Скопје
20ᴼ /
20ᴼ
На 14 јули започнува 56. издание на Интернационалниот фестивал „Илинденски денови“ едно од најзначајните и најдолговечни случувања посветени на фолклорот, етнологијата и нематеријалното културно наследство во овиј дел од светот. Во осумнаесет денови, Битола повторно ќе стане точка на поврзување. Град во кој ќе се сретнат врвни ансамбли од различни делови на светот, етнолози, етнокореолози, истражувачи, музиколози, филмски автори и љубители на ...
Македонската песна повторно ќе одекне меѓу вековните камени ѕидини на Античкиот театар Хераклеја. На 29 јули, со почеток во 21:00 часот, еден од најавтентичните и најемотивни интерпретатори на македонската музика, Влатко Миладиноски, ќе одржи голем концерт кој ветува незаборавно музичко доживување. Во еден од највпечатливите културно-историски локалитети во земјата, публиката ќе има можност да ужива во вечер исполнета со безвременски ...
Дарко Гроздановски и Игор Џамбазов – спој на младоста и искуството, а како заедничка особина и на двајцата, како и на целиот тим вклучен во овој проект: енергијата, трудот и искрената желба да се создаде не песна со видео запис, туку парче уметност. Моника Црнокрак e „шанкерката” во која се вљубува главниот лик – Дарко Гроздановски. И секако…легендарниот Игор Џамбазов – татко на шанкерката, газдата на локалот, каде како главен заплет се ...
Првото издание на Кичево Филм Фестивал со награда за трајни вредности ќе ја награди српската актерска дива Тања Бошковиќ и македонскиот актер Јовица Михајловски. Уметница чија кариера повеќе од пет децении остава длабока трага во кинематографијата и театарот на поранешна Југославија и регионот. Со повеќе од 40 филмски улоги, бројни телевизиски серии и стотици театарски изведби, Тања Бошковиќ е препознатлива по својот исклучителен актерски ...
Библиотеката на Еко, една од најважните современи лични збирки книги, содржи над 32.000 наслови, а сега е преместена од миланскиот дом на писателот во простор што му припаѓа на Универзитетот во Болоња, каде што тој бил професор. Библиотеката содржи збирка што го одразува целиот спектар на интереси на Еко, од средновековната филозофија до семиотиката, од литературата до лингвистика и од популарната култура до стриповите, давајќи извонреден ...
Ова лето, Приштина ќе биде домаќин на една од најбогатите музички програми досега на Sunny Hill Festival, со меѓународни ѕвезди, светски познати диџеи, како и домашни изведувачи и нови музички имиња кои ја обликуваат локалната сцена. Овогодишното издание, кое ќе се одржи на 31 јули, 1 и 2 август во Sunny Hill Festival Park во Приштина, ги донесува Katy Perry, Lewis Capaldi и Martin Garrix како главни ѕвезди на Sunny Hill Stage, на кој ќе ...
Од 4 до 8 август, во Струмица, традиционално по 21. пат ќе се одржи интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“. Според овогодишното фестивалско мото „Со отворени очи“, независните филмски автори метафорично ја повикуваат публиката да гледа како животот тече како на филмска лента низ бројните приказни раскажани од различни краишта на светот. Физиономијата на фестивалот, кој е препознатлив не само во регионот туку и во меѓународната ...
Српската женска музичка група Playade, позната по своите уникатни, нежни и сонувачки преработки, ја воодушеви публиката со своето прво издание – ЕП албум насловен како „Playade sviraju pesme Vlada Divljana“. Заедно со објавувањето на ова издание, премиерно беше прикажан и првиот од трите планирани видеа, за емотивната песна „Odnesi me“. Групата Playade е предводена од Јулијана Винчан, вокалистка, основач и авторка на концептот, а во видеото ...
20-тото јубилејно издание на Балканскиот етно-фјужн фестивал „Локум фест – музика и традиција“ се отвора во Хераклеја со спектакуларниот настап на ансамблот „10-те бузуки на Домна“ од Грција. Под ѕвезденото небо на Античкиот театар, публиката ќе ужива во уникатен музички спој на традиција, емоција и виртуозност, преку звуците на 10 бузуки, гитара, контрабас и впечатливи вокални изведби како и танцувачка група. Свеченото отворање е на 16. јули ...
Во театарот „Војдан Чернодрински“ се интензивираат пробите за претставата „Ловец во р’ жта“ (The Catcher in the Rye) по истоимениот роман на Џ. Д. Селинџер, што ја режира Мартин Кочовски. Режисерот вели дека претставата ќе преставува еден вид кратка историja на подемот и падот на индивидуата од средината на минатиот век до денес, со субjективна визиja за судбината на индивидуата во блиската иднина. – Текстот е цивилизациски важен, популарен, ...
Во годината кога одбележуваме 30 години од првиот концерт, решивме дел од прославата да им ја препуштиме на другите. Ја препуштаме на пријателите, на музичарите со кои сме се сретнале по патот и на оние што во некој момент влегле во нашата музика, а потоа ја понеле со себе. FOLTIN RE:COMPOSED е албум составен од нови читања на композиции од Фолтин, создадени од музичари од Македонија и регионот. Секој од нив избра по една песна и ја ...
По успешното деби на македонската музичка сцена со синглот „Чекор“, младиот музички автор и продуцент Darkoff продолжува сигурно да го гради својот препознатлив музички израз. Неговото најново остварување, „Под ова небо“, е реализирано во соработка со младата пејачка Анастасија Никова, носејќи современ звук, силна емоција и впечатлива вокална интерпретација. Новата песна веќе е достапна на сите дигитални музички платформи и на YouTube, каде ...
На 30 јуни се оддржа работилница и Бунраку демонстрација во Кинотека. Бунраку е професионален јапонски куклен театар кој е на УНЕСКО листата како Светско нематеријално културно наследство. Настанот започна со поздравни обраќања на амбасадорката Кавахара и деканот Владимир Павловски, по што следуваше извонредна изведба и работилница посветени на театарската уметност, во кои преку префинета куклена игра и богата нарација оживеаја приказни стари ...
Петтото издание на Фестивалот на балкански и медитерански филм „Преку езерото“, кој годинава за првпат се одржува во три града: Дојран, Струмица и Гевгелија носи исклучително филмско доживување. Иранската кинематографија е во фокус на фестивалот, а публиката ќе има ретка можност да проследи и ексклузивна светска премиера. Овие пет филма заедно ја илустрираат огромноста, ширината и амбицијата на современото иранско кино, секој од нив нудејќи ...
Денес, по три децении, официјално започна изградбата на Музејот на современа уметност „Арс Аеви“, еден од најзначајните културни проекти во Босна и Херцеговина, на Вилсоновото шеталиште покрај Миљацка. Музејот, дизајниран од италијанскиот архитект Ренцо Пијано, се гради со финансиска поддршка од Европската Унија преку проектот EU4Culture. Завршувањето на работите е планирано за две години. Шефот на Делегацијата на Европската Унија и ...
Утре, во 20:00 часот, на платото пред арена Борис Трајковскиќе се организира голем собир за последен пат да му се оддаде почит на Владо Јаневски. „Нека неговите песни одекнат уште еднаш, нека светлината од свеќите биде нашето „благодарам“, а нашето присуство доказ дека големите уметници никогаш не се забораваат. Ги повикуваме сите што го сакаа, почитуваа и растеа со неговата музика да ни се придружат. Да го испратиме достоинствено. Со песна. ...
Авалон продукција, која го организираше последниот концерт на Владо сподели со јавноста датум и време на последното испраќање на Јаневски. Сите кои ќе сакаат да се збогуваат со Владо за последен пат, ќе можат тоа да го направат во капелата на Градските гробишта во Бутел во среда (1 јули) во периодот од 10 до 11 часот. Погребот ќе следи веднаш потоа, на гробиштата во Бутел. Авалон продукција, која го организираше последниот концерт на Владо ...
Македонската поп-ѕвезда Владо Јаневски кој синоќа почина по кратко боледување, беше еден од неколкуте македонски уметници кои Владата на Никола Груевски ги прогласи за амбасадори на културата. Јаневски беше симболично назначен за македонски амбасадор на културата во Хрватска. Покрај Јаневски, уште осум други добија ваква титула. Режисерите Милчо Манчевски во САД и Иво Трајков во Чешката Република, пијанистка Елена Мисиркова во Австрија, ...
Легендарниот белградски рок бенд „Партибрејкерс“ одлучи да го забрани снимањето со мобилен телефон на своите концерти, придружувајќи се на растечкиот број глобални уметници кои сакаат публиката повторно да доживее настапи без екран меѓу нив и сцената. Во иднина, на влезовите на концертните места ќе бидат поставени јасни известувања во кои ќе биде наведено дека фотографирањето и снимањето не се дозволени. Бендот на „Арсенал Фест“ изјави дека ...
На 63 години по кратко боледување почина македонскиот театарски режисер Сашо Миленковски. Роден во Битола во 1963 година, Миленковкси работниот век го помина во Скопје. Во својата богата кариера Миленковски има реализирано повеќе од педесет режии на сцените во Македонија, регионот и во Европа. Неговиот опус се одликува со разновидност – од класични автори како Шекспир, Молиер, Достоевски и Бекет до современи драмски текстови. Особено значајно ...
Театар „Златен Елец“ ја најавува премиерата на претставата „Теорема, леме“ според романот и филмот на Пјер Паоло Пазолини. Режијата и адаптацијата се на Мирко Радоњиќ, драматург е Ева Камчевска а координатор на проектот е Бобан Алексоски. Во претставата играат: Златко Митрески, Леонида Гулевска, Бобан Алексоски, Марија Карилоска и Бранко Михајлоски „Доколку Господ ви се јави со чудо, дали мислите дека вие – вашата природа – ќе се смени? Или ...
На денешната прес-конференција, одржана во Македонската опера и балет (МОБ), на која присуствуваа Бобан Милошески (Авалон), режисерот Дејан Пројковски, продуцентот Пеце Талески од „ОХО продукција“, Игор Џамбазов и портпаролот на Владата на Република Македонија, Марија Митева, беше најавен новиот проект по повод одбележувањето на 35 години независност на Република Македонија – мјузиклот „35 години независност“. Мјузиклот ќе се одржи во повеќе ...
Деновиве беше означен почетокот на работата на новиот театарски проект „Годо“, современа авторска адаптација по мотиви на култното дело „Чекајќи го Годо“ од Семјуел Бекет. За првпат во македонскиот театар се реализира копродукција од ваков обем, која обединува четири различни институции и уметнички тимови во заедничка мисија – создавање на ново, современо и автентично сценско читање на едно од најзначајните драмски дела на 20 век. Проектот е ...
Фото: Урош Елековиќ Рок-музичарот, актер и писател д-р Неле Карајлиќ синоќа одржа голема промоција на својот прв соло студиски албум „Пијани брод“. Настанот официјално го отвори музичкиот менаџер Радомир Рака Мариќ, а промоцијата започна со ексклузивен кинематографски блок во кој премиерно беа прикажани четири нови музички видеа: „Kriva Drina“, „Anđeli“, „Sipaj ne pitaj“ и „Ibar“. Посебна атракција беше иновативната употреба на вештачка ...
Ален Исламовиќ, носи нова емотивна балада „Dolazi vrijeme suza“. Станува збор за моќна песна која ја носи препознатливата емоција и интерпретација по која Ален е познат со години, и која плени од првото слушање. Синглот е издаден од Хит рекордс, а комбинацијата од препознатливиот ракопис на Мирослав Рус и единствената интерпретација на Ален се покажа како целосен успех. Според самиот автор, за есен е планиран музички проект кој ќе биде ...
Во Македонскиот културно-информативен центар во Софија на 26 јуни (петок) 2026, со почеток од 18:30 часот, ќе бидат проектирани краткометражните филмови „Баба Деспина и Султанот“, „Исчекување“, „Селска свадба“, „Смртта во Битола“ и „Хуриет во Битола“, снимени од камерата на Манаки. Во истиот термин ќе биде отворена и изложбата на фотографии „La Belle Epoque“ – Истокот и Западот, битолската мода низ објективот на Манаки од крајот на XIX и ...
Со денешната прес-конференција во кафе Тигре, официјално беше отворено јубилејното 25. издание на фестивалот „Битола Отворен Град“, еден од најзначајните урбани културни фестивали во земјата, кој од 24 до 27 јуни повторно ќе ги претвори улиците, локалите, плоштадите и алтернативните простори во сцени за музика, уметност и идеи. „Горди сме што фестивалот го доживува своето 25. фестивалско издание. Во далечната 2002 година го започнавме овој ...
Денес во Народниот театар Битола се одржа прес-конференција по повод претстојната премиера на претставата „Госпоѓа Бовари“, од Гистав Флобер, во режија на Дејан Пројковски, која ќе биде изведена на 25 јуни во 20:00 часот на сцената на Народниот театар Битола. Пред претставниците на медиумите се обрати директорот на Народниот театар Битола, Васко Мавровски. „Со Дејан Пројковски имаме заедничка историја. Тој е многу актуелен режисер. Имавме ...
Актерот Бранислав Лечиќ (70) го игра Воислав Шешељ во новиот долгометражен документарен филм „Како го освоив Хаг“. Овој филм ќе се занимава со долгогодишниот живот на лидерот на Српската радикална партија во Хашкиот трибунал, неговата борба со судот и начинот на кој успеал да ги победи и на крајот да биде ослободен. „Да, вистина е, јас го играм Шешељ, а снимањето е завршено. Не знам кога ќе биде премиерно прикажан филмот. Ниту во најлудите ...
Со големо задоволство споделуваме дека Дина Јашари и нејзиниот бенд се официјалниот opening act на концертот на Duran Duran во Скопје! Дина е едно од највозбудливите и најавтентични имиња на новата македонска музичка сцена, артистка која со својот уникатен звук, харизма и авторски печат успеа да ја освои публиката и критиката низ регионот и Европа. Овојпат, Дина, заедно со својот одличен бенд, ќе ја загрее сцената за еден од најголемите и ...