Поглаварот на Албанската автокефална православна црква г.г. Јоан, Архиепископ на Тирана, Драч и цела Албанија на 13 јануари 2026 година, одржа серија важни средби со високи претставници на Европската Унија во Брисел. Тој се сретна со европскиот комесар за одржлив транспорт и туризам, Апостолос Цицикостас. Разговорот се фокусираше на историската важност на делото на блажениот архиепископ Анастасиј и на визијата на Неговото Блаженство, ...

Утре, 14 јануари во 12 часот во Клубот на пратеници ќе се одржи меѓупартиска лидерска средба на покана на премиерот Христијан Мицкоски. На агендата се укинувањето на техничката влада, изборните реформи согласно препораките на ОБСЕ/ОДИХР и изборот на нов Народен правобранител. Коалицискиот партнер во Владата, Вреди, ќе учествува преку Биљал Касами, додека најголемата опозициска партија предводена од Венко Филипче одби присуство. Левица најави ...

Со низа свечени настани низ Албанија денес беше одбележана 113 години од основањето на Албанската државна полиција. Централната церемонија се одржа во Тирана, во присуство на претставници на Министерството за внатрешни работи, полицијата и други државни институции. Заменик-министерот за внатрешни работи Џемал Ќефалија истакна дека полицијата повеќе од еден век има клучна улога во зачувувањето на редот и безбедноста и дека секогаш била блиску ...

Со низа свечени настани низ Албанија денес беше одбележана 113-годишнината од основањето на Албанската државна полиција. Централната церемонија се одржа во Тирана, во присуство на претставници на Министерството за внатрешни работи, полицијата и други државни институции. Заменик-министерот за внатрешни работи Џемал Ќефалија истакна дека полицијата повеќе од еден век има клучна улога во зачувувањето на редот и безбедноста и дека секогаш била ...

Поради влошената безбедносна состојба во Исламска Република Иран, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија апелира до македонските граѓани кои се наоѓаат на територијата на оваа држава, да ја напуштат во прва можна и безбедна прилика. Истовремено, апелира и да се одложат сите патувања кон Иран кои не се неопходни. Како што информираат од Министеството, веќе се ставени на располагање негови капацитети ...

Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул побара неговата земја да добие повеќе раководни позиции во Обединетите нации (ОН) нагласувајќи дека Германија не е доволно претставена во високиот ешалон на организацијата и покрај нејзиното меѓународно влијание. По разговорите со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, во Њујорк, Вадефул истакна дека сегашната застапеност на Германија не ја одразува адекватно нејзината политичка ...

Документ од 1934 година, издаден од властите на Австралија, повторно го отвори прашањето за самоидентификацијата на македонските иселеници во првата половина на 20 век. Станува збор за официјален документ поврзан со постапка за добивање австралиско државјанство на Атанас Васил Делјанис, македонски иселеник, кој пред надлежните институции јасно изјавил дека е Македонец. Во документот, тој наведува дека неговото име е запишано во грчка форма ...

Во рамки на активностите во областа на надворешната трговија и економската дипломатија, министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија, Тимчо Муцунски, денеска, придружуван од директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони, Гоце Димовски, оствари посета на организацијата „Македонија 2025“ и одржа средба со нејзиното раководство. Посетата е дел од серијата работни средби што министерот ...

Ситуацијата во Иран е „под целосна контрола“ откако протестите за време на викендот станаа насилни, изјави денеска иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи. Тој додаде дека предупредувањата на американскиот претседател Доналд Трамп против дејствијата на Техеран доколку се пролее крв на протестите би ги мотивирале „терористите“ да ги нападнат демонстрантите, а безбедносните сили да „поканат“ странска земја да интервенира. ...

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска беше на спомен-обележјето кај Катлановско Блаце. Положивме венец со свежо цвеќе во знак на неизмерна почит кон единаесетте македонски припадници на воздухопловниот ВИНГ кои пред 18 години трагично ги загубија своите животи во хеликоптерската несреќа, враќајќи се од мировната мисија АЛТЕА во Босна и Херцеговина, истакна Мисајловски. Нивната мисија беше благородна – мисија на мир, стабилност и ...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски истакна дека денешниот изборен ден од повторените локални избори помина во демократска, мирна и достоинствена атмосфера. Тој посочи дека граѓаните слободно и одговорно го остварија своето право на глас. Тоа е јасна и недвосмислена потврда за демократскиот капацитет на државата и важна инвестиција во нејзината стабилност. Овие избори покажаа дека инстируциите функционираат и дека демократсите ...

Министерството за Европа и надворешни работи ги предупредува албанските граѓани кои моментално се наоѓаат во Иран да бидат претпазливи и да останат во постојан контакт со дипломатските и конзуларните претставништва на Албанија во регионот. Оваа инструкција доаѓа како резултат на протестите што започнаа во главниот град Техеран и се проширија во над 100 градови. Албанска амбасада во Катар Е-пошта: embassy.doha@mfa.gov.al Тел: +974 77180778 ...

Израелската полиција денеска соопшти дека привела висок функционер од кабинетот на премиерот Бенјамин Нетанјаху, поради сомнеж дека попречувал тек на истрага, пренесува „Тајмс оф Израел“. Според весникот, приведен е шефот на кабинетот на израелскиот премиер, Цахи Браверман, кој е одведен на распит поради наводен обид да ја попречи истрагата за оддавање доверливи разузнавачки информации на германскиот весник „Билд“. Истражителите на ...

Областа Голо Брдо, населена главно со Македонци, по обилните дождови, од синоќа ја зафатија снежни врнежи, од кога има прекин и во снабдувањето со електрична енергија. Снегот не е исчистен од патиштата а дополнително проблем е и мразот. Без електрична енергија сме повеќе од 18 часа. Што да речам, заборавени сме од властите со децении, па веќе сме навикнати, рече за МИА, Едмонд Османи, од село Требиште, потпретседател на МАЕИ. И албанските ...

Премиерот Христијан Мицкоски преку својот фејсбук профил попладнево информира дека со својот владин тим одржал состанок за реформската агенда. Како што наведува Мицкоски, борбата за критериумите на ЕУ продолжува и покрај наметнатиот билатерален спор. Саботен состанок за реформска агенда. Борбата за критериумите на ЕУ продолжува и покрај наметнатиот билатерален спор. Силно сме фокусирани кон стандарди за подобар живот на граѓаните. Таа борба ...

Жителите на селата Отовица, Новачани, Кумарино, Сујаклари, како и целиот потег околу Велешкото езеро (Младост), се соочуваат со вистинска инфраструктурана агонија. На само 8 километри од центарот на Велес, во зона која важи за туристички и рекреативен центар, прекините на електрична енергија станаа секојдневие, а трпението на граѓаните е целосно исцрпено. Револтот кулминира бидејќи проблемот не е нов – тој трае повеќе од три години. И покрај ...

Платформата „Македонска Држава“ официјално започна соработка со Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), со што доби дозвола за објавување на материјалите од веб-порталот „Дигитални ресурси на македонскиот јазик“. Соработката овозможува научните, јазичните и историските ресурси на МАНУ да станат подостапни за пошироката јавност преку дигиталниот простор. Сите материјали ќе бидат објавувани со јасна и целосна атрибуција кон ...

Адвокатот Гентиан Сејрани, директор на невладината организација „За социјална правда“ и претставник на египетската заедница во Албанија, изрази остри критики кон изборот на Константина Безиани, директор на комитет за национални малцинства во Албанија. Според Сејрани, иако повторното назначување е формално дозволено со важечкото законодавство, назначувањето лице на возраст за пензионирање на чело на оваа институција дополнително го ослабува ...

Иранскиот принц во егзил Реза Пахлави ги повика демонстрантите да продолжат да излегуваат на улиците вечерва и утре навечер и да ги окупираат централните градски подрачја. Тој, исто така, ги повика работниците во транспортниот, нафтениот, гасниот и енергетскиот сектор да започнат национален штрајк. Во порака до демонстрантите, тој ја пофали, како што ја нарече, нивната „храброст и издржливост“ откако милиони луѓе одговорија на неговите ...

Иранската Револуционерна гарда предупреди дека заштитата на достигнувањата на Исламската револуција од 1979 година и безбедноста на Иран претставуваат „црвена линија“, јави државната телевизија. Иранската Револуционерна гарда предупреди дека заштитата на достигнувањата на Исламската револуција од 1979 година и безбедноста на Иран претставуваат „црвена линија“, јави државната телевизија. Оваа изјава доаѓа во моменти кога Исламската Република ...

Секој петти жител во Германија изјавил дека размислувал да ја напушти земјата, покажува анкетата на Германскиот центар за истражување на интеграцијата и миграцијата, пренесува ДПА. Меѓу анкетираните, 21 отсто посочиле дека размислувале за емиграција. Кај Германците без мигрантско потекло тој дел изнесува 17 проценти, додека оние кои самите имигрирале во Германија имаат двојно поголеми шанси да размислуваат за напуштање на земјата (34 отсто). ...

Сите патишта во државата се проодни благодарение на макотрпната работа на луѓето од Македонија пат, кои даваат се’ од себе да се справат со обилните врнежи од снег кои ја зафатија државата, изјави денеска заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, кој ги посети пунктовите на Македонија пат на планинските превои “Стража” и “Пресека”. Денеска сум на терен во увид на активностите на Македонија пат, можам да ...

Интервју со проф. д-р Стојко Стојков, потпретседател на ОМО „Илинден“ – Пирин Интервјуто со проф. д-р Стојков е можност да се проникне во неговата визија за улогата на историјата во современите општествени процеси. Toj е повеќе од историчар – тој е глас на македонското малцинство во Бугарија што ги спојува академската строгост и граѓанската борба. Неговата работа е дел од пошироката историја на одбрана на македонскиот идентитет и култура, ...

Во Галеријата на уметностите „Гури Мади“ во Корча, беше отворена фотографската изложба „Пустец, природа, наследство, живот“, визуелно патување низ Преспа и македонската заедница во Пустец, преку објективот на уметникот Роланд Беќирај. Изложбата ѝ нуди на публиката автентични портрети, впечатливи пејзажи и посебни детали од традицијата и културата, кои го отсликуваат духот, секојдневниот живот и идентитетот на македонската заедница во Пустец. ...

На четвртиот ден од лошите временски услови, во Албанија се поплавени 1.587 куќи и 13.211 хектари земјиште. Билансот беше објавен на состанок на Советот за цивилни вонредни ситуации, со кој претседаваше премиерот, Еди Рама. За справување со состојбата се обезбедени 50 милиони евра, а според шефот на извршната власт, погодените жители ќе бидат обештетени. Во меѓувреме, денес е забележано подобрување на состојбата во одредени подрачја, каде ...

На покана на Архиепископот Охридски и Македонски, г.г Стефан, присуствував на празничниот ручек што традиционално го приредува по повод неговиот именден, денот на Светиот првомаченик и архиѓакон Стефан, информираше на социјалните мрежи претседателката Гордана Сиљановска Давкова на ФБ. Му посакав добро здравје, духовна сила и долг век во служењето: во мир, со мудрост и човекољубие, водејќи ја Црквата по патот на слогата, дијалогот и духовното ...

Претседателот Бајрам Бегај упати апел до жителите на поплавените подрачја да ги следат упатствата на надлежните одговорни за евакуација, откако состојбата почна да се влошува. Тој посочи дека со загриженост ја следи ситуацијата создадена од интензивните врнежи од дожд во земјата, и оти е во постојана комуникација со раководителите на централните и локалните институции, со структурите за цивилни вонредни состојби и со вооружените сили, за ...

„Оспорувањето на македонскиот јазик од страна на Бугарија, која деновиве најде нова причина за тоа во нацртот за правата на заедниците предложен од Македонија, извади на виделина уште еден скелет од бугарската гардероба“, велат од здружението на Македонците во Бугариј, ОМО “Илинден”-Пирин преку објава. Од организацијата потсетуваат дека македонскиот јазик е официјално признат од Бугарија уште пред 80 години, а правно обврзувачки пред 70 ...

Претседателот Бајрам Бегај упати апел до жителите на поплавените подрачја да ги следат упатствата на надлежните одговорни за евакуација, откако состојбата почна да се влошува. Тој посочи дека со загриженост ја следи ситуацијата создадена од интензивните врнежи од дожд во земјата, и оти е во постојана комуникација со раководителите на централните и локалните институции, со структурите за цивилни вонредни состојби и со вооружените сили, за ...

Маж на 54-годишна возраст е првата евидентирана жртва во поплавите по обилните врнежи. Лицето се водело за исчезнато два дена пред денеска неговото безживотно тело да биде пронајдено во одводен канал кај Драч. Според првичните информации објавени од локалните медиуми, мажот бил дел од екипата на комуналното претпријатие која била ангажирана во расчистување на каналот кога бил однесен од водната струја. Надлежните органи соопштија дека ...

weather icon

Скопје

5ᴼ / 5ᴼ
1.03
61%
1015
weather icon

Белград

8ᴼ / 5ᴼ
2.57
61%
1016
weather icon

Загреб

6ᴼ / 6ᴼ
3.6
61%
1016
weather icon

Софија

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
53%
1016
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
4.53
86%
1017
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
2.57
79%
1016
weather icon

Атина

10ᴼ / 9ᴼ
5.14
73%
1011
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
71%
1012
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.54
50%
1013
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 7ᴼ
5.14
76%
1017
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 7ᴼ
5.14
57%
1018
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
4.63
91%
1010
Currency

61.6238

Currency

53.1629

Currency

71.3542

Currency

37.4525

Currency

38.7262

Currency

67.692

Currency

7.72202

Currency

0.63227

Currency

0.33549

Currency

0.52487

Currency

1.20167

Currency

0.56757

Рутениум

56199.51

Кобалт

3.86

Сребро

2179.44

Родиум

353658.21

Калај

43.91

Злато

144593.23

Платина

61858.04

Алуминиум

3.19

Иридиум

258288.78

Бакар

10.65

Паладиум

44753.84

Цинк

0.00