Скопје
10ᴼ /
10ᴼ
Имплементацијата на стратешкиот за Бугарија и Европа транспортен Коридор 8 е еден чекор поблиску откако Националната компанија „Железничка инфраструктура“ ги заврши процедурите за избор на изведувач за два клучни проекти за модернизација на железничката мрежа – делницата Софија – Перник – Радомир и Ѓуешево – граница со Република Северна Македонија, јавија бугарските медиуми. Коридорот бр. 8 треба да го поврзе Јадранското Море со Црното Море ...
За оние, кои преферираат парадокс, кои бараат, но не разговараат кога ги повикуваме на дијалог, ќе повторам: оваа Влада нема да подлегне на уцени и од друга страна не можеме да бидеме пристрасни кон една општествена група на сметка на останатите, посочи грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на почетокот на денешната владина седница осврнувајќи се на протестите на земјоделците, јави дописничката на МИА од Атина. Мицотакис изрази надеж дека ...
Годината 2026 носи бројни промени што директно ќе влијаат на возачите. Од технички преглед и осигурување, до гориво и нови правила за возила, до патарини во Европа – еве ги најважните вести. Технички преглед (HU ознака) Автомобилите што треба да поминат технички преглед во 2026 година имаат зелена налепница на нивните регистарски таблички. Доколку возилото успешно го помине прегледот, добива кафеава налепница , која важи до 2028 година. ...
Српскиот претседател Александар Вучиќ денес изјави дека Србија има договор со Русија за продолжување на испораките на гас за уште три месеци. „Имаме добри вести, добивме продолжување на испораките на гас за уште три месеци. Значи, тој рок сега е до 31 март“, рече претседателот на Србија. Вучиќ, исто така, коментираше за информациите дека унгарскиот МОЛ ќе го купи рускиот удел во НИС. „Добивме информации дека претставници на Газпром, исто ...
Станивуковиќ забрани настапи на Десингерица По одлуката на градоначалникот на Бања Лука, Драшко Станивуковиќ, со која му се забранија настапи во градот на Драгомир Деспиќ Десингерица, следеше ново јавно обраќање во кое беа соопштени и дополнителни мерки, како и висината на предвидените казни за прекршување на одлуката. Спорни сцени од настапите Станивуковиќ на својот Инстаграм-профил објави видео во кое прикажа, како што наведе, ...
Србија подготвува нов, најстрог Закон за безбедност во сообраќајот, кој ќе стапи на сила од јануари наредната година, со уште построги санкции од 2026 година. Според шефот на Управата за сообраќајна полиција, Славиша Лакиќевиќ, досегашните казни од 3.000 и 5.000 динари (околу 25-40 евра) ја изгубиле превентивната улога и сега ќе бидат значително зголемени. „Поевтините прекршоци ќе се казнуваат со тројно повисоки суми, а посериозните прекршоци ...
Повеќе од 20.000 Украинци пронајдоа дом во Хрватска по почетокот на војната во Украина, меѓу нив веројатно најбогатата, но и најконтроверзната, е Тетјана Глињана. – Окружниот суд во Шибеник го блокираше отуѓувањето на недвижен имот на украинската претприемачка Тетјана Глињан, сега 65-годишна жена која живее во Хрватска, против која украинските власти водат истрага за проневера и перење пари поврзани со продажба на храна на Министерството за ...
Властите во Белград објавија дека нема да одржуваат прослави за Нова Година поради безбедносни причини, објавија локалните медиуми. „Не сакам да ги ставам децата во опасност. Минатата година имавме настан на плоштадот каде што група луѓе се обидоа да се тепаат, но обезбедувањето и полицијата ги спречија“, изјави градоначалникот на Белград, Александар Шапиќ, за српскиот национален радиодифузер РТС. Прославите за претстојната 2025 година, ...
Пратениците на владејачката партија и опозицијата се судрија во Големото национално собрание на Турција по жестока расправија околу наследството на основачот на Републиката, Мустафа Кемал Ататурк, пренесуваат регионалните медиуми. Инцидентот се случил за време на дебатата за предлог-буџетот за 2026 година, кога расправијата прераснала во физичка пресметка, со туркање и размена на удари меѓу пратениците. Судирот избувнал откако пратеникот ...
Демонстрантите во Тирана во понеделник фрлаа молотови коктели врз зградата на владата во која се наоѓа канцеларијата на премиерот Еди Рама, барајќи оставка од владата откако обвинителите подигнаа обвинение против вицепремиерката за наводни обвиненија за корупција. Политичките тензии во Албанија се зголемија во последните недели откако беа покренати обвиненија против вицепремиерката Белинда Балуку. Таа, заедно со неколку функционери и ...
Трговскиот синџир „Шпар“ процени дека пожарот, кој избувна на 14 декември во пекарата и одделот за свежи производи во складиштето на „Леталишка цеста“ во Љубљана, предизвикал штета од 40 милиони евра. Поради превентивно повлекување на стоката, привремената недостапност на дел од магацинот и логистичките прилагодувања, во првите денови по пожарот во одредени продавници, освен пекарските производи, повремено беше ограничена и достапноста на ...
Според моменталните метеоролошки прогнози, делови од Хрватска би можеле да имаат бел Божиќ оваа година, што би бил прв таков случај по 2010 година, кога снежната покривка беше присутна во поголемиот дел од континенталната земја. Промената на времето започнува денес со дожд, а прогнозите за утрешниот Бадник и потоа на Божик в четврток, укажуваат на студен бран и можност за снег во континенталните и планинските региони на Хрватска, пишува ...
Турскиот министер за одбрана Јасар Ѓулер вели дека Иран ѝ нанел тежок удар на курдската милитантна група Работничка партија на Курдистан (ПКК) и нејзиниот огранок ПЈАК за време на 12-дневната американско-израелска воена агресија против Иран во јуни. Министерот на прес-конференцијата изјави дека Турција секојдневно му обезбедува на Техеран разузнавачки информации за ПКК и нејзиниот огранок ПЈАК. Спротивно на ветувањето за разоружување и ...
Според веб-страницата IQAir, главниот град на Босна и Херцеговина, Сараево, во четвртокот беше на првото место на листата на најзагадени градови во светот. Со индекс на вредност од 332, квалитетот на воздухот е оценет како опасен. Во предупредувањето се наведува дека се можни сериозни последици за целото население и дека треба да се избегнува секаков напор за време на активности на отворено. Присуството на деца на отворен простор е забрането. ...
Србија подготвува најстрог Закон за безбедност во сообраќајот досега, кој треба да стапи во сила од јануари наредната година, со дополнителни уште построги санкции од 2026 година. Според најавите на шефот на Управата за сообраќајна полиција, Славиша Лакиќевиќ, досегашните казни од 3.000 и 5.000 динари ја изгубиле својата превентивна улога и ќе бидат значително зголемени. Препорачано Прекршоците што досега се казнуваа со 3.000 динари во ...
Непознат сторител, кој е снимен, рано утрото во неделата дошол пред Градската куќа во Нови Сад и потпалил новогодишна декорација на вовче, откако претходно ја полеал со бензин, јавија српските медиуми. Препорачано Чинот предизвика шок и згрозеност кај многу Срби, ако се суди според коментарите на социјалните мрежи. На снимката се гледа како потпалувачот, кој дошол со велосипед, го полева вовчето со бензин и фрла запалено чкорче од кибрит, но ...
Набавка на нови 23 возови и инвестиции во нови депоа, како и во надградба и дигитализација на системите, предвидува ревидираниот договор меѓу Грција и компанијата „Hellenic Train“ во вредност од 420 милиони евра, со период на реализација до 2027 година, јави дописничката на МИА од Атина. Од Министерството за транспорт и инфраструктура на Грција соопштија дека 308 милиони евра се однесуваат на набавката на новите возови, а останатите 112 ...
Тензична и насилна ноќ во Тирана, откако протестот на обединетата албанска опозиција пред Владата ескалираше во судири со полицијата. Демонстранти фрлаа молотови коктели и пиротехника. Оштетен е државен имот, а еден полицаец повреден. Лидерот на опозицијата Сали Бериша упати остри пораки кон премиерот Рама, обвинувајќи го за корупција и криминал. Повика на обединета борба за смена на власта и формирање техничка влада. „Да се обединиме што е ...
Соња Вуксановиќ, 6 години по разводот со Аца Лукас, е фатална убавица на Малдиви - се фали со раскошот на Инстаграм Позира во разголено издание, постојано патува и очигледно ужива во животот, по разводот со Аца Лукас во 2019 година. Соња Вуксановиќ сака да се фали со раскошниот стил на живот на Инстаграм. Соња Вуксановиќ и Аца Лукас се разведоа во 2019-та година, иако гласините за нивната разделба кружеа уште од 2017 година. Сега, Соња ...
Атина, 22 декември 2025 (МИА) – Според тековните прогнози на Банката на Грција, стапката на раст на БДП во 2025, 2026 и 2027 година се предвидува да изнесува 2,1 отсто и маргинално да се промени на два проценти во 2028 година, надминувајќи ја просечната предвидена стапка на раст на еврозоната, пишува во привремениот извештај на Банката на Грција за монетарната политика во 2025 година, јави дописничката на МИА од Атина. Според извештајот, ...
Атина, 22 декември 2025 (МИА) – Знаете дека отсекогаш сме го поддржувале и сме преговарале за решението за две држави, во согласност со меѓународното право и соодветните резолуции на Обединетите нации, како основа за праведен и траен мир и за Палестинците и за Израелците, истакна грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на средбата со претседателот на Палестинската самоуправа Махмуд Абас во Рамала и посочи дека вистинскиот предизвик е како може да ...
Поглаварот на Албанската автокефална православна црква г.г. Јоан, Архиепископ на Тирана, Драч и цела Албанија е номиниран за титулата „Лице на годината 2025“ во Албанија, соопштија локалните верски медиуми. Признанието доаѓа како резултат на неговата посветена пастирска служба, иницијативите за меѓународна соработка и континуираниот ангажман за добробит на заедницата. Во образложението за номинацијата е истакнато дека архиепископот се залагa ...
Зборувајќи на отворањето на спортската сала во Путинци, Вучиќ изрази надеж дека граѓаните ќе „судат според делата“ и ќе ја поддржат Српската напредна партија при гласањето. „Донесете ја одлуката со ладна глава и рационално. Погледнете што е направено, погледнете ги плановите, програмите и луѓето кои се способни да спроведат нешто или не се способни“, кажа Вучиќ. Според него, салата во Путинци, иако не е капитален проект, е изградена како дел ...
Бугарската националната компанија „Железничка инфраструктура“ ги избра изведувачите за два клучни проекти од стратешкиот Коридор 8, кои треба да ја подобрат поврзаноста меѓу Црното и Јадранското Море. Вкупната вредност на договорите надминува 520 милиони лева без ДДВ, а најголемиот од нив му припадна на конзорциум составен од компании без сериозно искуство во железничката градба, но со врски со енергетскиот бизнисмен Христо Ковачки. Станува ...
На последниот ден од буџетската дебата во турскиот парламент избувна тепачка меѓу пратениците од власта и опозицијата, објави Ројтерс. Тепачката избувна меѓу пратениците од владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) и опозициската Републиканска народна партија (ЦХП), на последниот ден од буџетската дебата. BRAWL breaks out in the Turkish parliament — opposition MPs throw PUNCHES & disagree on the budget passed ...
Граничниот премин Евзони на грчката страна попладнево повторно е блокиран за влез на сите видови возила, информира Автомото сојузот на Македонија (АМСМ). Според вонредното соопштение на АМСМ, од 18:40 часот сообраќајот кон Грција преку Евзони е целосно прекинат, додека излезот од земјата функционира исклучиво за тешки товарни возила. Во изминатите денови, грчки земјоделци со трактори во неколку наврати го блокираа сообраќајот на влезот во ...
Во организација на Демократската партија, вечерва пред владата во Тирана одржан беше првиот, од серијата национални протести, се до, како што беше порачано ” уривање на нарко владата на Еди Рама”. Пред присутните се обратија претставници на политички партии чија заедничка порака беше дека „вечерва е означен почетокот на историската мисија, за ослободување на Албанија и Албанците со падот на владата на Рама, формирање техничка влада и ...
Возила за итни случаи, полициски возила и пожарникари исто така пристигнаа на местото на несреќата… Најмалку десет лица се повредени откако автомобил се удри во група луѓе во Нуншпт во Холандија во понеделник околу 19:00 часот, објави полицијата, пренесува холандскиот Телеграф. Тројца се тешко повредени. Полицијата вели дека се чини дека станува збор за несреќа, дека немало намера… Истрагата е во тек. „Инцидентот се случил додека минувачите ...
Од следната година, според најавите од Министерството за внатрешни работи, низ цела Србија ќе бидат инсталирани нови таканаречени невидливи радари, кои покрај мерењето на просечната брзина на возилата, ќе мерат и други прекршоци. Највисоката казна е за возење за над 70 километри на час – 1.000 евра или повеќе, со забрана за возење, па дури и со затворска казна. Препорачано Казните ќе пристигнуваат автоматски дури и без присуство на ...
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва изјави дека кон крајот на следната година ќе се одржат избори што ќе ја одредат судбината на Србија и ги повика граѓаните да донесат одлуки за кого ќе гласаат со ладна глава и врз основа на она што е направено и што им се нуди во иднина. - Ве молам за едно, драги пријатели - да донесете одлука со сосема ладна глава и рационално. Да погледнете што е направено, да погледнете планови, програми ...