Скопје
14ᴼ /
14ᴼ
Пукањето во основно училиште во Кахраманмараш ја шокираше Турција, уште повеќе затоа што тоа беше втор напад врз училиште во земјата во рок од 48 часа. Властите брзо известија дека не станува збор за тероризам, туку за крвав пир од страна на 14-годишен ученик во училиштето. Според деталите објавени во турските медиуми, 14-годишникот е син на поранешен полицаец, а во неговиот училишен ранец носел пет огнениоружја и седум шаржери со муниција, ...
Астероидот Апофис, именуван по древно египетско божество познато како „бог на хаосот“, треба да помине блиску до Земјата на 13 април 2029 година, според американската вселенска агенција НАСА. Тој ќе се приближи на околу 20.000 милји (32.000 километри) од површината на Земјата, поблиску од многу сателити во орбитата, соопшти агенцијата. Највисоките сателити обично орбитираат околу 22.000 милји (35.000 километри) над екваторот. Научниците го ...
Од денес со 18 април во просториите на Институтот за македонска литература при УКИМ во Скопје ќе се одржи Четвртиот колоквиум на Комисијата за стилистика при Меѓународниот славистички комитет на тема „Стилистички атлас на словенските литератури“. -Врз основа на достапните извори, стилистички атласи не постојат за словенските јазици и литератури (и не само за нив), затоа и нивното толкување отсуствува, поради што беше потребно да се создаде ...
Изложбата „Архивски документи“ е прво самостојно претставување на Вангели пред српската публика и содржи 41 дело во техника принт на плексиглас и аудио материјали. Овој проект е поддржан од Министерството за култура и туризам, а белградската публика ќе може изложбата да ја погледа до 6 мај. „Предизвик е да се пишува за ваква голема и значајна уметница, провокација е изборот од нејзиниот творечки, уметнички фундус да се преточи во соодветна ...
Министерот за надворешни работи заедно со белгискиот министер за надворешни работи Максим Прево утрово реализираа утринско трчање низ Скопје, во должина од шест километри. Како што беше споделено на социјалните мрежи, денот започнал со поинаков, неформален пристап, комбинирајќи спортска активност и дипломатска комуникација. Трчањето низ градот било искористено како можност белгиската делегација да се запознае со дел од препознатливите ...
Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова ќе престојува во работна посета на Република Турција, по повод учеството на петтиот Дипломатски форум во Анталија, кој се одржува од 17 до 19 април, на тема „Мапирање на иднината, управување со неизвесностите“. Како што соопшти Кабинетот на Сиљановска-Давкова, пред официјалниот почеток на форумот, претседателката денеска во Истанбул ќе оствари билатерална средба со претседателот на ...
Долго време во нашата држава се правеа експерименти со нешто што не смее да биде предмет на импровизација – со образованието. Сега е време да почнеме со системски решенија, изјави денеска македонскиот премиер Христијан Мицкоски. Тој се обрати на заедничка прес-конференција со министерката за образование и наука Весна Јаневска и ректорите на седумте државни универзитети при што истакна дека новиот предлог-закон за високо образование е резултат ...
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведе 1.221 вонредна инспекциска контрола во пресрет на велигденските празници, при што се изречени парични казни во износ од над 19.000 евра во денарска противвредност. Како што информираат од АХВ, уништени се повеќе од 272 килограми небезбедна храна, најголемиот дел од животинско потекло. Дополнително, на депонијата Дрисла нештетно се уништени и над 40 тони небезбедни јајца со потекло од Србија, ...
Ако може да се верува на администрацијата на Трамп, следниот викенд се очекуваат нови разговори во Пакистан, а на маса би можеле да бидат и Израел и Либан. Оптимизмот дека војната на Блискиот Исток можеби е близу до крајот се зголеми во четврток, бидејќи Израел размислува за прекин на огнот во Либан, а клучниот пакистански посредник во Техеран и администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп разговараат за можноста за договор за ...
Поднесена е пријава против унгарскиот премиер во заминување, откако се појави видео на кое Виктор Орбан вози автомобил без да го држи воланот. Видеото, објавено непосредно пред изборите на 12 април, го прикажува како пее во возило, а во еден момент целосно ги трга рацете од воланот, објавува унгарски Блик. Видеото е направено пет дена пред изборите и го прикажува премиерот како заминува од дома на работа. Додека вози, тој вели: „Ајде да ...
Силен бран на нова енергија, наплив на самодоверба и иницијатива носи Младата Месечина во Овен на 17 април и влијае на речиси сите знаци. Сепак, најмногу ќе влијае на три астролошки знаци. Младата Месечина во Овен носи силен бран на нова енергија, почетоци и лична иницијатива. Ова е моментот кога се појавува храброста да се раскине со старите шеми и да се започне нешто сосема ново, без премногу двоумење. Енергијата на овој аспект ве охрабрува ...
Тимот од Тафталиџе со победата врз Сутјеска денеска испиша историја. ТФТ со 90-77 над Сутјеска обезбеди пласман во финалето на АБА2 лигата со 2-0 во серијата. Тимот од Тафталиџе го „згази“ ривалот, имаше предност од старт, и ја одржа сигурна до сам крај. Најефикасен беше Стенли Дејвис Џуниор со 23 поени, пред Виктор Ташовски и Џастин Виндел Гордон. Во финалето, ТФТ ќе се соочи со Широки Бријег, со шанса за пласман во АБА лигата. ИЗДВОЕНИ ...
Грижата за вашиот метаболизам сега е клучен елемент на современото здравје, а експертите сè повеќе нагласуваат промени во исхраната кои имаат големо влијание. Една храна особено се издвојува како вреден сојузник: анасонот. Ендокринологот д-р Алесија Ронелт од Verywell Health истакнува дека овој ароматичен зеленчук може позитивно да влијае на метаболичкото здравје на неколку начини. Познат по својот благ, сладок вкус, анасонот не е само ...
Еден од астронаутите кој учествувал во мисијата „Артемис 2“ украл нешто од капсулата и повеќе не можел да молчи. Тој признал дека за време на историското патување околу Месечината толку се приврзал кон посебна плишана играчка што не можел да ја остави кога се вратил на Земјата. Командантот на мисијата, Рид Вајсман, открил дека наводно ја оставил плишената маскота, по име Рајс, во вселенската капсула „Интегритет Орион“ откако екипажот слетал ...
Еден од главните услови за успех на процесот на пристапување и проширување е самата Европска Унија да си закаже состанок за да го ревидира својот процес на одлучување, изјави белгискиот министер за надворешни работи, европски прашања и развојна соработка, Максим Прево, одговарајќи на новинарски прашања на заедничката прес-конференција со неговиот домаќин Тимчо Муцунски. Прашан дали Белгија би се откажала од своето право на вето и би го ...
Американскиот министер за финансии, Скот Бесент, најави воведување на секундарни санкции за сите земји чии банки држат пари поврзани со Иран или купуваат иранска нафта, пред разговорите меѓу САД и Иран што треба да се одржат до крајот на оваа недела во Исламабад. Откако американскиот претседател Доналд Трамп објави дека САД би можеле да ги продолжат преговорите со Иран, Белата куќа, исто така, даде официјална изјава за ова прашање. ...
Американскиот претседател Доналд Трамп, на својот профил на социјалната мрежа Truth Social, сподели слика генерирана од вештачка интелигенција на која Исус го прегрнува, со американското знаме во позадина. Покрај сликата тој напиша: „На радикалните левичарски лудаци можеби нема да им се допадне ова, но мислам дека е доста кул!!! Претседател DJT“, напиша Трамп. Сликата која бргу стана вирална, Трамп ја сподели од неговиот профил Irish for ...
По протестите и јавниот притисок што се случуваа кон крајот на минатата година, Вардариште не гореше цели 7 месеци, но денес повторно сме сведоци на истото сценарио: чад, загадување, тешка миризба и директна закана по здравјето на граѓаните. Ова е последно предупредување од наша страна!, соопштија попладнево од Здружението „Стоп за Вардариште“. Велат „доколку не се испочитува договореното, не се стави целосен крај на загадувањето што го ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, вели дека во вчерашниот телефонски разговор со Анита Орбан, главен советник за надворешна политика на новата владејачка партија на Унгарија – TISZA, се согласиле дека двете држави треба да имаат уште подобри билатерни односи со заеднички фокус и на прироритетите во НАТО и на нашиот пат кон полноправно членство во ЕУ. Како што рече Муцунски попладнево на новинарско прашање, ...
Прегазен е пешак во сообраќајна незгода што се случи денеска претпладне на булеварот „Св. Кирил и Методиј“ (кај поранешна НИП Нова Македонија) во Скопје. Според информациите од МВР, несреќата е пријавена во 11:15 часот во СВР Скопје, кога патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски таблички, управувано од В.М.(40) удри во пешакот кој со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде му се ...
Американскиот боксер Флојд Мејведер Јуниор повторно е во центарот на вниманието, но овој пат надвор од рингот. Мејведер (49), кој е и поранешен светски шампион, се соочува со нова тужба поради неплатен долг. Компанијата за изнајмување приватни авиони наводно бара 105.000 долари од Мејведер и од другите обвинети за чартер-лет до островите Туркс и Кајкос во септември. Случајот доаѓа во време на низа финансиски проблеми за боксерската легенда. ...
Најголемите светски нафтени и гасни компании бележат огромни добивки во услови на глобални тензии, при што, според анализа објавена од The Guardian, нивниот „екстра-профит“ достигнува повеќе од 30 милиони долари на час. Истражувањето покажува дека во првиот месец од конфликтот, цената на нафтата се искачила на околу 100 долари за барел, што донело дополнителни 23 милијарди долари профит само во март. Меѓу најголемите добитници се Saudi ...
Дипломатскиот спор меѓу Иран и Доналд Трамп ескалираше уште повеќе откако иранската амбасада во Таџикистан објави контроверзно видео со вештачка интелигенција во кое Исус Христос го фрла американскиот претседател во пеколот. Видеото е создадено како одговор на фотографија што Трамп претходно ја сподели на социјалната мрежа Truth Social, на која беше прикажан како месијанска фигура што лекува луѓе. Во иранската верзија, сцената е обратна – се ...
Девет дена пред одржувањето на солистичкиот концерт „Господски“, на Владо Георгиев, денеска се одржа прес-конференција. Главниот збор го имаше Антонио Димитриевски, а по неговиот говор, следуваа прашања од медиумите, од чиј одзив и самиот пејач пријатно се изненади. Пејачот беше сосем опуштен, како и секогаш, во оној негов препознатлив неформален и „незадолжителен“ стил, а знаеше и сосем симпатично да уфрли по некој македонски збор и израз, ...
Во голема полициска операција на Европол, во која учествуваше и Црна Гора, беше разбиен Балканскиот картел и седум лица беа уапсени на територијата на Црна Гора, вклучувајќи го и шефот на криминалната група. Директорот на Управата на црногорската полиција (УП), Лазар Шќепановиќ, изјави дека во оваа операција се запленети околу 4,5 тони наркотици, во 12 поединечни големи заплени, од кои 2,7 тони кокаин беа запленети во Боливија (десет лица беа ...
Особено ја цениме јасната позиција дека евроинтеграцискиот процес мора да се темели на исполнување на копенхашките критериуми од страна на земјите кандидати, но клучна е и подготвеноста на самата Европска унија да спроведе неопходно внатрешни раформи за прием на нови членки – рече министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски на денешната заедничка прес-конференција со белгискиот министер за надворешни работи, европски ...
Американскиот претседател Доналд Трамп ѝ се закани на Велика Британија со полоши услови во трговскиот договор, изразувајќи фрустрација поради она што го смета за недоволна британска поддршка за војната со Иран. Британскиот премиер Сер Кир Стармер решително го отфрли притисокот, велејќи: „Нема да се предомислам. Нема да попуштам“, објавува Скај њуз. Остра реакција од опозицијата Изјавата на Трамп, која ја даде на дописникот Марк Стоун, ја ...
Патувањето повеќе не е само пасош, билет и куфер. Денес, целиот свој живот го носите во џеб, и токму тоа станува проблем штом ќе ја преминете границата. Во сè поголем број земји, граничните контроли не завршуваат со документи. Во некои земји, службениците имаат право да ја проверат содржината на вашиот телефон, лаптоп, па дури и вашиот паметен часовник. Тоа значи пораки, фотографии, е-пошта, апликации – сè што вообичаено би го сметале за ...
Заканите на Доналд Трамп за повлекување на САД од НАТО треба да се сфатат сериозно, предупреди поранешниот генерален секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во интервју за ТВ 2. Столтенберг го водеше НАТО од 2014 до 2024 година, период во кој беше вклучен и првиот претседателски мандат на Трамп, во кој американскиот претседател се закани и со повлекување од алијансата. „Тој се закани во 2018 година дека ќе ги повлече САД од НАТО. Го направи тоа ...
Лидерот на партијата Тиса, Петер Маѓар, кој убедливо победи над Фидес на изборите во недела, пристигнал во претседателската палата во Будимпешта во среда за да разговара за формирањето на нова влада со претседателот Тамаш Шуљок. За време на обиколката на палатата, која била снимена со камера, Маѓар го забележал премиерот во заминување Виктор Орбан на соседната тераса. Според видеото, Орбан седел и читал, а сцената предизвикала реакција кај ...