Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Внимателно планирајте го патувањето Европската метропола Рим, која секоја година привлекува огромен број туристи, во 2026 влегува во нова ера на дигитализација, построги правила за пристап до знаменитостите и унапредена инфраструктура. Според надлежните, главна причина за промените е огромниот притисок врз градот и животот на локалното население. Ако планирате посета во 2026 година, еве ги клучните работи што треба да ги имате на ум, според ...
Општина Аеродром објави оглас за давање под закуп на урбана опрема – покриен шанк, по пат на електронско јавно наддавање, што ќе се спроведе преку електронскиот систем www.e-stvari.mk. Предметот на закуп е покриен шанк со вкупна површина од 118,76 квадратни метри, лоциран во паркот „Авионче“ во Ново Лисиче. Објектот располага со кафе-бар, кујна, тоалети, тераса и помошни простории и се дава под закуп за период од пет години. Рокот за ...
Општина Ѓорче Петров го искористи зимскиот распуст за подобрување на условите во основните училишта. Конкретно, во ООУ„Ѓорче Петров“ се реконструираа училишните тоалети, со целосен пристап за лицата со телесна попреченост. Воедно, заменет е системот за греење во спортската сала за подобри и поквалитетни услови за спорт и рекреација. – Континуирано инвестираме во безбедни, достоинствени и современи услови, затоа што грижата за учениците и за ...
На улицата „9“ во населеното место Јурумлери е отстранета дивоградба по постапување на инспекцијата на Општина Гази Баба и по донесено решение за уривање. – Сопственикот постапи по решението и сам ја отстрани дивоградбата. Ставаме ред и почитување на Законот за градење. Инспекциските служби континуирано се на терен и постапуваат таму каде што има неправилности. Нема да дозволиме диво градење и непочитување на прописите – истакна ...
Хумани жители на Капиштец со дело покажаа дека може и поинаку кога се бездомните кучиња во прашање. Во близина на Цветниот пазар, тие им поставиле импровизирани куќарки за да имаат каде да се засолнат од зимскиот студ. Честа слика кога поминувате покрај овој дел од градот е и храната што им ја носат граѓаните на кучињата, кои пријателски мавтаат со опашките. – Не малтретирајте ги! Ако можете, нахранете ги и тие никогаш нема да ви наштетат – е ...
„Градиме доверба и вмрежување на деловните луѓе од Општина Кисела Вода“ беше настанот во рамките на кој градоначалничката Бети Стаменкоска-Трајкоска оствари средба со бизнис-заедницата и со претставниците на компаниите од овој дел на градот. Како што истакна Стаменкоска-Трајкоска, Кисела Вода и досега важела за општина со високи стандарди на транспарентност и добра соработка со бизнис-секторот, а целта, како што рече, е тие односи ...
Новиот систем на ЕУ за влез и излез (ЕЕС) чија етапна имплементација на надворешните граници на Шенген зоната започна лани во октомври „предизвика значителна непријатност кај патниците“ на кои треба да им бидат земени биометриски податоци, предупреди Европскиот огранок на Меѓународниот совет на аеродроми (АЦИ Европа). Согласно ЕЕС системот, државјаните на земји кои не се членки на ЕУ при првиот премин на Шенген границата од неговата ...
На 14.01.2026 во 17:00 часот во СВР Скопје, од Граничен премин Меѓународен аеродром Скопје е пријавено дека околу 16:40 часот во авион кој слетал од Германија бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Г.Ф.(49) од Германија и 45-годишната Г.Ф. од Скопје од една страна и Ш.С.(38) од с.Лопате, кумановско, од друга страна. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. ИЗДВОЕНИ Трамп ја затвори иселеничката ...
На 14.01.2026 година во СВР Скопје, 54-годишна жена од село во скопско пријавила дека била измамена за сума од 95.400 денари. Според пријавата, во текот на изминатата година таа во повеќе наврати му исплаќала пари на едно лице, кое ѝ ветувало помош при купување стан во Скопје и вработување на нејзината ќерка како цариник. По извесен период, лицето престанало да одговара на нејзините телефонски повици, по што жената сфатила дека била измамена. ...
Германски истраги ја вклучуваат земјава во скандалот со „MИЛТОН ГРУП“ Кол-центри од Македонија биле дел од меѓународна измамничка шема со која со години биле ограбувани граѓани од Германија, Австрија и од Швајцарија, а штетата надминува 230 милиони евра. Германија веќе започна судење против наводниот шеф на мрежата „Mилтон груп“. Од Генералното јавно обвинителство во Бамберг, Германија, соопштија дека по повеќегодишни интензивни истраги ...
Одлуката на САД за привремена пауза на издавањето иселенички визи за македонските граѓани не значи ниту прекин на визните постапки ниту ставање на земјава на црната листа, уверува министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски. Тој вчера појасни дека мерката се однесува исклучиво на иселеничките визи, за кои, како што рече, има најмал број апликации, кои, пред сè, доаѓаат од повозрасната категорија граѓани и дека ...
Најдобриот тенисер во светот Србинот, Новак Ѓоковиќ ги доби ривалите за годинашниот Отворен турнир на Австралија. Новак пристигна во Мелбурн како четврти носител, па беше јасно дека може да се соочи со Јаник Синер и Карлос Алкраз во полуфиналето. На крајот, тој се најде во делот од ждрепката во кој е вклучен и двократниот последователен шампион на Отворениот турнир на Австралија. Значи, ако стигне до полуфиналето на Отворениот турнир на ...
– Со овој конкурс, Агенцијата за филм продолжува со поддршката на младите и перспективни автори, како и на новите режисерски и продукциски гласови, кои го развиваат својот авторски израз и придонесуваат за динамичен и современ развој на националната кинематографија. Посебен фокус е ставен на проектите што носат свежи теми, нова естетика и современи авторски пристапи. Истовремено, во вториот рок се воспоставува јасен баланс меѓу поддршката на ...
Американското Министерство за финансии го продолжи рокот за рускиот нафтен гигант „ЛУКОИЛ“ за продажба на својот меѓународен имот, овозможувајќи му на менаџментот да ги продолжи преговорите до 28 февруари 2026 година. Одлуката ја донесе Канцеларијата за контрола на странски имот (OFAC), откако претходниот рок, кој истекуваше на 17 јануари, беше оценет како недоволен за финализирање на комплексните трансакции. „ЛУКОИЛ“ се наоѓа под силен ...
На почетокот од 2026 година, цените на златото и на среброто достигнаа историски рекорди, поттикнати од геополитичките тензии, меѓу кои американските напади врз Венецуела и заканите кон Иран. Инвеститорите, традиционално, бараат сигурност во благородните метали кога расте нестабилноста, додека берзите реагираат релативно мирно. Среброто забележа пораст од над 6 проценти во средата, надминувајќи 90 долари за унција, со вкупен раст од 29 ...
Од 1 јануари 2026 година, Словенија воведе нов модел на работа наречен „80-90-100“, кој носи значајни промени за постарите работници и за оние со долго работно искуство. Тоа е дел од пошироката реформа на пазарот на трудот, чија цел е да се задржат искусните вработени на работа, со подобра рамнотежа меѓу работата и приватниот живот. Новиот систем вклучува три клучни ставки: 80 % од работното време – вработениот работи пократко работно време ...
Малите и средните претпријатија се ’рбетот на економијата и треба да бидат лидери на економските промени. Министерството за економија и труд подготви петгодишна национална стратегија за развој на малите и на средните претпријатија, која треба да овозможи поголема конкурентност и зголемување на извозниот потенцијал на овие претпријатија. Стратегијата содржи мерки за поедноставување на регулативите, подобрување на пристапот до финансии и ...
Незадоволството околу незголемувањето на минималецот Сојузот на синдикатите на Македонија ќе го изрази на улица. Предвидени се штрајкови во повеќе институции и блокади на улици. Главното барање е 600 евра минимална плата и по 100 евра зголемување на сите други плати. Ваквите најави следуваат откако со месеци наназад нема никаков напредок околу прашањето за зголемување на минималната плата. Од Конференцијата на слободни синдикати, пак, велат ...
Во 2025 година, во Скопје биле издадени 304 одобренија за градење, со планирани 761 нов стан, од кои повеќе од половина се лоцирани во главниот град. Дури 68,4 % од објектите се од високоградба, што ја нагласува ориентацијата кон колективно домување и натамошно згуснување на урбаното ткиво. Инвестициите растат, но граѓаните алармираат за зголемен притисок врз старата инфраструктура, недостиг на паркинг-места и исчезнување на зелените површини ...
Од 01.01.2026 година, секое семејство во општина Гази Баба кое ќе има новородено дете ќе добие финансиска поддршка од 8.000 денари. -Раѓањето на дете е најголемата радост, најголемата надеж и најсилната порака за иднината. Токму затоа, како локална самоуправа имаме обврска да бидеме поддршка на секое семејство во овој најважен животен момент – велат од Општина Гази Баба. Во 2022 година, од доаѓањето на Бобан Стефковски за градоначалник на ...
Општинските служби на Карпош задолжени за хигиената на јавниот простор почнаа со расчистување на мини депонијата која се наоѓа во близина на СЦ „Борис Трајковски“. -Оваа мини депонија веќе одреден период се полни со шут и друг отпад од несовесни граѓани и имаше тенденција да прерасне во сериозен извор на загадување, па општината интервенираше и спроведува акција за нејзино расчистување, како и поставување на заштитна рампа која би спречила ...
За поголема видливост и безбедност за сите учесници во сообраќајот, осветлени се надвозниците „Дијамант“ и „Маџари“, клучни точки на влезот во главниот град. Од Град Скопје соопштија дека со оваа интервенција, покрај зголемената безбедност, се обезбедува и поуреден, модерен и естетски изглед, достоен за градот што ги пречекува своите граѓани и посетители. – Со истата посветеност продолжуваме и во иднина, систематски да ги уредуваме и ...
Американскиот претседател Доналд Трамп се откажа, барем привремено, од заканите за напад врз Иран, велејќи дека е уверен дека убивањето демонстранти е запрено и дека не се планираат егзекуции. „Ни кажаа дека убивањето во Иран запира. И нема план за егзекуција, тоа ми е кажано од сигурни извори“, рече Трамп во разговор со новинарите во Белата куќа во средата вечерта. Тој не понуди детали и рече дека САД сè уште не ги потврдиле тие тврдења. ...
Протераниот иранскиот престолонаследник Реза Пахлави изјави дека идниот Иран под негово водство веднаш ќе го признае Израел, ќе ги прошири Абрахамските договори во она што тој го нарече „Кирови договори“ и ќе ја заврши воената нуклеарна програма на Иран. Притоа, тој ја претстави визијата за Иран по падот на Исламската Република. Тој истакна дека постреволуционерниот Иран ќе се стреми кон мир со своите соседи и ќе се врати во меѓународната ...
Министрите за надворешни работи на Естонија и Латвија, Маргус Цахна и Бајба Браже, ја поддржаа идејата на високата претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, да „се напијат пијалок“, објавувајќи пораки на социјалната мрежа X. Латвискиот министер Браже сподели фотографија од џин од Рига како одговор на советот на Каја Калас, додека нејзината естонска колешка Цахна иронично коментираше со ...
Авион на „Туркиш ерлајнс“ од Истанбул до Барселона изврши итно слетување откако беше откриено дека еден патник го сменил името на својата интернет мрежа за да вклучи закана за бомба. Директорот за комуникации на „Туркиш ерлајнс“, Јахја Устун, објави на социјалните мрежи дека за време на приближувањето кон Барселона на летот Истанбул-Барселона TK1853, е откриено дека еден патник создал точка за пристап до интернет за време на летот и го ...
Општина Виница ги повикува граѓаните да го одржуваат зеленилото во своите дворови. Притоа, известуваат дека сопствениците и корисниците на приватни имоти се должни да го прават тоа во согласност со Законот за урбаното зеленило сопствениците. – Дрвјата чии гранки навлегуваат на јавни површини (улици, тротоари и сл.), мора да бидат соодветно искастрени за да се обезбеди непречено движење. Рокот за постапување е 90 дена од денот на објавувањето ...
Во периодот јануари – декември 2025 година, преку „Систем 48“, во Општина Струмица биле решени и одговорени 1.046 пријави од граѓаните, од вкупно 1.046 доставени. Од Општината соопштија дека другите 107 биле проследени до надлежните служби и биле пријави во процес на решавање, бидејќи за нив било потребно повеќе време од вообичаените 48 часа. – Најголем број од доставените пријави се од областа на уличното осветлување – 777, од областа на ...
За само два дена, над 100 верници се пријавени за положувањето на светиот крст во водите на реката Радика што го организира Бигорскиот манастир. Во објавата на манастирот се вели дека по повод големиот христијански празник Богојавление, со благослов на неговото преосвештенство, епископот антаниски, г. Партениј, игумен на Бигорскиот манастир, светиот крст и годинава ќе биде положен во водите на реката Радика, за што може да се пријават сите ...
– Ги мотивираме и другите земјоделци да се вклучат во процесот на органско производство. Годинава, Општина Крива Паланка планира да спроведе и други мерки за поддршка, кои се очекува да придонесат за унапредување на локалното земјоделство – велат од локалната самоуправа Општина Крива Паланка ќе субвенционира педесет отсто од трошоците за добиен сертификат за органско производство од овластено сертификациско тело на петнаесетмина ...