Полска ќе ја зголеми нивната состојба на закана на одредени железнички линии и ќе ја штити клучната инфраструктура со војска, соопшти премиерот Доналд Туск откако биле оштетени шините на пруга што води кон Украина. Туск информираше дека е побарано воведување трето ниво на закана поради терористички закани, а тоа ќе се однесува на одредени пруги, додека остатокот од земјата ќе остане на второ ниво. Премиерот соопшти дека Полска идентификувала ...

Кремљ нема да испрати свои претставници на утрешните состаноци во Турција, каде што украинските и американските претставници ќе разговараат за начините за оживување на процесот за дипломатско решение на војната во Украина. Ова го објави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков, а претходно, украинскиот лидер Володимир Зеленски ја објави својата намера да патува во Анкара. Во турската престолнина, Зеленски ќе се сретне со ...

Американскиот претседател Доналд Трамп во вторникот изјави дека на подружниците на „Еј-би-си“, во сопственост на Волт Дизни, треба да им се одземат лиценците за емитување откако не се согласил со прашање од новинар на мрежата. Трамп ги даде овие забелешки откако новинар на „Еј-би-си Њуз“ го праша за политичкиот скандал со Џефри Епштајн за време на настанот во Белата куќа со саудискиот престолонаследник. „Мислам дека на ‘Еј-би-си’ треба да ѝ ...

Спасувачките екипи со часови бараат група туристи кои исчезнаа во снежна бура во Националниот парк Торес дел Пајне во Чиле, во која загинаа најмалку пет лица, вклучувајќи Германци, Британци и Мексиканци. Една од жртвите е жена која им подлегна на повредите откако беше евакуирана, објави локалниот телевизиски канал Т13. Според официјален претставник од покраината Ултима Есперанца, Гилермо Руиз, спасувачите првично се упатиле кон пронаоѓање на ...

Пожар зафати повеќе од 170 објекти во јужен јапонски крајбрежен град, гореше преку ноќ и сè уште не е целосно изгаснат, соопшти националната противпожарна агенција во понеделник. Околу 175 жители на округот Саганосеки во градот Оита, околу 770 км југозападно од Токио, избегаа во засолништа за итни случаи откако пожарот избувна вчера околу 17:40 часот (08:40 GMT), соопшти Агенцијата за управување со пожари и катастрофи. Едно лице сè уште се ...

Администрацијата на Трамп тајно формулира нов план за прекин на војната во Украина во консултација со Русија, објави „Аксиос“, повикувајќи се на американски и руски претставници. Планот од 28 точки е инспириран од планот на американскиот претседател Доналд Трамп за прекин на огнот во Газа, објави новинската агенција. Слично на планот за Газа, предлогот би вклучувал „мир во Украина, безбедносни гаранции, безбедност во Европа и идни односи на ...

ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола. Секторот за санитарна контрола во периодот од 10.11.2025 до 14.11.2025 зема 201 примероци за физичко-хемиска и 201 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 47 мерни места во Градот Скопје. ...

Советникот од Левица, Андреа Јанков, на седницата на Советот на Град Скопје предупреди дека предложената Програма за зимско одржување на магистралните и собирните улици за 2025 и 2026 година содржи сериозни нелогичности и финансиски ризици по градскиот буџет. Имено, во програмата се појавува измислен параметар од 4,8 ефективни часа, кој не постои во ниту еден технички стандард и овозможува да се плаќа механизација дури и во услови кога нема ...

Денес ќе има повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 40 l/m² за 24 часа), особено во текот на ноќта. Локално ќе има услови за невреме со силен ветер (над 60 km/h) и појава на ретки грмежи. Во текот на денот ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Под влијание на циклонска активност ќе продолжи периодот на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Утре во попладневните часови и во ...

Под влијание на циклонска активност ќе продолжи периодот на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Утре во попладневните часови и во четврток врнежите ќе бидат со послаб интензитет. Во петок и во деновите од викендот повторно се очекуваат пообилни врнежи од дожд (над 30 l/m² за 24 часа), локално во форма на невреме со засилен ветер и услови за појава на грмежи. Од недела утринските и дневните температури значително ќе ...

Најмалку три лица загинаа, а неколку се водат како исчезнати откако бурата Клаудија погоди делови од Европа. Во Франција, десетици пожарникари бараат човек кој беше однесен од ненадејни поплави. Во Италија, екстремни временски услови го погодија централниот и северниот дел од земјата, а властите прогласија вонредна состојба и ги затворија училиштата. Застрашувачките сцени се снимени во департманот Ардеш во Франција. Алармиран од зголемувањето ...

Европската комесарка за проширување Марта Кос денес изјави дека Европската Унија се подготвува за нови членови водена од прашањата за мир, демократија и безбедност, како и дека Унијата издвојува три насоки на работа на патот кон проширување на ЕУ. На отворањето на Форумот на ЕУ за проширување, таа како прва насока издвои дека секој напредок постигнат со идните земји-членки мора да биде кредибилен и дека кандидатите мора целосно да се ...

За време на разговорите во Турција, САД ќе се обидат да извршат притисок врз Владимир Зеленски да направи територијални отстапки кон Русија со цел да се реши украинскиот конфликт и да се врати во истанбулскиот формат, изјави во интервју за ТАСС, Дмитриј Суслов, заменик-директор на Центарот за сеопфатни европски и меѓународни студии. „Мислам дека во преговорите ќе учествува и специјалниот претставник на американскиот претседател за мировни ...

Изразот „списoците на Епштајн“ со месеци ја следи администрацијата на Доналд Трамп, оптоварена со растечка криза околу делата на починатиот сексуален престапник Џефри Епштајн. Под притисок од сопствените републиканци кои бараат транспарентност, Трамп ги повика членовите на Парламентот да гласаат за објавување на документите, што се очекува да биде изгласано денес, пишува Би-Би-Си. Неколку дена пред да го смени ставот околу објавувањето, Трамп ...

Пратеничката на СДСМ, Јована Тренчевска, на денешната седница посветена на пратенички прашања побара од министерот за правда, Игор Филков, да даде одговор зошто реформите во правосудниот систем целосно стагнираат и кој ќе понесе одговорност за блокадата на овој клучен сектор. Тренчевска посочи дека Извештајот на Европската комисија јасно потврдува дека нема напредок во судските реформи и дека независноста на судството е нарушена поради ...

Пратеникот на СДСМ, Љупчо Николовски, на денешната седница посветена на пратенички прашања упати прашање до министерот за земјоделство Трипуновски, како и до заменик министерот, кои се однесуваа на суспензијата на ИПАРД-програмата и огромните последици врз македонското земјоделство. Тој побара одговори за застојот на мерката 3, блокираните 130 милиони евра европски средства и одговорност за корупцискиот скандал што ги остави илјадници ...

Пратеничката на СДСМ, Јована Тренчевска, на денешната седница побара од министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, да објасни зошто Владата употрно одбива да ја покачи минималната плата барем на 500 евра, во услови на растечки трошоци, кога синдикалната потрошувачка кошница се зголемила за повеќе од 4.500 денари во последните 15 месеци. Таа побара појаснување што се темели и на најавеното покачување од околу 2.000 денари во март 2026 ...

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера изјави дека итно ќе свика состанок на кабинетот за да се осигури дека Израелците што стојат зад последните напади врз Палестинците на окупираниот Западен Брег ќе бидат изведени пред лицето на правдата. Во насилството што избувна вчера, Израелците запалија куќи и возила во палестинско село во близина на Витлеем, по претходен напад врз имот и цивили во селото Саир, објави новинската агенција WAFA, ...

Денис Пушилин, прорускиот лидер на регионот Донецк, објави на апликацијата Телеграм дека украинските сили оштетиле две тамошни електрани во ноќен напад, оставајќи многу населби без електрична енергија. Нападите ги исклучија електраните Зуивска и Старобешево, а тимови за итни случаи беа распоредени за да ја санираат штетата. Само еден ден претходно, Пушилин рече дека украинските напади со беспилотни летала врз енергетската инфраструктура на ...

Семејството и пријателите жалат за смртта на 18-годишната Ана Кепнер од Титусвил, Флорида, која беше пронајдена мртва на крузерот „Карнивал Хорајзон“. Нејзината смрт, која се случи под нејасни околности, е предмет на истрага на ФБИ. Ана Кепнер беше пронајдена мртва на крузерот кога се враќаше во пристаништето во Мајами во сабота, 8 ноември. „Смртта на гостин на патувањето со ‘Карнивал Хорајзон’ е под истрага на ФБИ“, потврдија претставници на ...

Европа падна во втор план во решавањето на геополитичките прашања поради сопствените структурни проблеми, кои ја лишија од можноста за брзи и решителни акции, оцени политичкиот коментатор на британскиот весник „Фајненшл тајмс“, Гидеон Рахман. „На почетокот на својот мандат како претседател на Европската комисија, Фон дер Лајен изрази желба да предводи „геополитичка комисија“. Сепак, ЕУ останува настрана, дури и кога војните се водат директно ...

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека иднината на неговата земја несомнено лежи во Европската Унија, но дека блокот мора сериозно да се реформира. Во интервју за „Будапест Тајмс“, Орбан нагласи дека Унгарија е „дел од западната христијанска култура“ и затоа напуштањето на Унијата е исклучено, но дека сегашниот модел на функционирање на ЕУ не е одржлив. Според него, централна тема на претстојните избори во Унгарија ќе биде зачувувањето ...

Загрепските пожарникари ја поминаа целата ноќ борејќи се со пожарот во зградата на „Вјесник“, кој избувна во понеделник кратко по 23 часот, а 30 возила со над 80 пожарникари учествуваа во неговото гаснење. Во вторник наутро ситуацијата е малку подобра, но пожарот сè уште не е изгаснат. Парчиња стакло и зградата паѓаат од фасадата, а се проценува дека исклучувањето ќе трае цел ден. Шефот на противпожарната служба Синиша Јембрих објави дека ...

Во близина на облакодерот „Вјесник“ во Загреб, кој гори повеќе од шест часа, се најде и хрватскиот министер за градежништво Бранко Бачиќ, но, како што објави Индекс.хр, тој не бил расположен да даде изјава, а на новинарот му кажал само дека за пожарот знае само она што досега е познато. „Сè уште не знаеме што го предизвикало пожарот“, рече Бачиќ. Кратко пред полноќ, во небодерот Вјесник на Славонска авенија во Загреб избувна пожар, а бидејќи ...

Вечерна обиколка на градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓеоргиевски во централното подрачје на градот со Премиерот Христијан Мицкоски беше напревена доцна синоќа. – Скопје сега конечно личи на метропола, како што доликува. Улиците и плоштадите чисти, полни со посетители – ја нема онаа лоша слика на која навикнавме. И никогаш повеќе нема да се повтори. Го посетивме и она што долги години му треба не само на Скопје, туку и на Македонија – Луна ...

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, денес учествуваше на регионален министерски состанок со колегите од земјите од Западен Балкан предводен од италијанскиот министер за јавна администрација, Паоло Зангрило. Средбата се одржа на маргините на конференцијата „Партнерство за реформи: Министерски дијалог Западен Балкан – Италија“ во Рим. Фокус на состанокот беше во насока на напредокот во реформите во регионот, зголемување на ...

Пратениците на СДСМ поднесоа иницијатива за основање Анкетна комисија за трагедијата во Кочани. – Пратениците на СДСМ и Коалицијата, денеска поднесоа иницијатива за основање на Анкетна комисија за трагедијата во Кочани, на којашто се придружија и пратениците од Левица а беше дел и од барањата на семејствата на загинатите и повредените. Анкетната комисија треба да ја утврди целата вистина, како и на кој начин била загрозена безбедноста на ...

На 17.11.2025 во 14:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во кругот на Комплексот клиники „Мајка Тереза“ бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу двајца возрасни лица (едно од Скопје и едно од Демир Капија). Исто така, во 20:00 часот било пријавено дека на автобуска постројка на бул. „Александар Македонски“, истото лице од првата пријава се обидело насилно да влезе во автобус каде се наоѓала другата вклучена страна, а по ...

Заменик претседателот на Владата задолжен за политики за добро владеење, Арбен Фетаи, денеска одржа средба со амбасадорката на Грција, Н.Е. Софија Филипиду, заедно со заменик-амбасадорката г-ѓа Кристина Василату. На почетокот, г. Фетаи им посака добредојде и изрази длабока благодарност за континуираната поддршка на Грција на патот на Северна Македонија кон европската интеграција. За време на разговорот се дискутираше за успешното одржување на ...

Поради интензивни врнежи од дожд во делови од Западна Македонија, особено во Полошкиот регион и Општина Тетово, забележани се проблеми со апсорпцијата на атмосферските и фекалните канализации во урбаните делови на градот. Ова доведе до задржување и создавање водени површини под подвозниците и надвозниците, извести Центарот за управување со кризи. Од ЦУК апелираат на зголемена внимателност при движење низ улиците и избегнување на сообраќајот ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
0.51
93%
1001
weather icon

Белград

7ᴼ / 6ᴼ
2.06
80%
999
weather icon

Загреб

8ᴼ / 5ᴼ
1.54
89%
1000
weather icon

Софија

4ᴼ / 4ᴼ
1.54
100%
1000
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
1.71
97%
1001
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
0.51
96%
1001
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
4.02
83%
1003
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
2.57
77%
1001
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
100%
1000
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 1ᴼ
3.13
91%
1001
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 6ᴼ
1.54
94%
999
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 12ᴼ
5.14
82%
1001
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Родиум

336779.07

Алуминиум

3.03

Иридиум

221848.72

Паладиум

546.56

Злато

159231.39

Кобалт

64.04

Бакар

11.69

Рутениум

45750.51

Сребро

2460.50

Платина

67162.91

Цинк

3.25

Калај

46.91