Скопје
6ᴼ /
6ᴼ
Мексиканските власти соопштија дека на морнарица се заплени два тони кокаин за време на поморска операција во Тихиот Океан која се случила минатиот петок. Операцијата ја спроведе морнарицата во координација со Канцеларијата на државниот обвинител и Агенцијата за безбедност на Мексико, користејќи авиони, патролен брод и помал брод. Морнарицата соопшти дека операцијата е дел од тековните поморски и воздушни патроли насочени кон одвраќање на ...
Турската државна банка Халкбанк соопшти дека донела одлука да потпише Договор за одложување на кривичното гонење (Deferred Prosecution Agreement – DPA) со Канцеларијата на обвинителот на Јужниот округ на Њујорк при Министерството за правда на САД, со цел преку спогодба да се стави крај на кривичната постапка што против банката се води од 2019 година. Во соопштението објавено на Платформата за јавно информирање (KAP), банката наведува дека ...
Бугарија ќе го отвори својот штанд на Меѓународниот саем на книгата во Лондон трета година по ред, соопшти за БТА Гергана Димитрова, заменик-претседателка на Управниот одбор на Асоцијацијата „Бугарска книга“, пренесува Радио Бугарија. Денес од 19:00 часот по локално време во галеријата „Софија“ во Бугарскиот културен институт во бугарската амбасада во Лондон ќе биде претставена книгата на проф. Христо Пимпирев и Иглика Трифонова „Антарктида – ...
Претседателите на САД и Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин, денес разговараа по телефон. Според извештаите, разговорот меѓу двајцата претседатели траел околу еден час. Путин и Трамп разговарале за теми „поврзани со актуелната меѓународна ситуација“. -Доналд Трамп го покани Владимир Путин да разговараат за голем број исклучително важни прашања поврзани со актуелниот развој на меѓународната ситуација, изјави помошникот на претседателот Јуриј ...
Американскиот претседател Доналд Трамп во интервју за Си-Би-Ес њуз изјави дека верува оти војната со Иран всушност е завршена, тврдејќи дека САД се далеку пред предвидениот рок во остварувањето на своите цели. „Мислам дека војната всушност е завршена, повеќе или помалку“, рече Трамп. Американскиот претседател истакна дека Иран повеќе нема функционална морнарица, комуникациски системи или воздухопловни сили, додека неговите ракети се намалени ...
Американскиот претседател Доналд Трамп ја разгледува можноста САД да преземат контрола врз Хормушкиот Теснец, пренесува телевизиската мрежа Си-Би-Ес (CBS). Оваа стратешка точка е од критично значење за глобалната економија, бидејќи низ неа поминува околу една петтина од светскиот транспорт на нафта. Евентуалниот ваков потег би значел директен одговор на заканите од Иран за блокирање на преминот и би довел до дополнително заострување на ...
Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас денеска го повика Израел да ја прекине својата актуелна воена операција во Либан, обвинувајќи дека операцијата води кон масовно раселување и дестабилизација на веќе кревката ситуација. Иако Израел го има правото на самоодбрана како одговор на неодамнешните напади од страна на милицијата Хезболах поддржана од Иран, неговиот одговор „беше прекумерен“, изјави Калас, ...
Спремни сме, подготвуваме изненадувања, порача денеска иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи, кој преку објава на Икс ги обвини Соединетите Американски Држави дека напаѓаат ирански нафтени и нуклеарни постројки. Пораката доаѓа во момент кога војната влегува во деветти ден, а нервозата на глобалните енергетски пазари дополнително расте. Паралелно со ова, иранскиот функционер за национална безбедност Али Лариџани му порача на ...
Авионите успешно уништиле беспилотен систем „во одбрана на Јордан“ и пресретнаа дрон кој се движел кон Бахреин, наведе Министерството. Во соопштението се информира дека Обединетото Кралство почна со спроведување на одбранбени воздушни летови како поддршка на Обединетите Арапски Емирати. „За поддршка на одбранбените операции, Обединетото Кралство распореди дополнителни експерти за воздушни операции во Заливот – со цел да се обезбеди прецизна ...
Претседателот Мамади Думбуја, поранешен командант на силите за специјални операции, ја презеде власта во 2021 година со воен удар. Во декември тој освои седумгодишен претседателски мандат, резултат кој беше оспорен од опозицијата. Се очекува во оваа западноафриканска држава во мај да се одржат парламентарни избори. Министерството за територијална администрација и децентрализација на Гвинеја преку указ објави дека централите и локалните ...
Гери Адамс, поранешниот претседател на Шин Фејн, влијателната ирска републиканска партија која се залага за обединување на Ирска, денеска се појави пред Високиот суд во Лондон по граѓанската тужба во која е повикан на одговорност за бомбардирањата на Ирската републиканска армија (ИРА) во Велика Британија. Тужбата би можела да влијае на политичкото наследство на Гери Адамс, кој стана лидер на Шин Фејн во 1983 година кога партијата беше ...
Дарение од вредни предмети, писма, документи и фотографии на бугаркиот кнез Александар Батенберг беше примено денес и отворено пред камерите на БНТ во Државната агенција „Архиви“. Тоа е првото вакво дарение со предмети на кнезот што пристигнува во Архивите и е направено од сопругот на неговата правнучка – Михаел Гролер. Највредниот предмет во дарението е државниот печат од тоа време, со кој Александар Батенберг, како поглавар на бугарската ...
Илјадници мигранти се вратиле во Германија по нивната доброволна депортација од земјата, објави „Junge Freiheit“. Во 2025 година, само 16.576 мигранти учествувале во германската програма за помош при враќање во нивните матични земји согласно програмата за помош при враќање REAG/GARP, објави во понеделник Сојузното министерство за внатрешни работи. Во 2024 година, бројот бил 10.358. Поголемиот дел од доброволните вратени биле од Турција (4.432 ...
Шпанија треба да одржи референдум за напуштање на НАТО, изјави на прес-конференција Пабло Фернандез, портпарол на левичарската партија Подемос (Можеме). Тој верува дека самиот народ треба да одлучи дали да остане во алијансата. Фернандез, исто така, ја критикуваше воената операција на САД и Израел во Иран. Подемос продолжува да бара шпанската влада да ги затвори американските бази во земјата, да го напушти НАТО или барем да одржи референдум ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска, 9 март, изјави дека Иран „направил голема грешка“ со изборот на Мојтаба Хамнеи за нов врховен лидер, откако неговиот татко беше убиен во американско-израелски напад. „Мислам дека направија голема грешка со изборот на Мојтаба Хамнеи“, изјави Трамп за Ен-Би-Си њуз. Претходно тој го опиша синот на ајатолахот Али Хамнеи како „лесна категорија“. Трамп исто така рече дека „прерано е да се зборува“ ...
Ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток достигна ново ниво денеска, откако Иран изведе низа напади врз Израел и земјите од Персискиот Залив, само неколку часа по именувањето на Моџтаба Хамнеи, син на убиениот врховен лидер Али Хамнеи, за негов наследник. Како нов врховен лидер, помладиот Хамнеи ќе има директна врска со Револуционерната гарда, главната паравоена сила на Иран. Саудиска Арабија предупреди дека ќе биде „најголемиот губитник“ ...
Ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток и неговото влијание врз јавното здравје се причина за голема загриженост, изјави денеска шефот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус. – Оштетувањето на нафтените постројки во Иран носи ризик од контаминација на храната, водата и воздухот – опасности кои можат да имаат тешки здравствени влијанија, особено кај децата, постарите лица и луѓето со претходни медицински ...
Американскиот државен секретар Марко Рубио вели дека светот „ќе биде побезбедно и подобро место кога ќе заврши оваа мисија“. Зборувајќи на настан во Вашингтон, Рубио рече дека САД се вклучени во мисија насочена кон „најголемиот светски киднапер на заложници, водечкиот светски спонзор на тероризмот – режимот во Иран“. Тој вели дека целите на мисијата се јасни и вклучуваат уништување на „способноста на овој режим да лансира ракети… уништување ...
Традиционалниот меѓународен фестивал „Зимска приказна“ собра стотици народни творци и изведувачи од Бугарија, Грција, Северна Македонија и Србија во Банско и Добриниште на 7 и 9 март, јавува Пиринско. Фестивалот се организира од Бугарскиот арт и фолклорен центар „Нестија“ и има за цел претставување на изворниот бугарски фолклор и промоцијата на бугарските зимски туристички центри. Ова во емисијата „Метроном“ на Радио Фокус го изјави ...
Ескалацијата на воениот конфликт во Иран предизвика силен потрес на глобалните берзи, што директно се одрази врз џебот на американските потрошувачи. Цените на нафтата забележаа остар раст оваа недела, носејќи нов бран поскапувања на бензинските станици ширум САД и дополнителен притисок врз трошоците за живот. Според податоците на CNN, цената на суровата нафта денес се искачи на највисокото ниво по средината на 2022 година – период кога ...
Израелските воени сили објавија дека извршиле нова серија воздушни напади на повеќе локации во Иран, при што биле погодени десетици цели поврзани со владата. Во објава на социјалната мрежа „Икс“, израелската армија посочи дека меѓу погодените објекти се наоѓал и штаб за беспилотни летала на Корпусот на чуварите на Исламската револуција. Според тврдењата на израелската војска, токму од овој објект претходно биле лансирани дронови кон Израел, а ...
Износот на донации што ги даваат родителите на децата во Шпанија достигна рекордно ниво поради кризата со домувањето во таа земја, па нотарите регистрирале повеќе од 225.000 трансакции во 2025 година, пишува денес „Ла Паис“. Како што се објавува, повеќето од овие парични трансфери се состојат од готовина што помага да се покрие аконтацијата за купување имот. Зад потписот со кој младо лице го потврдува купувањето на својот прв стан, често стои ...
Републиканскиот сенатор Линдзи Греам, еден од најгласните застапници на американската воена кампања против Иран, во интервју за Фокс њуз изјави дека тоа се „пари што најдобро се потрошени“ и дека иранскиот режим ќе падне. Во интервјуто, тој отворено ги повика арапските сојузници на Америка да се приклучат на војната и најави понатамошни напади, велејќи дека САД и Израел ќе го „разнесат“ противникот. Греам зборуваше во контекст на проценките ...
Инфлацискиот шок предизвикан од нападите на САД и Израел врз Иран би можел да го попречи кревкото глобално економско закрепнување за кое се очекуваше да добие на интензитет оваа година. Со зголемувањето на цените на нафтата и гасот и покрај ветувањето на Доналд Трамп да ги заштити танкерите што минуваат низ Ормутскиот теснец, банкарите и економистите предупредија дека продолжениот конфликт би можел да ги зголеми малопродажните цени низ целиот ...
НАТО потврди дека повторно пресретнал балистичка ракета што се упатуваше кон Турција, откако претходно турското Министерство за одбрана соопшти дека ирански проектил бил уништен во турскиот воздушен простор. Во официјалното соопштение се наведува дека системите за воздушна одбрана на НАТО, распоредени во Источен Медитеран, го пресреле проектилот, а делови од него паднале во југоисточна Турција. – НАТО повторно пресретна ракета што се ...
Војната меѓу САД, Израел и Иран влезе во втората недела, со интензивирање на воените операции и растечки политички и економски притисоци врз сите страни во конфликтот. Според анализи на меѓународни експерти, САД и Израел воспоставиле значајна воздушна доминација над Иран и се очекува воените операции да се засилат во наредниот период, при што цел на нападите се ракетни системи, воена инфраструктура и постројки поврзани со производство на ...
Околу 90 милиони Иранци се исклучени од глобалниот интернет поради затворање на владата, јавуваат медиумите. Иранците се исклучени од глобалниот интернет 216 часа, соопшти денес надзорникот за сајбер безбедност NetBlocks. „Околу 90 милиони Иранци се замолчени и исклучени од глобалниот интернет поради затворањето на владата“, соопшти NetBlocks во своето најново дневно ажурирање. Како што е наведено, поврзаноста моментално е на само еден ...
Заедничката седница на Комисиите за надворешни работи и за одбрана и внатрешни работи на Кнесетот одобри едногодишно продолжување на законот, што се смета за дискриминаторски бидејќи им забранува на Палестинците кои се женат со израелски жени да добијат престој во Израел. Таканаречениот Закон за државјанство првпат беше донесен во 2003 година, на врвот на Втората интифада, како привремена безбедносна наредба наменета за спречување на ...
Селото беше евакуирано минатата седмица веднаш по нападот со беспилотно летало, а жителите се во привремено сместување или кај нивни роднини. Од Министерството за внатрешни работи на Кипар денеска информираа дека одлуката ќе биде во сила до петок, кога одново ќе се разгледа врз основа на процената на состојбата. Претпладнево повторно беа активирани сирените кај британските воени бази, меѓутоа не беше откриено ништо сомнително или каква било ...
Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска истакна дека крајот на војната во Иран зависи исклучиво од иранското раководство. „Што побрзо режимот на мулите застане, побрзо ќе заврши овој конфликт. Исклучиво на режимот и на таканаречената Револуционерна гарда е да го прекинат непријателството“, рече Мерц во Берлин. САД и Израел продолжуваат со одбрана Дотогаш, Мерц очекува дека Израел и САД ќе продолжат со своите одбранбени операции против Иран, ...