Малолетник од скопското село Буковиќ денеска бил повреден со остар предмет од страна на друг малолетник во близина на Трговскиот центар „Мавровка“ во Скопје. Инцидентот се случил околу 13:30 часот попладнево, а веднаш потоа момчето било пренесено во Универзитетската клиника по хируршки болести „Св.Наум Охридски“. „Денеска (6.3.2024) околу 13:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булевар ‘Гоце Делчев’, во близина на Трговски центар ...

„Иран треба да ги намали сите залихи на збогатен ураниум до 60 отсто и целосно да го запре целиот процес на збогатување ураниум. И ние сме сериозно загрижени за залихите на високо збогатен ураниум што Иран продолжува да ги одржува“, соопшти американската делегација во МААЕ, пренесуваат британските медиуми. Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) во доверлив извештај до земјите-членки минатата недела соопшти дека залихите на ураниум ...

„Со 3 милиони денари ја поддржуваме Општина Крива Паланка, која ги става во функција сите свои инфраструктурни и човечки капацитети за реализација на манифестацијата Град на културата за 2024 година“, рече министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска на денешната прес-конференција по повод започнувањето на оваа манифестација. Костадиновска-Стојчевска истакна дека Министерството за култура продолжува со поддршка на проектите преку кои ...

Министерството за здравство ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести каде му се дава поголема надлежност на Државниот Санитарен и Здравствен Инспекторат да ги проверува вакциналните картони на децата во градинките и оние деца кои не се вакцинирани како што бараше комисијата да не бидат примени во градинка. Оваа одлука засега важи само за вакцината ДиТеПер. „На Државниот Санитарен и Здравствен Инспекторат (ДСЗИ) ќе му се наложи да ...

Јавната закана тој ја упати додека членовите на неговата банда се обидуваа да ја преземат контролата врз главниот градски аеродром за да го спречат Анри да се врати од странство. Беше објавено дека немирите се прошириле и во другите градови, додека во градот Жасмел имало бунт во затворот. Вооружената банда Г9 почна бран насилства, вклучително и напади врз полициски станици и напади на два затвора каде што ослободија илјадници затвореници. Хаити ...

Поздравувајќи го одржувањето на средбата, претседателот Митрески апелираше за унапредување на севкупната билатерална соработка, особено после решавањето на повеќедеценискиот проблем меѓу двете држави. Средбите на политичарите секогаш праќаат позитивна порака за граѓаните и помагаат за збогатување на економската, културната и други видови на соработка од двете страни на границата. Во доменот на парламентарната соработка, беше истакнато дека ...

Ѕвезда што проголтала делови од својот планетарен систем е откриена со помош на телескопот на Европската јужна опсерваторија, којашто инаку се наоѓа во Чиле, во Јужна Америка. Астрономите ги пронашле доказите во „метална лузна“ со големина од околу 500 километри на површината на ѕвездата. Тимот научници предводен од Стефан Багнул, кај тн. „ѕвезда-канибал“, забележале дамка што, всушност, претставува концентрација на метали „втиснати“ на ѕвезда. ...

Како што пренесува „Либерасион“, повикувајќи се на Дарманин, првично се очекуваше на церемонијата да присуствуваат 600 илјади луѓе. Сепак, бројката сега е намалена на 326 илјади. Од нив 220 илјади гледачи ќе имаат бесплатни билети и ќе ја следат церемонијата од горниот дел на насипите, уште 104 илјади ќе бидат сместени на долните насипи на Сена. Цената на овие билети достигнува 2,7 илјади евра. Покрај 326.000 гледачи на насипите, властите ...

Во соопштение ИОМ наведува дека „бројот на жртви во 2023 година претставува трагично зголемување од 20 отсто во споредба со 2022 година и укажува на итната потреба од акција за да се спречи натамошна загуба на животи“. Пред 2023 година, најмногу мигранти загинале во 2016 година- 8.084. Од ИОМ посочуваат дека најголем број мигранти и натаму умираат на маршрутите преку Медитеранот. Минатата година во Средоземното Море беа регистрирани повеќе од ...

На местото на настанот се забележани голем број противпожарни возила, како и полиција, а се уште не се знае дали има повредени. #BREAKING: A massive fire has broke out next to St Mary’s stadium ahead of Southampton’s game against Preston tonight… pic.twitter.com/4vDMuILg8i — SportsOnX Updates (@Sports_on_X) March 6, 2024 За потсетување, Саутемптон минатата сезона испадна од елитното ниво на англискиот фудбал и сега се натпреварува во Чемпионшип. ...

Патот на Трамп попладнево му го трасираше и единствената противкандидатка Ники Хејли, која се откажа од трката, откако успеа да победи само во Вермонт. За разлика од неа, Трамп на контото ги додаде впиша Тексас, Вирџинија, Калифорнија и уште 11 други сојузни држави, на тој начин обезбедувајќи 995 од 1.215 потребните делегати. -Го нарекуваат „Супер вторник“ со причина. Ова е големо, и ми велат, аналитичарите дека немало вакво нешто. / Нашите ...

Мигрантите пристигнаа на островот Ел Јеро, а меѓу преживеаните има две жени и девет малолетни лица, соопшти Шпанската поморска спасувачка служба. Две лица се префрлени со хеликоптер во болница на островот Тенерифе во тешка состојба, а 14 се префрлени во локалната болница во Ел Џере за лекување на хипотермија и дехидрација. Речиси 12.000 мигранти кои бегаат од сиромаштија, конфликти и нестабилност во Западна Африка пристигнале на шпанска ...

- Не треба да направиме грешка и да го прогласиме Трамп за предвремен победник или дури да се претплатиме на оваа идеја, истакна Хабек откако поранешниот американски претседател Доналд Трамп вчера победи на повеќе од десетина републикански прелиминарни избори. Тој додаде дека во САД сè уште не е почната предизборната кампања. - Знаеме и од германските предизборни кампањи што сè уште може да се случи, посочи Хабек на меѓународниот аеродром во ...

Примарната цел на овој Конгрес е да се избере носителот на листата кој ќе ги предводи идните пратеници во Европскиот парламент од редовите на Европската народна партија. Единствен кандидат е актуелниот претседател на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, соопшти претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од Букурешт. Мицкоски, како што информира ВМРО-ДПМНЕ, заедно со кандидатот за претседател Гордана Силјановска Давкова, ...

Собраниот износ од аукцијата на нивните дела и ракотворби изложени во КСП – Центар Јадро, ќе биде дониран за лекување на ученичката Кара Селовска од основното училиште „Јохан Хајнрих Песталоци“. Возрасните жители од нашата Општина на дело покажаа што значи да се биде хуман и одговорен општествен чинител, порача градоначалникот Герасимовски. „Членовите на Здружението на пензионери на Општина Центар, веднаш се приклучија на хуманитарната акција ...

Конзервативците од Европската народна партија, водечката политичка сила во Европскиот парламент, бараат префрлање на барателите на азил во трети земји поради миграцискиот притисок, јавија светските агенции, цитирајќи манифест презентиран денеска на првиот ден од конгресот на Европската народна партија во Букурешт. Овој предлог означува јасна промена во европската миграциска политика воведена за време на мандатот на водечкиот претставник на ...

Сослушани беа двајца, а на следното рочиште закажано за 3 април, дополнително ќе бидат сослушани уште останатите двајца... Тогаш, оштетениот во случајот и неговиот бранител се надеваат на конечен исход. - Покрај обидот на одбраната да вади од котекст одредени заклучоци и мислења на вештите лица, но во нивните крајни мислења и заклучоци сепак стои дека обвинетиот не постапил согласно Закон за трговски друштва и одлуката на содружниците,- - Кирил ...

Ова го кажа техничкиот премиер Талат Џафери, како договор на барањето на синидкатите на пет државни универзитети од Скопје, Битола, Охрид, Тетово и Штип, кои неодамна протестираа за да им се изедначат платите со наголемиот универзитет УКИМ. Џафери исто така додаде дека голем дел од универзитетите доцнеле со поднесување на документацијата. Од синдикатот на битолскиот универзитет „Св. Климент Охридски“ пак го демантираат Џафери за времето кога ...

Жените во Македонија се меѓу најниските во Европа, а мажите се близу до европскиот просек, покажува анализата на специјализираниот статистички сајт „Ландгеист“, базирана на податоци од NCD-RISC, мрежа на здравствени научници од целиот свет, која соработува со Светската здравствена организација. Просечната висина на Македонките е 160,9 сантиметри, а пониски од нив се само жените на кипар со 160,6 сантиметри. меѓу пониските во европа се и жените ...

Стратегијата предвидува редовно полиграфско тестирање и отпуштање од работа на секој цариник и граничар кој нема да го помине тестот, како и истражна постапка против него од страна на јавното обвинителство. А за да се избегне било какво влиајание врз полиграфистите, се преддлага и формирање на нова институција која ќе биде под контрола на Собранието, а на полиграфска проверка да подлежат и самите лицата кои ќе ги прават тестирања. Корупцијата на ...

Смета дека повеќе од 100.000 граѓани кои немаат валидни документи со сегашната динамика во МВР имаат доволно време до избори да ги заменат со нови со „Северна“. Граѓаните според Џафери се тие што треба да иницираат постапка, да закажат термин месецов за да се опремат со соодветни документи за да може да гласаат. На денешната прес-конференција во Владата, прва откако е технички премиер, му порача на МВР да си ја врши работата, а не да се правда ...

Повеќе видови на месо, риба, млеко, сирења, павлаки, јогурт, видови колбаси, дел од конзервираната храна, јајцата, компир, домат, кромид, лук, краставици, видови грав и грашок, блитва, ананас, боранија, леќа, авокадо, видови портокали, мандарини, лимон, грозје - се само дел од 2 632 производи, поделени во 53 групи кои се најдоа на листата и ќе имаат ограничена маржа до 10 %, откако Законот ќе стапи на сила. На лисата, која допрва треба да се ...

Не постои никаков проблем во однос на безбедноста на премиерот и грчката делегација, брифираат грчки владини извори по информациите дека во Одеса бил извршен воздушен напад, а во украинскиот град денеска е премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис, кој според неофицијални извори се сретна со претседателот на Украина Володимир Зеленски, јави дописничката на МИА од Атина. Според видеата и информациите објавени на Х и Телеграм од Украина, околу 11 ...

Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, денеска изјави дека со рускиот претседател Владимир Путин ќе разговара за нуклеарната централа Запорожје, додавајќи дека разговорите со другите руски претставници беа напнати, пренесе Бета. Нуклеарната централа во Запорожје во јужна Украина е под руска контрола од март 2022 година. Гроси е во посета на Русија и треба да се сретне со Путин во Сочи. Тој веќе ...

Претседателката на Европската комисија Усрула фон дер Лајен планира неделава да отпатува за Кипар за да го поттикне формирањето на хуманитарен коридор за поддршка на населението во Газа преку овој остров во Средоземното Море, изјави денеска нејзиниот портпарол. -Нашите напори се фокусирани на обезбедување помош за Палестинците, рече портпаролот за време на брифинг, пренесен од британските медиуми. Тој додаде дека сите се надеваат дека отворањето ...

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис од утрово е во неколкучасовна посета на Украина, каде што во Одеса ќе се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски, објавија медиумите во Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Посетата не беше официјално најавена и засега, од кабинетот на грчкиот премиер не постои ниту потврда, ниту демнат дека Мицотакис е во Украина. Грчкиот премиер денеска и утре ќе учествува на состанокот на Европската ...

-Дојдовме до заклучок дека премиерот Бенјамин Нетанјаху сноси лична одговорност за таа трагедија, се наведува во извештајот на Комисијата. Во извештајот се објаснува дека премиерот „знаел или требало да знае дека локацијата била слабо одржувана со години“ и дека може „да претставува ризик за многу учесници“ на аџилакот што се одржува таму секоја година за еврејскиот празник Лаг Б' Омер. Нетанјаху, кој со своите услуги има одговорност да ги ...

Денеска (06.03.2024) министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ја посети Полициската станица за граничен надзор Чашка, која е надлежна за надзор на дел од нашата северна граница кон Косово, каде одржа работен состанок со командирот и другиот раководен кадар на оваа станица. Од страна на раководството на ПС за ГН Чашка министерот беше запознаен со нивната работа и структура, при што му беа посочени и голем број на проблеми со кои секојдневно ...

Планот за раст на Западен Балкан, во кој еден од столбовите е забрзувањето на реформските процеси во делот на владеење на правото и подобрување на ефикасноста на правосудството и јавната администрација, беше главна тема на денешната средба во Брисел на вицепремиерката задолжена за политики на добро владеење Славица Грковска денеска во Брисел директорот на Генералниот директорат на Европската комисија за соседство и преговори за проширување (ДГ ...

Мотоциклисти кои ќе возат за Ендуро Тим Водно во 2024 година: Ева Дамјановска, Кристијан Николовски, Петар Петрушевски, Марко Петрушевски, Матео Јанковски, Михаил Стојков, Марко Поповски, Виктор Андреевски, Антонио Дамјановски, Огнен Тодоров, Ангелче Стојковски, Лука Луканоски, Владимир Димов, Един Драголовќанин, Мартин Караколев, Андреј Милковски и Новак Калеников. Тимот сезонава ќе учествува на три трки во македонскиот шампионат и повеќе од ...

Скопје

19ᴼ/19ᴼ
1.54
30%
1016

Белград

16ᴼ/15ᴼ
1.54
46%
1018

Софија

18ᴼ/15ᴼ
8.23
38%
1015

Сараево

19ᴼ/19ᴼ
8.21
29%
1015

Љубљана

18ᴼ/15ᴼ
2.06
72%
1016

Атина

25ᴼ/23ᴼ
4.12
46%
1012

Тирана

21ᴼ/21ᴼ
4.63
40%
1015

Подгорица

23ᴼ/19ᴼ
1.03
34%
1016
Currency

61.5333

Currency

55.346

Currency

73.7352

Currency

38.2389

Currency

40.841

Currency

65.3448

Currency

7.85261

Currency

0.59418

Currency

0.38477

Currency

0.52571

Currency

1.61635

Currency

0.65951

Алуминиум

2 $

Иридиум

149517 $

Кобалт

498 $

Никел

546752 $

Рутениум

14726 $

Калај

33 $

Сребро

1009 $

Злато

85105 $

Бакар

9 $

Паладиум

31672 $

Платина

31536 $

Родиум

152733 $

Цинк

98882 $