќи разноврсна и трајна гардероба за модерниот маж. Облеката инспирирана од Маракеш без никаков напор го премостува јазот помеѓу ...

Да се пронајде производ што создава убаво и луксузно чувство, кожата брзо го впива а има само минимален мирис е важно за секојдневната рутина. Вистинска награда за секоја жена која внимава на својот изглед! Притоа, да функционира беспрекорно со хидратантниот крем што обично се користи потоа, а кожата да изгледа и да биде мека цел ден. Додавањето на висококвалитетен производ во рутината за нега на кожата е чекор број еден за оние што се борат со ...

Секој саем е важен и со своја убавина, но јубилеите секогаш се очекува да се во посјајно издание. 35. Меѓународен Саем на книга и официјално е отворен, а оваа година оваа омилена културна манифестација за многумина и не е изненадување што со својот старт ги исполнува сите очекувања на љубителите на пишаниот збор – и тоа со официјално започнување на најбогатата програма во својата историја. -Оваа година, чест ни е што јубилејно ја одбележуваме ...

Четвртото издание на фестивалот „Крај Вардарот Џез“ во организација на дискографската куќа „ПМГ Џез“ ќе биде отворено на 18 мај. Трите фестивалски вечери ќе се случуваат на малата сцена во Македонската филхармонија и во Младинскиот културен центар. Организаторите предвидуваат најквалитетна и најразновидна програма досега и неколку промоции на нови музички изданија. Фестивалот е дел од програмата за размена на фестивали („FEX-Festival Exchange“) ...

Доколку ги рангираме и разгледуваме најздравите навики, коишто може да ги поседува модерниот човек, која би била на прво место? Во дигитално доба со намален фокус и примање на информации, најздравата навика на човекот дефинитивно би требало да биде токму читањето. Но зошто само модерниот? Читањето е и би требало да биде бeзвременска навика во секоја претстојна година, декада, век. Главната причина? Читањето нè прави луѓе. Можеби најочекуваната ...

Првиот понеделник во месец мај резервиран е за гала настанот во Музејот на современа уметност Метрополитен во Њујорк – Мет Гала, како најважен моден настан во годината. А оваа година темата на свечениот настан и на модната изложба е „Карл Лагерфелд: Линија на убавина“, посвета на познатиот моден дизајнер кој освен за својот бренд, рабоше за славни модни куќи, назначајни се децениите поминати во Шанел. На црвениот килим на вчерашната Мет Гала ...

Издавачката куќа „Кооперација“ на 6 мај (сабота) во 12.00 часот во КСП Центар – Јадро, Скопје, ќе одржи промоција на новата детска сликовница „Чуварот на ѕвездите“ чиј автор е Лира Џокиќ, стручно лице по корпоративни комуникации и односи со јавноста. Кариерниот пат ја води постојано во иста насока – работа на полиња кои пред сè бараат креативност и умешност со зборови: од односи со јавност и „copywriting“, до традиционален и дигитален ...

Од 4 до 7 мај, во организација на Скопје Сити Мол и во соработка со Занаетчиска комора Скопје ќе бидат отворени „Денови на филигранство и накит“, настан на кој ќе се претстават 23 „артизанс“ индивидуалци – уметници. Ова е единствена можност на едно место да се видат рачно изработени уметнички форми на накит од сребро, бакар, челик, преку епоксидна смола, чисто сребро 925, полимерна глина, до керамика, плексиглас и мурано стакло. Најголем дел од ...

Општина Центар и оваа година ќе организира настан „Прослава на роденденот на Горан Стефановски“. Годинешното одбележување ќе биде потенцирање на неговата љубов кон рокенролот и по тој повод ќе биде изведен музичко-драмски перформанс кој ќе вклучува извадоци од неговата театарска претстава „Лонг плеј“. На перформансот ќе настапат артистот Александар Микиќ, заедно со музичарите Мирко Попов, Дина Јашари, Марија Каева и Владан Дробицки, во режија ...

Организаторите на десет километарската трка која станува се повеќе популарна помеѓу граѓаните на Скопје, но и цела Македонија, ХалкЕко Скопје трча 10км, најавија дека пријавувањето ќе се затвори на 28 април (петок) или до пополнување на бројката од 1500 учесници. Оваа трка е втора трка во Македонија, после ВизЕр Скопскиот маратон, која се здоби со меѓународен сертификат од АИМС и Светска Атлетика и сите постигнати резултати и норми ќе бидат ...

Лоба и Her Line ја лансираа спортската шик лајфстајл линија за сезона пролет-лето 2023 Blooming Monochrome Македонскиот бренд Her Line заедно со пејачката Викторија Лоба како бренд амбасадор и сега за прв пат во улога на креативен дизајнер ја претставуваат новата модна колекција за сезоната пролет-лето 2023 Blooming Monochrome – лајфстајл линија за жени и девојки. Спортскиот шик и минимализмот се главниот печат на линијата Blooming Monochrome и ...

Модниот бренд Pinko за кампањата за пролет-лето 2023 ја ангажира славната манекенка Ирина Шајк, веќе видивме дел од кампањата наречена Neverland, а во новата (ноќна) фотосесија за оваа сезона Ирина позира во неколку модели во кои доминира цветниот дезен. Цвеќињата цветаат дури и ноќе, велат од брендот алудирајќи дека во Neverland-светот на Pinko сè може да се случи. Манекенката Шајк позира во припиени комбинезони и хеланки, фустани кои ги ...

Уживањето во светот на секоја нова книга е уникатно чувство, а скоро секогаш за љубителите на читањето се категоризира како незаменливо. Но, доживувањето и искусувањето на нова книга во рацете е нешто сосема уникатно и посебно, коешто не може целосно да се замени и спореди со читање на истиот наслов во аудио или електронски формат. Мирисот на нова книга дефинитивно ја најавува пролетта, а со тоа и годинешното 35. издание на Меѓународниот Саем ...

Македонскиот филм „Преекспонирано” на Елеонора Венинова наскоро ќе се најде во македонските кина, а сега може и да се погледне возбудливиот трејлер кој остава многу неодговорени прашања. Светската премиера на филмот „Преекспонирано” се случи на А фестивал во официјална конкуренција на Меѓународниот филмски фестивал во Каиро, кој се одржа од 13 до 22 ноември, минатата година. Азиската премиера, пак, се одржа на Меѓународниот филмски фестивал во ...

Моделот Павле Николовски веќе добро познат лик во модниот свет неодамна се врати од Абу Даби и Дубаи каде работно престојуваше две недели. Овој пат македонскиот манекен со интернационална кариера се појави во новата кампања за унисекс накитот создаден од дизајнерката и уметница Јелена Мандиќ – Urijell („Урилеј“). Големото искуство и професионалноста на нашиот модел го воодушеви целиот тим, а за ова модно искуство Павле вели: „Магично и ...

Ефикасна, а ултралесен крем за заштита од сонце. Да, постои! Повеќето луѓе поминуваат многу време на отворено, а понекогаш и не забележуваат дека се изложени на сонце во голема мера. Сепак, честа е борбата да се најде соодветна крема за сончање што обезбедува висока заштита без да се има тешко чувство на кожата. Користењето на крем за заштита од сонце може да биде непријатно ако остава лепливи остатоци на кожата и облеката. Ова може да биде ...

Иновативниот електронски уред IQOS за загревање на тутунот, кој претставува подобра алтернатива во однос на цигарите, ќе може да се најде на мобилната IQOS зона, што сега е поставена пред трговскиот центар Поинт Ритејл Парк. Работното време на ова IQOS продажно место е од понеделник до сабота од 10:00 до 22:00 часот, додека недела и државните празници се неработни денови. Овој уред е достапен и кај продажните партнери во повеќе други градови во ...

Во склоп на серијалот „Саеми во пролет“, Скопски Саем со поддршка од Министерството за култура на РСМ, како Покровител на саемот го организира 35. Меѓународен Саем на книгата, кој годинава се одржува под мотото „Мирисот на нова книга ја најавува пролетта“. Годинешното издание на еден од најомилените саеми во државата, ќе се одржи од 4 до 10 мај, во Арена „Борис Трајковски“, каде „мирисот на нова книга“ на изложените штандови на над 50 учесници, ...

Конкурсот кој е отворен до 30 април е наменет за професионални илустратори, а во рамките на темата „Свет со љубов“ треба да бидат изработени илустрации за деца Откуп на професионални илустрации ќе врши Меѓународниот фестивал за литература и илустрација за деца „Литера“ во рамките на конкурсот за авторски илустрации на тема „Свет со љубов“. Конкурсот се организира во рамките на 5. издание на фестивалот „Литера“ што ќе се одржи од 23 до 27 мај во ...

Италијанскиот бренд за кожни производи Furla ја претстави својата прва чанта од биоразградлива кожа Unica Furla Earth Limited Edition, реализирана во соработка со Cyclica. Заштитно лице во кампањата што ја промовита оваа колекција на биораградливи чанти во неколку бои е манекенката Ирина Шајк. Во соработка со компанијата Cyclica, ова е првата чанта од биоразградлива кожа со знакот „Made in Italy“. Италија со векови го има имиџот на земја со ...

weather icon

Белград

12ᴼ / 12ᴼ
6.17
70%
1009
weather icon

Загреб

6ᴼ / 5ᴼ
1.03
89%
1010
weather icon

Софија

10ᴼ / 7ᴼ
7.72
82%
1009
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
6.97
84%
1011
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
0.51
93%
1011
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
4.12
91%
998
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
87%
1003
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
0.0
93%
1004
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 10ᴼ
8.75
85%
1014
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 8ᴼ
4.12
89%
1012
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 16ᴼ
3.09
55%
1007
weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
0.51
93%
1006
Currency

61.6317

Currency

52.9313

Currency

70.5054

Currency

35.0241

Currency

37.9139

Currency

65.8833

Currency

7.47946

Currency

0.69596

Currency

0.34214

Currency

0.52516

Currency

1.24405

Currency

0.58801

Никел

471972.96

Иридиум

145787.60

Паладиум

45879.12

Бакар

10.76

Родиум

255598.44

Кобалт

55.67

Платина

53106.37

Злато

135322.28

Алуминиум

2.89

Сребро

1837.41

Калај

40.11

Рутениум

29192.88