Словачка ќе поднесе жалба до Судот на правдата на ЕУ поради забраната за увоз на руски гас, поради начинот на кој регулативата беше усвоена, не едногласно, туку со квалификувано мнозинство, објави словачкиот премиер Роберт Фицо. Регулативата, усвоена од Европскиот парламент на 26 јануари 2026 година, наведува дека увозот на руска нафта и гас ќе биде запрен, а целосна забрана за увоз на руски енергетски производи ќе стапи на сила во 2027 ...

Испораката на руска нафта во Унгарија преку нафтоводот „Дружба“ би можела да продолжи следната недела, изјави денес победникот на унгарските парламентарни избори, Петер Маѓар. Унгарецот им кажа на новинарите дека извршниот директор на МОЛ, Жолт Хернади, го информирал за продолжувањето на испораките и дека следната недела ќе ја посети Русија за да разговара за снабдувањето со нафта, според порталот investing.com. „Не е доволно само да се ...

Американскиот технолошки гигант „Гугл“ денес воведе серија нови функции во рамките на својот систем AI Mode, дизајнирани да им го олеснат планирањето на шопингот и одморот на корисниците. Новата функција им овозможува на корисниците едноставно да опишат што бараат во производот, по што вештачката интелигенција може да контактира со локалните продавници и да собира информации за достапноста на производот, а потоа да ги проследи до корисникот. ...

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи денес изјави дека пловидбата низ Ормузскиот теснец ќе биде целосно отворена за сите комерцијални бродови во текот на преостанатиот период од прекинот на огнот, во согласност со договорот за прекин на огнот постигнат меѓу Израел и Либан. „Преминувањето на бродовите низ теснецот ќе биде дозволено по координирана рута, како што веќе објави Иранската поморска организација“, напиша тој на ...

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, синоќа изјави дека е „многу важно“ папата Лав XIV да разбере дека Иран претставува закана за светот. „Папата може да каже што сака и јас сакам тој да каже што сака, но можеби не се согласувам“, изјави Трамп пред новинарите пред Белата куќа. Како што нагласи, папата Лав XIV мора да разбере дека ова е реалниот свет. Претходно вчера, за време на посетата на Камерун, папата Лав XIV ...

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, остро ги отфрли предлозите според кои безбедносните гаранции од САД би биле условени со откажување од регионот Донбас. Во интервју за германскиот медиум ZDF, Зеленски изјави дека таквите предлози суштински значат капитулација. „Тие велат гаранциите ќе дојдат по крајот на војната – а војната ќе заврши кога ќе се повлечеме од Донбас. Не сме идиоти. Знаеме што значи тоа“, рече тој. Зеленски додаде ...

Иранскиот заменик-министер за надворешни работи Саид Хатибзаде изјави дека Техеран отфрла какво било привремено прекин на огнот и бара сеопфатен крај на војната во целиот регион. Во разговор со новинарите на маргините на Дипломатскиот форум во Анталија, Хатибзаде рече дека секое прекин на огнот мора да ги опфати сите жаришта на конфликт „од Либан до Црвеното Море“, што го опиша како црвена линија за Иран. „Не прифаќаме никакво привремено ...

Исто како во Индија пред една деценија, во САД, во периодот од 2023 година, мистериозно исчезнаа или починаа десетина научници. Сите работеа на владини проекти за напредни истражувања од нуклеарната и од воздухопловната сфера, претежно во националните лаборатории и за НАСА. Ова досега беше афера што се ширеше онлајн, но за неа почнаа да зборуваат и пратениците и новинарите, кои бараат одговор од властите. – Сега има 10-мина американски ...

Кој сака да биде избиран во научни и наставни звања како доцент, редовен и вонреден професори на македонските универзитети и да добива висока плата, ќе мора и да работи и да објавува научни трудови. Ваква категорична порака вчера прати премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање врзано со почетокот на процедурата за усвојување на новопредложениот закон за високо образование. Предложениот закон завчера доби поддршка од ...

И Исмета би била искрено воодушевена кога би ја слушнала Македонката Дорис Ди како добро ја пее песната со која оваа извонредна сараевска поп-пејачка се прослави во поранешна Југославија. Но, ќе има време и Исмета, која сè уште живее во Сараево, да ја слушне песната. И секако дека ќе посака да другарува со шармантната скопјанка, Дорис Тоа што ни го вети, пејачката Дорис Ди и го направи. А, станува збор за промоцијата (која ја водеше ...

Оваа сабота на 18-ти април хотелот ,,Александар Палас“ по 25-ти пат ќе биде домаќин на светски познатиот Виенскиот бал. Ќе се случи под покровителство на амбасадата на Република Австрија во нашата земја, градот Виена, Министерството за култура, а во организација на Здружението за културна соработка Јохан Штраус. Гостите ќе се дружат со виенските валцери, со екстравагантноста на Штраус музиката, со уметноста во која се чувствува легендарниот ...

Лидерот на партијата Тиса, Петер Маѓар, денес изјави дека ќе најде точки на договор со Европската Унија пред да формира влада за деблокирање на замрзнатите средства, велејќи дека „нема време за губење“. Маѓар, чија убедлива победа на изборите на 12 април го заврши 16-годишното владеење на актуелниот премиер Виктор Орбан, рече дека денес во Будимпешта се очекуваат некои претставници на ЕУ на неформални разговори. Тој претходно разговарал со ...

Бугарија во недела ќе гласа на парламентарни избори, осми по ред за пет години. За главен фаворит се смета поранешниот воен пилот и поранешен претседател на државата, Румен Радев, кој беше избран за претседател во 2016 година, а поднесе оставка овој јануари за да може да се кандидира на парламентарните избори. Тој им вети на гласачите дека ќе ги запре „локалните феудалци и моќните луѓе што задушуваат цели региони на Бугарија“, но неговата ...

При анализа на крвта кај покојната Ивана, не биле констатирани никакви наоди на присуство на алкохол, лекови или психоактивни супстанции. Жената имала понови и постари модрини на лицето, кажаа вештаците од Судска медицина. Завршните зборови се закажани на 28 април, по што ќе следува пресуда за случајот што и натаму ја згрозува јавноста. Обвинителката претходно кажа дека смртта на детето ќе ја објасни во завршниот збор преку психолошкото ...

Со пресудата за адвокатот Фехми Стафа, фатен „ин флагранти“ со поткуп даден од Љупчо Пецов викан Ѓаволот, случајот со апелациониот судија Ѓоко Ристов влезе во нова фаза: Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција поднесе обвинение за две тешки кривични дела, додека Судот во меѓувреме одлучи тој да остане во куќен притвор. Штипскиот Апелационен суд ја одби жалбата на одбраната на Ристов, што значи дека мерката домашен притвор ...

Како да се бориме против високите цени во екстремно скапиот Њујорк? Евтини продавници кои ќе бидат во сопственост на градот, а кои нема да бараат профит. Барем така мисли социјалистичкиот градоначалник на Њујорк, Зохран Мамдани. Тој неодамна најави отворање на пет градски продавници во Њујорк, а првата ќе се отвори во Источен Харлем следната година. Но, постојат два проблеми – планот ги налути трговците на мало, а слични експерименти со ...

Државата нема никакви предизвици во синџирот на снабдување со нафта и со нафтени деривати и имаме најевтини горива во регионот. Со керозин кај нас се снабдуваат неколку аеродроми од регионот, покрај набавката на горива што ја прават граѓаните од соседните држави кај нас, на бензинските станици на пограничните места, изјави премиерот Христијан Мицкоски. Доколку се случи таков предизвик, рече Мицкоски, тогаш навремено ќе се препакуваме и ќе ...

Владата размислува за мерки за стабилизирање на цените на храната, вклучително и можноста да се намали данокот на додадена вредност од 5 на 0 отсто за одредени сезонски производи, изјави премиерот Христијан Мицкоски. Тој рече дека дневно се следат цените на одредени сезонски производи и во зависност од тоа како ќе се движат, ќе се реагира. – Мерките што евентуално би ги презеле се за сезонските производи, кои веќе двојно ја намалија цената за ...

Во февруари, во Македонија биле регистрирани 48.654 туристи, од кои најголем дел се странски, а најмногу посетители дошле од Турција, Грција, Србија и од Германија, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика, пренесени од повеќе домашни медиуми. Од вкупниот број туристи, 67,4 проценти биле странски, додека 32,6 проценти домашни, што укажува на доминација на странските гости во зимскиот туристички период. Тој месец биле реализирани ...

Неиздавањето фискални сметки, неевидентирањето на готовинскиот промет, плаќањето во готово и исплатата на плати во плик се само дел од неправилностите на кои континуирано укажува Управата за јавни приходи, УЈП, во рамките на борбата против сивата економија. Во периодот од 9 до 27 март 2026 година, УЈП спровела вкупно 132 теренски контроли за проверка на фискализацијата, при што кај 58 објекти биле утврдени неправилности. Тоа значи дека дури ...

Идејните творци на акцијата „Генералка викенд“, Гордана Софија и Јоханес Јекл, кои преку „Мен енд маунтен“ ги мобилизираат сите оние што ѝ мислат добро на природата – екологисти, волонтери и општествено одговорни граѓани и компании, за читателите на весникот ВЕЧЕР најавуваат дека годинава ќе се чисти на 600 локации низ Македонија. – Со секое парче отпад што го фрлате во животната околина, им наштетувате на сите. Вистинската промена започнува ...

Старата железничка станица, лоцирана на нашиот најголем археолошки локалитет, Стоби, ќе биде адаптирана во современ Центар за посетители, кој треба да биде отворен во септември. Ова го најави министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, при вчерашната посета на оваа национална установа. Тој посочи дека, годинава, Министерството за култура и туризам издвои повеќе од 10 милиони денари за археолошките истражувања, конзерваторските работи и ...

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС) заокружи една oд клучните фази во јакнењето на енергетската безбедност на државата. Денеска успешно се одржа јавната расправа за Процената на ризик во снабдувањето со гас, во соработка со Заедничкиот истражувачки центар (JRC) на Европската комисија и претставници на домашната гасна индустрија. Со ова, Македонија практично го финализира националниот процес на Процена на ...

Македонските институции се посветени на фискалната консолидација, подобрувањето на дисциплината во управувањето со јавните средства, како и на одржувањето високо ниво на капитални инвестиции со цел поддршка на економијата, нагласила министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, по средбата со извршниот директор на Меѓународниот монетарен фонд, Јерон Клик, во Вашингтон. Таа потенцирала дека главен приоритет на Владата останува ...

Премиерот Христијан Мицкоски смета дека отворањето на рудници е значајно за иднината на економијата во услови на глобални кризи, како што е на пример, тековнава. Тој вели дека критиките што се посочуваат во јавноста преку медиумите, кои ги именува како „структури во општеството што бараат сите рудници да се затворат“, нема да ја поколебаат Владата. Достапните геолошки податоци покажуваат дека се проценува дека во источниот дел на Македонија ...

Во Националната опера и балет, на 18 и 19 април, по 23. пат ќе се одржи детскиот фестивал „Поточиња“. Омилените „Поточиња“, заедно со незаменливиот водител Поки (актерот Мартин Јорданоски), подготвија нова фестивалска приказна и со нови 17 детски песни ќе се погрижат децата да се забавуваат, да танцуваат и да пеат. – „Поточиња 2026“ е 23. издание на фестивалот. За утре и задутре (18 и 19 април), во Операта и балет, се закажани вкупно седум ...

– За да биде применлив еден колективен договор, мора да има позитивно мислење од Министерството за финансии. Колективен договор во културата нема – кажа премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање поттикнато од завчерашните протести на Синдикатот на културните работници пред ресорното Министерство. На овој протест, синдикалците изразија незадоволство од одлуката на Уставниот суд да поведе постапка за укинување на ...

Кај Владо постои уште една специфичност. Никогаш не пие кафе со шеќер, најмалку со млеко. Кафето му е исклучиво горчливо. Такво пиеше и во текот на нашиот разговор. Успеа да ги убеди во тоа и сите свои многубројни пријатели, кои дефинитивно се откажаа од шеќерот во кафето Владо Георгиев, популарниот балкански поп-пејач со македонски корени (од дедо си од страната на татко си), деновиве е во Скопје, па многумина сограѓани што го среќаваат ...

Со енергичниот настап, кубанскиот музичар Ален Перез постојано беше во интеракција и ја мотивираше публиката, која не можеше да им одолее на неговите глас, страста за музиката и на шармот. „Вамос Скопје, вамос Македонија“, викаше Перез, канејќи ја публиката во НОБ да стане, да игра, да ракоплеска… Експлозија на латинозвуци, кубанска музика, џез, танц и многу позитивна енергија донесе концертот на кубанскиот музичар Ален Перез, кој заедно со ...

Општина Кисела Вода почна со реконструкција на дел од улицата „Киро Фетак“, во делот кај мостот. Оттаму информираат дека поради градежните активности, улицата ќе биде целосно затворена за сообраќај во период од шест месеци, односно до 15.10.2026 година. Во овој период, сообраќајот во двата правци нема да биде дозволен. Притоа, општинските власти апелираат до сите учесници во сообраќајот да користат алтернативни маршрути. Од локалната ...

weather icon

Скопје

17ᴼ / 17ᴼ
3.09
72%
1016
weather icon

Белград

20ᴼ / 19ᴼ
3.6
43%
1014
weather icon

Загреб

17ᴼ / 16ᴼ
2.57
81%
1013
weather icon

Софија

20ᴼ / 19ᴼ
1.03
41%
1016
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
2.75
55%
1015
weather icon

Љубљана

23ᴼ / 19ᴼ
1.34
46%
1012
weather icon

Атина

25ᴼ / 21ᴼ
4.63
46%
1018
weather icon

Тирана

24ᴼ / 24ᴼ
2.57
31%
1016
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
1.54
52%
1017
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 24ᴼ
4.12
41%
1015
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 19ᴼ
8.75
56%
1013
weather icon

Истанбул

20ᴼ / 20ᴼ
2.57
46%
1018
Currency

61.6417

Currency

52.4626

Currency

71.2993

Currency

37.9791

Currency

38.4775

Currency

67.3564

Currency

7.70223

Currency

0.70181

Currency

0.33535

Currency

0.52518

Currency

1.15978

Currency

0.55488

Паладиум

49351.40

Калај

52.70

Злато

152465.86

Родиум

319899.93

Платина

66744.95

Бакар

12.46

Иридиум

253540.09

Сребро

2534.46

Алуминиум

3.53

Кобалт

45.39

Цинк

0.00

Рутениум

51376.89