Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека државата нема какви било предизвици во синџирот на снабдување со нафта и нафтени деривати и оти имаме најевтини горива во регионот потенцирајќи дека со керозин кај нас се снабдуваат неколку аеродроми од регионот, покрај набавката на горива што ја прават граѓаните од соседните држави кај нас на бензинските станици на пограничните места. Доколку се случи таков предизвик, рече денеска Мицкоски, тогаш ...

„Алкалоид“ АД Скопје повторно ја доби довербата на јавноста и беше прогласен за најпосакуван работодавач за 2025 година четврти пат по ред, според анкетата на веб порталот „Вработување.ком“. Наградата, која беше врачена во рамките на манифестацијата организирана од „Вработување.ком“, се базира на национално истражување за перцепцијата и за искуствата поврзани со работодавачите во земјава. Континуитетот на ова признание за нас има особено ...

Европа наскоро би можела да се соочи со сериозни прекини во воздушниот сообраќај. Залихите на гориво за авиони би можеле да снемаат за само шест недели, што ќе доведе до откажување на летови во екот на летната сезона, предупреди шефот на Меѓународната агенција за енергија (ИЕА). Извршниот директор на ИЕА, Фатих Бирол, ја опиша моменталната ситуација како „најголемата енергетска криза со која некогаш сме се соочиле“ и повика на итно повторно ...

Франција и Велика Британија ќе претседаваат со состанок на околу 40 земји во петок, со цел да им сигнализираат на Соединетите Американски Држави дека некои од нивните најблиски сојузници се подготвени да играат улога во враќањето на слободата на пловидба во Ормутскиот теснец кога условите ќе дозволат. Иран во голема мера го затвори теснецот за бродови од почетокот на воздушните напади на САД и Израел на 28 февруари. Во понеделник, Вашингтон ...

Од 18 јуни 2026 година, сите возила што влегуваат во Грција мора да носат нов, построг комплет за прва помош, кој содржи 16 специфични предмети, меѓу кои и специјализирано изотермално спасувачко ќебе и облози за изгореници. Во спротивно следуваат казни. Според новата регулатива, листата од 16 предмети се: -Изотермално (термо) спасувачко ќебе: минимални димензии 210 x 160 см. -Медицински маски: 2 парчиња, тип IIR или FFP2. -Ракавици за ...

Том Круз се враќа за „Топ Ган 3“, објави „Парамаунт Студиос“ за време на презентацијата на CinemaCon во Лас Вегас, заедно со продуцентот Џери Брукхајмер. Продолжението на филмот на Џозеф Косински од 2022 година „Топ Ган: Маверик“ беше првпат најавено во 2024 година, со сценаристот Ерен Кругер, кој исто така го напиша сценариото за „Маверик“ со Ерик Ворен Сингер и Кристофер Меквари, објавува „Варајати“. „Топ Ган: Маверик“ стана голем хит на ...

Македонскиот премиер, Христијан Мицкоски, има уште посилни чувства дека високи функционери од претходната Влада на СДСМ ќе бидат опфатени со одредени прогони. Тој денеска вака одговори на новинарското прашање врзано за поплаките кои во форма на писмо СДСМ ги испратил до повеќе институции на Европската Унија и до амбасадорите на земјите членки во Македонија, откако Мицкоски пред неколку дена соопшти дека „има такви чувства“. – Секој има право ...

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе обвинение против судијата Ѓоко Ристов од Апелациониот суд Скопје, откако во домот на неговите родители во Неготино беа пронајдени 350.000 евра скриени во ѕид. Обвинението следи по веќе завршената постапка против адвокат, ексдржавен правобранител, кој призна вина дека побарал 100.000 евра и примил 20.000 евра за да посредува со влијание врз апелациски судија за ...

Цените на нафтата паднаа откако стапи во сила прекинот на огнот меѓу Израел и Либан и по објавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека војната во Иран би можела наскоро да заврши бидејќи Техеран се согласил да се откаже од збогатување ураниум. Глобалниот референтен бренд на суровата нафта Брент падна на околу 98,5 долари за барел, додека цената на американската сурова нафта се спушти на 93,6 долари. Сепак, економските аналитичари ...

Лидерот на партијата „Тиса“, Петер Маѓар, најави дека ограничувањата на цените на бензинот и дизелот ќе останат на сила и по формирањето на новата влада во Унгарија. Во објава на својот фејсбук-профил Маѓар посочи дека договорот бил постигнат по разговори со извршниот директор на „МОЛ“, Жолт Хернади, на средбата на која присуствувале претставници на партијата и на раководството на компанијата. „Обезбедено е континуирано снабдување со гориво, ...

Европската унија се соочува со сериозен демографски предизвик во наредните децении, покажуваат најновите проекции на Eurostat. Според нивните анализи, до крајот на векот населението на Европа би можело да се намали за околу 53 милиони луѓе. Главните причини за овој тренд се ниската стапка на наталитет, стареењето на населението и продолжениот животен век. Сè повеќе европски земји бележат помал број раѓања, додека бројот на постари лица расте, ...

Либанската армија соопшти дека регистрирала „повеќекратни израелски напади“ и „повремено гранатирање насочено кон голем број села“ во јужен Либан – само неколку часа откако стапи на сила 10-дневниот прекин на огнот меѓу двете земји. Во соопштението, армијата ги повика граѓаните да „бидат претпазливи кога се враќаат во јужните села и градови, со оглед на бројот на прекршувања на договорот“. Либанската армија претходно ги предупреди луѓето да ...

Министерство за внатрешни работи ги известува граѓаните дека денеска од 15:00 часот и утре од 13:30 часот на меѓународниот аеродром „Свети Апостол Павле“ во Охрид ќе се одржи симулациска вежба. Целта на вежбата е проверка на подготвеноста, координацијата и ефикасноста на надлежните институции во услови на кризни и вонредни ситуации. Од МВР информираат дека за време на вежбата ќе има зголемено присуство на полициски службеници и возила, а ќе ...

Македонската женска ракометна репрезентација ги доби противниците во групната фаза на Европското првенство, кое годинава ќе се одржи во Полска, Романија, Чешка, Словачка и Турција. Ждрепката одржана во Катовице ги смести нашите девојки во групата Б, каде ќе ги одмерат силите со репрезентациите на Норвешка, Романија и Швајцарија. Нашата селекција ја очекуваше ждрепката од четвртиот шешир, а натпреварите од групната фаза ќе ги одиграме во ...

Словенечкиот судија Славко Винчиќ повторно се најде во центарот на вниманието, по реваншот од четврт-финалето на Лигата на шампионите помеѓу Баерн Минхен и Реал Мадрид. Еден од најискусните судии на УЕФА донесе неколку контроверзни одлуки во текот на натпреварот во Минхен, што предизвика жестоки реакции кај гостите. Кампот на Реал Мадрид не го криеше своето незадоволство, верувајќи дека одредени ситуации можеа да бидат пресудени во негова ...

Унгарскиот премиер во заминување, Виктор Орбан, изјави дека „се бори со замор, болка и празнина“ по убедливиот изборен пораз од Петер Маѓар. Во разговор за YouTube каналот „Патриот“, Орбан направи споредби со фудбалот, велејќи дека е подготвен да „седне на клупата“ ако неговата партија го замоли, или „да го води тимот во следниот натпревар“. „Значи, направив многу работи во мојот живот. Можеби понекогаш се заморував, иако сега, по поразот, ...

Иако официјално започна 10-дневниот прекин на огнот во Либан, и Израелските одбранбени сили и Хезболах велат дека нема да ја намалат напнатоста и ќе бидат во подготвеност. Доналд Трамп вели дека можеби нема да мора да го продолжи прекинот на огнот со Иран што истекува следната недела. Американските воени претставници ги предупредија иранските лидери дека блокадата на пристаништата ќе продолжи сè додека Техеран не го промени курсот. ...

Бројот на жртви од пукотницата во средното училиште во Турција се искачи на 10, изјави турскиот министер за внатрешни работи, Мустафа Чифчи. Тој рече дека ранетиот ученик Јусуф Тарик Ѓул починал денеска во болница и покрај напорите на лекарите да му го спасат животот. „Има 13 повредени. Шестмина од ранетите се на интензивна нега. Тројца од нив се во критична состојба“, рече Чифчи. Девет лица, меѓу кои осум деца, беа убиени во пукотница во ...

Три трговски центри во Загреб се евакуирани утрово, откако полицијата добила дојава дека е поставена бомба во „Arena Centar“, „Avenue Mall Zagreb“ и „City Center one East“. Полицијата врши проверки на сите локации. „Утрово на е-поштата на неколку редакции на весници пристигна заканувачко писмо. Во него се наведува дека експлозивни направи се поставени во три трговски центри во Загреб: Арена Центар, Авенју Мол и Сити Центар Исток. Во тек е ...

Аргентинска научничка е под истрага во Бразил поради сомнение за нелегално земање опасен биолошки материјал од лабораторија со висок степен на безбедност. Соледад Паламета Милер (36), истражувач на Институтот за биологија на Државниот универзитет во Кампинас, е обвинета за земање примероци од вирусот од ограничената зона на објектот. Според информациите добиени од „Агенција Бразил“, случајот е откриен во март, кога универзитетските службеници ...

Поранешниот државен правобранител и адвокат Фехми Стафа е однесен во затворот Шутка по спогодбата со јавниот обвинител за Примање награда за противзаконито влијание.Треба да одлежи година и три месеци за барањето поткуп од својот клиент Љупчо Пецов викан Ѓаволот. ”Судот ја разгледа предлог спогодбата и утврди дека се исполнети Законксите одредби од ЗКП, па заради тоа ја верификување спогодбата.Имајќи предвид дека странките немаат право на ...

Планот на американскиот претседател Доналд Трамп за изградба на Триумфалната капија на влезот во Вашингтон беше одобрен во четврток од клучната федерална агенција, Комисијата за ликовни уметности. Еден од комесарите предложи измени, вклучително и отстранување на статуата слична на Статуата на слободата и пар орли што ќе се наоѓаа на врвот на лакот и ќе ја зголемеа неговата висина. Триумфалната капија е еден од неколкуте проекти што ...

Откако објави 10-дневен прекин на огнот меѓу Израел и Либан, американскиот претседател Доналд Трамп се обрати до медиумите коментирајќи ги најновите случувања на Блискиот Исток. Тој нагласи дека најверојатно нема да мора да го продолжи прекинот на огнот со Иран, кој истекува следната недела. Тој нагласи дека Иран сака да постигне договор и дека е „подготвен да прави работи денес што не беше подготвен да ги направи пред два месеци“. Тој ...

Турската полиција уапси 162 лица под обвинение за објавување видеа од двете пукотници во училишта што се случија во земјата оваа недела на социјалните мрежи, потврди министерот за правда Акин Гурлек, истакнувајќи дека тие се обвинети за споделување содржини што шират страв и го величаат криминалот. Најмалку 16 лица беа повредени во пукотница во средно училиште во вторник, додека десет лица беа убиени во пукотница во друго училиште во среда, ...

Вицепремиерот на Црна Гора за политички систем, судство и борба против корупцијата, Момо Копривица, вчера објави дека владата усвоила Предлог за измени на Уставот, со кој се укинува имунитетот на членовите на владата за кривични дела против службената должност, и го испратила во собраниска процедура. „Јавната функција не смее да биде штит од законот. Оној што ја води државата мора да биде на првата линија на одговорност“, наведе Копривица во ...

Зголемувањето на цените на млазното гориво, кое скокна од околу 85-90 долари на 150-200 долари за барел во последните недели, принуди голем број авиокомпании ширум светот да ги зголемат цените на билетите, да воведат дополнителни такси и да ги ревидираат деловните прогнози, објави Ројтерс. Меѓу најтешко погодените се Ер Франс, кој планира да ги зголеми цените на билетите за долги релации, Делта Ер Лајнс, која го намалува капацитетот и ги ...

Источен Петок или Балаклија се вика првиот петок по Велигден. Тој спаѓа во Светлата недела поради што некои го викаат и Светол Петок, а поради тоа што во светлата недела се блажи, може да се сретне и како Благ Петок. Овој ден е посветен на прославувањето на Пресвета Богородица, која во богослужбите на Светлиот петок е наречена и Животоносен Источник. Востановувањето на овој празник се случило во чест на чудата кои се случувале на изворот кој ...

Откако мировните преговори во Исламабад пропаднаа за време на викендот, судбината на кревкото примирје меѓу САД и Иран сега се чини дека е на коцка во тесниот морски премин што ги поврзува Персискиот Залив и Арапското Море – Ормускиот теснец. Соединетите Американски Држави воведоа блокада на иранските пристаништа и брегот источно од теснецот, предупредувајќи дека сите бродови поврзани со Иран ќе бидат предмет на „пресретнување, пренасочување ...

Триесет земји ќе учествуваат на видеоконференција во петок, со која ќе претседаваат Емануел Макрон и британскиот премиер Кир Стармер, за воспоставување мисија за обезбедување на Ормускиот теснец кога условите ќе дозволат, објави Елисејската палата во четврток, пренесе „Ројтерс“. Конференцијата во хибриден формат ќе ги собере Макрон и Стармер, германскиот канцелар Фридрих Мерц и италијанската премиерка Џорџа Мелони во Париз. Останатите ...

Лариса Рикелме стана светски позната во текот на Светско првенство во фудбал 2010, кога со своето атрактивно појавување на трибините ги освои симпатиите на милиони навивачи. Парагвајката тогаш беше една од најфотографираните личности на турнирот, а медиумите во светот пишуваа за неа. Иако поминаа повеќе од десет години, интересот за неа не стивнува. Денес таа има кариера како манекенка и во телевизијата, а се има појавено и како спортски ...

weather icon

Скопје

17ᴼ / 17ᴼ
1.54
68%
1017
weather icon

Белград

19ᴼ / 17ᴼ
3.13
66%
1014
weather icon

Загреб

18ᴼ / 15ᴼ
2.57
72%
1012
weather icon

Софија

15ᴼ / 15ᴼ
1.03
72%
1016
weather icon

Сараево

20ᴼ / 20ᴼ
2.16
78%
1014
weather icon

Љубљана

17ᴼ / 16ᴼ
2.57
64%
1013
weather icon

Атина

21ᴼ / 19ᴼ
2.24
48%
1018
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
1.03
42%
1016
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
1.03
63%
1016
weather icon

Букурешт

20ᴼ / 20ᴼ
2.06
46%
1014
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 15ᴼ
1.03
84%
1013
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 16ᴼ
0.51
59%
1017
Currency

61.6417

Currency

52.4626

Currency

71.2993

Currency

37.8942

Currency

38.4775

Currency

67.3564

Currency

7.70223

Currency

0.70181

Currency

0.33535

Currency

0.52518

Currency

1.15978

Currency

0.55488

Алуминиум

3.53

Кобалт

45.39

Злато

152465.86

Иридиум

253540.09

Цинк

0.00

Калај

52.70

Паладиум

49351.40

Платина

66744.95

Родиум

319899.93

Бакар

12.46

Сребро

2534.46

Рутениум

51376.89