Вчера полициски службеници од Единицата за недозволена трговија во координација со полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје по претходна судска наредба извршија претрес во домот и други простории како и товарно возило “мерцедес” сопственост на лице (51) од с.Рашче,скопско при што биле пронајдени и одземени: 7 пиштоли, 14 рамки и 318 куршуми различен калибар. По целосно документирање на случајот ќе следува ...

Соопштение на ВМРО ДПМНЕ: 91.663 граѓани го направија вистинскиот избор во градот Скопје и го заокружија бројот 9 за Орце Ѓорѓиевски и ВМРО-ДПМНЕ. Оваа бројка и огромна победа во градот Скопје е јасен знак дека граѓаните сакаат просперитет, проекти и работа. Од друга страна пак, нашиот директен опонент, СДС, освои 26.737 гласови, со што Каја Шукова е четврти избор на граѓаните во Скопје Исто така, и во Советот на Град Скопје ВМРО-ДПМНЕ е ...

Коалицијата ВЛЕН реагираше по последните изјави на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, оценувајќи дека неговиот речник е „банален, навредлив и недостоен за човек кој некогаш тврдеше дека ги претставува Албанците“. „Од ‘загарите’ до ‘газиместан’, овој срамен јазик е најјасен доказ за губењето на контролата, паниката и политичкиот крај на човек кој 20 години го третираше својот народ како приватна сопственост. Ахмети денес повеќе не зборува како политички ...

Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, се обрати од денешниот настан одржан во Валандово, во рамки на вториот круг од локалните избори кои ќе се одржат на 2 ноември 2025 година. Мицкоски се осврна на темата за локалните избори, од кои првиот круг беше одржан на 19 октомври годинава, а ВМРО-ДПМНЕ имаше убедлива победа во 33 општини. Според него, ова е историски резултат во независна Македонија, а дополни и дека кандидатот од редовите на ...

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Турција е подготвена да биде домаќин на самит меѓу Русија и САД, истакнувајќи дека Истанбул веќе ја потврдил својата улога како место за дипломатски иницијативи насочени кон мир во Украина. „Важноста на Турција и Истанбул во мирната визија за решение во Украина повторно стана јасна. Подготвени сме да организираме преговори во секое време. Штета што средбата во Будимпешта не се одржа“, изјави ...

Четири австралиски војници поднесоа историска колективна тужба против австралиската војска, обвинувајќи ги австралиските вооружени сили (АДФ) за сексуална злоупотреба, вознемирување и дискриминација. Адвокатите што ги застапуваат жените изјавија дека очекуваат илјадници поранешни војници на АДФ да се приклучат на тужбата, која беше поднесена во Федералниот суд на Австралија во петокот. Според тужителите, чии имиња се чуваат во тајност од правни ...

Поранешниот украински премиер Никола Азаров изјави дека Европската Унија постепено ја претвора Украина во „воена населба“ по должината на границата со Русија, што, како што изјави, е услов за континуирана финансиска поддршка на Киев. „ЕУ ќе ја претвори Украина во воена држава, воена населба. Само под овие услови ќе продолжи да добива финансирање“, напиша Азаров на својот Телеграм канал. Тој додаде дека за таа цел, европските лидери „цицаат ...

Како што соопшти полицијата синоќа во 17:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од ул. „Имер Призрени“ со сервисна улица во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „тојота јарис“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 38-годишна жена од Тетово и мотоцикл управуван од маж(30) од с.Сингелиќ, скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, а неговиот сопатник лице(23) од с.Сингелиќ, ...

После пет дена, на Али Ахмети конечно му беа покажани резултатите од „референдумот“. И ете, тој излезе и рече дека победиле на локалните избори. Ова е апсурдно, велат од Влен. – Победите на ВЛЕН во Чаир, Сарај, Арачиново, Желино, Теарце и убедливото водство во Тетово, Боговиње, Дебар, Струга, Брвеница и Долнени се далеку поголеми од „победата“ во Пласница и Липково. Мислевме дека Али Ахмети и ДУИ конечно станале свесни за резултатите од ...

Заменик премиерот на Словенија, Матеј Арчон, соопшти дека исплатата на божиќен додаток за сите вработени – и во јавниот и во приватниот сектор – ќе стане законска обврска не само оваа година, туку и во иднина. Според предлогот, висината на бонусот ќе изнесува половина од бруто минималната плата, односно оваа година работниците ќе добијат по 639 евра. Овој износ нема да подлежи на оданочување и нема да бидат пресметувани придонеси за ...

По преземени мерки и активности во координација со Одделот за криминалистичка полиција при БЈБ, СВР Битола до Основното јавно обвинителство Битола поднесе кривична пријава против Б.А.(53) од Битола поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „измама“. Имено, на 23.10.2025 пријавениот со уште едно лице во три наврати и со лажно прикажување или со прикривање факти измамиле 88-годишна битолчанка и 67-годишен битолчанец и се обиделе ...

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса во недела најпрвин во западните, а во текот на ноќта и во понеделник претпадне насекаде, ќе има врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни и поројни со услови за појава на грмежи. Поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 30 l/m²) и засилен ветер се очекуваат во текот на ноќта, особено во западните делови од земјата. Од вторник температурите ќе бидат во опаѓање. ...

Во просторија без ДНК лабораторија и без сопствена комора за ладење, форензичкиот тим на болницата Насер во Газа се соочува со предизвиците што ги носи мирот. Во изминатите единаесет дена, израелските власти вратија 195 палестински тела во Газа во замена за телата на 13 израелски заложници, како дел од прекинот на огнот постигнат со посредство на американскиот претседател Доналд Трамп. Фотографиите објавени од здравствените власти во Газа ...

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро ги обвини САД дека водат постојана психолошка војна против неговата земја. „Секој ден сме изложени на закани од американската империја, секојдневна психолошка војна. Зборови напред-назад. Тие го стартуваат бродот, тие ја стартуваат ракетата“, рече Мадуро, тврдејќи дека САД бараат промена на режимот во Венецуела. Зборувајќи на настан емитуван од државната телевизија VTV, тој нагласи дека народот и војската ...

Да се оди веднаш на предвремени парламентарни избори, порачаа од ДУИ, во соопштението по состанокот кое го проследуваме во целост: Овој став е заеднички и на сите партнери во рамки на коалицијата Национална Алијанса за Интеграција, кои оценуваат дека по три изборни циклуси по ред – претседателски, парламентарни и локални – волјата на граѓаните е јасна, недвосмислена и во поддршка на НАИ. Во период пократок од една и пол година, граѓаните на ...

Денеска (24.10.2025) околу 12:00 часот во СВР Штип е пријавено дека на магистралниот пат Македонска Каменица- Делчево, во близина на село Илиово, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „волво“ со приколка со бугарски регистарски ознаки, управувано од В.Х. Г., патничко возило „мерцедес“ со регистарски ознаки од Македонска Каменица, управувано од Б.П. и патничко возило „фиат“ со регистарски ознаки од Македонска Каменица, управувано ...

Прес конференција, Гоце Милевски, кандидат за градоначалник на Виница: Почитувани сограѓани, драги виничани, Чувствувам потреба и обврска како кандидат за градоначалник на Виница да ви се обратам на почетокот на изборниот процес во вториот круг. Изборниот процес пред првиот круг во Виница започна со насилство, инциденти и нарачани апсења на неистомисленици на ВМРО–ДПМНЕ, а сега продолжува со закани, уцени и казни на секој чекор. Веќе повеќе од ...

На 23.10.2025 во 19:50 часот во СВР Тетово, 57- годишен маж од тетовско село пријавил дека бил измамен од Џ.Д. од Турција за сума од 18.000 евра. Според пријавеното, Џ.Д. е сопственик на фирма за поставување на лифтови во станбени објекти, има пријавен престој на негова адреса и во септември 2025 година се договориле да работат заедно, односно да увезуваат пелети за греење од Турција. Како што е пријавено, тој го довел во заблуда и парите му ги ...

Поради сообраќајна несреќа во прекин е сообраќајот на скопската обиколница во правец кон Куманово, кај клучка Хиподром, возилата се пренасочуваат по автопатот Скопје-Велес. Денеска (24.10.2025) околу 09:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на скопската обиколница, кај клучка Хиподром, исклучок кон Куманово, товарно возило „мерцедес“ удрило во банкина. Со повреди се здобил возачот, кој е пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ ...

Украинските воздушни напаѓачки сили го ослободија селото Кучерив Јар во Донецката област, заробувајќи повеќе од 50 руски војници и спасувајќи цивили држени од окупаторските сили. Ослободувањето на Кучерив Јар означува уште еден важен локален успех за украинските сили на Донецкиот фронт, каде што борбите се интензивираа во последните недели, објави „Евромајдан прес“. Детали за операцијата Ослободителната операција ја спроведоа припадници на ...

Русија верува дека одредени членки на НАТО, со акцент на Полска, сакаат да се откажат од ограничувањата поврзани со распоредувањето нуклеарно оружје на нивна територија, што би ги влошило „стратешките ризици“ и дополнително би ги зголемило тензиите, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова. Захарова истакна дека полските претставници веќе се обратиле до Соединетите Држави „во обид да го вклучат Вашингтон ...

Пет лица, меѓу кои и едно дете, се повредени во напад со беспилотно летало врз станбена зграда во Красногорск, Московска област, соопшти регионалниот гувернер Андреј Воробјов. „Станбена зграда во Красногорск е оштетена во напад со беспилотно летало. Дронот се урна во стан на 14-ти кат. Пет лица се повредени, меѓу кои и едно дете. Четворица се веднаш однесени во болници, каде што добиваат потребна медицинска помош“, напиша Воробјов на својот ...

Соопштение на ВМРО ДПМНЕ: Локалните избори беа одраз за тоа дека доколку работиш чесно, транспарентно и посветено, народот ќе го цени тоа и ќе те награди. ВМРО-ДПМНЕ го преслика успехот од парламентарните избори минатата година во процентуална вредност, а споредбено со минатите локални, имаме и раст во бројот на гласови, советнички места и градоначалници. ВМРО-ДПМНЕ освои 550 советници низ државата и градот Скопје, додека СДС освои околу 230 ...

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар, Горан Герасимовски, во емисијата „360 степени“ на МРТВ истакна дека граѓаните ја препознале неговата посветена и одговорна работа во изминатите четири години и дека очекува победа во вториот круг. Герасимовски посочи дека лично им честитал на двете кандидатки, кои излегоа од трката, за одличниот успех. Не разговарале за политичка поддршка туку за квалитетните програми и предлози што ги понудиле ...

Соопштение на Левица: Јавно изразената поддршка на Билал Касами за кандидадот за градоначалник од ДУИ во Кичево претставува директна заштита и амнестија на криминалните мандати на Фатмир Дехари! Додека Мицкоски и провладините медиуми во паника постојано ја оцрнуваат Левица, токму оној кој ја доби поддршката од ВМРО-ДПМНЕ во Тетово сега ќе го спасува Дехари од губење на власта во Кичево. Дали премиерот Мицкоски вака ќе расчистува со криминалите ...

– ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со фактот дека СДСМ останува најсилна опозициска партија и дека е на пат да освои повеќе општини од ВМРО-ДПМНЕ во 2017 година, се вели во соопштението на СДСМ. Од Бихаќка додаваат дека Мицкоски е во шок од изборниот резултат, колку и да се обидува триумфалистички да ја труе јавноста со соопштенија. Факт е дека изгубија 140.000 гласови, факт е дека доколку утре би имало парламентарни избори би освоиле 7 пратеници ...

Пo повод 23 октомври – Денот на македонската револуционерна борба, денес пред споменикот на Даме Груев во дворот на Заводот и музеј, свежо цвеќе положи градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски, како и претставници на Советот на општина Битола, претставници на Сојузот на борци, на политичките партии и Здружението на ветерани од безбедноста. „Пред 132 години, на денешен ден, беше основана Македонската револуционерна организација во Солун. ...

Градоначалникот Горан Герасимовски, денеска одржа состанок со Штабот за заштита и спасување кадешто се донесоа итни одлуки за справување со кризата со сметот во Центар. Тој потенцира дека се прави мобилизација на сите служби и ресурси на општината и на ПОЦ. „Од денес, сите вработени во Општината Центар и во ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ добиваат конкретни задачи за решавање на оваа криза. Ги редуцираме сите други активности на минимум, ги ...

Градоначалникот Горан Герасимовски, на денешната прес-конференција информираше дека Штабот за заштита и спасување донел итни одлуки за справување со кризата со сметот, а како една од тие заклучоци е спроведување на итна дератизација и дезинфекција во училиштата и градинките на територија на Општина Центар. „Ќе одржам средба со директорите на сите училишта и градинки во Центар, со цел да се координираме за безбедноста на децата. Ќе побарам ...

На 23.10.2025 (четврток) во 10:00 часот поради одржување на атлетска трка во централното градско подрачје на Скопје, со траса на движење од паркот „Жена борец“ преку Камени мост, ул. „Иљо Војвода“, тротоарот на мостот „Гоце Делчев“ и по кејот на реката Вардар и обратно, за сообраќај ќе биде затворена ул.„Иљо Војвода“, пешачките површини и делот од кејот по кој ќе се движат учесниците во трката. Единицата за безбедност на патниот сообраќај при ...

Повик

19 часа - МРТ
weather icon

Скопје

-5ᴼ / -5ᴼ
1.03
86%
1028
weather icon

Белград

0ᴼ / -1ᴼ
0.51
100%
1026
weather icon

Загреб

1ᴼ / 0ᴼ
1.03
94%
1024
weather icon

Софија

1ᴼ / -6ᴼ
1.03
65%
1028
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
0.76
91%
1026
weather icon

Љубљана

-1ᴼ / -1ᴼ
1.54
93%
1024
weather icon

Атина

10ᴼ / 8ᴼ
1.34
84%
1026
weather icon

Тирана

0ᴼ / 0ᴼ
2.57
86%
1025
weather icon

Подгорица

0ᴼ / 0ᴼ
1.54
86%
1026
weather icon

Букурешт

0ᴼ / 0ᴼ
3.6
93%
1024
weather icon

Будимпешта

1ᴼ / 0ᴼ
4.12
96%
1026
weather icon

Истанбул

3ᴼ / 3ᴼ
2.06
87%
1026
Currency

61.55

Currency

52.4436

Currency

70.1147

Currency

34.8638

Currency

38.0783

Currency

65.8659

Currency

7.43028

Currency

0.66248

Currency

0.33809

Currency

0.52446

Currency

1.22758

Currency

0.57734

Кобалт

58.42

Иридиум

145787.60

Цинк

3.13

Рутениум

29192.88

Сребро

2060.60

Злато

138408.99

Калај

41.30

Платина

58054.69

Алуминиум

2.87

Родиум

255598.44

Бакар

10.87

Паладиум

50058.71