Скопје
26ᴼ /
26ᴼ
ВРЕДИ побара од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција да отвори предмет и да ги провери наводите поврзани со работењето на поранешниот директор на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми. На прес-конференција, Мухамет Елмази се повика на медиумски објави во кои се тврди дека Рустеми вршел притисок врз една од најголемите европски компании за производство на заштитни огради да не учествува на ...
Двајца од осомничените денеска беа изведени пред судија на претходна постапка. За едно лице е определена мерка притвор, додека за вториот осомничен се изречени мерки за обезбедување на неговото присуство во постапката. Преостанатите двајца осомничени ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка во текот на утрешниот ден, по што ќе биде одлучено и за мерките што ќе им бидат определени. Ѓорѓиоски и Сејдини се прво и второосомничени, а ...
Фјучерсите на американските берзански индекси во понеделникот се движеа без поголеми промени додека инвеститорите ги следат најновите случувања околу преговорите меѓу САД и Иран, како и претстојните податоци за инфлацијата што внимателно ги следи Федералните резерви. Фјучерсите на индексот S&P 500 беа во благ минус од 0,2 отсто, додека Nasdaq-100 се движеше околу нивото од претходното затворање. Фјучерсите на Dow Jones загубија околу 29 ...
Добивај вести на Viber Ребалансот на Буџетот ќе се разгледува утре на седница на Владата, најави министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, споделувајќи дека ќе има нагорна корекција на буџетскиот дефицит поради зголемените потреби за финансирање на капитални инвестиции. - Планот е утре на редовна владина седница да се разгледува ребалансот на Буџетот. Она што во овој момент можам да го кажам е дека ќе имаме одредена корекција на ...
Наде Проева остави длабока трага во македонската и светската историографија како посветен и чесен научник со светско реноме, бескомпромисен борец за македонската кауза и истражувач кој ја афирмираше античката историја на Македонија. Нејзините трудови се сметаат за фундаментални во разбирањето на античките корени на македонската култура и идентитет. Македонската претседателката на, проф. д-р Гордана Силјановска-Давкова, ќе го додели државното ...
Пресудите на Судот во Стразбур можат и мораат да важат за сите земји членки. Впрочем, многупати сме разговарале за тоа дека, доколку тие не се спроведуваат, можеби е потребно да постои и одреден механизам на притисок, па дури и закана што би се однесувала на статусот на членство во Советот на Европа, порача претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на конференцијата на претседатели на врховни судии од Централна и Источна Европа, на која ...
Претседателот на Собранието, Африм Гаши утре ќе отпатува за Софија каде ќе учествува на состанок на Процесот за соработка на Југоисточна Европа, информираше спикерот на денешниот брифинг со новинарите. Како што додаде тој, Гаши ќе има и билатерална средба со бугарската колешка, Михаела Доцова која ќе се одржи на нејзино барање. — Добивме покана од нив за билатерална средба на која ќе разговараме за соработка на парламентарно ниво. Досега, ...
Премиерот Христијан Мицкоски упати честитки по повод 25-годишнината од формирањето на Центарот за извонредност во финансиите, оценувајќи дека организацијата има значаен придонес во развојот на јавните финансии, професионалните капацитети и регионалната институционална соработка. Во своето обраќање пред министри, гувернери, претставници на меѓународните институции и експерти, Мицкоски нагласи дека Центарот во изминатите две и пол децении ...
Реакција од ВМРО-ДПМНЕ на прес конференцијата на Јована Тренчевска, СДСМ Поранешната министерка за труд и социјална политика, Јована Тренчевска, денес зборуваше за животниот стандард, иако токму во времето кога СДС беше на власт граѓаните се соочуваа со двоцифрена инфлација и сериозно намалување на куповната моќ. По седум години политики кои го доведоа народот на работ на егзистенција, денес на СДС им пречат мерките што носат повисоки ...
Додека јавноста веќе подзаборави на случајот ,,Пепел”, во кој меѓу обвинетите беше и кумановецот Бајрш Сејдији, државата по 16 години се ,,сети” да продава имот кој беше запленет во овој предмет. Поточно, Агенцијата за управување со одземен имот објави за продажба дел од куќа во Бутел, за која ,,Фокус” информира дека била конфискувана во овој случај од 2010 година. -Конфискуваниот имот, кој што е предмет на продажба е одземен врз основа на ...
На денешната седница на собраниската Комисија на која се разгледува Предлог-законот за судска служба, пратеничката од Левица, Јована Мојсоска, образложувајќи ги амандманите поднесени од пратеничката група на Левица, предупреди дека предложеното законско решение претставува сериозен удар врз независноста на судската власт и врз правата на судските службеници. Мојсоска истакна дека Левица поднела 50 амандмани кои произлегуваат од забелешките ...
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека разговорите со владините коалициски партнери за реконструкцијата на Владата се одвиваат во конструктивна атмосфера и дека меѓу опциите за кои се разговара е и промена на одделни ресори. „Во првите разговори можам да признаам дека преовладува конструктивен амбиент. Ќе имаме сега во текот на оваа недела повторно средби. Очекувам тоа да бидат завршни. Во текот на викендот да се формализира сето тоа и со ...
Доколку трговците самите не ги намалат цените на производите, особено на основните прехранбени производи, премиерот рече дека Владата ќе ги искористи механизмите што ѝ стојат на располагање за намалување на цените Премиерот Христијан Мицкоски најави дека денеска во Владата ќе има состанок со претставници на сите дистрибутери, трговци и маркети на кои ќе им пренесе дека очекува намалување на цените на производите, особено на основните ...
Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, денеска оствари работна средба со амбасадорката на Кралството Данска, H.E. Перниле Дахлер Кардел, на која беа разгледани билатералните односи меѓу двете земји, процесот на европска интеграција на Република Македонија и можностите за продлабочување на соработката во области од заеднички интерес. Министерот Сали изрази благодарност за континуираната поддршка што ...
Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека на 23.06.2026 година (вторник), во периодот од 05.00 до 09.00 часот, поради изведување на технички активности, ќе биде воведен изменет режим на сообраќај на експресниот пат А4 Штип – Радовиш, на делницата од клучка Софилари до клучка Долани. Во наведениот период, полициските службеници од ПС за БПС Штип ќе го пренасочуваат сообраќајот по регионалниот пат Р1204 Штип – Радовиш. ...
Претседателот на Социјалдемократската младина на Македонија (СДММ), Петар Огњеновиќ, на денешната прес-конференција упати остри критики до извршната власт, оценувајќи дека по две години од владеењето на премиерот Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, младите луѓе во земјава изгубиле години и надеж. Според подмладокот на опозицијата, владејачката партија во предизборната „Платформа 1198“ ветувала намалување на иселувањето, повисок животен стандард, ...
Жителите на селата Пагаруша и Количани вчера одржаа протест изразувајќи незадоволство поради секојдневното движење на тешки товарни возила кои превезуваат материјал од блискиот каменолом по селскиот пат. Според мештаните, камионите создаваат голема прашина, бучава и дополнително го оштетуваат патот, со што се загрозува безбедноста и квалитетот на живот во селото. Тие бараат надлежните институции да преземат мерки и да најдат соодветно ...
-Речиси три години работев во тогашниот Републички завод за информатика кој потоа се спои со Републичкиот комитет за наука, технолошки развој и информатика, посочува Владимир Павлески во допис до КУРИР. -Комитетот беше сместен во зградата на ул. Бихаќка бр. 10. Таму работев и работи од областа на народната одбрана. Еден период организиравме 24-часовно чување на објектот од страна на вработените, а јас ги организирав дежурствата. Во таа зграда ...
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, на денешната прес-конференција упати остри критики до претседателот на СДСМ, Венко Филипче, обвинувајќи го дека е подготвен да ги исполни бугарските барања во замена за политички поени. Според Петрушевски, додека Бугарија продолжува да го оспорува македонскиот јазик, историја и идентитет, Филипче ги релативизира ваквите позиции и создава простор за нивно прифаќање. Од владејачката партија ...
Зоран Стојчевски претседател на ОО на СДСМ Битола со акламација доби поддршка за новиот Извршен и Надзорен одбор на Општинска конференција на СДСМ Битола што се одржа вечерва во партиската сала. За секретар на ОО на СДСМ Битола е избран Дејан Србиновски, организациски секретари се Димче Дамчевски и Борче Корлевски. "Претседателот Зоран Стојчевски ги предложи членовите на Извршниот и Надзорниот одбор кои со акламација беа поддржани и ...
На 20.06.2026, полициски службеници од СВР Струмица лишија од слобода маж (33) од село Бориево, струмичко. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, полициските службеници во дворното место пронашле две засадени стебла од растението канабис. Исто така, лицето доброволно предало и три стебла канабис, кои ги засадил на локација во атар на с. Бориево. За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство ...
Министерот за локална самоуправа Златко Перински оствари работна посета на Општина Петровец, каде одржа средба со градоначалникот Борче Митевски, членовите на Советот и општинската администрација. На средбата се разговараше за актуелните потреби и предизвици со кои се соочува општината, како и за можностите што ги нуди Ресурсниот центар за поддршка на општините во насока на јакнење на административните капацитети и подобрување на квалитетот ...
Во текот на 2025 година се забележани вкупно 697 повреди на работа, што е зголемување во однос на претходната извештајна година од 21 отсто, информираат во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Како што се наведува во соопштението, во структурата на регистрираните повреди на работа во 2025 година и понатаму најголем број се оние забележани во индустријата и рударството и тоа вкупно 255 повреди или 37 % од вкупниот број на регистрирани повреди во ...
Преименувањето на македонските топоними на глобалните дигитални мапи како повод На „Гугл мапс“ и други слични платформи може да се забележи дека селата и локалитетите се прикажуваат со албански имиња, што предизвикува контроверзии околу официјалната употреба на македонскиот јазик и државната картографија Појавата на преименување на македонските топоними не е само симболична. Таа има и практични последици – туристите, истражувачите и ...
Утре е второто електронско пријавување од јунскиот рок за полуматурантите, што во првиот пријавен рок не се запишаа во средно образование. По електронската апликација, учениците во среда ќе треба да ја достават потребната документација во училиштата. Ранг-листата со резултатите од запишувањето ќе биде објавена ден потоа. Доколку во некои училишта има повеќе кандидати со ист број бодови, квалификациското тестирање ќе се одржи на 29 јуни, кога ...
Фотографијата Струга низ фокусот на авторката Викторија Чавкоска е овонеделниот избор на „Нова Македонија“ за фотографија на неделата. Фотографијата утре ќе биде отпечатена на цела страница во печатеното издание на „Нова Македонија“. „Нова Македонија“ секоја недела избира фотографија на неделата Фотографијата секој вторник, на цела страница, ќе се објавува во печатеното издание и на веб-страницата на „Нова Македонија“. Вашите авторски ...
На 21.06.2026 во 17:26 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода Б.С.(51) од Гевгелија, постпаувајќи по претходна пријава дека во викенд куќа во гевгелиско село физички ја нападнал неговата 50-годишна сопруга, при што ѝ нанел повреди на главата и телото. Лицето е задржано во Полициската станица Гевгелија, а за случајот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија. По ...
Гостиварската локална самоуправа најави дека денес (22 јуни, понеделник) ќе се изврши дезинсекција на територијата на Општина Гостивар, со цел уништување на возрасните форми на комарци и други штетници. Според официјалната информација, дезинсекцијата ќе се спроведува од земја (терестично) по полноќ до раните утрински часови, исклучиво при поволни временски услови. Во случај на дожд или силен ветер, истата ќе биде одложена за следниот ден или ...
Изминатиот викенд во полиција било пријавено дека од возилo на странска амбасада во Скопје била украдена регистерска табличка за возило. Не е познато за која амбасада станува збор. - На 20.06.2026 во 13:20 часот во Полициската станица Центар било пријавено дека на 15.06.2026 во периодот од 18:00 до 21:00 часот на подрачјето на Центар од патничко возило „фолксваген тигуан“, сопственост на странска амбасада, била одземена една регистарска ...
Мементо за Македонците што пострадаа во грчкото уништување на Кукуш на 21 и 22 јуни 1913 година Свето Тоевски Денешниот ден, 22 јуни, е еден од последните денови од постоењето на македонскиот град Кукуш во егејскиот дел на Македонија, во денешна Грција. Тој ден во 1913 година практично завршило неговото палење и уништување до темел, заедно со протерувањето на 12-13 илјади негови жители, речиси исцело Македонци. Во воведот од првиот дел од ...