Белград
12ᴼ /
11ᴼ
Неодамна, книгоиздавателството „Матица македонска“ ја објави новата поетска книга на истакнатиот македонски поет Ристо Лазаров, „Врне ли, врне“. Иако зборовите и песните „врнат“ изобилно во стихозбирката „Врне ли, врне“, Ристо Лазаров ја продолжува потрагата по „зборот што го чека“, зашто добро знае дека поезијата е моќна и поројна, но и насушно потребна – како и дождовите, како што истакнува универзитетската професорка и книжевна критичарка, ...
Полската војска рано утринава објави дека соборила беспилотни летала што го нарушиле нејзиниот воздушен простор за време на рускиот напад врз соседна Украина. „Распоредено е оружје, а службите активно работат на лоцирање на соборените објекти“, објави Полската оперативна команда. Оттаму додадоа дека е во тек воена операција и ги повикаа жителите да останат во своите домови. Полска е членка на НАТО, трансатлантски одбранбен пакт во кој ...
Во Албанија деновиве ќе се случат два важни политички настани, на 11 септември ќе биде објавен составот на новата влада, а ден потоа конституиран новиот парламент, 11. по ред по падот на комунизмот. Чекањето завршува. Еди Рама го има подготвено својот тим за четвртиот мандат и ќе го претстави овој четврток претпладне, 11 септември, пред членовите на Собранието на Социјалистичката партија. Како што се дознава, во владиниот кабинет, главно ќе ...
Израел изврши воздушен напад врз лидери на Хамас во Катар, проширувајќи ги своите воени операции и на Заливот, каде палестинското движење со години ја има својата политичка база, објави Ројтерс. Катар, кој заедно со Египет посредува во преговорите за прекин на огнот во речиси двегодишната војна во Газа, го осуди нападот како „кукавички“ и го оцени како флагрантно кршење на меѓународното право. Два извора од Хамас изјавија за Ројтерс дека ...
Главниот изборен комесар, Илирјан Целибаши во разговор со новинарите, сега кога резултатите од изборите на 11 мај се конечно потврдени. Во комуникацијата со новинарите, Целибаши рече дека почнувајќи од последните избори, потребно е да се направат некои промени. Тој предложи 14 точки кои, според него, треба да се земат предвид за изборната реформа. „Помина малку време откако се одржаа овие избори, но овој процес, како и претходните избори, ...
Премиерот Еди Рама на отворањето на Амбасадорската конференција „Diplo2025“ изјави дека Албанија е поблиску од кога било до членство во Европската Унија, опишувајќи го ова како историска цел за земјата. Традиционалната Конференција на амбасадори, оваа година, се случува во историски момент за патувањето на Албанија кон ЕУ, кое треба да заврши во 2030 година. Имаме четири години во кои не треба да се губи ниту еден ден, кога времето не чека за ...
Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, изјави дека за рекордно краток период стадионот „Петар Милошевски“ во Битола е претворен во модерен спортски објект, достоен за националната репрезентација. „Кога зборовите стануваат дела – заедно со општина Битола успеавме да го изградиме стадионот во вистинска гордост на градот и дом на македонската репрезентација. Горд сум на сите што беа дел од овој процес,“ напиша ...
Претседателот Бајрам Бегај, попладнево потпиша уредба, со која конститутивната седница на новиот парламент, што произлезе од изборите на 11 мај, ќе се одржи на 12 септември. „Албанија се наоѓа во историски момент на својот пат кон членство во Европската Унија. Во исполнувањето на овој голем приоритет, Собранието има чест и обврска да биде претставник на визијата и аспирациите на Албанците за европска Албанија, напиша Бегај во објавата на ...
Честитка по повод Денот на независноста, од име на Македонците во Албанија до сите сонародници каде и да се, упатија Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), македонските друштва „Илинден“ и „Преспа“. Овој ден е симбол на долгогодишна борба на Македонците за самостојност, слобода и достоинство. На овој историски датум пред 34 години, Македонците храбро и достоинствено го заокружија својот стремеж кон независна држава, исполнета со ...
Градот Скопје од следната година ќе биде нова дестинација на една од водечките европски фестивалски групации – „EXIT“. Веста ја потврди основачот на фестивалот, Душан Ковачевиќ, по средбата со градоначалникот на општина Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски. „Убеден сум дека бренд како ‘EXIT’ значително ќе го зголеми квалитетот на забавниот живот и културната понуда на Скопје и Македонија, ставајќи го градот на ...
На 8 Септември 1991 година, легално и легитимно, врз основа на неотуѓивото и непотрошно право на самоопределување на секој народ, на референдумот за самостојна и независна Македонија излегоа 75,74% од електоратот, а „за“ гласаа 72,16% од запишаните! Така, ние, македонските граѓани, ја крунисавме вековната борба на илинденците и партизаните со унитарна, независна и самостојна држава! Денес, 34 години потоа, во свет заснован на сила, а не на ...
8 Септември не е само датум и никако не е случајност, туку континуитет на жедта на еден од помалите народи во Европа и последица на многу битки на тој народ. Денес повторно сме исправени пред времиња што бараат храброст и одлучност. И повторно мора да го направиме вистинскиот избор – изборот на работа, изборот на заедништво, изборот на иднина што ќе ја оставиме на нашите деца. Независноста не е само потпис и хартија – таа е жртва, таа е борба, ...
Не случајно се вели – една фотографија илјада збора. Таа ни овозможува со свои очи да погледнеме во минатото, да ја согледаме суштината и да ја пренесеме на идните генерации. Фотографијата дава бесмртност бидејќи кога ги гледаме старите фотографии си замислуваме каков бил животот во минатото и какви биле нашите предци. Затоа фотографијата на одреден начин комуницира со минатото и го овековечува. Таа го зачувува историскиот момент за век и ...
На 8 Септември, Македонија го одбележува Денот на независноста. Овој државен празник ја симболизира борбата, стремежот и конечното остварување на сувереноста и самостојноста на македонскиот народ. Историски контекст и настани што му претходеа на референдумот Во екот на распадот на поранешната СФР Југославија, на 8 септември 1991 година, македонските граѓани се изјаснија за независност преку референдум. Тоа беше период на голема политичка ...
Во тек е постапка за враќање на 36-те украдени икони од земјава пронајдени во Албанија. По првата успешна реституција, кога беа вратени 20 икони, тече втора за иконите кои албанската полиција ги заплени во април 2022 година во Тирана. Станува збор за непроценливо културно историско богатство, кое земјава прави напори да го врати дома. Да, еден дел од тие икони кои беа однесени пред 20 години, дел се вратени, а дел до прва треба да ги вратиме, ...
Денес официјално започнува со работа платформата „Македонска држава“, најголемата дигитална библиотека за македонското историско наследство. Платформата стартува со повеќе од 300 електронски книги, историски документи и истражувања кои опфаќаат над 150 години македонска историја, култура и поезија. Зад иницијативата стои група млади ентузијасти кои вложиле значителен труд за собирање, дигитализација и систематизација на материјали од различни ...
Македонското друштво “Илинден“-Тирана упати честитка по повод 8 Септември – Денот на независноста на Македонија. Пред точно 34 година македонските граѓани покажаа исклучителна демократска зрелост и донесоа одлука со која сите се гордееме и која го трасираше патот за посветла иднина на нашата матична држава, пишува во честитката. Овој историски ден, како што се додава, е симбол на одлучноста и непоколебливоста на македонскиот народ да го оствари ...
Фудбалската репрезентација на Македонија ја декласира Лихтенштајн со 5-0 во септемврискиот квалификациски натпревар за Светското првенство 2026 и се врати на врвот на табелата во групата. Победата е значајна за националниот тим пред клучните октомвриски дуели со Белгија во Брисел и со Казахстан во Скопје. Првиот гол го постигна Елиф Елмас во 15. минута, со спектакуларен соло продор во кој издрибла четворица противници пред да го матира ...
Македонската фудбалска репрезентација се врати на првото место на табелата, и таму ќе остане барем до октомври и до следните квалификациски натпревари, откако вечерва на Националната Арена „Тодор Проески“ во Скопје лесно и според очекувањата ја совлада најслабата селекција во групата Лихтенштајн со убедливи 4-0. Македонија сосема очекувано доминираше на натпреварот, можеше да постигне и уште некој гол, особено во вториот дел кога имаше многу ...
Градоначалникот на Општина Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска изврши увид на неколку клучни локации кои ќе бидат приоритет во првите месеци од неговиот мандат. Меѓу проектите што се најавуваат се: довршување и пуштање во употреба на клучката кај Момин Поток, кружен тек на улица „Бутелска“, изградба на нов парк кај булеварот „Христијан Тодоровски-Карпош“ во Бутел, летни сцени на скопското Кале и ...
Кандидатот за градоначалник на општина Пробиштип од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Тоневски, во интервју за А1ОН изјави дека негов приоритет ќе бидат проекти кои директно ќе го подобрат секојдневието на граѓаните. „Ако граѓаните ми ја дадат довербата, првите години од мандатот ќе ги посветиме на проекти што директно ќе го подобрат секојдневието во Пробиштип. Прво ќе почнеме со подготовка на нови индустриски и станбени зони кои ќе претставуваат ...
Ракометниот клуб Алкалоид го доби пехарот за триумфот во ЕХФ Европскиот куп за ланската сезона. Македонскиот тим во финалето од ова натпреварување заврши како победник, откако неговиот ривал грчки АЕК не се појави на терен на реваншот во Скопје. Пехарот вечерва на капитенот на Алкалоид Игор Ѓорѓиев го предаде Божидар Ѓурковиќ претставникот од ЕХФ. Алкалоид имаше предност и победа од првиот финален дуел, а грчкиот тим во Скопје иако се загреваше ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, стави потпис на извршна директива со која се врши преименување на Министерството за одбрана во Министерство за војна, чекор кој го најавуваше подолго време. „Тоа е многу поприкладнo име, посебно имајќи предвид во каква ситуација е светот во моментов. Одлучивме да се „разбудиме“ и да го смениме името на Министерството за одбрана. Значи, се префрламе во Министерство за војна“, изјави Трамп при официјалното ...
„Матица македонска“ го објави европскиот мега-хит роман „32 март“ од познатиот каталонско-шпански писател Хавиер Боск, во превод на македонски јазик. Ова е прв превод на Балканот на најновиот роман на најдобро продаваниот писател во Шпанија. Македонските читатели, со заложба на „Матица македонска“ имаат ексклузивна можност први во регионот да прочитаат едно од највредните книжевни дела во светски рамки во последната деценија – ремек дело не ...
Бруто домашниот производ порасна за 3,4 отсто во април, мај и јуни. Особено ми е драго што секторите градежништвото, транспорт и складирање силно растат. Тие се двигатели на македонската економија! Во вториот квартал секторот градежништво порасна за 7,3 отсто, објави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук-профил. Премиерот Христијан Мицкоски објави одлични вести за македонската економија – во месеците ...
„Матица македонска“ ја објави монографската публикација „Светлосни записи“ – нова книга од Цветан Гавровски, национален мајстор на фотографијата и ЕФИАП (Excellence FIAP) на Светската федерација на фотографска уметност. Станува збор за издание коешто по својот формат и содржина е ретко во македонскиот културен простор – на 390 страници, со двата циклуса, црно-бело и колор се репродуцирани околу 200 авторски фотографии. Книгите од овој тип, ...
На 16 септември, Албанија ќе учествува на следната конференција со Европската Унија за отворање на групата поглавја „Зелена агенда и одржлива поврзаност“. Овие поглавја вклучуваат транспортна политика насочена кон подобрување на патната и железничката инфраструктура и безбедност, енергетскиот сектор и обезбедување одржливо и прифатливо снабдување со енергија, заштита на животната средина и справување со климатските промени, преку високи ...
Со посветен и стручен кадар, со јасна визија и мисија, Академијата ја исполнува својата улога – создавање на генерации на професионалци подготвени да служат со чест, достоинство и лидерство, истакна министерот Мисајловски. Министерот за одбрана Владо Мисајловски денес ја посети касарната „Гоце Делчев“ каде се одбележуваше 30 години од основањето на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – столбот врз кој се градат идните офицери и ...
Имаме три убави вести во однос на авиосообраќајот, а тоа е дека воведуваме уште пет нови авиолинии и тоа до Охрид од Катовице, Вроцлав и Милано, а до Скопје од Будимпешта и Наполи. Визер следната година ќе понуди 3,3 милиони седишта за Македонија што директен импакт ќе има врз туризмот и економијата, а ќе донесе шест нови авиони од типот Ербас А321. Дополнително ќе работиме да се вработат уште стотина македонски граѓани во авиокомпанијата, ...
Во периодот од 30 август до 4 септември 2025 година мијачкиот крај повторно стана духовно-научно средиште: се одржа шестата Малореканска летна школа „По патеките на Дичо Зограф“, под покровителство на Бигорскиот Манастир „Св. Јован Крстител“, Истражувачкиот центар за културно наследство „Цветан Грозданов“ при МАНУ, Општина Маврово и Ростуше и Здружението на граѓани „Брзовец“ – Тресонче. Школата започна со свечено отворање во црквата „Свв. ...