Скопје
11ᴼ /
11ᴼ
Преминот Рафах меѓу Газа и Египет повторно е отворен „во двата правци“, првпат откако Израел го затвори преминот на 28 февруари, по почетокот на нападите на САД и Израел врз Иран. Египетските државни медиуми и агенцијата Ал-Кахера њуз јавија дека на преминот е забележан помал број Палестинци, вклучително и пациенти кои се лекувале во Египет, додека неколку амбулантни возила чекаат да примат палестински пациенти кои излегуваат од Газа, пренесе ...
Привремената претседателка на Венецуела изјави дека ги заменила сите нејзини високи воени команданти, што е најновото во низата промени откако САД го соборија Николас Мадуро. Делси Родригез ги објави промените во објава на социјалните мрежи еден ден откако го отпушти долгогодишниот министер за одбрана, кој беше близок до Мадуро, и го замени со поранешен шеф на разузнавањето. „Го објавувам назначувањето на обновената висока воена команда“, ...
Млад турски фудбалер и член на нисколигашот Карс 36 Спор, Кубилај Кундакчи (21), е убиен во вооружен напад во Истанбул, а во случајот наводно е вмешана и популарната пејачка Алејна Калајџиоглу, која е приведена. Страшното злосторство ја потресе турската јавност, а истрагата е во тек. Според првичните информации, до крвавиот инцидент дошло во ноќта меѓу 19 и 20 март на улицата „Сидик“ во Истанбул, каде што бил договорен состанок меѓу две ...
Израелската војска објави дека убила висок разузнавачки функционер на иранските сили Басиџ во напад врз Техеран претходно оваа недела. Во соопштението се наведува дека станува збор за Есмаил Ахмади, кој е опишан како раководител на разузнавачкиот оддел на паравоената формација. Израелската војска тврди дека Ахмади играл „клучна улога“ во планирањето и спроведувањето на операциите и го обвинува за учество во задушувањето на антивладините ...
Ирански ракетен напад погоди рафинерија за нафта во Хаифа, Израел, но не предизвика „значителна штета“, соопшти во четврток израелското Министерство за енергетика. Министерот за енергетика Ели Коен рече дека нападот накратко го прекинал снабдувањето со електрична енергија, но дека струјата брзо била вратена кај повеќето погодени потрошувачи. „Штетата на електричната мрежа на север е локализирана и не е значајна“, рече Коен, додавајќи дека ...
Израел го прошири опсегот на своите напади врз Иран доцна на 18 март, велејќи дека започнал воздушни напади на северот од земјата, а израелските медиуми објавија дека иранските воени бродови биле погодени на брегот на Каспиското Море. Додека Израел напаѓал на север, тој исто така нападнал и ирански енергетски инфраструктурни објекти во Заливот, при што Техеран возвратил со пукање врз нафтените и гасните постројки на арапските земји од ...
Израелскиот лидер голем дел од својата прес-конференција го посвети на негирање на тврдењата дека неговата влада ги вовлекла САД во војна со Иран. „Оваа измислица дека ги вовлековме САД во ова не е само измислица – туку е апсурдна“, рече тој. Додаде дека Трамп му рекол пред повеќе од една година: „Биби, мора да се погрижиме Иран да не добие нуклеарно оружје“. „Светот му должи на претседателот Трамп голем, длабок долг на благодарност за ...
Тројца повредени и повеќе оштетени станбени објекти е епилогот од масовниот руски напад со дронови врз пристанишниот дел на градот Одеса во Украина. Двајца од повредените се хоспитализирани. Во нападот биле погодени две повеќекатни станбени згради и еден објект во центарот на градот. Се јавува и за погоден објект за студентско домување. Пожарите што пламнале по нападите биле локализирани по брзата интервенција на противпожарните служби. ...
Русија, Кина и Иран ги претставуваат најголемите закани за Шведска, соопшти денеска Шведската безбедносна служба (САПО) во својот годишен извештај за заканите по земјата. Безбедносната полиција во последните години предупредуваше на растечките закани, пред сè од Русија, која презема сè повеќе хибридни напади низ Европа покрај војната во Украина. Иран, исто така, долго време е означен како сериозна закана, а властите забележаа дека ...
Романскиот конзул во Хаифа, Адријан Бринковеану, ги демантираше информациите што се шират на интернет за наводна забрана на велигденските богослужби и церемонијата на Светиот Оган во Црквата на Христовото Воскресение. Во објава на социјалните мрежи, тој нагласи дека станува збор за непроверени и неточни тврдења кои предизвикале вознемиреност кај верниците, апелирајќи јавноста да се информира исклучиво од официјални извори. Бринковеану истакна ...
Американски стелт борбен авион Ф-35 принудно слетал во база на Блискиот Исток откако бил погоден од ракета за која се верува дека потекнува од Иран. Инцидентот се случил за време на борбена мисија над иранска територија. Информацијата за Си-Ен-Ен ја потврдиле два извора запознаени со ситуацијата. Портпаролот на американскиот команден центар, капетанот Тим Хокинс, изјави дека авионот од петта генерација „вршел борбена мисија над Иран“ кога ...
Генералштабот на украинските вооружени сили потврди оштетување на рускиот авион за рано предупредување „А-50“ (сличен на американските „авакси“) како резултат на нападот врз фабриката за поправка на авиони во регионот Новгород. Според украинската страна, авионот бил на одржување во времето на нападот и евентуално бил подложени на надградби. Авионите „А-50“ (исто така познати како „летачки радари“) играат клучна улога во рускиот систем за ...
Во Германија не се исклучува можноста за учество во евентуална безбедносна мисија во Ормускиот теснец, но засега нема конкретни одлуки. Министерот за одбрана Борис Писториус оцени дека е прерано да се говори за ангажман на германските вооружени сили. – Ништо не исклучуваме, но во моментов нема што да се одлучува – изјави Писториус. Тој појасни дека евентуалното учество на Германија во меѓународна мисија би дошло предвид дури по ...
Кина воведе неформално ембарго за извоз на некои ѓубрива, што може дополнително да го потресе веќе нестабилниот глобален пазар и да предизвика ново зголемување на цените. Според информациите објавени од Блумберг њуз на почетокот на неделата, а потоа пренесени од Ројтерс, Пекинг го ограничи извозот на ѓубрива базирани на азот и калиум и одредени фосфорни производи, објави Фармер. Иако одлуката не е официјално објавена, нејзината цел е јасна, ...
Рускиот режим го зема примерот на Иран и Кина во својата кампања за интензивирање на блокирањето и исклучувањата на интернет ресурсите, што влијаеше на десетици региони и поголеми градови, вклучувајќи ја и Москва, објавува Ројтерс, повикувајќи се на два извори запознаени со ситуацијата. Според соговорниците на агенцијата, Москва го проучила искуството на Кина, која стои зад „Големиот заштитен ѕид“, и Иран, каде што интернетот редовно се ...
Тој нагласи дека американските воени операции се одвиваат според планот и дека воздушната одбрана на Иран е срамнета со земја, а неговата одбранбена индустрија е во голема мера уништена. Додаде дека САД потонале повеќе од 120 ирански воени брода и ги уништиле сите 11 ирански подморници Министерот за одбрана на САД, Пит Хегсет, одржа прес-конференција за војната во Иран велејќи дека САД ќе продолжат со интензивни напади и нема да запрат додека ...
Руската служба за надворешно разузнавање (SVR) наводно разговарала за планови за влијание врз унгарските избори, вклучително и организирање обид за атентат врз премиерот Виктор Орбан, со цел да се зголеми поддршката за Орбан, според интерен документ добиен од европските безбедносни служби, објави денес „Вашингтон пост“ (WP). Пред парламентарните избори во Унгарија во април, единица на руската SVR минатиот месец изрази загриженост за ...
Четири недели од почетокот на војната во Иран. Иако прогнозите за крајот на војната беа дека брзо ќе се заврши, сепак нападите од двете страни се засилуваат. Иранскиот објект за збогатување на уран во Натанз беше погоден во напад од воздух, изјавија тамошните власти, наведувајќи дека немало зголемена радијација. Во исто време, жителите на Техеран рекоа дека главниот град бил мета на жестоки воздушни напади. Две балистички ракети со среден ...
По средбата со претседателот на Белорусија Александар Лукашенко, специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп, Џон Кол, објави укинување на санкциите врз клучните структури на белорускиот финансиски систем. Во рами на американската одлука опфатени се: – Белинвестбанк – Развојната банка на Република Белорусија – Министерството за финансии на Белорусија – АД „Беларускалиј“ (најголемиот производител на поташани ѓубрива) – ...
Генералниот директор на платформата „Pinterest“, Бил Реди, ги повика светските лидери да ги забранат социјалните мрежи за лица под 16 години. „Ни треба јасен стандард – без социјални медиуми за тинејџери под 16 години – поткрепен со вистинско спроведување на законот и одговорност за оперативните системи на мобилните телефони и апликациите што работат на нив“, напиша Бил Реди. Како пример, Реди ја наведе забраната за социјални медиуми за лица ...
Најголемата американска воздухопловна база надвор од САД се наоѓа во Рамштајн, во германската покраина Рајнланд Пфалц. Токму од покраината на југозападот на Германија потекнуваат и предците на американскиот претседател Доналд Трамп. Во покраината се наоѓа највисокиот гејзир на светот, кој достигнува цели 60 метри, а има и добро вино. Речиси три четвртини од виното произведено во Германија потекнува од регионот долж реките Рајна, Мозел, Нае и ...
Јужна Кореја размислува за увоз на руска нафта. По затворањето на Ормутскиот Теснец, официјален Сеул одеднаш го омекна својот став кон руските енергетски производи, пишува „Ројтерс“. Според агенцијата, јужнокорејската влада одлучи привремено да ја вклучи нафтата на листата на стратешки важни производи поради прекини во снабдувањето предизвикани од војната на Блискиот Исток. Повеќе од половина од увозот на оваа суровина во земјата се добива со ...
Француската морнарица заплени танкер во Медитеранот за кој Макрон тврди дека припаѓа на руската „флота во сенка“. Според Ројтерс, француските сили се качиле на танкерот „Дана“ , кој плови под мозамбиско знаме, поради сомневање дека користи лажно знаме. Бродот претходно испловил од руското пристаниште Мурманск. We remain resolute. This morning in the Mediterranean, the French Navy intercepted and boarded another vessel from the shadow fleet, ...
Добивај вести на Viber Лидерите на Обединетите Арапски Емирати, Обединетото Кралство, Франција, Германија, Италија, Холандија, Јапонија, Канада, Јужна Кореја, Нов Зеланд, Данска, Латвија, Словенија, Естонија, Норвешка, Шведска, Финска, Чешка, Романија, Бахреин, Литванија и Австралија заеднички ги осудија нападите на Иран врз невооружени трговски бродови и цивилна инфраструктура во Заливот, вклучувајќи ги и нафтените и гасните постројки, како ...
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац денеска изјави дека Израел и САД значително ќе ги интензивираат своите напади врз Иран во наредните денови, јави ДПА. Кац по консултациите со високи воени претставници во штабот на армијата во Тел Авив изјави дека нападите ќе бидат насочени кон иранското раководство. Израел е решен да ја продолжи својата кампања против структурата на моќ во Иран, со цел „обезглавување на неговите команданти и ...
Од почетокот на 2024 година, приближно 7,5 милиони деца под 18 години кои не се државјани живеат во ЕУ. Многумина пристигнуваат преку мешани миграциски рути - над 41.000 во 2024 година - при што над половина се без придружба. Клучните предизвици вклучуваат над 50.000 деца пријавени како исчезнати помеѓу 2021 и 2023 година, висок ризик од експлоатација, трговија со луѓе и ограничен пристап до безбедна грижа прилагодена за децата. Но, уште ...
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, денес изјави дека германските власти, со одбивањето на испораките на руска енергија од идеолошки и геополитички причини, го водат својот народ „до работ на бездната“. Захарова изјави дека, и покрај влошувањето на германската економија, официјален Берлин продолжува да ги игнорира последиците од откажувањето од руската енергија, што, како што оцени таа, најмногу ги ...
Турција е една од најпопуларните туристички дестинации за одмор во светот: земјата во 2025 година угостила околу 64 милиони туристи и остварила приходи од околу 56 милијарди евра. Веќе претходната година Турција ја престигнала Италија и се искачила на четвртото место во светот, зад Франција, Шпанија и САД. По пандемијата со корона, турските угостители вложија големи напори за удобност и безбедност на туристичките дестинации. Оваа година ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, повторно изјави дека е потешко да се соработува со Владимир Зеленски отколку со рускиот претседател Владимир Путин, објави новинарката на MS Now, Стефани Рул, по интервјуто со американскиот лидер, пренесува „РИА Новости“. Новинарката, исто така, изјави дека Трамп забележал дека „Путин не се плаши од Европа“ и, како што тврди, изразил поголема доверба во него отколку во кој било од европските сојузници на ...
Американскиот претседател Доналд Трамп ја отфрли можноста за примирје со Иран, тврдејќи дека САД имаат предност и би сакале решителен крај на војната. „Па, гледајте, можеме да водиме дијалог, но знаете, не сакам примирје. Немате примирје кога буквално ја уништувате другата страна. Тие немаат морнарица. Немаат воздухопловни сили. Немаат никаква опрема. Немаат набљудувачи. Немаат воздушна одбрана. Немаат радар. А нивните лидери се убиени на ...