Nvidia, Amazon и Alphabet се меѓу големите технолошки компании кои се борат да ја обезбедат безбедноста на своите вработени кои патуваат низ или се наоѓаат на Блискиот Исток по заедничките напади на САД и Израел врз Иран во текот на викендот. Лидерот во технологијата на чипови, Nvidia, привремено ги затвори своите канцеларии во Дубаи, при што вработените таму работат од далечина, според е-пошта прегледана од CNBC и испратена до сите вработени ...

Американските специјални пратеници Стив Виткоф и Џаред Кушнер ја откажаа посетата на Израел закажана за вторник, објави денес „Џерусалим пост“, повикувајќи се на неименувани извори. Двајцата пратеници претходно требаше да патуваат во Израел на разговори за војната меѓу Израел и Иран, додека во меѓувреме, наводно, се појавија несогласувања меѓу Вашингтон и Тел Авив околу израелските напади врз иранската нафтена инфраструктура. Според ...

Хјуман равјтс воч (HRW) го обвини Израел за нелегална употреба на бел фосфор во напад врз станбена област во јужен Либан минатата недела, јавува ДПА. Во извештај објавен денеска организацијата соопшти дека успеала да потврди и географски да лоцира седум снимки. Запаливите својства на белиот фосфор можат да бидат фатални или да предизвикаат сериозни повреди со доживотни симптоми. „Незаконската употреба на бел фосфор од страна на израелската ...

НАТО денес ги започна своите двегодишни воени вежби на Арктикот, овој пат ставајќи поголем акцент на улогата на цивилите во поддршката на војската, во време на големи тензии во регионот поради напорите на американскиот претседател Доналд Трамп да го стави Гренланд под контрола на САД. Вежбите, наречени „Студен одговор“, се фокусираат на одбраната на европскиот Арктички регион, каде што членките на НАТО, Норвешка и Финска, граничат со Русија. ...

Владата на Романија ги измени прописите за коцкање преку вонреден декрет со кој им се дозволува на општините да ги ограничат или забранат обложувалниците и слот-машините, што е најголемото затегнување на индустријата што ја има видено земјата. Лиценцираните оператори сега мора да добијат не само национална дозвола, туку и локално овластување за отворање место за коцкање, давајќи им на градоначалниците и локалните совети одлучувачко право на ...

Дмитриј Песков, портпарол на Кремљ, изјави дека по американско-израелскиот напад врз Иран меѓународното право повеќе не постои и дека Русија мора да се фокусира на сопствените интереси и на зајакнување на своите капацитети. Коментирајќи ги случувањата на Блискиот Исток, тој кажа дека дошло до „значителна дестабилизација во регионот и дека постои кумулативен ефект од голем број регионални конфликти и нерешени прашања”. „За жал, сите го ...

Иран денеска ги обвини европските земји, меѓу кои и Франција, дека помогнале да се создадат услови за американско-израелските напади кои доведоа до војната со Исламската Република. „За жал, европските земји помогнаа во создавањето на тие услови“, изјави портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи Есмаил Багеи на редовната неделна прес-конференција. Според него, наместо да инсистираат на почитување на меѓународното право и да се ...

ИДФ претходно предупреди дека ќе ги таргетира целите на групата Ал Кард ал-Хасан, која Хезболах ја користи како квазибанка. Претходно, портпаролот на ИДФ, полковник Авичај Адреи изјави дека ќе се дејствува против терористичката инфраструктура што му припаѓа на Ал Кард ал-Хасан, што е централен елемент во финансирањето на активностите на терористичката организација Хезболах и ѝ штети на либанската економија во служба на иранските интереси. ...

Правоприматели се оперативните групи на EIP формирани по 1 јануари 2023 година, а барањето за поддршка може да се поднесе од 1 април 2026 година, од 12 часот до 1 јуни 2026 година, до 12 часот. Земјоделците, советниците, истражувачите и сите други земјоделски експерти сега можат да работат заедно на иновации со финансиска поддршка – преку интервенција 77.03 „Поддршка за оперативни групи на EIP“ од Стратешкиот план на Заедничката земјоделска ...

Добивај вести на Viber Обвинителството во швајцарскиот кантон Вале денеска соопшти дека истрагата за пожарот во ноќен клуб во Кран-Монтана е проширена и вклучува пет актуелни и поранешни локални функционери, вклучувајќи го и градоначалникот Николас Феро. Семејствата на жртвите од пожарот во барот „Констелејшн“, во кој загинаа 41 лице, а 115 беа повредени, посочија на одговорноста на градоначалникот на Кран-Монтана, Феро за неговата пасивност ...

Густ чад сè уште се издига од рафинеријата за нафта Бапко во Бахреин утрово. Според тамошните власти, пријавени се повредени и штети во областа Ситра по нападот со ирански дрон. Бапко е главната рафинерија за нафта во земјата, објавува Телеграф. Сето ова доаѓа откако претседателот на Иран вети за време на викендот дека нападите врз земјите од Заливот ќе престанат. Но, извештаите за напади низ целиот регион продолжуваат Густ чад сè уште се ...

Министрите за финансии на групата Г7 денес на итен состанок ќе ја разгледаат можноста за заедничко ослободување на нафта од стратешките резерви, во координација со Меѓународната агенција за енергија (ИЕА). Целта е да се запре наглиот пораст на цените на нафтата поттикнат од конфликтот во Заливот. Телефонскиот состанок на министрите со Фатих Бирол, извршен директор на ИЕА, е закажан за 8:30 часот наутро по њујоршко време, а темата ќе биде ...

Вежбите, кои ќе траат до 19 март, имаат цел да ја зајакнат заедничката одбранбена подготвеност на двете земји. Според Јонхап, околу 18.000 војници ќе учествуваат во маневрите, приближно ист број како и во претходните години. Сепак, бројот на планираните теренски вежби оваа година е значително помал – 22, во споредба со 51 минатата година. Северна Кореја повеќепати ги осудуваше заедничките вежби на САД и Јужна Кореја, тврдејќи дека тие ...

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, индиректно призна во интервју за „NBC News“ дека Русија му обезбедува одредени видови помош на Иран. Новинарот го праша Арагчи: „NBC News“ известува дека Иран добива помош од Русија за лоцирање на американските сили. Дали добивате помош од Русија? – Имаме стратешко партнерство со Русија – одговори Абас Арагчи одговори. Сепак, новинарот продолжи да инсистира. – Значи, дали тоа е потврден ...

Бензинските пумпи во Техеран сериозно ја рационализираат продажбата на бензин, по израелските напади врз нафтените депоа во иранската престолнина. Возачите моментално можат да купат само 10 литри гориво по посета, објавија локалните жители денеска. Километарски редици автомобили се формираа на бензинските пумпи, со време на чекање од неколку часа. Во текот на викендот, израелски воени авиони бомбардираа нафтени депоа во градот и ги запалија. ...

Според Ројтерс, нема повредени. Причината за експлозијата, која се случила околу 4 часот наутро по локално време, сè уште не е позната, соопшти ВРТ. Експлозијата ги скршила прозорците во синагогата, како и на зградата од другата страна на улицата. Полицијата ја блокирала улицата додека специјализиран тим за борба против тероризмот го истражува инцидентот. Локалната полиција не била веднаш достапна за коментар, според Ројтерс. Според ...

Британскиот премиер Кир Стармер вели дека Велика Британија разговара со други земји за тоа што може да се направи заедно за да се намалат економските последици за граѓаните и компаниите. „Колку подолго трае ова, толку е поголема веројатноста да има влијание врз нашата економија, како и врз животите и домаќинствата на луѓето и работењето на компаниите“, рече тој, како што објави Би-Би-Си. Тој додаде дека задачата на владата е да „спречи вакви ...

Европската Унија мора да биде подготвена да ја проектира воената моќ со поголема динамика, бидејќи повеќе не може да се потпира на меѓународен поредок базиран на правила против заканите и мора да утврди дали нејзините институции и системи придонесуваат кон или го попречуваат нејзиниот кредибилитет, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, пренесува канадски Инвестинг. „Секогаш ќе го браниме и поддржуваме системот ...

Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, ги повика своите сојузници да го зголемат притисокот врз Русија поради војната во Иран, тврдејќи дека Москва и Техеран „работат заедно“ и претставуваат заедничка закана за Европа, САД и Заливот. „Војната против иранскиот режим и одбраната на Украина од руската агресија се два театри на една војна“, рече Сибиха во објава на X. „Истиот смртоносен зуење на Шахедите над Украина и Заливот ...

По масовниот напад на САД и Израел врз Иран, светот се наоѓа на критична пресвртница. Турција, како членка на НАТО, собори ракета која се упатувала кон нејзината територија, при што НАТО ПВО системите ја пресретнаа. Овој инцидент повторно ја отвори дебатата за активирање на Членот 5 од Северноатлантскиот договор, кој предвидува колективна одбрана – напад на една членка се смета како напад на сите. Ситуацијата ги загрижува експертите: дали ...

Министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто, ја повика Европската Унија веднаш да ја укине забраната за увоз на руска нафта и гас, тврдејќи дека Европа се соочува со нов силен удар врз цените на енергијата поради ескалацијата на војната на Блискиот Исток и затворањето на Ормутскиот теснец. Во објава на X, Сијарто вели дека голем дел од глобалното снабдување со енергија сега е во опасност и дека Европа, според неговото ...

Њујорчанецот Мики Барето,кој платил за една ноќ во „Њујоркер“, а престојувал во собата со години бесплатно, неодамна се изјаснил за виновен за измама во обидот да го преземе култниот американски хотел, со што завршила долгогодишната тужба, пишува „Вашингтон тајмс“. Неговата приказна е, според многумина – неверојатна: Благодарение на ретко користениот Закон за закуп во Њујорк, Барето живеел во хотелска соба безмалку бесплатно со години, а за ...

Германија би можела да се соочи со значително повисок јавен долг до 2050 година доколку не се зголемат инвестициите за справување со климатските промени, се наведува во нова студија, јави ДПА. Според извештајот на организацијата „Њу економикс фаундејшн“, односот меѓу јавниот долг и бруто-домашниот производ (БДП) на Германија до средината на векот може да биде за 52 процентни поени повисок од проценките засновани на официјалните прогнози на ...

Швајцарците на референдум на 8 март 2026 година изгласаа уставна гаранција дека банкнотите и монетите ќе останат достапни како средство за плаќање, во момент кога Европа сè побрзо се префрла на дигитални трансакции. Со 73,4% „за“ беше поддржан уставниот амандман подготвен како владин одговор на граѓанска иницијатива што бараше посилно „заклучување“ на готовината во правниот систем. На истото гласање, граѓанската иницијатива за „готовина како ...

Есмаил Багеи, портпарол на иранското Министерство за надворешни работи, на прес-конференција изјави дека во моментов нема простор за разговори за прекин на огнот. „Додека нападите продолжуваат, нема смисла да се зборува за ништо друго освен за одбрана и одмазда против непријателот“, рече Багеи како одговор на прашање за можноста за прекин на огнот. Американскиот претседател Доналд Трамп минатата недела изјави дека иранските лидери го ...

Добивај вести на Viber Генералниот директорат за кривични истраги на Катар денес објави дека 313 лица од различни националности се уапсени за снимање и дистрибуција на неовластени снимки и објавување дезинформации на социјалните мрежи. Апсењата ги изврши Дирекцијата за спречување на економски криминал и кибер криминал како дел од тековните напори за борба против злоупотребата на социјалните мрежи. Надлежните органи изјавија дека се преземени ...

PART OF THE BOOK “SELECTED PAPERS FOR MACEDONIA” BY SLAVÉ KATIN Our friend Gojko Jakovleski, alias Gojko Delchev Rafkin – Goce Makedonski is a part of Macedonia, which is traditionally an emigrational region from which emigrational movements of the Macedonian people and movements to the transoceanic and other countries took place toward the mid19th century. Such movements were especially emphasized during the second half of the 19th century ...

Организацијата за човекови права Human Rights Watch (HRW) денеска соопшти дека израелската армија незаконски употребила муниција со бел фосфор во селото Јохмор на југот на Либан. Меѓународната невладина организација наведува дека нејзините истражувачи до овој заклучок дошле по проверка и геолокација на седум видеа кои прикажуваат како муницијата со бел фосфор експлодира во воздухот над стамбените делови на градот на 3 март. Белиот фосфор е ...

Иран ќе ги заплени имотите и средствата на иранските граѓани во странство кои ќе се оценат за „виновни за соработка“ со САД и Израел, во услови на војната што Вашингтон и Тел Авив ја водат против Техеран, соопшти Канцеларијата на иранскиот државен обвинител. Во соопштението издадено во неделата се споменува закон донесен минатиот октомври, кој предвидува дека секоја соработка со Израел, САД „или други непријателски држави или групи е предмет ...

Бројот на загинати американски војници од почетокот на војната меѓу САД и Иран се искачи на осум, откако припадник на Националната гарда на САД починал за време на медицински итен случај во Кувајт, соопшти Централната команда на САД, јавува агенцијата Анадолу. Во соопштение објавено на платформата X, Централната команда на САД наведе дека гардистот починал на 6 март во „инцидент поврзан со здравјето“, додека точната причина за смртта сè уште ...

weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
1.54
87%
996
weather icon

Белград

7ᴼ / 6ᴼ
2.06
92%
996
weather icon

Загреб

3ᴼ / 2ᴼ
12.35
84%
1003
weather icon

Софија

5ᴼ / 5ᴼ
5.14
75%
998
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
6.14
76%
997
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
9.26
58%
1005
weather icon

Атина

15ᴼ / 14ᴼ
5.14
68%
1001
weather icon

Тирана

5ᴼ / 5ᴼ
3.6
87%
997
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
1.03
87%
997
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
9.26
83%
1003
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 7ᴼ
8.75
66%
1003
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 9ᴼ
0.0
72%
1005
Currency

61.645

Currency

53.3817

Currency

71.3298

Currency

36.9402

Currency

38.5791

Currency

67.2936

Currency

7.72664

Currency

0.65586

Currency

0.33453

Currency

0.52486

Currency

1.20338

Currency

0.56778

Иридиум

256711.96

Алуминиум

3.29

Кобалт

56.29

Родиум

347228.06

Бакар

11.09

Платина

60507.71

Цинк

0.00

Рутениум

56199.51

Злато

142844.87

Сребро

2192.86

Паладиум

43853.62

Калај

45.72