Словачкиот премиер Роберт Фицо верува дека Украина, по наредба на претседателот Володимир Зеленски, е способна да го уништи нафтоводот Дружба за да спречи какви било идни испораки на руска нафта во Словачка. Фицо рече дека „неодговорното, грубо кршење“ на меѓународното право од страна на големите и моќни сили „ги охрабрува другите да се однесуваат како каубои“, алудирајќи на украинскиот претседател. „Она што украинскиот претседател Зеленски ...

Лидерот на унгарската опозиција, Петер Маѓар, ја повика Русија да се воздржи од влијание врз парламентарните избори во земјата, поради обвинувањата дека Кремљ распоредил тајна работна група со цел да влијае врз исходот од изборите во корист на премиерот Виктор Орбан, објавува „Еуроњуз“. Унгарија излегува на избори на 12 април на гласање кое се смета за најсериозен предизвик за владеењето на Орбан откако тој првпат дојде на власт во 2010 ...

Францускиот претседател Емануел Макрон објави дека разговарал со иранскиот претседател Масуд Пезешкијан за безбедносната ситуација на Блискиот Исток. Во објава на „Икс“, Макрон наведе дека побарал гаранции за безбедноста и враќањето во Франција на француските државјани Сесил Колер и Жак Париз. Je me suis entretenu avec le président iranien Massoud Pezechkian. Je lui ai indiqué que la sécurité et le retour en France de Cécile Kohler et ...

По колапсот на покраинските избори во Баден-Виртемберг германската СПД се соочи и со разочарувачки резултати на локалните избори во соседната Баварија. Најзиниот кандидат за градоначалник на Минхен, Дитер Рајтер, кој ја води баварската метропола во два мандати во последниве 12 години ќе оди во втор круг со многу намалена поддршка, а таму ќе го има за противник неочекуваниот кандидат, Доминик Краузе од Зелените. Ратјтер претрпе огромни ...

Министерот за надворешни работи на Иран, Абас Арагчи во интервју истакна дека САД побарале прекин на конфликтот со Иран. Арагчи во интервјуто рече и дека САД и Израел убиваат ирански цивили. „Тие убиваат наши луѓе, убиваат ученички, напаѓаат болници“, рече Арагчи. Тој оцени дека Израел и САД веќе го прекршиле примирјето постигнато по минатогодишната дванаесетдневна војна. „Сега повторно барате прекин на огнот? Не функционира така“, рече ...

Кон крајот на изминатава недела, американската армија неочекувано ги прекинала тренаѓните актѕивности на елитната 82-ра воздушно-десантна дивизија во Луизијана. Тоа може индиректно да укажува на подготовката на Пентагон за подготовка за можна копнена операција против Иран, пишува „Вашингтон пост“ повикувајќи се на воени извори. 82-рата воздушно-десантна дивизија, стационирана во базата Форт Браг во Cеверна Каролина, вклучува борбена единица ...

Иранската армија денеска се закани дека ќе нападне нафтени постројки во регионот ако Израел продолжи со нападите врз енергетската инфраструктура на Исламската Република. – Владите на исламските земји мора што поскоро да ја предупредат криминалната Америка и дивјачкиот ционистички режим против ваквите кукавички и нечовечки постапки. Во спротивно, ќе бидат преземени мерки во регионот. И ако можете да си дозволите нафта по цена од над 200 долари ...

За девет дена војна со Иран, САД изгубиле уникатна воена опрема во вредност од милијарди долари, чија замена ќе трае со години, пресмета „Форин полиси“. Пресметка на финансиските загуби на САД од потврдени случаи на уништена воена опрем: ▪️Радарски систем за воздушна одбрана AN/FPS-132 вреден 1,1 милијарда долари во Катар; ▪️Радар AN/TPY-2 од системот THAAD вреден 500 милиони долари во ОАЕ; ▪️три авиони ловци F-15E Strike Eagle во вкупна ...

Бахреин денес објави дека Иран погодил постројка за десалинизација на морска вода која се претвора во вода за пиење. Тоа ги зајакнува стравувањата дека цивилната инфраструктура би можела да стане легитимна цел во војната што започна со нападите на САД и Израел врз Иран пред девет дена. Претседателот на Иран изјави дека ќе ги прошири нападите врз американски цели низ регионот поради силните воздушни напади на САД и Израел врз неговата земја. ...

Францускиот претседател Емануел Макрон вечерва објави дека телефонски разговарал со својот ирански колега, Масуд Пезешкијан, и го повикал Иран да ги запре нападите врз други земји во регионот и да го отвори Ормускиот теснец. На социјалната мрежа Х, Макрон напиша дека е потребно дипломатско решение за да се стави крај на конфликтот. Францускиот претседател разговарал и со емирот на Катар и со претседателите на Египет и Азербејџан. Со ...

Кина им нареди на своите комапнии „Синопек“ и „ПетроКина“ да го запрат извозот на дизел и бензин. Ова не е намалување на извозните стапки. Наредбата значи целосно запирање на извозот. Офицјален Пекинг го следи развојот на состојбата околу Ормускиот Теснец и своите резерви на гориво и одлучи дека ништо нема да се извезува од Кина. Согласно одлуката, секој барел рафиниран во Кина ќе остане на домашна почва до понатамошно известување. Половина ...

Папата Лав XIV во неделата повика на прекин на американско-израелската војна во Иран и отворање на дијалог, предупредувајќи дека конфликтот се шири низ целиот Блиски Исток и сее „клима на омраза и страв“. Втора недела по ред, Лав ја изрази својата длабока загриженост за војната и како таа го дестабилизира Либан, бедем за христијаните во претежно муслиманскиот регион. Тој се помоли за прекин на бомбите и отворање на дијалог „за да се чуе ...

Во силна потврда за моќта на Генерацијата З да ја собори старата политичка гарда, непалските гласачи ѝ дадоа убедливо мнозинство на партија предводена од 35-годишен поранешен рапер, пренесува Њујорк Тајмс. Делумните резултати од изборите објавени во неделата ѝ дадоа на партијата на Балендра Шах, некогашниот рапер и поранешен градоначалник на главниот град на земјата, Катманду, 100 од 165 директно избрани парламентарни места. Се чини дека ова ...

Централната команда на САД (CENTCOM) во неделата изјави дека „не може да ја гарантира“ безбедноста на цивилите во или во близина на објекти што ги користи Иран за воени цели, предупредувајќи дека таквите локации би можеле да станат „легитимни воени цели според меѓународното право“. Иранските власти „користат густо населени цивилни области за спроведување воени операции, вклучително и лансирање самоубиствени беспилотни летала и балистички ...

Бројот на жртви од израелските воздушни напади во Либан драматично се зголеми на 394, потврди Министерството за здравство на земјата во неделата. На вонредна прес-конференција, министерот за здравство Ракан Насередин даде потресни детали за бројот на жртви откако Либан беше втурнат во војна меѓу Израел и САД против Иран. Официјалните бројки покажуваат дека бројот на жртви е најмалку 83 деца и 42 жени. Спасувачите се погодени, бројот на жртви ...

Портпаролот на Иранската револуционерна гарда предупреди дека Иран ќе возврати со слични напади на Блискиот Исток доколку продолжат воздушните удари врз неговите енергетски постројки. — реклама — Во соопштението се наведува дека „криминалните Соединети Американски Држави и посрнатиот ционистички режим од почетокот на агресијата врз Исламската Република Иран не постигнале ништо освен убивање невини деца, невооружени мажи и жени и цивили“. Се ...

Пред 130 години, европските колонизатори на Африка го претрпеа својот најтежок пораз во историјата. На почетокот на март 1896 година, италијанската армија беше поразена од Етиопјаните во близина на градот Адва, губејќи ги сите 56 свои топови. Во битката, секој петти италијански војник (3.500 луѓе) бил заробен. Резултатот од поразот на Италија беше мировен договор во кој, за прв пат, една европска земја плати воена отштета на африканска земја ...

Германците ги нарекувале „Ноќни вештерки“, додека другите советски пилоти многу потопло ги нарекувале „мали сестри“, „небесни суштества“ или едноставно „ластовички“. Тие биле жени пилоти на 588-от лесен ноќен бомбардерски полк на Советскиот Сојуз. Овие хероини не летале во некои сјајни, брзи и модерни машини што би ги импресионирале експертите за авијација. Напротив, нивното оружје биле тивки, дрвени двокрилци. Кршливи, бавни и на прв поглед ...

Добивај вести на Viber Американскиот министер за енергетика Крис Рајт денес изјави дека порастот на цените на енергијата предизвикан од војната со Иран ќе трае со недели, а не со месеци, и нагласи дека САД нема да ја таргетираат енергетската индустрија на Иран. Неговите коментари доаѓаат во услови на растечка загриженост дека одговорот на Иран на нападите меѓу САД и Израел, кои го намалија сообраќајот во Ормутскиот теснец и го забавија ...

Нападите, извршени доцна синоќа, погодија неколку нафтени депоа во Техеран и околните региони. После тоа, квотите за гориво на градските пумпи беа намалени од 30 на 20 литри по картичка за гориво. Иранските возачи кои се обидуваат да наполнат гориво создаваат огромни толпи на бензинските пумпи низ градот од раните утрински часови. Многумина чекаа со часови поради очекуваниот недостиг предизвикан од нападите. Властите предупредија дека ...

Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот се наоѓал во подрачјето со географски координати на географска ширина 51,8346 и географска должина 159,041, или 150 км од градот Петропавловск-Камчатски. Хипоцентарот на земјотресот, според податоците од Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 49 километри под површината на земјата. Во моментов нема извештаи за материјална штета или повредени, а ...

Според се уште непотврдени информации од Техеран, Советот на експерти на Иран го избрал Моџтаба Хамнеи за нов врховен водач на земјата по смртта на неговиот татко, Али Хамнеи. Досега нема официјална потврда за оваа информација од властите на Исламската Република. Моџтаба Хамнеи има 56 години. Роден е на 8 август 1969 година во градот Машхад, еден од главните религиозни центри на шиитскиот ислам. Тој е второ дете во семејството на Али Хамнеи. ...

Фудбалерот од средниот ред на Милан, Лука Модриќ, ги покани своето семејство и пријателите на дербито со Интер. Натпреварот од 28. коло во Серија А на „Сан Сиро“ се игра вечер со почеток во 20:45 часот. Според „Скај Спорт Италија“, Модриќ купил 60 билети за миланското дерби, за своето семејство и пријатели. Меѓу поканетите на натпреварот бил и поранешниот соиграч на Лука од Хрватска, Марио Манџукиќ. Манџукиќ играше за Милан во сезоната ...

Али Лариџани, секретарот на Врховниот совет за национална безбедност на Иран, денес изјави дека главната цел на САД и нивните сојузници е да го уништат територијалниот интегритет на Иран, но дека единството на народот и ефикасното управување со земјата го попречиле тој план. „Во првите денови од војната, непријателот сакал да го шокира иранскиот народ преку атентати на воени лидери и претседателот, како и преку економски притисок, но овие ...

Градоначалникот на Лондон, Садик Кан, денес го обвини американскиот претседател Доналд Трамп дека води „безгрижна војна“ против Иран, велејќи дека воената акција е започната без јасна стратегија и меѓународна поддршка, објави весникот „Ивнинг стандард“. – Оваа војна против Иран се води еднострано без никаков меѓународен консензус или одобрение од ОН, ниту каква било сериозна мисла или стратегија за тоа што следи. Од искуство знаеме дека е ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Велика Британија сериозно размислува да испрати два носачи на авиони на Блискиот Исток, но дека не ѝ се потребни во војна против Иран. – Обединетото Кралство, нашиот некогашен голем сојузник, можеби најголемиот од сите, конечно сериозно размислува да испрати два носачи на авиони на Блискиот Исток. Точно така, премиере Стармер, повеќе не ни се потребни – но ќе ги паметиме. Не ни требаат луѓе ...

Стотици граѓани речиси секојдневно протестираат во центарот на кенискиот главен град, барајќи итна дипломатска интервенција од властите за враќање на повеќе од илјада кениски граѓани кои, според официјалните извештаи, биле регрутирани да учествуваат во војната во Украина на страната на Русија. Демонстрациите се одржуваат во близина на паркот Ухуру и зградата на парламентот, а организаторите најавија дека протестите ќе продолжат сè додека ...

Руската воздушна одбрана собори 72 украински беспилотни летала над седум руски региони и Азовското Море, објави руското Министерство за одбрана. Во соопштението се вели дека 20 украински беспилотни летала се соборени над Астраханската област и Крим, а 14 над Ростовската област, објави РИА Новости. Во соопштението се наведува дека осум украински беспилотни летала се соборени над Белгородската област, четири над Краснодарската област, како и ...

Соединетите Американски Држави и Израел разговараа за испраќање специјални сили во Иран за да ги обезбедат неговите залихи од високо збогатен ураниум во подоцнежните фази од војната, изјавија четири извори запознаени со дискусиите. Израелски функционер за одбрана изјави за „Аксиос“ дека американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот тим сериозно размислуваат да испратат единици за специјални операции во Иран за специфични мисии. ...

Поранешниот директор на ЦИА, Џон Бренан, изјави дека воените напади на претседателот Доналд Трамп врз Иран биле „драстично лоша грешка“. Во емисијата „The Weeknight“ на MS NOW, Бренан ги спореди нападите со американската инвазија на Ирак во 2003 година, за која тврди дека предизвикала децении хаос. „Мислам дека ова е втор пат во овој век САД да направат катастрофална грешка со влегувањето во конфликт на Блискиот Исток. Првиот пат беше во ...

weather icon

Скопје

13ᴼ / 13ᴼ
1.03
51%
998
weather icon

Белград

8ᴼ / 7ᴼ
5.66
83%
999
weather icon

Загреб

5ᴼ / 4ᴼ
11.83
81%
1006
weather icon

Софија

7ᴼ / 5ᴼ
3.6
56%
998
weather icon

Сараево

13ᴼ / 13ᴼ
5.39
64%
997
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 9ᴼ
6.69
43%
1005
weather icon

Атина

16ᴼ / 15ᴼ
6.71
72%
1001
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
4.63
44%
998
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
2.57
66%
999
weather icon

Букурешт

14ᴼ / 12ᴼ
10.8
63%
1003
weather icon

Будимпешта

12ᴼ / 10ᴼ
10.8
64%
1005
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 16ᴼ
2.57
42%
1005
Currency

61.645

Currency

53.3817

Currency

71.3298

Currency

36.9402

Currency

38.5791

Currency

67.2936

Currency

7.72664

Currency

0.65586

Currency

0.33453

Currency

0.52486

Currency

1.20338

Currency

0.56778

Сребро

2192.86

Цинк

0.00

Алуминиум

3.29

Паладиум

43853.62

Кобалт

56.29

Платина

60507.71

Калај

45.72

Злато

142844.87

Бакар

11.09

Иридиум

256711.96

Рутениум

56199.51

Родиум

347228.06