Повеќе од илјада летови кон дестинации во Блиски Исток денеска се откажани поради американско-израелската војна против Иран и одмаздничките напади на Техеран. Веќе трет ден по ред е затворен најпрометниот меѓународен аеродром во Дубаи. Според најновите податоци од утрово се откажани 1.239 летови, а „Емиратс ерлајнс“ со седиште во Дубаи, „Етихад ервејз“ со седиште во Абу Даби и „Катар ервејз“ со седиште во Доха, заедно откажаа стотина летови. ...

Атмосферата на планетата никогаш не била понапната, дури и меѓу земјите каде што нема драма. Така, Скандинавците добиваат список со одредби во случај на војна, а Тајмс оф Индија објавува список на земји во кои треба да се преселите доколку сакате да ве заобиколи „Третиот свет“… Со зголемувањето на тензиите меѓу САД, Израел и Иран по размената на воздушни напади, објавен е список на најбезбедните земји во кои може да се најде засолниште ...

Најголемата соларна електрана во Хрватска се гради во областа Промина, во внатрешноста на Шибеник. Ќе има повеќе од 300.000 фотоволтаични модули на две полиња. „Теренот е расчистен, има ниска вегетација, нема шума. После тоа, се планира теренот, се набива почвата и се засипува за да се создаде чисто плато за да можат да се монтираат панелите“, објасни Бруно Босниќ, раководител на локацијата, пренесува HRT. На три милиони квадратни метри, две ...

Функционери на администрацијата на Трамп во неделата на затворени брифинзи со персоналот на американскиот конгрес признаа дека немале разузнавачки информации што укажуваат дека Иран планира прв да нападне врз американските сили, изјавија два извори запознаени со ова прашање. Соединетите Американски Држави и Израел во саботата ги започнаа најобемните напади врз Иран во последните децении, при што досега беше убиен врховниот лидер ајатолахот ...

- За жал, веројатно ќе има повеќе пред крајот. Точно така - рече Трамп во видео објавено на неговата социјална мрежа Truth Social. Тој рече дека „Америка ќе ја одмазди нивната смрт и ќе им нанесе најтежок удар на терористите кои и објавија војна на цивилизацијата. Американската војска објави дека тројца војници се убиени, а петмина се сериозно ранети, означувајќи ги како први жртви на операциите против Иран. - Америка е со вас - нагласи ...

Вкупно 555 лица се убиени низ Иран во американските и израелските напади што започнаа пред два дена, соопшти иранската Црвена полумесечина. „По ционистичко-американските терористички напади извршени во различни региони на нашата земја, досега се погодени 131 град и, за жал, 555 наши сонародници се убиени“, вели групата во објава на Телеграм. Во оваа бројка се вклучени и загинатите војници и цивили во текот на нападите од САД и Израел. ...

По убиството на кинески државјанин во Техеран, Пекинг ги повика сите свои државјани во Иран да ја напуштат земјата „колку што е можно поскоро“, потврди портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи, Мао Нинг. — реклама — Кинеските државјани се советуваат да ја напуштат земјата преку копнен пат кон Азербејџан, Ерменија, Турција и Ирак. Истовремено, и кинеското амбасадорство во Израел ги советува своите државјани да се евакуираат ...

Доналд Трамп се соочува со зголемен притисок да ја претстави својата визија за Иран на американската јавност откако американските и израелските сили започнаа неиспровоцирани воени напади врз земјата, во кои, според најновите извештаи, имаше и први американски жртви. Критичарите бараат јасни одговори од Белата куќа за следните чекори и предупредуваат дека отсуството на конкретен план би можело да ги вовлече САД во долготраен конфликт, токму ...

Велика Британија, Франција и Германија во заедничко соопштение, иранските ракетни напади ги опишаа како „неселективни и непропорционални” и порачаа дека ќе „преземат чекори” за да ги заштитат своите национални интереси и интересите на сојузниците во регионот. Tие наведуваат дека би можеле да се вклучат во конфликтот со цел уништување на иранските проектили и дронови и дека во тоа ќе соработуваат со САД. Британскиот премиер Кир Стармер потврди ...

САД сакаат да ги уништат ракетните капацитети и беспилотните летала на Иран пред да се исцрпат американските и израелските залихи на ракети за воздушна одбрана, пишува „Волстрит џурнал“. Според изданието, повеќекратните конфликти со Иран и сродните групи нагло ги намалиле средствата за воздушна одбрана на САД на Блискиот Исток. Проблемот не се однесува само на ракетите за воздушна одбрана, туку и на други прецизни ракети, вклучувајќи ги и ...

Десетици тинејџерки во саботата попладне биле на редовни тренинзи по одбојка, кошарка и гимнастика во главната спортска сала во градот Ламард, во близина на персискиот брег, кога околу 17 часот проектил директно ја погодил зградата. Во исто време, дополнителни удари погодиле две блиски станбени населби и уште една сала покрај училиште, во рамки на пошироки напади врз цели низ Иран. Според локални функционери, чии изјави ги пренеле иранските ...

Израел вечерва ќе започне со постепено отворање на својот воздушен простор, објави израелското командување. — реклама — Командата за домашна безбедност соопшти дека воздушниот сообраќај ќе се обновува на „контролиран и координиран начин“, согласно проценката на безбедносната ситуација. Израелскиот воздушен простор беше затворен од почетокот на конфликтот со Иран, во саботата наутро. Израел вечерва ќе започне со постепено отворање на својот ...

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа од Палм буч, Флорида порача дека една од најголемите и најсложените операцијата „Епски бес“ продолжува се до постигнување на сите цели. –Во текот на изминатите 36 часа, САД и нивните партнери ја започнаа операцијата „Епски бес“, една од најголемите, најсложените, најсилните воени офанзиви што светот некогаш ги видел. Никој не видел нешто слично. Погодивме стотици цели во Иран, вклучувајќи објекти ...

Овогодишниот избор за стрип на годината ја потврди популарноста на италијанските и други увозни стрипови, но и високото мислење на публиката од регионот за легендарните домашни автори. Stripovi.com е највлијателниот портал за стрипови во регионот на бивша Југославија, основан во Загреб од 2001 година како комбинација на форум и онлајн енциклопедија. Оваа онлајн заедница од 2007 година организира избор за најдобар стрип на годината, по углед ...

Првата дама на САД, Меланија Трамп, ќе претседава со состанокот на Советот за безбедност на ОН во Њујорк. Состанокот на најмоќното тело на ОН е закажан да започне во 15 часот по локално време и ќе биде посветен на децата, технологијата и образованието во конфликтни услови, според соопштението на Белата куќа. Портпаролот на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, го нарече потегот „знак за важноста што САД ја придаваат на Советот за ...

Започна жестока воена ескалација која многумина веќе ја опишуваат како војна без јасен крај. По масовните напади врз цели во срцето на Иран, за кои се наведува дека биле изведени од Израел и САД, Техеран возврати со интензивни ракетни и беспилотни напади низ целиот регион. Воздушниот сообраќај над голем дел од Блискиот Исток е сериозно нарушен, а бројни држави се најдоа во директна опасност од ширење на конфликтот. Според информациите што ...

На социјалните мрежи кружат снимки, наводно направени во Кувајт, на кои се гледаат борбени авиони во пламен како паѓаат кон земјата. Се верува дека станува збор за снимки од американски борбени авиони, кои беа соборени под засега неутврдени околности. Министерството за одбрана на Кувајт претходно објави дека неколку американски воени авиони се урнале утрово, наведувајќи дека сите членови на екипажот преживеале. US F-15 jet crashed in Kuwait. ...

Проценките велат дека во Иран останале неколку илјади лица со државјанство на некоја од земјите членки на Европската унија, изјави висок претставник на ЕУ. — реклама — Многу од нив имаат и иранско државјанство и не сакаат нужно да ја напуштат земјата, додаде официјалниот претставник. Точниот број на оние кои бараат евакуација не е објавен. — реклама — Се проценува дека многу поголем број граѓани на ЕУ се заглавени во земјите околу Иран поради ...

Глобалните осигурителни компании ги откажуваат полисите за осигурување за бродови што пловат во Персискиот Залив и Ормутскиот Теснец, објави „Фајненшл тајмс“. Осигурителите ги информираат сопствениците на бродови дека постојните полиси се поништуваат и дека трошоците за осигурување за бродовите што транзитираат низ Персискиот Залив и Ормутскиот Теснец ќе се зголемат по нападите на САД и Израел врз Иран, објави британскиот весник. Експертите ...

Продолжува војната во Украина. Жестоки напади на фронтот. Руските единици објавија дека постигнале напредок во Донецката област. Во воздушен напад во Запорожјето има повредени и делумно оштетени згради. И Русија нотира удари со дронови во Краснодарскиот регион каде што е прогласена вонредна состојба. Украинскиот претседател Зеленски вели дека, според разузнавачките информации, Москва, напролет подготвува нови напади врз украинската ...

Неколку осигурителни компании соопштија дека ќе го укинат покривањето за воен ризик за бродовите поради конфликтот во Иран и Персискиот Залив. Осигурителните компании, меѓу кои се Gard, Skuld, NorthStandard, лондонскиот P&A клуб и Американскиот клуб, соопштија дека осигурувањето од воен ризик за бродовите ќе биде укинато од 5 март, пренесува Ројтерс. Според соопштението, осигурувањето од воен ризик ќе биде укинато за бродовите во ...

Иранскиот корпус на револуционерната гарда (ИРГЦ) соопшти дека испалил четири балистички ракети кон американскиот носач на авиони „Абрахам Линколн“, објавија иранските државни медиуми. Ова не е независно потврдено. „Абрахам Линколн“ е петтиот носач на авиони од класата „Нимиц“ во американската морнарица. Опремен е со најновите ловци „Стелт“ Ф-35, кои можат да ги избегнат непријателските радари. Ударната група на носачот вклучува и три ...

Иран објави видео на кое се гледаат, според нив, тунели за беспилотни летала на Револуционерната гарда, во кои се чува оружје што се користи во нападите врз американските бази во регионот. Во видео објавено од иранската државна новинска агенција Фарс, може да се видат редови беспилотни летала наредени во подземен тунел или на ракетни лансери. На ѕидовите се наоѓаат иранското знаме и слики од покојниот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи. ...

Американски борбен авион Ф-15 утрово е соборен и се урна во Кувајт. Според видеата објавени на Икс, пилотите ги активирале своите падобрани за итни случаи и биле спасени по слетувањето на земја. Првичните проценки покажуваат дека авионот бил соборен од пријателски оган додека американскиот борбен авион летал над Кувајт како дел од операција за лоцирање и соборување на непријателски беспилотни летала. Видеата го прикажуваат двомоторниот ...

CNN геолоцираше снимка од падот на борбен авион над Кувајт во близина на американската воздухопловна база. Видео клипот се појави онлајн утрово и го прикажува авионот во пламен како паѓа кон земјата, постојано вртејќи се. Се вели дека геолокацијата на снимката укажува дека авионот се урна на десет километри од американската база Али ал Салем во Кувајт. CNN вели дека не е јасно зошто авионот се урна или на која воена сила припаѓа авионот. ...

Нападот на Хезболах дојде како одмазда за атентатот врз врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, пишува „Гардијан“. Жителите на Бејрут беа разбудени во 3 часот утрово од десетици експлозии додека Израел гаѓаше три различни локации во јужните предградија на главниот град. Детонациите ги тресеа прозорците низ градот и се слушаа на километри. Во ноќешните израелски напади врз Либан загинаа 31 лице, а 149 се ранети, објавија француските медиуми, ...

Кипар го зголеми нивото на тревога по нападот со беспилотни летала врз британската воена база РАФ Акротири на островот. Властите наредија затворање на училиштата и спроведоа евакуации каде што треба, затоа што земјата е вовлечена во ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток. Во своето утринско обраќање до нацијата, кипарскиот претседател Никос Христодулидес рече дека безбедноста на земјата е најважната грижа на неговата влада. „Се наоѓаме ...

Илјадници француски супермаркети почнаа да користат вештачка интелигенција за борба против кражбите, при што софтверот ги анализира движењата на купувачите во реално време и ги предупредува за сомнително однесување, објавува Euronews. Трговците тврдат дека новата технологија значително ги намалила загубите, но исто така покренува сериозни проблеми со приватноста и правните прашања, бидејќи нејзината употреба сè уште не е јасно регулирана. ...

Иран е 17-та најголема држава во светот по површина и има исклучително стратешка позиција на раскрсницата меѓу Западна и Јужна Азија. Меѓу другото го контролира Ормускиот Теснец – клучна енергетска артерија низ која поминува околу 20% од светската нафта. Иран има 92 милиони жители и речиси 60% од населението е помладо од 39 години. Мнозинство се Персијците. Државата е теократска исламска република во која религијата е тесно поврзана со ...

Саудиската државна нафтена компанија „Сауди Арамко“ ги прекина операциите во рафинеријата Рас Танура по нападот со беспилотни летала во областа, според извори запознаени со ситуацијата. Рафинеријата, една од најголемите во Саудиска Арабија, има капацитет да преработува 550.000 барели сурова нафта дневно. Објектот на брегот на Персискиот Залив беше затворен во понеделник како мерка на претпазливост додека се проценуваат можните штети. Според ...

weather icon

Скопје

11ᴼ / 11ᴼ
2.57
71%
1023
weather icon

Белград

15ᴼ / 14ᴼ
3.09
54%
1024
weather icon

Загреб

18ᴼ / 18ᴼ
0.51
37%
1024
weather icon

Софија

10ᴼ / 9ᴼ
3.09
62%
1023
weather icon

Сараево

15ᴼ / 15ᴼ
2.85
40%
1022
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 16ᴼ
2.06
45%
1024
weather icon

Атина

18ᴼ / 16ᴼ
3.6
66%
1021
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
4.63
59%
1023
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
3.09
42%
1022
weather icon

Букурешт

15ᴼ / 13ᴼ
2.57
53%
1021
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 14ᴼ
1.54
32%
1024
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 9ᴼ
2.06
76%
1022
Currency

61.6317

Currency

52.9798

Currency

70.8395

Currency

37.5035

Currency

38.8416

Currency

68.0086

Currency

7.68142

Currency

0.68029

Currency

0.33738

Currency

0.5248

Currency

1.20469

Currency

0.57513

Цинк

3.28

Рутениум

45750.51

Родиум

368126.05

Кобалт

66.14

Паладиум

52823.68

Бакар

11.80

Калај

51.64

Платина

69606.37

Злато

166049.28

Иридиум

221848.72

Алуминиум

3.35

Сребро

2704.52