Скопје
19ᴼ /
19ᴼ
Охрид/Скопје, 23. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Учениците кои во првиот јунски рок не се запишаа во средно образование од учебната 2026/2027 ќе може да аплицираат на денешното, второ приојавување овој месец. Аплицирањето е електронски по што утре, на 24 јуни, ќе се доставува потребната документација до училиштата. Според роковите од Конкурсот на МОН, ранг-листа со резултати од запишувањето треба да биде објавена на 25 јуни до 12 часот на јавно ...
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 10 јуни. Денеска е Св. свештеномаченик Тимотеј. Во четвртиот век свети Тимотеј беше епископ на градот Пруса (во денешна Турција). Имаше достигнато таква внатрешна чистота, што Бог му даде дар на чудотворство за помош на сите што беа болни или се наоѓаа во некоја неволја. Епископот на Пруса беше затворен за време на повампирувањето на паганството во Рим за владеењето на император ...
Кога граѓаните ќе паркираат возило, ќе испратат СМС порака за плаќање или ќе користат повластена паркинг карта, најчесто ја гледаат само услугата што ја добиваат. Но, зад секое слободно паркинг место, секоја обележана зона и секоја издадена паркинг карта стои мрежа од луѓе, услуги и технички процеси што секојдневно ги организира ЈП Паркинзи на Општина Центар (ПОЦ). ЈП Паркинзи на Општина Центар веќе одамна не е само претпријатие кое наплаќа ...
Останува уште една недела за користење на деновите од „стариот одмор“. Согласно член 141 од Законот за работни односи (ЗРО) 30 јуни е последниот ден за користење на неискористените денови од ланскиот одмор. Овој член предвидува дека годишниот одмор по правило се користи во текот на календарската година. Но може да се користи во повеќе делови во договор со работодавачот. Сепак, основно право на работникот е во еден дел од годишниот одмор да ...
Тригодишно момче, кое беше тешко повредено откако заврши во просторот со крокодили во зоолошка градина во англиската грофовија Кембриџшир, повеќе не е во критична состојба, соопшти локалната полиција. Детето веднаш по инцидентот, кој се случил во четвртокот во зоолошката градина „Johnsons of Old Hurst“ во близина на Хантингдон, било пренесено во болницата „Addenbrooke’s“ во Кембриџ. Полицијата потврди за медиумите дека малишанот сè уште е ...
Колективен е напорот за идејно сообраќајно решение за надминуавње на трката меѓу печаците и возачите на автомобили кој прв ќе помине кај Епинал и на Солунска. Тоа барем се заклучува од одговорите коишто денеска пристигнаа од Општина Битола. Снимајќи во текот на нивното поставување на потегот раскрсница помеѓу Широк Сокак и Димитар Илиевски Муратот, граѓаните што ние ги снимивме не беа многу воодушевени. Општината во својот одговор вели дека ...
Врз основа на Програмата за енергетска ефикасност на Општина Берово за 2026 година и Правилникот за начинот на користење на финансиските средства од Буџетот на Општина Берово, се објавува Јавен повик за надоместување на дел од трошоците (субвенционирање) на граѓаните од подрачјето на Општина Берово кои набавиле енергетски ефикасни грејни тела (инвертер клима уреди и топлински пумпи) за 2026 година. Општина Берово ќе надомести дел од трошоците ...
Циклонски систем со центар над Турција во вторник и среда ќе донесе изразена атмосферска нестабилност во Македонија, со честа појава на поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер, најавува метеорологот Славчо Попоски. Според прогнозите, поради високите температури и големата енергија во атмосферата, локално ќе се развиваат интензивни нестабилни процеси, проследени со невреме, обилен пороен дожд, силен ветер, чести електрични празнења и ...
И покрај тоа што се споменуваше дека по реконструкцијата на Владата ќе раководи со друг ресор, Азир Алиу во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 навести дека ќе продолжи да биде министер за здравство. Како што рече, „во секој ресор каде што има резултати треба да се продолжи, во интерес на институциите и процесите што се во тек“. Алиу изјави дека веќе започнале разговорите меѓу коалициските партнери за завршените процеси и за перформансите на сите ...
Ставени во функција сите камбани на храмот Св. Јован Крстител во село Мислешево, струшко. Како што информираат од оваа парохија денес бил поставен и електронскиот систем од шест мелодии , први од ваков вид . -Денес на камбанаријата од нашиот Соборен храм беше поставен електронски систем од шесте мелодии со кој се ставија во функција сите камбани. Со тоа, нашата парохија стана првата во општината со ваков систем. Изразуваме благодарност до ...
На 64-годишна возраст, денес во својот дом почина Виолета Мојсова, долгогодишна судијка во Основниот суд Велес, која зад себе остави длабока трага во правосудниот живот на градот. Виолета Мојсова беше истакнат правен професионалец кој повеќе децении посветено ја извршуваше судиската функција во Основниот суд Велес. Со својата стручност, професионалност, интегритет и човечност остави значаен белег во правосудниот систем на Македонија. Судиска ...
Партијата Вреди е подготвена за избори, особено после позитивниот резултат на локалните избори, вели првиот вицепремиер и министер за европски прашања Беким Сали, во гостување во емисијата „360 степени“ на МРТ 1. Сепак, Сали додаде оти смета дека граѓаните очекуваат да видат остварување на ветеното. Во прилог на тезата дека не се плашат од избори во кој било момент, генералниот секретар на Вреди вели дека раководат со десет општини и тој факт ...
Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, се сретна со вршителката на должност амбасадор на САД, Никол Варнс. Како што соопшти, во фокусот на разговорот биле владеењето на правото и актуелните случувања поврзани со мирот и глобалната стабилност. Ахмети истакна дека за време на средбата ја изразил благодарноста за континуираната поддршка од Соединетите Американски Држави и уверувањето дека партнерството меѓу двете земји ...
Учениците кои не успеаја да се запишат во првиот уписен рок ќе имаат нова можност веќе на 23 јуни. Министерството за образование и наука соопшти дека во средните училишта низ државата остануваат слободни 11.882 места. По завршувањето на првиот уписен рок за учебната 2026/2027 година, Министерството за образование и наука (МОН) објави дека второто електронско пријавување за упис во средните училишта ќе се реализира на 23 јуни. Според ...
Скандалозни злоупотреби во здравствената администрација открил министерот за здравство, кој тврди дека со години постоела пракса еден вработен да се пријавува на работа во име на повеќе свои колеги, додека тие воопшто не биле присутни на работното место. Според неговите наводи, наместо да бидат во канцелариите, дел од вработените времето го минувале надвор од институциите, а системот бил злоупотребуван преку меѓусебно „чекирање“ со ...
Прилеп денес доби уште една почиста јавна површина, откако комуналните работници од ЈКП „Комуналец“ – Прилеп, заедно со еко активистите од здружението „Мој Прилеп“, реализираа акција за финално чистење на дворот на Ученичкиот дом „Орде Чопела“. Во рамки на акцијата беа отстранети трње, шипки, искосена трева и поголеми количини отпад што подолг период биле наталожени и исфрлани од несовесни граѓани. Собраниот отпад со механизација и човечки ...
Меѓу обврските што ќе бидат завршени до крајот на овој месец, министерот за европски прашања го вбројува и Изборниот законик, иако СДСМ ја напушти работната група за негово усогласување Првиот вицепремиер и министер за европски прашања Беким Сали е оптимист дека Владата ќе успее во грејс-периодот до 30 јуни, да заврши 9,5 од 10 обврски од Реформската агенда. Во интервју за „360 степени“ на МРТ 1, тој вели дека се работи максимално за да се ...
Македонија одлично се снајде во време на криза. Сега останува предизвик и за Македонија и за Црна Гора во идниот период е структурно да се реши одредена проблематика преку продуктивноста и зајакнувањето на индустриите кои се главни приходни елементи на нашите економии. Алфа: Денеска се одржува самитот на ЦЕВ, голем глобален меѓународен самит во регионот под покровителство на Словенија или Словенија е носител на целата акција уште од две ...
Да се зборува за јавен долг од влада која само до пред две години била власт и која што во периодот додека владеела го дуплирала сето она кое што го задолжиле сите влади од осамостојувањето е малку дегутантно, рече Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, во вечерашната дебата во „Топ тема“ на Телма ТВ. „Во 2018 година имаме земено, како држава, еврообврзница од 500 милиони евра, во 2020 година – 700 милиони евра, во 2021 година – 700 ...
Идејата на Владата, како што во интервјуто за 360° на МРТ 1 објаснува вицепремиерот и министер за европски прашања, е дел од предметите предвидени со правосудниот испит да се полагаат на јазикот на кој ќе побара кандидатот (албански, турски, англиски…), а двата предмета што опфаќаат практичен дел да бидат на македонски Според Правилникот за начинот на полагање на правосудниот испит објавен од Министерството за правда, тој се состои од два ...
„Сметам дека имаме перспектива и нашите пријатели во меѓународните институции, во Европска комисија и челниците на поголемите држави во Европска Унија ни даваат знак дека процесот на проширување не е запрен, дека има волја за поддршка, нè поддржуваат на патот којшто ние го одиме заедно со нив“, вели првиот вицепремиер и министер за европски прашања Министерот за европски прашања Беким Сали вели оти прашањето за внесување на Бугарите во ...
Жителите на дел од скопската населба Драчево утре (23 јуни) ќе останат без електрична енергија поради планирани работи на електродистрибутивната мрежа. Според најавата на надлежните служби, прекинот во снабдувањето со струја ќе трае од 10:00 до 14:00 часот. Без електрична енергија ќе бидат корисниците на улиците „Герника“ 1, 4, 5, 6, 7 и 8, како и дел од улицата „Сердарот“. Од надлежните апелираат граѓаните навреме да ги испланираат своите ...
„Тие што управуваа со институции 20 години не успеале, значи тие покажуваат дека не успеале да обезбедат обуки, едукација, унапредување на Албанци во институциите во период од 20 години, за ние утре, еве денес ние ВЛЕН, коишто нели според нив без достоинство ги претставуваме Албанците во институциите, да не можеме да ги унапредиме Албанците коишто заслужуваат, врз основа на меритократија“, вели првиот вицепремиер, министер за европски прашања ...
На 22.06.2026 во 02:10 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека на ул„Орде Чопела“ во Прилеп, патничко возило „поло“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 21-годишниот Д.М. од Прилеп, излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Градска болница Прилеп. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Прилеп. На 22.06.2026 во 02:10 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека на ул„Орде Чопела“ во Прилеп, ...
Првиот вицепремиер, министер за европски прашања и генерален секретар на Влен, Беким Сали, во емисијата „360 степени“ на МРТ 1 рече дека при преговорите за реконструкција на Владата што се во тек, Влен ќе има освежувања во своите редови. Засега е извесно дека две имиња ќе ги нема во реконструираната влада. Арбен Фетаи даде оставка од вицепремиерското место за добро владеење, како и Фатмир Лимани, министерот за социјална политика, демографија ...
Во емисијата „Топ Тема“ на Телма телевизија гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, кој истакна дека законите од областа на правосудството се носат низ транспарентна постапка, со вклучување на јавноста и експертската фела. „Овие закони кои што се дел од планот за раст ги носиме низ една транспарентна постапка, нешто што не било случај во минатото, имаме буквално за секој закон јавна расправа, каде што слушаме ...
Нула резултати, економски дебакл, две години лажни ветувања, рекорден долг на државата и зголемена сиромаштија, е оценка на Јованка Тренчевска, пратеничка на СДСМ, за двегодишниот учинок на владата што го изнесе во вечерашната дебата во „Топ тема“ на ТВ Телма. „Имаме сериозно влошување на животниот стандард, имаме сериозно намалени странски инвестиции од 76,1 процент во 2025 година во однос на 2024 година, зголемен јавен долг за над 2,5 ...
Електронско гласање на дијаспоратана парлламентарни избори со повеќее заштитни механизми – со отворена дилема дали ќе се остане седмата изборната изборна единица или или гласовите ќе се прелееат во постојните. Процентот на финанисрање на платеното политичко рекламирање, бројот на галсови за независни пратенчички листи, но и дополнителни механими за ДИК во однон на одлуката за прегласување – ова според извори на ТВ 24 во работната група на ...
Времето утре и во среда ќе биде под влијание на циклонска активност со центар во Турција, со развој на нестабилна облачност, проследена со дожд, грмежи и засилен ветер, најавува Управата за хидрометеоролошки работи. Во четврток се очекува облачно време со локални врнежи од дожд. Од петок ќе следи период на претежно сончево и потопло време, кога дневните температури ќе бидат над 30 степени. Времето утре и во среда ќе биде под влијание на ...
Охрид, 22. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Една од причините зошто оваа улога ми стана толку посебна е колку длабоко се поврзав со Риналдо како лик, порача охридската оперска дива Миланка Новеска која неодамна во Лондон дебитираше во улогата на Риналдо во истоимената опера на Георг Фридрих Хендл. Пред публиката во The Cockpit Theatre таа се претстави заедно со Ensemble OrQuesta Baroque, Marcio Da Silva и Predrag Gosta кои ќе го оживеат ова ...