Влегувањето на метеоритот во атмосферата на Земјата беше видливо ноќеска во големи делови од западна и централна Германија, а многу граѓани пријавија силен експлозивен звук. Според првите информации, метеорот влегол во атмосферата пред околу еден час, оставајќи зад себе блескава трага на небото што можеа да ја видат жителите на неколку германски региони. На многу места, граѓаните изјавија дека слушнале и силен тресок, што укажува дека имало ...

Австралијците отсега ќе мора да докажат дека имаат над 18 години за да пристапат до интернет содржини за возрасни, како што се порнографија, видеоигри со ознака R и сексуално експлицитни AI чат-ботови. Новите мерки се дел од пошироките напори на австралиската влада да ги заштити децата од штетни содржини на интернет. Платформите што нема да ги почитуваат правилата може да се соочат со милионски казни. Законот стапува на сила само три месеци ...

Видеата што кружат на интернет прикажуваат ирански телевизиски репортер кој известува во живо од Техеран, со пламен и густ чад што се издигаат во позадина. Според извештаите што кружат на социјалните медиуми, експлозиите и пожарите се поврзани со неодамнешните напади што наводно ја насочиле енергетската инфраструктура на Иран, во услови на војна со САД и Израел. На видеото што кружи на социјалните медиуми, новинарот може да се види како ...

Европа стана водечки светски увозник на оружје во последните пет години, што е директен резултат на реакциите на владите на руската закана и намалената доверба во безбедносните гаранции на САД, според најновите податоци објавени денеска од Меѓународниот институт за истражување на мирот во Стокхолм (SIPRI), објави Ројтерс. Увозот на оружје во европските земји се зголемил повеќе од трипати помеѓу 2021 и 2025 година во споредба со претходниот ...

Продолжуваат судирите на Блискиот Исток, неколку часа откако Иран го именуваше Моџтаба Хамнеи за нов врховен лидер на земјата. Хезболах го поздрави изборот, за Вашингтон-неприфатлив. Трамп вели тој е лесна категорија-„нема долго да трае“ без одобрение од САД. Техеран со одговор-никој не може да се меша во нашите внатрешни работи. „Не дозволуваме никој да се меша во нашите внатрешни работи. Изборот на нов лидер зависи од иранскиот народ, тоа е ...

Летовите на турските авиокомпании „Туркиш Ерлајнс“, „АЏет“, „Пегасус“ и „СанЕкспрес“ до Ирак, Сирија, Либан и Јордан се откажани до 13 март, објави вчера турскиот министер за транспорт Абдулкадир Уралоглу на платформата „X“. Тој прецизираше дека закажаните летови до Доха, Дубаи, Кувајт, Бахреин, Абу Даби и Дамам се откажани за истиот период. Компанијата „Пегасус“ го отстрани Иран од својот распоред до 12 март, а „Туркиш Ерлајнс“ – до 20 март. ...

Документи од Министерството за правда на САД откриваат дека последниот затворски чувар што го видел Џефри Епстин жив правел сомнителни подигнувања на готовина во 12-те месеци пред неговата смрт. Епстин бил пронајден во несвест во својата ќелија во Metropolitan Correctional Center во Њујорк на 10 август 2019 година, а неговата смрт официјално била прогласена за самоубиство, објавува The Telegraph. Това Ноел, 37, една од двајцата затворски ...

Двајца млади мажи беа уапсени откако фрлија импровизирана експлозивна направа (IED) за време на протест во близина на резиденцијата на градоначалникот на Њујорк, а американските власти истражуваат и тврдат дека имаат наводна поврзаност со екстремистичката организација Исламска држава (ISIS), објавуваат „New York Post“ и „Fox News“ повикувајќи се на полициски извори. Њујоршката полиција објави дека Емир Балат (18) и Ибрахим Кајуми (19) се ...

Коментирајќи ги настаните на Блискиот Исток, Песков првично рече дека „ништо вакво не се случило во човечката историја“, додавајќи дека „тогаш не бевме живи, па ни се чини дека сега е крајот на светот“.Сепак, тој рече дека има „значајна дестабилизација во регионот и дека постои кумулативен ефект од огромен број регионални конфликти и нерешени прашања, што резултира со економски и политички последици“. За жал, сите го изгубивме она што го ...

Постојат многу важни места во светот, клучни делови од инфраструктурата и, како што дознавме минатата недела, бројни критични контролни точки. Сепак, малкумина се толку важни како комплексот Рас Лафан во Катар. Повеќето луѓе никогаш не слушнале за него, но без разлика дали ни се допаѓа или не, нашите животи се некако поврзани со него, пишува Ед Конвеј, уредник за економија во Скај њуз и автор на „Материјалниот свет“ за The Times. Всушност, ...

Државната нафтена компанија на Бахреин прогласи виша сила денеска и ги запре испораките на нафта откако Иран ја запали нејзината рафинерија во напад. Најавата за вишата сила, правен механизам што ја ослободува компанијата од договорни обврски поради вонредни околности, ја пренесеоа медиумите во Бахреин. Во соопштението се вели дека работењето на компанијата е „засегнато од тековниот регионален конфликт на Блискиот Исток и неодамнешниот напад ...

Русија е беззаба. Ако некому му требаа дополнителни докази за тоа колку брзо и длабоко ослабе Русија, тоа е непречениот и целосен американски воздушен и поморски напад врз Иран. Оваа „војна“, како што ја нарече претседателот Доналд Трамп, не би била можна ако Русија не беше заглавена во неодговорна и нехумана инвазија на Украина. Таа војна сега е во својата петта исцрпувачка година (без да се смета првичната инвазија во 2014 година и ...

Израел утринава започна нов бран напади врз цели во Иран и Либан, соопшти израелската армија, пренесе ДПА. „Израелските одбранбени сили започнаа дополнителен бран напади врз инфраструктура на иранскиот терористички режим во централниот дел на Иран“, се наведува во соопштението објавено на платформата Телеграм. Израелската армија соопшти и дека погодила цели на проиранската групација Хезболах во Бејрут. Претходно денеска израелската војска ...

Американскиот претседател Доналд Трамп се огласи во врска со изборот на Моџтаба Хамнеи за нов врховен лидер на Иран, истакнувајќи во интервју за „Тајмс оф Израел“: „Ќе видиме што ќе се случи“. Трамп додаде дека одлуката за крајот на конфликтот со Иран ќе биде донесена „заедно“ со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, но не откри детали за можните настани што следат… Американскиот претседател Доналд Трамп се огласи во врска со изборот на ...

Долгоочекуваното судење по обвинение за корупција и организиран криминал против разрешениот градоначалник на Истанбул, Екрем Имамоглу, се очекува да започне денеска. Тој беше приведен на 19 март 2020 година, а на 23 март 2025 година беше уапсен и оттогаш е во затвор во Силиври, во близина на Истанбул. Денот пред неговото притворање, му беше одземена дипломата за високо образование, што му го одзема правото да се кандидира за претседател во ...

Министерството за внатрешни работи на Катар соопшти дека 313 лица се уапсени во земјата поради „снимање, ширење и објавување лажни информации“, во услови на зголемени тензии во регионот на Блискиот Исток. Во соопштението кое министерството го објави на платформата X се наведува дека меѓу приведените има лица од различни националности. Веста ја пренесе и британскиот весник The Guardian. Според информациите, апсењата се поврзани со објавување ...

Видеата што циркулираат на социјалните медиуми и се геолоцирани од Си-ен-ен покажуваат голем пожар и густ чад од индустриската зона во која се наоѓа националната нафтена компанија на Бахреин, БАПКО, во Рифа. Не е јасно што го предизвикало пожарот или дали влијаел врз работењето или персоналот, а CNN контактираше со БАПКО за коментар. Another angle of the fire currently burning at the Bahrain Petroleum Company (BAPCO), following an attack ...

Голем пожар зафати зграда веднаш до Централната станица во Глазгов, предизвикувајќи евакуации и делумно уривање. Сите железнички услуги од горниот кат на најпрометната станица во Шкотска се откажани и станицата ќе остане затворена до понатамошно известување. Нема повредени во пожарот, кој избувна во недела попладне, јавува Би-Би-Си. Пожарот избувна во продавница за електронски цигари на улицата Јунион, пред да се прошири на остатокот од ...

Украина испрати тим експерти за беспилотни летала и пресретнувачи за да помогнат во заштитата на американските воени бази во Јордан. Украинскиот претседател Володимир Зеленски го потврди ова во интервју објавено за „Њујорк тајмс“, пишува Ројтерс. Зеленски рече дека САД побарале помош минатиот четврток, а украинскиот тим заминал следниот ден. Според извештајот, нивното пристигнување на Блискиот Исток се очекува наскоро. „Ќе обезбедиме сè што ...

Војната на Блискиот Исток влезе во десеттиот ден, а Иран го изведе првиот бран напади откако за нов врховен лидер беше именуван Мојтаба Хамнеи. Во меѓувреме, конфликтот продолжува да се шири низ регионот, додека цените на нафтата бележат драматичен раст каков што не е забележан во последните шест години. Според последните информации, најтешкиот напад се случил во Бахреин, каде што ирански дрон погодил населена област во квартот Ситра. ...

Се појави нова снимка од она што изгледа како американски воздушен напад врз зграда во рамките на поморската база на Исламската револуционерна гарда во Минаб. Базата се наоѓа веднаш до основно училиште каде што иранските државни медиуми соопштија дека повеќе од 160 девојчиња биле убиени на 28 февруари, објави Си-ен-ен. „Снимката, објавена од полуофицијалната иранска новинска агенција Мехр њуз, е првата што покажува ракетен напад во областа и ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека одлуката за тоа кога да се заврши војната со Иран ќе биде „заедничка“ и дека ќе ја донесе со премиерот Бенјамин Нетанјаху, објави „Тајмс оф Израел“. Во кратко телефонско интервју, американскиот претседател, исто така, тврдеше дека Исламската Република ќе го уништи Израел доколку тој и Нетанјаху не беа на власт. Тој рече: „Иран имаше намера да го уништи Израел и сè околу него… Работевме заедно. ...

Премиерот на Катар повика на деескалација на конфликтот што го зафаќа регионот, опишувајќи ги нападите на Иран врз земјите од Заливот како „опасна грешка во пресметката“. Во ексклузивно интервју, шеик Мохамед бин Абдулрахман Ал Тани предупреди дека ескалацијата ризикува дестабилизација на регионот и може да предизвика потреси во глобалната економија, објави Скај њуз. Во своето прво јавно појавување откако Катар беше цел на напади со ракети и ...

Нападите на претседателот Доналд Трамп врз Иран предизвикаа глобална неизвесност, но можноста за продолжен конфликт би можела да биде профитабилна за голем број сектори. Компании како што се Lockheed Martin, Boeing, Exonn и други во одбранбената и енергетската индустрија би можеле да имаат најголема корист. Одбранбените компании кои имаат договори со американската војска – како што се Lockheed Martin, Raton Palantir се најдиректните корисници ...

Американскиот технолошки гигант Apple објави дека ќе премести дел од производството на својот десктоп компјутер Mac Mini од Азија во Хјустон, истакнувајќи дека производствените линии треба да почнат со работа до крајот на годината. Планот следи по најавата во август за инвестиции од 600 милијарди долари во САД во текот на следните четири години. Се очекува објектот во Хјустон да добие и центар за обука на работници за напредно производство, а ...

Дико Илиев е роден во 1898 година во сиромашно семејство во селото Карлуково, Луковитско. Завршува четврто одделение, а во 1911 година станува ученик-музичар во воениот оркестар на 16-ти пешадиски ловчански полк во Орхание (денес Ботевград), без претходно музичко образование, пишува Актуално. Учествува во Балканските војни и во Првата светска војна. Во 1917 година на Добруџанскиот фронт го создава своето прво авторско оро – „Искарско оро“, ...

Во Варшава беше откриен споменик на бугарскиот револуционер Васил Левски. Споменикот се наоѓа во дворот на бугарската амбасада и беше откриен од бугарската амбасадорка во Полска Маргарита Ганева и генералниот директор на Бугарската телеграфска агенција (БТА) Кирил В’лчев. Автори на споменикот се скулпторот Станислав Корчев и архитектот Цено Тодоров, јавува БТА. Во своето обраќање В’лчев истакна дека делото на Левски ја претвора секоја точка ...

Секогаш кога Трамп ја напаѓа „Антифа“ како терористичка организација, се појавува порој од реакции на социјалните мрежи. Навистина го ценам тоа чувство и знам дека некои од нашите дедовци можеби легитимно го презирале фашизмот, но ајде за момент да се соочиме со реалноста. Владите на „глобалниот север“ никогаш не биле антифашистички, затоа што тие постојат за да му служат на капитализмот. Целта на Сојузниците беше да го зауздаат германскиот ...

Осло, 8 март 2026 (МИА) - Норвешките власти денеска интензивно трагаат по сторителите на експлозијата што се случи пред амбасадата на САД во главниот град Осло, јави ДПА. - Станува збор за неприфатлив инцидент кој го сфаќаме многу сериозно - изјави министерката за правда Астри Ас-Хансен. Според првичните наоди на истрагата, експлозијата одекнала кај еден од влезовите на амбасадата, и притоа нема повредени лица. Од полицијата соопштија дека на ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека американската војска ја уништила иранската морнарица и воздухопловните сили. Во изјава за Еј Би Си, Трамп рече дека е потопена „целата иранска морнарица“ односно 44 ирански бродови. Тој тврди дека е уништена и авијацијата и противвоздушната одбрана на Иран. – Ги нокаутиравме сите нивни воздухопловни сили… Нивните противвоздушни системи се исчезнати. Тие немаат апсолутно никаква одбрана, рече ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
62%
997
weather icon

Белград

9ᴼ / 7ᴼ
2.57
88%
997
weather icon

Загреб

3ᴼ / 2ᴼ
13.38
85%
1003
weather icon

Софија

9ᴼ / 8ᴼ
7.72
54%
999
weather icon

Сараево

10ᴼ / 10ᴼ
6.76
72%
998
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 3ᴼ
9.26
61%
1006
weather icon

Атина

17ᴼ / 16ᴼ
7.72
59%
1001
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
5.14
66%
998
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
2.06
93%
998
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 7ᴼ
10.29
80%
1004
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
9.77
70%
1003
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 12ᴼ
2.06
62%
1006
Currency

61.645

Currency

53.3817

Currency

71.3298

Currency

36.9402

Currency

38.5791

Currency

67.2936

Currency

7.72664

Currency

0.65586

Currency

0.33453

Currency

0.52486

Currency

1.20338

Currency

0.56778

Паладиум

43853.62

Сребро

2192.86

Кобалт

56.29

Алуминиум

3.29

Рутениум

56199.51

Родиум

347228.06

Калај

45.72

Иридиум

256711.96

Бакар

11.09

Платина

60507.71

Цинк

0.00

Злато

142844.87