Новинарот на ЕСПН, Стивен Смит, ја анализираше ситуацијата во Лос Анџелес лејкерс во својот поткаст. Тој зборуваше најмногу за Леброн Џејмс, кој е во фантастична физичка форма на 42 години, што не може да се каже за некои од неговите соиграчи. Лука Дончиќ имаше проблеми со повредите оваа сезона, па ги пропушти последните пет натпревари и се очекува да се врати за плејофот. Исто така, недостига и Остин Ривс, кој има проблеми со грбот. Мака ми ...

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го задржа четвртото место на АТП- листата, што значи дека ќе биде меѓу привилегираните тенисери на вториот грен-слем турнир, Ролан Гарос. Практично, пред полуфиналето, најдобриот тенисер на сите времиња нема да може да игра против Јаник Синер, Карлос Алкарас и Александар Зверев. Оваа позиција во голема мера му ја олеснува ситуацијата на српскиот тенисер, бидејќи нема да има императив да брка дополнителни поени ...

Бројот на жртви од пукањето во училиште во турскиот град Кахраманмараш се искачи на 10, откако денес уште едно лице почина во болница. Официјалните лица изјавија дека шестмина од повредените биле во критична состојба пред смртните случаи утрово. Ова е втор вооружен напад врз училиште во Турција за само два дена, објави „Вашингтон пост“. Нападот се случи само еден ден откако поранешен ученик отвори оган во средно училиште во соседната покраина ...

Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, променливото време продолжува и во наредните денови, како и наредната недела. За време на викендов времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Утре и во сабота ќе дува умерен со засилен северен ветер и ќе има појава на локален дожд со услови за ретки грмежи. Од вторник повторно времето ќе биде нестабилно со врнежи од дожд и појава на грмежи. ИЗДВОЕНИ ИМАЛ ЛИ НЕОДАМНЕШНИОТ ...

Американскиот министер за финансии, Скот Бесент, најави воведување секундарни санкции за сите земји чии банки држат пари поврзани со Иран или купуваат иранска нафта, пред разговорите меѓу САД и Иран што треба да се одржат до крајот на оваа недела, во Исламабад. Во тек е операцијата „Економски бес“, во која САД вршат финансиски притисок врз Иран, чија централна банка веќе предупреди дека извозот и трговијата би можеле целосно да запрат ако ...

Уште едно лице почина денес во болница од повредите здобиени во вчерашото пукање во училиште во Турција. По пукањето во кое загинаа девет лица, а 13 беа ранети, шест од нив се во критична состојба. Иса Арас Мерсили, кој имаше 14 години, вчера отвори оган во две училници во средно училиште во јужниот град Кахраманмараш, убивајќи еден наставник и осум ученици. Вооружениот напаѓач, кој исто така беше убиен, пристигна во училиштето со пет огнено ...

Приврзаници на терористичка Исламска држава (ИСИС) или на новоформираната терористичка група „Ашаб ал Јамин“, која последниве недели ја презеде одговорноста за неколку терористички напади во европските земји, се предмет на истрагата околу опожарувањето на Еврејската заедница и синагогата во Скопје. Од МВР вчера не соопштија нови детали околу истрагата за инцидентот на 12 април, кога две лица навлегле во дворот на Еврејската заедница и со ...

Идејата за квалификувано мнозинство наместо консензус како принцип на одлучување во Европската Унија со нова енергија. Ваквото нешто деновиве излегува на виделина како по промената на власта во Унгарија, така и со истапите на дипломатите од земјите членки кои се заговорници на промената на принципот на едногласност. Така, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дел Лајен, во својата постизборна честитка до идниот унгарски премиер, ...

Поранешниот италијански напаѓач Игор Проти (58) претстави филм за својата кариера наречен „Игор. Романтичниот херој на фудбалот“, кој се прикажува во кината од пред некој ден.Во интервју за Скај, Проти зборуваше и за својата борба со ракот на дебелото црево, дијагностициран пред десет месеци, велејќи: „Учам повторно да одам, исто како дете“. Проти, роден во 1967 година, одигра 669 настапи во кариерата и постигна 257 гола, а во сезоната ...

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз се повлече од турнирот во Барселона поради повреда на десниот зглоб, соопштија организаторите. Алкараз се повреди во текот на мечот против Ото Виртанен, но и покрај проблемите со зглобот, успеа да стигне до победата. Сепак, дополнителните медицински прегледи покажаа дека нема да може да го продолжи настапот на турнирот. – Вистина е дека е чудно и тешко што седам тука по втор пат, бидејќи го направив тоа и ...

Откако ги победија Сан Антонио Спарс (128:118) и го освоија третото место на Западот, кошаркарите на Денвер обезбедија директно место во плејофот, но и неочекувано долг период на чекање до првиот натпревар од првото коло. Да бидам искрен, ова не ми се допаѓа. Само сакам да играм. Никогаш не сме имале шестдневна пауза помеѓу сезоната и плејофот, не мислам дека тоа ќе ни помогне, истакна Јокиќ. Сепак, српскиот центар ја нагласи и потенцијалната ...

– Авторот, проф. д-р Гоце Цветановски, со помош на издржана методологија и научни аргументи го претставува историскиот развој на македонскиот јазик преку научно аргументирана анализа на потеклото на македонските зборови во словенски и во индоевропски контекст. Особено важно и впечатливо е толкувањето на македонските зборови што првпат и единствено тука можеме да ги најдеме. Преку Речникот се отсликуваат националната и културолошката ...

Нашиот најпознат пијанист Симон Трпчески ова лето ќе одржи два концерта на две сцени на отворено во Македонија. Првиот концерт е најавен за 13 август во Античкиот театар во Охрид, а вториот за 14 август во локалитетот Хераклеја во Битола. -Македонската публика ќе има можност да присуствува на две исклучителни вечери со еден од најценетите уметници од нашата сцена, Симон Трпчески. Пијанист со богата меѓународна кариера, настапи на ...

Во масовен ноќен напад врз украинските градови на денеска Русија ги нападна Киев, Днепар и Одеса со ракети и беспилотни летала, при што загинаа најмалку 17 лица, а беа ранети повеќе од 100. Тоа беше еден од најсмртоносните руски напади врз украински цивили во 2026 година, објави „Киев Индепендент“. Украинските воздухопловни сили соопштија дека Русија лансирала вкупно 19 балистички ракети, 25 крстосувачки ракети и 659 беспилотни летала за ...

По изборниот пораз на Виктор Орбан, Европската Унија останува без својот најпознат „кочничар“, политичар што со години го користеше правото на вето за да блокира клучни одлуки, особено кога станува збор за помошта на Украина, пишува „Политико“. Неговото заминување доаѓа во чувствителен момент за Брисел, кој сè уште во голема мера се потпира на едногласноста за донесување важни одлуки, како што се санкциите и буџетите. Токму затоа ...

Пeнтагон забрзано развива планови за можна воена операција во Куба, во случај американскиот претседател, Доналд Трамп, да издаде наредба за интервенција, дознава „УСА тудеј“. Два извори запознаени со планирањето изјавија дека се работи за конкретни воени подготовки што би можеле да се активираат на краток рок. Ваквите директиви би претставувале ескалација на тензиите меѓу САД и Куба, што почнаа во јануари, кога администрацијата на Трамп ги ...

Со мерките што ги презеде Владата, успеавме да ја амортизираме кризата онолку колку што беше можно, изјави вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски. Тој се надева дека конфликтот на Блискиот Исток ќе заврши брзо, бидејќи доаѓаат позитивни вести за тоа. – Тоа е еден огромен предизвик, со кој се справуваме. Како Влада, презедовме итни мерки. Македонија во моментов има најевтино гориво во целиот регион, и нема никаков застој ...

Собранието одлучи да ја продолжи кризната состојба поради ризици во снабдувањето со нафта и нафтени деривати на територијата на земјата. Според одлуката, мерката ќе важи до 20 јули 2026 година и ќе почне да се применува од 21 април, по објавувањето во „Службен весник“. Продолжувањето следува поради неповолната меѓународна безбедносна и енергетска состојба, особено по ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток и нарушувањата во транспортот ...

Во Скопје, кириите за станови одамна го надминаа прагот на достапност за голем дел од граѓаните. Денес, двособен стан во Центар ретко може да се најде за помалку од 400 евра месечно, додека во Карпош, цените почнуваат од околу 350 евра и одат нагоре, зависно од локацијата и опременоста. Во Аеродром, населба што некогаш важеше за подостапна, веќе речиси и да нема стан за изнајмување под 300 евра. Во Кисела Вода и Ѓорче Петров сè уште може да ...

Почетокот на примената на ЕЕС-системот донесе застои и долги редици на европските аеродроми и гранични премини, при што патниците чекаат и по неколку часа за биометриска обработка. – Шалтерите се оптоварени, патниците стојат 2 до 3 часа, а има и пропуштени летови, наведуваат од туристичкиот сектор, опишувајќи ја првата недела од имплементацијата. Од авиокомпаниите предупредуваат дека се зголемуваат оперативните трошоци и се бара поголема ...

Денес во “Трибека“ беше промовиран пред медиумите- новинарите албумот “Седатив“ на пејачката Марија Спасовска. Слушнавме премиерно, најнови песни, потенцијални хитови, кои нема сомнеж ќе се вртат ова лето, таму каде се собираат и забавуваат најмногу младите. Оваа атрактивна македонска поп–пејачка, текстописец и композитор ја претставувала Македонија на детската “Евровизија“ во 2018 година во Минск, Белорусија. Тогаш настапила со песната ...

В сабота, во паркот „Авионче“, ќе се одржи „Сакура фестивал“, културно-едукативен настан чија цел е да ги доближи јапонските традиција, уметност и филозофија до локалната публика, преку внимателно осмислена и содржајна програма. Од Општина Аеродром информираат дека настанот ќе се реализира во периодот од 12:00 до 15:00 часот и дека претставува синергија на едукативни, културни и на забавни содржини, наменети за широката публика, вклучувајќи ...

Градежните работи на доградбата на градинката „8 Март“ во Расадник се во завршна фаза. Ова беше констатирано при увидот во активностите од страна на заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, и градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска-Трајкоска. – Инвестицијата во висина од 60.000.000 денари, обезбедена во соработка со Министерството за социјална политика, демографија и млади и со поддршка ...

Во тек се активностите за целосна реконструкција на кракот на булеварот „Трета македонска бригада“ (кај „Метро“). Од Општина Аеродром велат дека станува збор за проект со кој првпат темелно се обновува овој значаен сообраќаен потег во Општината, кој е многу фреквентен и го користат жителите од околината, но и голем број компании што функционираат во овој дел на Аеродром. – Делницата е во должина од 777 метри, а ќе биде поставен нов асфалт на ...

Училиштето „Григор Прличев“ во Железара е првото на територијата на Општина Гази Баба во кое секоја училница е опремена со клима- уред за греење и ладење. – Ова не е само техничко подобрување туку и вистинска инвестиција во квалитетот на наставата и условите во кои работат наставниците и учат учениците. Кога имаат соодветна температура во училниците, децата се пофокусирани, помотивирани и постигнуваат подобри резултати. Ова значи поздрави ...

Во „Стоп за Вардариште“ се револтирани по последната случка со горење на поранешната депонија „Вардариште“ и велат дека доколку не се почитува претходно договореното, не му се стави крај на загадувањето што го предизвикува депонијата и доколку се повтори ваквото палење, повторно ќе ги активираат блокадите. Од Град Скопје денеска истакнаа дека депонијата „Вардариште“, согласно со ветувањето дадено во програмата на градоначалникот Орце ...

Бројот на жртви во пукотница во училиште во Турција се искачи на 10 откако уште едно рането лице почина во болница, соопштија властите. Нападот се случи вчера во градот Кахраманмараш, кога 14-годишен ученик отвори оган во две училници, убивајќи еден наставник и осум ученици, а ранувајќи уште 13. Вооружениот напаѓач, исто така, почина, откако се самоуби. Пиштолот што го користел му припаѓал на неговиот татко, пензиониран полицаец, кој бил ...

Од новата академска година се менуваат специјализациите по интерна медицина и по општа хирургија на медицинските факултети во Скопје, Тетово и Штип. Целта е да се создадат лекари со пошироки знаења и повеќе практични вештини, особено за итни состојби. Министерот за здравство, Азир Алиу, вели дека досегашниот систем создавал премногу тесно специјализирани кадри, кои потешко се снаоѓаат во практиката. „Воведуваме засилена практична обука, ...

Мајка на ученик ја нападнала наставничката за време на родителската средба во училиште во скопски Аеродром, информираат од скопската полиција. -На 15.04.2026 во 22:10 часот во СВР Скопје, К.К.Л. од Скопје пријави дека околу 17:00 часот во училница во основно училиште на подрачјето на општина Аеродром, додека заедно со нејзина колешка одржувале родителска средба, М.М.Г. од Скопје (мајка на ученик) физички ја нападнала К.К.Л.. Се преземаат ...

Дали ќе ја избереме хармонијата или конфликтот во нашата брачна врска, очигледно зависи само од нас двајцата или, како што вели психотерапевтката од претставата „Чудесна терапија“ – од обајцата. Ова театарско дело во режија на Димче Николовски, работено според текстот на австрискиот автор Даниел Глатауер, очигледно не ја губи својата актуелност, со оглед на тоа дека и по повеќе од пет години од премиерата во Драмски театар – Скопје и голем ...

weather icon

Скопје

14ᴼ / 14ᴼ
1.03
77%
1017
weather icon

Белград

17ᴼ / 16ᴼ
3.13
67%
1014
weather icon

Загреб

12ᴼ / 12ᴼ
1.54
94%
1014
weather icon

Софија

13ᴼ / 13ᴼ
2.06
77%
1018
weather icon

Сараево

19ᴼ / 19ᴼ
1.41
77%
1015
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 11ᴼ
2.57
80%
1014
weather icon

Атина

21ᴼ / 19ᴼ
0.89
46%
1017
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
0.0
55%
1016
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
0.0
67%
1016
weather icon

Букурешт

19ᴼ / 17ᴼ
2.57
68%
1015
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 14ᴼ
1.54
85%
1014
weather icon

Истанбул

15ᴼ / 15ᴼ
1.54
63%
1017
Currency

61.6417

Currency

52.4626

Currency

71.2993

Currency

37.9534

Currency

38.4775

Currency

67.3564

Currency

7.70223

Currency

0.70181

Currency

0.33535

Currency

0.52518

Currency

1.15978

Currency

0.55488

Алуминиум

3.53

Рутениум

51376.89

Иридиум

253540.09

Родиум

319899.93

Платина

66744.95

Паладиум

49351.40

Бакар

12.46

Кобалт

45.39

Цинк

0.00

Злато

152465.86

Сребро

2534.46

Калај

52.70