На 26.10.2025 во 17:35 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, по претходна расправија во врска со случена сообраќајна несреќа, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Б.Б.(21) од Скопје и друго машко лице, кое употребило остар предмет и му нанело повреда на Б.Б.. Другото лице заминало од местото, но набргу се вратило и испукало неколку истрели од огнено оружје и не повредило никој. Се ...

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска одржа состанок со управители на станбени згради и претставници на куќни совети, на кој се разговараше за усвоените кризни мерки за справување со состојбата со сметот. Управителите добија задолжение од Општината итно да спроведат вонредна дератизација, дезинсекција и дезинфекција во сите станбени објекти кои се под нивна надлежност. „Се работи за алармантна ситуација. Некои ме ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска ја посети општина Крушево, каде што заедно со градоначалникот и кандидат на СДСМ за уште еден мандат, Томе Христовски, со жителите од селото Јакреново разговараше за реализираните и идните проекти. „Сакам да ви кажам дека не би дошол да побарам поддршка за човек и за тим во којшто не верувам. Бидејќи нема општина што ја води СДСМ, а да нема резултати. Нема место каде граѓаните не се слушнати. Од ...

Германскиот сојузен министер за внатрешни работи Александар Добриндт (CSU) предложи учениците во училиштата систематски да се учат како да реагираат во кризни ситуации и во случај на војна. Тој планира да го презентира својот план во ноември на конференција на државните министри за внатрешни работи, а тој би вклучувал воведување на специјални двочасовни предавања. „Важно е младите луѓе да разберат какви закани може да постојат и како да се ...

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски ги повикува сите жители на општината да учествуваат на првиот буџетски форум за 2026 година, кој ќе се одржи во вторник, 28 октомври, во ООУ „Киро Глигоров“ со почеток во 19.30 часот. Овој форум претставува можност граѓаните активно да учествуваат во креирањето на општинскиот буџет, да даваат предлози и иницијативи со што ќе придонесат за подобар и поквалитетен живот во општината. „Заедно со ...

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната средба со граѓани во крушевското село Јакреново, Крушево, ги повика граѓаните од крушевскиот регион и во вториот круг од локалните избори да ја дадат поддршката на кандидатот за градоначалник од СДСМ за Крушево, Томе Христоски. Тој посочи дека Крушево и Христоски се пример за тоа како треба да се работи во интерес на сите граѓани. „Во сите места во ...

Под влијание на стабилна воздушна маса следува период на суво и стабилно време. Утринската температура наместа ќе се спушти под нулата, а во одредени котлини ќе има услови за појава на магла. Прогноза за 29.10.2025 Минимална температура: -4°C до 4°C Максимална температура: 14°C до 20°C Утрото претежно ведро и постудено, преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Прогноза за 30.10.2025 ...

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на новинарско прашање поврзано со кампањата и која е неговата оценка за истата, изјави дека СДСМ води чесна, искрена кампања, насочена кон граѓанските интереси, нагласувајќи ги сериозните изборни притисоци и нерегуларности од страна на ВМРО-ДПМНЕ, кои уредно биле пријавени до ДИК и набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР. „Пријавивме притисоци и закани по работните места ...

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, во денешната изјава во крушевското село Јакреново, во одговор на новинарско прашање, нагласи дека најважниот политички сигнал од локалните избори е јасен, граѓаните се свесни дека владата на ВМРО-ДПМНЕ не испорачува. „Граѓаните се свесни, дека оваа влада не испорачува, дека има многу лажни ветувања, дека не можат да се справат со проблемите, дека не излегуваат во ...

На денешната средба претседателот на општинската организација на Зелената партија ДОМ во Куманово, м-р Сретен Стојковски, ја обзнани поддршката на ДОМ за независниот кандидат за градоначалник, Горан Стојковски – Диро, во вториот круг на локалните избори на 2 ноември. Поддршката е јавно објавена и врзана за конкретни мерки во интерес на здравјето, животната средина и транспарентното управување со Куманово. Претседателот на општинската ...

Важно е да разговараме за квалитетот на нашето високо образование, но и да преземаме конкретни активности за негово континуирано подобрување, усогласување со европските стандарди и приближување кон реалните потреби на пазарот на труд и општеството во целина, рече министерката Весна Јаневска во обраќањето на Првиот годишен форум за квалитет во високото образование, што го организираше Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје. Во време на ...

Не е точно дека постои разговор за коалиција со Рамиз Мерко, не преговарам со луѓе на црната листа на САД, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денес, одговарајќи на новинарско прашање во врска со шпекулациите објавени на одредени портали за наводна коалиција со Рамиз Мерко. „Тоа се портали, кои, претпоставувам, се финансирани од еден ист центар, кој сега е разочаран бидејќи Рамиз Мерко не ја поддржува ДУИ во вториот круг. ...

На 2 ноември сите заедно да го заокружиме бројот 9, за финалната победа на ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром, Карпош, Шуто Оризари и Градот Скопје, повика Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ. „Од оваа историска победа не делат само неколку денови. Со 33 освоени општини во првиот круг, водство во 21 од 27 општини во вториот круг и доминација во советничките листи, ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните заедно ќе ја потврдат промената што ја започнавме. Имено, во ...

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова денеска ги прими проф. д-р Владимир Мартиновски, декан на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и проф. д-р Атанас Конески, претставник на Културен и едукативен центар „Небрегово“, именуван по родното место на Конески. Професорите ја информираа за преземените активности врзани за одбележувањето на 80 години од стандардизацијата на македонскиот литературен јазик, како и 80 годишнината од основањето на ...

Министерот за здравство, Азир Алиу и заменик министерот Јовица Андовски, заедно со премиерот Христијан Мицкоски денес ја посетија ГОБ „8 Септември“, каде беше направен увид на новата хипербарна комора. Опремата е обезбедена со поддршка од компанијата „Зегин“, во рамки на заеднички проект со болницата. – Хипербарната кислородна терапија им помага на пациентите со хронични рани и рани кои тешко заздравуваат, како што се дијабетично стапало, ...

Директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, д-р Зоран Трајчевски, денеска во просториите на Агенцијата оствари работна средба со амбасадорот на Република Франција во земјава, Н.Е. г. Кристоф Ле Риголер. Во рамки на средбата, соговорниците разговараа за повеќе прашања од областа на медиумската регулација, со посебен акцент на зголемувањето на присуството на француски аудиовизуелни содржини кај телевизиите кои се ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека најавата на неговиот руски колега Владимир Путин за тестирање на крстосувачка ракета на нуклеарен погон „не е соодветна“. „Тие знаат дека имаме нуклеарна подморница – најдобрата во светот – веднаш до нивниот брег. Значи, не ни треба ракета што лета речиси 13.000 километри. Тие не си играат со нас, а ние не си играме со нив. Постојано правиме ракетни тестови, но како што реков, имаме нуклеарна ...

Два одделни инциденти во кои беа вклучени хеликоптер и борбен авион на американската морнарица се урнаа синоќа во Јужното Кинеско Море, во разлика од само половина час. Сите членови на екипажот беа безбедно спасени, потврди Пацифичката флота, објави Си-ен-ен. Инциденти над стратешки важни води Морнарицата започна истрага за причините за двата инциденти, кои се случија над стратешки важни води кои се сметаат за потенцијално глобално жариште. ...

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, изјави дека Европската Унија очекува поактивна улога од Кина во решавањето на конфликтот меѓу Русија и Украина. Тој го изјави ова по средбата со премиерот на Државниот совет на Кина, Ли Џијанг, според западните медиуми. „Јасно ставив до знаење дека ЕУ очекува Кина да помогне во завршувањето на оваа војна“, рече Кошта, нагласувајќи дека Пекинг, како еден од клучните глобални актери, може ...

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека сака да се сретне со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун ако Ким го сака тоа и не ја исклучи можноста за продолжување на неговата тековна турнеја низ Азија. „Не сум утврдил ништо, но би сакал да се сретнам со него, ако тој сака да се сретне. Се сложував одлично со Ким Џонг-ун, ми се допаѓаше, тој ми се допаѓаше – ако сака да се сретнеме, ќе бидам во Јужна Кореја“, изјави Трамп пред ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека најавата на неговиот руски колега Владимир Путин за тестирање на крстосувачка ракета со нуклеарен погон е „несоодветна“. „Треба да ја завршите војната во Украина. Војната што требаше да трае една недела сега влегува во својата четврта година. Тоа е она што треба да го правите, а не да тестирате ракети“, им рече Трамп на новинарите на авионот „Ер Форс Уан“. Што објави Путин вчера? Рускиот ...

Москва беше цел на десетици дронови синоќа, потврди градоначалникот Сергеј Собјанин, кој информираше за ситуацијата во текот на целата ноќ. Според него, руските сили собориле 34 украински дронови што летале кон главниот град, објави „Киев Индепендент“. Руското Министерство за одбрана подоцна соопшти дека вкупно 193 дронови биле пресретнати во текот на ноќта, вклучувајќи 40 над Московската област. Министерството потврди дека 34 од леталата биле ...

Полскиот премиер Доналд Туск откри дека украинскиот претседател Володимир Зеленски му рекол во неодамнешен разговор дека Украина е подготвена да продолжи да се спротивставува на руската инвазија уште неколку години. Туск ја сподели оваа информација во интервју за „Сандеј тајмс“, според „Украинска правда“. Подготвеност за повеќегодишна борба Туск пренесе директна порака од украинскиот претседател, нагласувајќи ја неговата решителност. „Не се ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп, во понеделникот изјави дека бил подложен на магнетна резонанција, без да каже зошто. „Беше совршено“, им рече тој на новинарите во авионот „ер форс уан“ на пат кон Токио. Магнетната резонанција користи магнети и радиобранови за да создаде детаљни слики од внатрешноста на телото. Може да се користи за следење голем број состојби. Порано овој месец, како што анализираат медиумите, лекарот на американскиот ...

Дипломатите на Европската Унија сметаат дека статијата на германскиот канцелар Фридрих Мерц во „Фајненшл тајмс“ сериозно го отежнала обезбедувањето заеми за Украина од средства од замрзнати руски средства, објавува „Еурактив“. Според публикацијата, Европската Унија се обидела итно да обезбеди нов кредитен пакет за Киев, но процесот бил блокиран откога Мерц јавно ја презентирал својата иницијатива. „Поради статијата на Мерц во „Фајненшл тајмс“ ...

„По секој пораз доаѓа нервоза, а тоа најдобро се виде кај Али Ахмети. Симнат од тронот, излезе да ги навреди Албанците. Почна со „загари“, заврши со „Газиместан“. Ова е вистинскиот Али Ахмети без филтерот на пропагандата и без телепромптерот на Груби“, велат од „Влен“. „Победите на ВЛЕН во Чаир, Сарај, Арачиново, Желино и Теарце, како и водството во Тетово, Боговиње, Дебар, Струга, Брвеница и Долнени, целосно го разобличија лажниот патриотизам ...

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица, кои се осомничени дека како соизвршители учествувале во извршувањето на кривично дело – Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничените, на 10 октомври, заедно со други засега непознати лица, влегле во златарница во Гостивар и со сила и закана со огнено оружје одзеле 18 килограми злато. Двајцата ...

Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе кривична пријава против две лица поради сомнение дека како соизвршители учествувале во извршување на кривично дело „разбојништво“ по член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничените се лишени од слобода во текот на вчерашниот ден. Тие на 10.10.2025, заедно со други засега непознати лица, влегле во златарница во Гостивар и со сила и закана ...

Вчера, градоначалникот Горан Герасимовски, заедно со граѓани, млади и хигиеничарите го чистеа сметот во Општина Центар. Изминативе неколку дена, хигиеничарите се постојано на терен, во две смени за да го исчистат хаосот што го остави ЈП „Комунална хигиена“ и градската власт откако сите општини во Скопје беа преплавени со смет. Герасимовски, потенцира дека чистењето почнало од Буњаковец и продолжило на повеќе локации на ул. „Васил Ѓоргов“, ...

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од редовите на СДСМ, Горан Герасимовски, синоќа беше на терен, на средби со граѓаните „од врата до врата“. Поддршката од центарци во пресрет на вториот круг од локалните избори за Герасимовски значително се зголемува. Тој, на вчерашните средби доби поддршка да продолжи да ја води општината како во изминатите четири години. Герасимовски, на центарци им ги најави клучните проекти за вториот мандат, тоа ...

Повик

18 часа - МРТ
weather icon

Скопје

-5ᴼ / -5ᴼ
1.03
93%
1028
weather icon

Белград

0ᴼ / -1ᴼ
1.54
100%
1025
weather icon

Загреб

1ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1024
weather icon

Софија

2ᴼ / -5ᴼ
1.03
66%
1026
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
0.47
91%
1026
weather icon

Љубљана

-1ᴼ / -1ᴼ
1.03
93%
1024
weather icon

Атина

10ᴼ / 7ᴼ
1.34
83%
1025
weather icon

Тирана

0ᴼ / 0ᴼ
1.54
86%
1025
weather icon

Подгорица

0ᴼ / 0ᴼ
1.54
80%
1026
weather icon

Букурешт

0ᴼ / 0ᴼ
4.12
96%
1024
weather icon

Будимпешта

1ᴼ / 0ᴼ
3.09
96%
1025
weather icon

Истанбул

4ᴼ / 4ᴼ
2.57
87%
1026
Currency

61.55

Currency

52.4436

Currency

70.1147

Currency

34.8638

Currency

38.0783

Currency

65.8659

Currency

7.43028

Currency

0.66248

Currency

0.33809

Currency

0.52446

Currency

1.22758

Currency

0.57734

Цинк

3.13

Иридиум

145787.60

Платина

58054.69

Рутениум

29192.88

Бакар

10.87

Калај

41.30

Злато

138408.99

Паладиум

50058.71

Родиум

255598.44

Сребро

2060.60

Алуминиум

2.87

Кобалт

58.42