Ескалацијата на тензиите на Блискиот Исток доби нова, загрижувачка димензија откако, според првичните извештаи, Иран извршил напад врз нафтена инфраструктура во Саудиска Арабија. Со беспилотни летала од типот „шахид“ бил погоден објект на „Сауди Арамко“ во Рас Танура, локација што важи за еден од најголемите и стратешки најзначајни нафтени центри во светот. The footage 👇 of direct hit pic.twitter.com/iIdbt0VEGX — Acharya Chanakya ...

Според „Дејли меил“, неколку американски воени авиони се урнале во Кувајт, а не само еден. Both the Pilot and Weapons Systems Officer (WSO) onboard the U.S. Air Force F-15E Strike Eagle that crashed this morning over Kuwait due to a “friendly fire” incident, appear to have survived, being found by locals and transferred to local authorities in Kuwait. pic.twitter.com/HyxpeI0QUL — OSINTdefender (@sentdefender) March 2, 2026 Пилотите на тие ...

Пожар и чад се забележани на просторот на американската амбасада во Кувајт по денешниот ирански напад врз малата блискоисточна држава. Од амбасадата не потврдија дека била погодена, но оттаму претходно ги предупредија американските граѓани да не доаѓаат и да побараат засолниште во затворено. Министерството за здравство на Кувајт објави дека во досегашните ирански одмазднички напади загинало едно лице, а 32 биле повредени. Двајца американски ...

За помалку од два месеца, администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп елиминираше двајца од најблиските сојузници на Пекинг и со тоа го загрози снабдувањето со нафта на Кина. Откако американските сили го уапсија венецуелскиот претседател Николас Мадуро во јануари, сега е убиен врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи. Овие две воени акции не само што ја лишија Кина од нејзините стратешки партнери во Јужна Америка и Блискиот Исток, ...

Жителите на саудиската престолнина Ријад оваа недела беа разбудени од гласни експлозии кои одекнуваа низ целиот источен дел од градот. Според првичните извештаи, ова е втор ден од координираните ирански одмазднички напади, кои дојдоа како директен одговор на неодамнешните напади на САД и Израел во регионот, и ова е прв пат Ријад да биде нападнат. Очевидци во Ријад опишуваат драматични сцени, серија од неколку последователни експлозии кои ги ...

Сирени за воздушен напад се вклучија во Израел и Кувајт откако Иран започна нов напад со балистички ракети. Тел Авив возврати со воздушни напади врз цели во Либан откако Хезболах испука ракети врз Хаифа. Секретарот на Врховниот совет за национална безбедност на Иран, Али Лариџани, изјави дека немало разговори со САД. По наводите во западните медиуми во врска со барањето на Техеран за разговори со Вашингтон, Лариџани нагласи дека Иран нема да ...

Амбасадорот на Иран во Велика Британија, Сејед Али Мусави, изјави дека нападите на сад и Израел врз Иран се „нелегални“ и го поддржа правото на Иран да се брани. Британскиот премиер Kир Стармер пак изјави дека Велика Британија нема да се придружи на нападите врз Иран, но се согласила да им дозволи на САД да ги користат британските бази за напади врз иранските ракети и нивните места за лансирање. Амбасадорот на Иран во Велика Британија, ...

2 март 2026 Брисел - Почеток на дводневен неформален состанок на Советот за општи работи на ЕУ. Брисел - Потпишување на договор меѓу Европската Унија и Швајцарија за зајакнување на соработката во присуство на швајцарскиот претседател Ги Пармел и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен. Вашингтон - Германскиот канцелар Фридрих Мерц во посета на Соединетите Американски Држави. Париз - Говор на францускиот претседател Емануел ...

Секретарот на иранскиот Врховен совет за национална безбедност, Али Лариjани, денеска изјави дека нема преговори со Соединетите Американски Држави. — реклама — По наводите во западните медиуми во врска со наводно барање на Техеран за преговори со Вашингтон, Лариjани нагласи дека Иран нема да води преговори со САД, пренесува Tasnim. Рано утрово, The Wall Street Journal објави дека Лариjани испратил до оманската страна планови за продолжување ...

Експлозии го потресоа руското црноморско пристаниште Новоросијск во текот на ноќта, а снимките што ги споделија локалните жители покажуваат голем пожар на пристанишниот терминал. Градоначалникот Андреј Кравченко потврди напад со украински дрон и оштетување на неколку згради. Новоросијск е клучно руско пристаниште за извоз на нафта и дом на поголемиот дел од руската Црноморска флота, која беше преместена таму откако украинските напади ги ...

Беспилотно летало стигна до британската воздухопловна база на островот Кипар, изјави на брифинг портпаролот на владата Константинос Летимбиотис. 🇨🇾🚨Confirmed. Iran attacked Cyprus overnight A drone reached the British airbase on the island, government spokesperson Konstantinos Letymbiotis said at a briefing. There were no casualties, and only “minor damage” was reported. The video shows the moment of the strike. pic.twitter.com/tzflBdcvGp ...

За патување во Јапонија. наскоро повеќе нема да биде доволен само важечкиот пасош. Според данската платформа DenOffentlige, јапонската влада планира да воведе електронски систем за претходна проверка наречен JESTA, кој треба да стапи на сила до април 2028 година. Системот ќе важи за патници од земји на кои не им е потребна виза за влез во Јапонија. Новиот систем ќе функционира слично на американската програма ESTA. Пред заминувањето, ...

Иран нема да води преговори со Соединетите Американски Држави, порача иранскиот безбедносен функционер Али Лариџани, кој во минатото беше советник на поранешниот врховен водач на земјата. Во објава на социјалната мрежа X, тој истакна дека Техеран останува на ставот дека разговори со Вашингтон нема да има. Неговата изјава доаѓа само еден ден откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека новото иранско раководство покажало интерес ...

Неколку ирански беспилотни летала Шахед-136 ја погодија француската поморска база „Камп де ла Па“ во Абу Даби. Инцидентот првпат беше пријавен од сметката за следење COUPSURE на мрежата X, додека податоците за геолокација од отворени извори ја потврдија локацијата на нападот. Официјалните власти во Франција и Обединетите Арапски Емирати сè уште не објавија детали за последиците од нападот. Не е познато дали имало штета на француските ...

Израел лансираше нови воздушни напади врз Техеран и ја прошири својот воена кампања на Либан, додека Доналд Трамп најави дека американско-израелските напади врз мети во Иран би можеле да траат со недели. Иран порача дека нема да преговара со САД откако се појавија извештаи дека Техеран планирал да ги обнови разговорите со Вашингтон. „Трамп е во заблуда и сега е загрижен за американските жртви“, изјави Али Ларџани, кој му беше советник на ...

Врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, беше убиен во воздушен напад врз неговиот комплекс во центарот на Техеран во сабота наутро. Неговиот живот висеше на конец и минатата година, за време на Дванаесетдневната војна со Израел, кога израелските претставници имаа можност да го убијат, но потоа американскиот претседател Доналд Трамп ги запре, принудувајќи ги двете страни на непријатно примирје, пишува The Telegraph. Осум месеци подоцна, ...

Најмалку две лица се убиени во напад врз западниот ирански град Санандаџ, кој иранската државна новинска агенција Фарс го опиша како „непријателски напад“. Градот наводно бил цел на ракети, уништувајќи неколку станбени згради и полициската станица во градот. انفجار #سنندج از فاصله نزدیک ویدیوی دریافتی، دوشنبه ۱۱ اسفند#Iran #Sanandaj pic.twitter.com/jQbAvb74g6 — Vahid Online (@Vahid) March 2, 2026 Иранската новинска агенција Тасним објави ...

Израел утрово изврши тешки воздушни напади врз јужните предградија на Бејрут, кои се контролирани од Хезболах, откако групата поддржана од Иран лансираше ракети и беспилотни летала кон Израел. Нападот на Хезболах дојде како одмазда за атентатот врз врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, објавува „Гардијан“. 🚨 Hello! Here’s the key news at this hour: 1️⃣ Lebanon has entered the conflict in the Middle East. Hezbollah struck Haifa, and Israel ...

Блискиот Исток е пред тотална војна, од која последиците ќе ги почуствува целиот свет. И денеска продолжија нападите на Израел на Иран, на што земјата возврати со контра напади, а продолжи и да напаѓа американски бази во регионот, но и цивилни цели. Експертите сметаат дека нападите на Иран на цивилни цели во регионот е да ги вовлече сите земји од Блискиот Исток во конфиликот, за кој никој не може да каже колку ќе трае. Сите страни во ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека во заедничките американско-израелски напади во саботата загинале потенцијални наследници на врховниот лидер на Иран. Неговите коментари, дадени за ABC News, доаѓаат во време на неизвесност околу транзицијата на власта во Иран по смртта на ајатолахот Али Хамнеи. Во разговор со новинарот Џонатан Карл, Трамп тврдеше дека нападот бил исклучително успешен. – Нападот беше толку успешен што ги ...

На социјалните мрежи се шират снимки од соборувањето на американскиот Ф-15 во Кувајт. BREAKING: Reports of a U.S. F-15 fighter jet having been downed over Kuwait moments ago in a friendly fire incident pic.twitter.com/rWHxiaPbl1 — Visegrád 24 (@visegrad24) March 2, 2026 Пилотот на Ф-15 е жив. Несреќата се случила во таканаречен инцидент со пријателски оган. Пилотот успеал безбедно да се катапултира и за него се погрижила група локални жители ...

Британското Министерство за одбрана соопшти дека реагира на „напад со беспилотни летала“ врз неговата воена база на Кипар. Експлозијата се случи во базата на Кралските воздухопловни сили во Акротири на полноќ по локално време, но немаше жртви. View this post on Instagram A post shared by Roya News English (@royanewsenglish) „Заштитата на нашите сили во регионот е на највисоко ниво и базата реагираше за да ги заштити нашите луѓе“, изјави ...

Централната команда на САД објави кратко видео за Икс со снимки од „Операцијата Епски гнев“. U.S. forces are taking bold action to eliminate imminent threats posed by the Iranian regime. Strikes continue. pic.twitter.com/z1x07D7APl — U.S. Central Command (@CENTCOM) March 2, 2026 „Американските сили преземаат смели мерки за елиминирање на непосредните закани што ги претставува иранскиот режим. Нападите продолжуваат“, се вели во соопштението. ...

Либанскиот Хезболах потврди дека ноќеска истрелал ракети во северен Израел, први откако во ноември 2024 година стапи на сила прекинот на огнот меѓу Израел и Либан, постигнат со посредство на САД. Групата изјави дека нападот бил „одмазда за крвта на врховниот лидер Али Хамнеи“, кој беше убиен во првиот бран американско-израелски напади врз Иран во саботата. Хезболах изјави дека целта била локација за ракетна одбрана јужно од Хаифа. Израелската ...

Техеран, 1 март 2026 (МИА) - Министерот за надворешни работи на Иран, Абас Арагчи, за Еј-Би-Си Њуз изјави дека иако Иран „изгубил некои команданти... ништо не се променило во нашата воена способност“. „Токму ова се случи минатиот пат“, вели тој, осврнувајќи се на израелските и американските напади во јуни минатата година. „Тие убија некои од нашите врвни команданти, но тие беа заменети многу брзо и за помалку од 12 часа, можевме да започнеме ...

Научниците за прв пат слушнаа електрично празнење слично на молња на Марс. Вселенското летало MAVEN на НАСА, кое орбитира околу Црвената планета, сними необичен електромагнетен сигнал на 21 јуни 2015 година. Но, новата анализа покажува дека сигналот одговара на таканаречени „свиркачи“, расфрлани радиосигнали што се јавуваат кога молњата емитува електромагнетно зрачење низ јоносферата на планетата. Откритието потврдува дека електричните ...

Јужна Кореја го одобри барањето на Google за извоз на високопрецизните податоци од мапите на земјата на сервери во странство, што претставува голем пресврт по две децении одбивања и отвора пат за американскиот технолошки гигант да влезе на пазар доминиран од локални апликации. Одобрението е дадено „под услов да се исполнат строги безбедносни барања“, соопшти Министерството за земјиште, инфраструктура и транспорт во официјално соопштение. ...

За време на пандемијата Covid-19 светот дозна за mRNA вакцините како одлично решение за проблемот со вирусите. Формулата е едноставна. Парче од mRNA се става во липидните обвивки, што им дава инструкции на клетките на пациентот да создадат антиген или протеин што патогенот го има на својата површина (илустрација подолу). Во случајот на SARS-CoV-2, ова беше шилестиот протеин со кој вирусот влегува во клетките. Со создавање на овој протеин, се ...

Европската вселенска агенција објави дека успешно го тестирала палењето на ракетниот мотор Greta на мобилен тест сталак развиен од ArianeGroup за Европската вселенска агенција во Трауен, Германија. Greta користи поодржливи горива од традиционалните ракетни мотори од истата класа на потисок. Проектот Greta, дел од Програмата за подготовка на идни лансирачи (FLPP) на Европската вселенска агенција, развива ракетен мотор со потисок од 5 kN кој ...

Шефицата на бугарската дипломатија Надежда Неински вчера одржа телефонски разговори со министерот за надворешни работи на Државата Израел Гидеон Саар, со министерот за надворешни работи на Државата Кувајт шеик Џара Џабер Ал-Ахмад Ал-Сабах и со вицепремиерот и министер за надворешни работи на Хашемитското Кралство Јордан Ајман Сафади. Таа учествуваше и на неформална средба на министрите за надворешни работи на државите-членки на Европската ...

weather icon

Скопје

11ᴼ / 11ᴼ
2.57
71%
1023
weather icon

Белград

15ᴼ / 14ᴼ
3.09
54%
1024
weather icon

Загреб

18ᴼ / 18ᴼ
0.51
37%
1024
weather icon

Софија

10ᴼ / 9ᴼ
3.09
62%
1023
weather icon

Сараево

15ᴼ / 15ᴼ
2.85
40%
1022
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 16ᴼ
2.06
45%
1024
weather icon

Атина

18ᴼ / 16ᴼ
3.6
66%
1021
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
4.63
59%
1023
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
3.09
42%
1022
weather icon

Букурешт

15ᴼ / 13ᴼ
2.57
53%
1021
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 14ᴼ
1.54
32%
1024
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 9ᴼ
2.06
76%
1022
Currency

61.6317

Currency

52.9798

Currency

70.8395

Currency

37.5035

Currency

38.8416

Currency

68.0086

Currency

7.68142

Currency

0.68029

Currency

0.33738

Currency

0.5248

Currency

1.20469

Currency

0.57513

Злато

166049.28

Паладиум

52823.68

Алуминиум

3.35

Рутениум

45750.51

Родиум

368126.05

Сребро

2704.52

Бакар

11.80

Цинк

3.28

Платина

69606.37

Калај

51.64

Иридиум

221848.72

Кобалт

66.14