Скопје
15ᴼ /
15ᴼ
Серија експлозии одекнаа во центарот на Киев утрово, а властите објавија необичен руски напад со дронови сред бел ден врз украинскиот главен град. „Остатоци од дронови паднаа во самиот центар на градот, без да предизвикаат жртви“, рече градоначалникот Виталиј Кличко, додавајќи: „Непријателскиот напад врз Киев продолжува, останете во засолништата“. Воздухопловните сили на Украина објавија на Телеграм неколку бранови борбени дронови и најмалку ...
„Не вели ли Трамп дека ја уништил иранската морнарица? Ако има храброст, неговата морнарица нека влезе во Ормускиот теснец и Персискиот Залив“, изјави во неделата портпаролот на ИРГЦ. ИРГЦ, или Корпусот на Иранската револуционерна гарда, е елитна воена организација основана по Исламската револуција во 1979 година. Таа работи паралелно со редовната иранска војска и игра клучна улога во одбраната на режимот, како и во иранските операции во ...
Марбела доживува туристички бум откако експлозиите почнаа да одекнуваат во Дубаи и поширокиот Блиски Исток. Многу влијателни луѓе го избираат ова одморалиште сè почесто. Со децении, Марбела го негуваше имиџот на најгламурозно шпанско одморалиште, познато по своите ексклузивни плажни клубови. Иако во последниве години дел од тој сјај беше узурпиран од Дубаи како омилена дестинација на инфлуенсерите, овој андалузиски град сега се враќа на ...
Поранешниот водител на Фокс њуз, Такер Карлсон, тврди дека американските разузнавачки служби го истражуваат поради разговори со луѓе во Иран. Тој вели дека Централната разузнавачка агенција ги чита неговите пораки и дека подготвува можни обвиненија. Тврдења за истрага и можни обвиненија – ЦИА подготвува некаков вид кривична пријава против мене или поднесување до Министерството за правда за наводно кривично дело што сум го извршил – вели ...
Предлогот другите земји да испратат воени бродови да се приклучат на американската морнарица во обезбедувањето на премин низ Ормутскиот теснец сè уште не доби конкретен одговор. Сето ова се случува во време кога цените на нафтата растат, а сообраќајот во еден од најважните енергетски коридори во светот е сериозно нарушен поради војната меѓу САД, Израел и Иран. Во објава на неговата платформа Truth Social, Трамп изрази надеж дека неколку ...
Прекинот на интернетот во Иран трае веќе 17-ти ден, објави организацијата за следење на интернетот NetBlocks. „Во текот на изминатиот ден, беше забележано слабеење на клучната телекомуникациска мрежна инфраструктура. Ова дополнително ја намали достапноста на VPN-мрежите и ги исклучи некои корисници од таканаречената бела листа, како и услугите на Националната информативна мрежа“, се вели во соопштението на NetBlocks. ⚠️ Update: The internet ...
Бугарија е една од 29-те држави што ќе одлучуваат за иднината на Антарктикот и за користењето на неговите природни ресурси, изјави проф. д-р Христо Пимпирев, претседател на Управниот одбор на Бугарскиот антарктички институт и раководител на бугарската поларна експедиција во интервју за БГНЕС. „Бугарија е една од 29-те држави што ќе ја одлучуваат судбината на една десетина од површината на Земјата – Антарктикот. Заедно со САД, Јапонија, Кина, ...
Припадници на Копнените сили на бугарската армја се претставија одлично на тешка воена вежба во САД – натпреварот „Best Warrior Competition“. Натпреварувањето се одржа во Тулахома, во сојузната држава Тенеси, од 26 февруари до 1 март, соопштија од Копнените сили на бугарската армија. Настанот е дел од националниот шампионат на Соединетите Американски Држави. Бугарскиот тим беше составен од војници од 2-ри механизиран баталјон на 61-та ...
Демохрастијанскиот сојуз на канцеларот (ЦДУ) Фридрих Мерц останува водечка политичка сила во германската сојузна покраина Хесен. Според прелимираните резултати, на вчера одржаните локални избори партијата освои 29,7 отсто од гласовите на избирачите во покраината. Втора на изборите се позиционираше Социјалдемократската партија со освоени 20,2 отсто од гласовите. Антимигрантската партија „Алтернатива за Германија“ (АфД) што минатата година беше ...
Руските системи за противвоздушна одбрана во последните два дена соборија 250 беспилотни летала што се приближуваа кон Москва, објави утринава градоначалникот Сергеј Собјанин. -Силите за воздушна одбрана уништија околу 250 непријателски беспилотни летала директно на приодот… и на друга линија во правец на Москва, напиша тој на платформата MAX. Аеродромот Внуково воведе ограничувања за пристигнувања и заминувања на авиони, а аеродромите ...
Иран планира да го претвори училиштето за девојчиња што беше бомбардирано на првиот ден од војната во музеј во чест на речиси 200 жртви од нападот. „Ова училиште е жив документ за подготвеноста на Американците да извршуваат злосторства и мора да биде регистрирано и документирано за зачувување во историското сеќавање на иранскиот народ“, се вели во соопштението на иранската влада објавено денеска. Најмалку 168 ученици на возраст меѓу 7 и 12 ...
Членот на Претседателството на Српската напредна странка (СНС) Владимир Ѓукановиќ изјави дека „какви што се проекциите и што јасно може да се види од однесувањето на нашите соседи, на Балканот ќе избувне конфликт во одреден момент“. Во колумна за денешниот весник „Политика“, тој пишува дека е „јасно како ден“ дека воениот сојуз Загреб-Приштина-Тирана, „кој во одреден момент можеби ќе ја вклучи Бугарија со своите аспирации и стремежи во ...
Големата потрошувачка на ракети воздух-воздух „MICA“, кои француските пилоти на авионите „Рафал“ ги користат за пресретнување на иранските дронови „Шахед“ над Обединетите Арапски Емирати, создава сериозни тензии во Париз, додека се бараат решенија за зачувување на долгорочните воени капацитети. На небото над Обединетите Арапски Емирати , француските борбени авиони „Рафал“ работат неуморно за да ги неутрализираат ракетите и беспилотните летала ...
Танкер со руско знаме со денови слободно плови помеѓу Лампедуза и Малта во Средоземното Море без екипаж. Станува збор за танкерот со име „Арктик Метагаз“, кој е во центарот на мистеријата неколку дена. Откако исплови од арктичкото пристаниште Мурманск на 4 март, „Арктик Метагаз“ беше нападнат од неидентификувани дронови додека пловеше низ централниот Медитеран. Овој танкер, според информациите, е дел од таканаречената руска „флота во сенка“ и ...
Американскиот претседател рече дека САД своевремено им помогнале на европските сојузници околу Украина и дека сега очекуваат поддршка за возврат. Во оваа смисла истакна дека Европа и Кина се во голема мера зависни од нафтата од Персискиот Залив, за разлика од Соединетите Американски Држави. Ги посочи Кина, Франција, Јапонија, Јужна Кореја и Велика Британија како земји од кои очекува помош околу Заливот Американскиот претседател Доналд Трамп ...
Цената на златото на светските берзи денес се движи околу 4.370–4.390 евра за унца, „31,1“ грам додека цената по грам за 24-каратно злато изнесува приближно 140 евра. Ова претставува умерено дневно зголемување од околу 0,3–0,4 проценти во однос на претходниот ден. На глобалните пазари, благородниот метал и натаму останува еден од најбараните сигурни инвестициски инструменти. Во доларска вредност, спот-цената се движи околу 5.020 долари за ...
Израелските воздухопловни сили извршиле целен напад во текот на ноќта, уништувајќи го авионот што го користел врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, на аеродромот Мехрабад во Техеран, изјави портпарол на Израелските одбранбени сили. Израелските одбранбени сили изјавија дека авионот го користеле Хамнеи, високи ирански функционери и воен персонал за операции за набавки и управување со односите со сојузничките држави, објавија регионалните ...
Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, денеска ја оцени како „опасен преседан“ одлуката на САД привремено да ги олесни санкциите против извозот на руска нафта. – Русија треба да има помалку, а не повеќе средства да води војна – додаде Калас пред почетокот на денешниот состанок на европските министри за надворешни работи во Брисел. Таа повика настаните на Блискиот Исток да не го одвлекуваат вниманието од ...
Екстремно десничарската партија Национален собир и радикално левичарската Непокорена Франција постигнаа пробив во првиот круг од вчерашните локални избори во земјата, објавија локалните медиуми. Претстојната недела, до вториот круг избори закажан за 22 март, ќе биде обележана со неизвесности бидејќи не се знаат можните сојузи меѓу партиите, во светлината на трката за Елисејската палата во 2027 година, кога истекува вториот мандат на ...
Суперсонични ракети не се купени за Загреб, Сараево или Подгорица, туку беа купени за сите оние кои не и мислат добро на Србија и веруваат дека можат да ги наметнат своите национални интереси со оружени средства, изјави синоќа началникот на Генералштабот на српските вооружени сили, Милан Мојсиловиќ. Во емисија на телевизијата Пинк, Мојсиловиќ рече дека нема причина за нервоза во регионот, бидејќи Србија е посветена на мирот и регионалната ...
Водечките американски нафтени компании ја предупредија администрацијата на Доналд Трамп дека енергетската криза, предизвикана од војната во Иран, веројатно ќе се влоши. Главната причина за загриженост се прекините во протокот на нафта низ Ормутскиот теснец што би можеле да предизвикаат долгорочна нестабилност на глобалните енергетски пазари, пишува „Вол стрит џурнал“. На состаноците со претставници на администрацијата на Трамп, директорите ...
Рано утрово, училиштето за момчиња „Шахид Хомеини“ во иранскиот град Хомеин беше нападнато, а иранската новинска агенција Фарс го опиша инцидентот како „американско-израелски напад“. Објавени се и фотографии на кои се гледа голема штета на училишната зграда, објавија иранските новински агенции. Заменик-гувернерот на покраината Маркази подоцна потврди дека нема жртви во нападот. Во соопштението објавено од новинската агенција Мехр, тој рече ...
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, во интервју за „Фајненшл тајмс“ изјави дека преговорите поврзани со војната во Украина моментално се во застој, бидејќи САД се фокусирани на други приоритети, особено на конфликтот на Блискиот Исток. – Во преговорите навистина има пауза. Американците имаат други приоритети и тоа е разбирливо – изјави Песков. Тој оцени дека европските држави прават грешка со тоа што го охрабруваат Киев да продолжи со ...
Десетици Иранци преминаа во северен Ирак вчера, првиот ден кога границата беше отворена од почетокот на војната на Блискиот Исток, за да купат поевтини намирници, да пристапат до интернет, да контактираат со роднини и да најдат работа. Патниците велат дека постојаните воздушни напади и зголемувањето на цените на храната го отежнале животот во Иран. Камиони натоварени со стока минувале низ преминот Хаџи Омеран од курдскиот регион во Ирак. Дури ...
Моџтаба Хамнеи, син на покојниот ајатолах Али Хамнеи, наводно не бил избор на својот татко за врховен лидер на Иран. Разузнавачки проценки од САД и од Израел тврдат дека таткото се сомневал во неговите способности. Разузнавачки извештај на американските служби, објавен од Си-Би-Ес Њуз, се наведува дека таткото „не го сметал за особено бистар и не го гледал како квалификуван лидер“. Оваа проценка се совпаѓа со наводи од извори блиски до ...
Како што пренесува британскиот весник „Скај њуз“, двајцата лидери разговарале за важноста од повторното отворање на Ормускиот теснец со цел да се анулира застојот во светскиот поморски транспорт што, како што се посочува во деталите од разговорот „резултирало со зголемување на трошоците ширум светот“. „Премиерот исто така изрази сочувство до американските војници кои ги загубија животите за време на конфликтот. Двајцата соговорници согласни ...
Министрите за надворешни работи на ЕУ денес ќе разговараат за зајакнување на мала поморска мисија на Блискиот Исток, но не се очекува да одлучат за проширување на нејзината улога во Ормускиот теснец, соопштија дипломати и претставници. Мисијата на ЕУ „Аспидес“ е формирана во 2024 година за заштита на бродовите од напади на бунтовничката група Хути од Јемен во Црвеното Море. Мисијата моментално има италијански и грчки брод под своја директна ...
Кинеското Министерство за надворешни работи изрази загриженост за напнатата ситуација во Ормускиот Теснец по повикот на американскиот претседател Доналд Трамп до Пекинг да испрати свои бродови за да го обезбедат клучниот воден пат. Реакцијата дојде само неколку часа по повикот на Трамп. Портпаролот на министерството, Лин Џиан, ја опиша ситуацијата како „напната“ и штетна за глобалната стабилност. -Кина уште еднаш ги повикува сите страни ...
Доналд Трамп упати остро предупредување до НАТО, велејќи дека алијансата се соочува со „многу лоша“ иднина ако американските сојузници не помогнат во деблокирањето на Ормутскиот теснец. Во интервју објавено во неделата, американскиот претседател директно ги повика европските земји да се приклучат на неговите воени напори во Иран и најави дека може да го одложи самитот со кинескиот претседател Си Џинпинг додека не добие помош од Пекинг, објави ...
Тројца странски државјани се приведени во Дубаи, откако напад со дрон ја погоди нивната зграда, а тие испратиле фотографии и пораки до членовите на своите семејства за да ги известат дека се безбедни, тврди групата за правна помош „Detained in Dubai“. Групата вели дека жителите биле во своите домови кога дронот удрил, предизвикувајќи ја експлозијата. Тие веднаш направиле фотографии од штетата и ги испратиле сликите приватно до своите ...