Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Федералната администрација за воздухопловство (FAA) ги повика пилотите да бидат „претпазливи“ кога летаат над делови од Тихиот Океан во близина на Латинска Америка, предупредувајќи за зголемена воена активност во регионот, објави „Њујорк тајмс“. FAA издаде седум известувања до пилотите (NOTAM), кои го покриваат воздушниот простор над водите на Тихиот Океан покрај бреговите на Мексико, Колумбија, Еквадор и Панама. Се очекува предупредувањата ...
Предлог-законот за заштита од пушењето, подготвен од Министерството за здравство, предвидува забрана за пушење во затворени јавни и работни простории, во согласност со европските стандарди и препораките на Светската здравствена организација. Со ова се воспоставува јасно и универзално правило кое ги штити сите граѓани, без исклучоци и без сиви зони. Според јавноздравствените стандарди, пушењето е личен избор, но заедничкиот затворен простор не ...
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против маж и жена кои како соизвршители се товарат за – Помагање на сторител по извршено кривично дело, казниво според член 365 став 2 од Кривичниот законик. Обвинетите, на 9 јануари, заедно со умисла му помогнале да побегне на лице осомничено за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот и за неукажување помош на повредена во сообраќајна незгода. Со автомобил ...
Селекторот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров, истакна дека Македонија треба да се води и учи токму од противниците на Европското првенство – Данска и Португалија. Според него не треба да играме „македонски“ ракомет, и дека нивото на репрезентацијата и клубовите во Македонија треба да биде на уште повисоко ниво. „Треба да се водиме и да учиме и од Данска и од Португалија. Не смееме да играме „македонски“, како што се игра ...
Зголемените нивоа на холестерол во крвта, доколку не се препознаат навреме, можат да го зголемат ризикот од кардиоваскуларни заболувања, атеросклероза и други сериозни здравствени состојби. Посебен проблем е што покачениот холестерол обично не предизвикува видливи симптоми на почетокот. Клиничката нутриционистка д-р Олга Личина објасни во кои ситуации холестеролот сè уште може да даде одредени предупредувачки знаци и како треба да се хранат ...
Руските сили ноќеска извршија напад врз Украина, погодувајќи ја инфраструктурата во регионите Киев и Одеса, оставајќи 56.000 семејства без струја. Приватната енергетска компанија ДТЕК Груп соопшти дека енергетските работници веднаш ја обновиле критичната инфраструктура, додека целосната реставрација сè уште е во тек, отежната од ниските температури, објави Укринформ. Итни прекини на електричната енергија се пријавени и во областите Бровари и ...
Белата куќа на САД ги објави имињата на членовите на таканаречениот „Мировен комитет“, кој ќе ја надгледува привремената администрација во Појасот Газа. Меѓу членовите на комитетот се државниот секретар на САД, Марко Рубио, специјалниот претставник на САД, Стив Виткоф, зетот на американскиот претседател Доналд Трамп, Џаред Кушнер, и поранешниот британски премиер Тони Блер. Според Ројтерс, претседател на телото ќе биде самиот Трамп. Кон ...
Велика Британија, Финска, Франција, Германија, Холандија, Норвешка и Шведска најавија распоредување на помалку војници во Гренланд како одговор на воинствената реторика на претседателот Трамп. Претседателот на САД, Доналд Трамп, предупреди дека САД може да го напуштат НАТО ако американските сојузници не се согласат со преземањето на Гренланд од страна на САД. На прашањето дали би го напуштил НАТО ако не им помогне со Гренланд, Трамп одговори: ...
Ни претстојат три големи празници во низа. Се верува дека треба да ги правите овие работи за да ви се остварат најголемите желби. Богојавление, Водици и Свети Јован Крстител, три големи празници следат еден по друг. Секој има свои верувања и обичаи, а сите се поврзани со крштевањето на Исус Христос. Крстовден Македонската православна црква и нејзините верници го слават Крстовден на 18 јануари. Празникот е поврзан со Богојавление и крштевањето ...
Најниска минимална температура изутринава е измерена на Попова Шапка -4 степени, а највисока во Гевгелија 6 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи Скопје. Во Скопје-Петровец измерена e утринска температура од -3, потоа -2 Тетово и Mаврови Анови, -1 во Штип и Берово, 0 во Скопје-Зајчев Рид, Куманово, Демир Капија, Кавадарци и Kрушево, 1 степен во Крива Паланка, Прилеп, Струмица и Велес, 2 во Охрид, Претор и Битола и 3 ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираат од АМСМ. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, ...
Според податоците од страната „Ер Кер“(Аir care), неколку градови во Македонија денеска се екстремно загадени, а на водечка позиција е Струмица, каде во најзагадените делови индексот изнесува 399. За второто место утрово е „мртва трка“ помеѓу Куманово, каде индексот на загаденост изнесува 255, и Скопје со индекс на загаденост 247. После нив следуваат Кавадарци и Крушево, каде индексот на загаденост изнесува 164, односно 176. Скопје утрово се ...
Големи протести против амбициите на американскиот претседател Доналд Трамп да го преземе Гренланд се очекуваат денес во неколку дански градови, како и во главниот град на Гренланд, Нуук. На социјалните медиуми, илјадници луѓе ја објавија својата намера да учествуваат во протести во Гренланд и во Данска, во Копенхаген, Архус, Алборг и Оденсе, на иницијатива на неколку гренландски организации. – Целта е да се испрати јасна и едногласна порака ...
Во Франција за прв пат е поднесен парламентарен предлог со кој се бара повлекување на земјата од НАТО, а иницијативата ја покрена заменик-претседателката на Националното собрание и членка на левичарската партија „Непокорена Франција“ (LFI), Клеманс Гете. Резолуцијата повикува на раскинување со западниот воен сојуз и доаѓа во време на растечки сомнежи за улогата на САД и насоката на европската безбедносна политика, објавува „Берлинер Цајтунг“. ...
САД може да се повлечат од НАТО, изјави поранешниот генерален секретар на алијансата Јенс Столтенберг. Според него, ова би можело да се случи ако САД сакаат да ја преземат контролата врз Гренланд. „Ништо не е трајно, сè може да се промени. Не можам да ветам дека САД ќе останат во НАТО и ние мора да го сфатиме ова сериозно“, рече Столтенберг во интервју за Шпигел. Тој нагласи дека треба да се преземат мерки за зачувување на блокот „без оглед ...
Македонија има значаен, но сè уште недоволно искористен туристички потенцијал. Културното наследство, природните убавини и автентичните искуства ја издвојуваат земјата како привлечна европска дестинација. Охрид, планините и руралните подрачја нудат можности за одржлив и „slow travel“ туризам, смета шпанската советничка за туризам, Бланка Перез Саукило, која неодамна престојуваше во Македонија. Во интервју за весникот ВЕЧЕР, таа истакнува дека ...
Синоптичарите за денеска најавуваат слаби локални врнежи од дожд на пониските места, а на повисоките места и на планините од снег. По одредени котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 6 степени. Во Скопје, променливо облачно со слаби локални врнежи од дожд и појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до 0, а ...
Иранскиот престолонаследник Реза Пахлави, кој е во егзил, ја повика меѓународната заедница активно да им помогне на иранските демонстранти во соборувањето на владата во Техеран, велејќи дека падот на Исламската Република е неизбежен. „Исламската Република ќе падне – не ако, туку кога“, рече Пахлави на прес-конференција во Вашингтон, каде што го започна својот говор со минута молчење за, како што рече, „храбриот ирански народ“. Протестите во ...
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 51-годишен скопјанец поради основано сомнение дека сторил кривично дело телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, како и загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Според наводите на обвинителството, на 14 јануари, во видно алкохолизирана состојба, осомничениот ја нападнал својата партнерка во дом во ...
Мајката на едно од децата на американскиот милијардер Елон Маск, инфлуенсерката Ешли Сент Клер, ја тужи неговата компанија „ИксВИ“ поради сексуализирани длабоки фејкови на социјалната мрежа „Икс“, објави денес „Би-би-си“. Во тужбата поднесена во судот во Њујорк се тврди дека алатката за вештачка интелигенција, „Грок ВИ“ (Grock AI), создала сексуално експлицитни слики од Ешли Сент Клер од фотографии на кои таа била малолетна. „Имаме намера да ...
Првата Млада Месечина во 2026 година ќе се случи на 18 јануари во знакот на Јарец, давајќи можност за усогласување на желбите и поставување цели за претстојниот шестмесечен период. Младата Месечина претставува почеток на нов циклус и е идеално време за поставување намери. Иако секој може да ја користи оваа енергија за манифестација, астролозите на „Парејд“ истакнуваат дека четири хороскопски знаци се особено предодредени за успех. Значење на ...
Американските сенатори пристигнаа во Копенхаген, но не за да го побараат Гренланд, туку за да ја уверат Данска дека не стојат зад барањето за преземање на островот. Но, Белата куќа не се откажува, пишува Н1. Американскиот пратеник во Гренланд, Џеф Ландри, повтори дека Трамп е сериозен во врска со Гренланд и тврди дека е можен договор за територијата. И додека тој вели дека ќе оди на островот во март, американските пратеници се во Данска за, ...
Годишната инфлација во Русија изнесуваше 5,59 проценти во декември 2025 година, објави денес руската национална статистичка агенција „Росстат“. Ова е пад од повеќе од еден процент во споредба со 6,64 проценти еден месец претходно, објави „ТАСС“. На месечна основа, потрошувачките цени пораснаа за 0,32 проценти. Цените на храната пораснаа за 0,43 проценти месечно во декември, а за 5,24 проценти годишно. Цените на непрехранбените производи се ...
Еден од новите борбени авиони „Рафал“ на хрватските воздухопловни сили мораше да го откаже планираниот лет во четврток поради технички проблеми што се случија при полетувањето. Кратко по полетувањето, пилотот одлучи да се врати и да слета во воената база во загрепското Плесо, објавува Dnevnik.hr. Според неофицијални информации, имало проблеми со повлекувањето на тркалата. Во моментов нема официјални изјави за причините што доведоа до ...
Премиерот, Христијан Мицкоски при пуштањето во употреба на реконструираната спортска сала во кратово најави дека годинава се предвидени над 160 проекти во областа на образованието. –И овој објект е дел од тие инвестиции. Повеќе од 160 до 170 проекти ширум државата се предвидени за инвестирање во делот на образованието, училишта, студентски домови, итн. Ова е нешто што претставува императив за оваа Влада – изјави Мицкоски. Премиерот истакна ...
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова вели дека нема промени во односите со САД и покрај одлуката за привремено ставање на пауза на постапките за издавање иселенички визи за 75 земји, меѓу кои е и Македонија. – Се разбира дека нема. Тоа е американска национална политика и веројатно САД не изолираа 75 земји, рече вечерва Сиљановска Давкова, во гостување на ТВ Сител. За мене, дополни таа, тоа беше очекувана мерка заради рестриктивната ...
Македонската ракометна репрезентација со пораз го почна Европското првенство во Данска, Шведска и Норвешка. Светскиот и олимписки првак, Данска, славеше во преполната „Јуске Банк Боксен“ во Хернинг со 36:24 (17:12). Сепак, нашиот национален тим имаше и позитивни моменти, особено во првото полувреме, но немаше сили за подвиг. Најефикасни во данскиот состав беа Питлик со девет и Гидсел со осум гола, а кај Македонија се истакнаа Серафимов со ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес изјави дека „се убедил себеси“ да не преземам воена акција против Иран, делумно затоа што Техеран објави дека нема да ги егзекутира уапсените демонстранти. „Никој не ме убеди, јас се убедив себеси“, рече Трамп, пренесува „Си-ен-ен“. Според него, веста дека Иран нема да ги егзекутира уапсените демонстранти го навела да размисли за откажување од воена интервенција. „Тие планираа вчера да обесат 800 луѓе ...
Азербејџанската државна енергетска компанија „СОКАР“ (SOKAR) почна да испорачува природен гас за Германија и Австрија, објави „Ројтерс“. „СОКАР“ денес објави дека започнала со испорачување гас на пазарите во јужна и централна Европа преку Трансјадранскиот гасовод, европскиот сегмент од Јужниот гасен коридор. „Снабдувањето преку Италија до Австрија и Германија дополнително го проширува географскиот дострел на азербејџанскиот гас во Европа. Со ...
Членовите на Европскиот парламент повторно ќе разговараат за гласањето недоверба против претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Тие ќе го сторат тоа на барање на парламентарната група „Патриоти за Европа“, поради трговскиот договор со земјите од Латинска Америка. Гласањето, за кое се верува дека ќе биде неуспешно, е закажано за четврток. Урсула фон дер Лајен одлучи да не присуствува на дебатата за гласање недоверба, но ...