Скопје
14ᴼ /
14ᴼ
Добивај вести на Viber Tурција собори и трета иранска ракета. Сирените за воздушна опасност кои рано утрово се огласија во воздухопловната база Инџирлик во Турција го вклучија алармот во седиштето на НАТО. Соборувањето на третиот ирански проектил во последните неколку дена ги подгреа сомнежите дека ова стратешко упориште на Алијансата е примарна цел на Техеран. Иако Иран негира директна одговорност, американските разузнавачи ...
Потпретседателот на САД Џ.Д. Венс беше скептичен во врска со американскиот напад врз Иран пред одлуката на претседателот Доналд Трамп да влезе во војна, изјавија двајца високи функционери на Трамп за американското издание на „Политико“. Иако Венс, кој долго време ги доведува во прашање американските интервенции во странство, јавно ја бранеше операцијата на Трамп во Иран, претставници на Белата куќа открија дека потпретседателот го изразил ...
Израелските воздухопловни сили фрлија летоци над Бејрут со порака до цивилното население да се спротивстави на Хезболах и да ја преземе контролата врз иднината на Либан. Во пораката, либанските граѓани се повикуваат да ја разоружаат организацијата, која во летокот е наречена „ирански штит“. BREAKING: The Israeli Air Force dropped leaflets in Beirut a short while ago, calling on civilians to act against Hezbollah: “You must disarm Hezbollah, ...
Францускиот претседател, Емануел Макрон, го осуди нападот врз базата Ербил и изјави дека позицијата на Франција на Блискиот Исток е исклучиво одбранбена. „Во регионот сè е јасно. Тоа е одбранбен став. Ние не сме во војна со никого“, рече Макрон. Тој исто така предупреди дека Русија греши ако мисли дека конфликтот на Блискиот Исток ќе ѝ донесе предност во војната во Украина. Макрон нагласи дека Европската Унија од 2022 година досега ...
Тој додаде иранските проектили се намалени за 90 проценти, а нивните еднонасочни офанзивни дронови вчера се намалени за 95 отсто Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет и началникот на Здружениот штаб, генерал Ден Кејн на денешната заедничка прес-конференција ја информираа јавноста за напредокот на воената операција против Иран, истакнувајќи оти американските сили го десеткувале иранскиот режим. „Никогаш порано една модерна армија не е ...
Додека Израел и САД продолжуваат да го бомбардираат Иран, Техеран одговара со ракетни напади и напади со беспилотни летала и се заканува дека ќе го држи Ормутскиот теснец затворен. Американски воен авион за полнење гориво кој учествувал во операцијата против Иран, се урна во Ирак, при што загинале четворица од шесте членови на екипажот. Во инцидентот учествувале два авиона, од кои вториот слетал безбедно. Американскиот претседател Доналд ...
Набљудувањата на регионот Римае Боде на Месечината откриваат пет различни типови на терен и идентификуваат неколку потенцијални места за слетување за првата мисија со екипаж на Кина. Сместен на границата помеѓу Морето на Пареа и Визио во центарот на блиската страна на Месечината, регионот Римае Боде се смета за научно вреден поради неговиот разновиден терен и површински материјали. Овие карактеристики опфаќаат долги периоди од лунарната ...
Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави во петокот дека олеснувањето на санкциите кон Русија е погрешно, откако САД издадоа 30-дневна дозвола за купување руска нафта и нафтени производи што моментално се чуваат на море. „Веруваме дека тоа е погрешно“, рече Мерц на прес-конференција со својот норвешки колега. „Моментално има проблем со цените, но не и со понудата. И во таа смисла би сакал да знам кои фактори ја доведоа американската влада до ...
Американскиот претседател Доналд Трамп утрово кратко разговараше за „Фокс њуз“, велејќи дека САД планираат да нападнат цели во Иран „многу силно“ во текот на следната недела, објави Ројтерс. Последната изјава на Трамп е само продолжение на неговата агресивна реторика. На социјалната мрежа Truth, тој им се потсмеваше на иранските лидери, велејќи дека тие се „пореметени ѓубриња“ и дека е „голема чест што може да ги убие“. Американскиот ...
Бахреин е третата заливска држава која прогласи состојба на виша сила за испораките на енергенси, откако Иран ја нападна единствената нафтена рафинерија во оваа земја. Најмалку 32 луѓе се ранети во денешниот напад со дронови врз Бахреин, а густ чад се издигнува од правецот на рафинеријата на државната енергетска компанија „Бапко“. „Прогласуваме виша сила за операциите на нашата група, кои беа погодени од тековниот регионален конфликт на ...
Во текот на ноќта во недела, 9 март, пијан човек скокнал преку оградата на резерватот Лос Пинос, одгледувачница за егзотични животни лоцирана во населбата Сан Педро Чолула, Мексико. Бидејќи ситуацијата била ризична, човекот решил да се затвори во еден од кафезите за да избегне напад од лавови . Исто така, во посед на персоналот на резерватот постои видео на кое се прикажани ослободените животни, кое наводно го снимил самиот човек додека ...
Новиот „таканаречен, не толку врховен лидер“ на Иран, Моџтаба Хамнеи, е „ранет и веројатно обезличен“, вели американскиот министер за одбрана Пит Хегсет за третиот лидер на Исламската Република, кој беше цел на истите напади во кои беше убиен неговиот татко, поранешниот врховен лидер Али Хамнеи, на почетокот на американско-израелската кампања пред две недели. „Зошто писмена изјава?“ прашува Хегсет, откако оваа недела се појавија пораки ...
Во средината на февруари 2026 година, сенаторот Линдзи Греам застана пред камерите во Тел Авив и го пренесе она што го нарече една од неговите „најзначајни пораки во неговата политичка кариера“. САД, изјави тој, беа „ недели, а не месеци“ блиску до одлука за Иран. Немаше „искра“ помеѓу претседателот Трамп и премиерот Нетанјаху. Тие беа „со еден ум“ за тоа „што да се прави и како да се прави“. Само еден месец претходно, за време на посетата на ...
Една жена загина во експлозија во близина на плоштад во Техеран што се случи за време на демонстрации по повод Денот на Ал Кудс. Жената им подлегнала на повредите од шрапнели. Шефот на иранскиот Национален совет за безбедност, Али Лариџани, кој присуствуваше на протестот, реагираше на веста за нападот. Тој рече дека „нападот на маршрутата на протесот го покажува очајот на Израел и на САД. – Трамп не е доволно паметен да види дека иранскиот ...
Индискиот политичар Фарук Абдулах (88) за малку избегна атентат на свадба во среда вечерта, објавија полицијата и неговото семејство. На драматичното видео од надзорните камери се гледа како Абдулах се движи низ салата полна со гости, опкружен со телохранители, кога еден од мажите во групата извлекол огнено оружје и насочил кон грбот на политичарот. Телохранителите реагирале молскавично, а полицијата соопшти дека бил испукан еден куршум, но ...
Владата на премиерката Џорџа Мелони продолжува со реформа на италијанското судство што би го прецртала балансот на моќ меѓу судиите и обвинителите – и би се вклучила во дебатата на ЕУ за независноста на судството. Италијанците ќе гласаат за уставната реформа на 22 и 23 март. Додека поддржувачите велат дека промените би го направиле правосудниот систем понепристрасен и би го намалиле ризикот од политички мотивирани гонења, критичарите ...
Пит Хегсет им оддаде почит на четирите американски членови на екипажот кои загинаа во падот на авионот за полнење гориво. „Секој од нив е американски херој“, рече Хегсет. Се случуваат лоши работи. Нивната жртва само ќе ја зајакне нашата посветеност на оваа мисија, но војната е неопходна во овие околности, во потрагата по мир“, додаде тој. Претседателот на Здружениот штаб на вооружените сили, генерал Ден Кејн, го започна своето јавно обраќање ...
Белорускиот претседател Александар Лукашенко денеска ги предупреди Украина и НАТО да не ја провоцираат Белорусија, бидејќи Минск може да употреби ракети Орешник. – Не велам дека утре ќе ги нападнеме Вилнус, Варшава или Киев со Орешник. Не дај Боже. Тоа не е наша цел. Мора да ја браниме нашата земја. И за да не лансираме Орешник, не нè малтретирајте. Ниту од Украина, ниту од Полска, ниту од Литванија, ниту од Летонија. Да ги решиме проблемите ...
Американскиот претседател Доналд Трамп во интервју за „Фокс њуз“ ги коментираше наводите дека рускиот претседател му доставува локации на војниците на САД на Блискиот Исток на Иран. Тој оцени дека тоа е можно и таквиот потег го поврза со американската помош за Украина. Запрашан дали Путин му помага на Иран, Трамп одговори: „Мислам дека малку им помагаат, да, претпоставувам“. Својата претпоставка веднаш ја обрзаложи со контрапрашање: „А, ...
Шест американски војници загинале, а десетици биле ранети во напад врз американскиот центар за тактички операции во пристаништето Шуаиба, во Кувајт, објави ТВ каналот „Си-Би-Ес њуз“, повикувајќи се на извори. Според медиумот, повредите на војниците вклучуваат повреди на главата и мозокот, изгореници, рани од шрапнели и губење на меморијата, а пријавена е и најмалку една ампутација на екстремитет. Најмалку 37 од повредените биле префрлени да ...
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ја потценила сериозноста на иранската реакција на нападите на САД и Израел, како и последиците што војната би можела да ги има врз глобалните енергетски пазари, пишува „Њујорк Тајмс“, повикувајќи се на разговори со 12 функционери од американската администрација и на интерни документи од Белата куќа. Според нив, дел од членовите на администрацијата приватно изразиле песимизам поради ...
Новиот врховен лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, претрпел скршеница на нога и други помали повреди на првиот ден од бомбардирањето што го започнаа САД и Израел, изјави за Си-Ен-Ен извор запознаен со ситуацијата. Покрај повредата на стапалото, Хамнеи (56) има модринка околу левото око, како и помали исеченици на лицето, рече изворот. Израелски извор претходно изјави за Си-Ен-Ен дека Хамнеи бил повреден во обид за атентат минатата недела, а ...
Унгарскиот премиер Виктор Орбан во видео објавено на Фејсбук изјави дека Унгарија не може да биде уценувана или заплашувана од украинските власти. Орбан тврди дека украинскиот претседател Володимир Зеленски „вчера повторно се залагаше за блокада на нафта“, а украинските власти „не им дозволуваат на експертите од унгарската влада да пристапат до нафтоводот Дружба“.Зеленски намерно ја загрозува енергетската безбедност на Унгарија затоа што ...
Кубанските власти започнале разговори со американската влада, изјави кубанскиот претседател Мигел Дијас-Канел, додека островот се соочува со тешка економска кризa. „Целта на овие разговори е преку дијалог да се најдат решенија за билатералните разлики меѓу двете земји“, изјави Дијас-Канел во видео објавено на државната телевизија. Тој рече дека разговорите од кубанска страна ги водел заедно со поранешниот претседател Раул Кастро и други ...
Шпанија сака да воведе нова алатка дизајнирана за мерење на говорот на омраза на дигиталните платформи, потврди премиерот Педро Санчез вчера, по презентацијата на законот за заштита на малолетници на интернет претходно оваа година. Иницијативата е дел од пошироката владина стратегија насочена кон подобрување на надзорот врз компаниите за социјални медиуми. За време на инаугурацијата на првиот Меѓународен самит против омраза и дигитално ...
Еден пратеник од опозицијата имаше необично искуство во март оваа година. Пред еден од состаноците на комисијата што се одржа во Парламентот, тој започна разговор со претставник на Фидес со кого претходно разговарал само за политички прашања. Меѓутоа, овој пат, пратеникот од владата почна да му се жали дека, според него, има проблеми во земјата, разни политички прашања не се решаваат и дека владата не работи добро. „Тој се осврнуваше на ...
Од војната во Персискиот Залив, каде САД и Израел вршат напади врз Иран, а Иран возвраќа со контраудари врз американските бази и врз соседните земји, Русија има серија политички, економски и воени придобивки, наведуваат политички аналитичари. Меѓу главните придобивки за Москва се порастот на цената на горивата, олабавувањето на санкциите врз Русија, намалувањето на интересот на светот за војната во Украина, како и воената помош за Киев. На ...
Во Иран постои уникатен одред на жени нинџи, наречен „куноичи“, кој во моментов брои меѓу 3.500 и 4.000 активни членки. Странските медиуми ги опишуваат како „страв и трепет“, а тие кои имале прилика да се запознаат со нив велат дека се неверојатно вешти во борбени вештини и тактичко движење. Тие користат мечеви, стрели, нунчаки, ножеви и пред сè, раце и нозе. Тие со години се најстрого чуваната воена тајна на Иран, но овие денови, како што се ...
Според извештајот, Трамп им кажал на сојузниците дека „се ослободил од рак кој им се заканувал на сите“, додека се фалел со резултатите од операцијата „Епски гнев“ на состанокот на Г7 во средата наутро. „Трамп рече дека никој не знае кој е лидерот, па затоа нема никој да прогласи предавање“, објави Аксиос. Американскиот претседател, исто така, рече дека верува оти новоназначениот врховен лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, е сè уште жив „во ...
Британските авиони „тајфун“ на кралските воздухопловни сили РАФ се распоредени над Бахреин како дел од одбранбените операции на Велика Британија на Блискиот Исток. Два од четирите авиони испратени во Катар се специјално распоредени за пресретнување на дојдовни дронови, додека американско-израелскиот конфликт со Иран влегува во втората недела, објави Би-би-си. Бахреинските власти изјавија дека 190 дронови и 114 ракети се пресретнати од ...