Скопје
22ᴼ /
22ᴼ
Кон „Медеја МК“ – монодрама на Валентина Грамосли во режија на Марјан Нечак. НУ Центар за култура – Битола и Здружението за култура и уметност Движечки Музички Театар – Битола вчера премиерно ја прикажаа монодрамата „Медеја МК“. Текстуалната основа на монодрамата произлегува од Хајнер Милер, но е дополнително испреплетена и збогатена со поезија на Ана Бунтевска, создадена според насоките и концептот на Марјан Нечак. Ваквиот пристап резултира ...
Вокалите Веда Мавровска и Ана Анѓелевска со Теодор Прчков на гитара, Лука Куновски на бас гитара и Карло Чеваповиќ на тапани речиси една година свират во составот наречен „5 без 5“. Тие во август ќе одбележат и една година од своето настапување под ова име. Тие синоќа настапуваа на 26. издание на фестивалот „Празник на музиката – Солстис“. А нивната изведба на „Не сум твој тип“ беше препознаена и од самите „Дупер“. Целиот состав потекна од ...
-ИФФК „Браќа Манаки“ е еден од најзначајните проекти на Друштвото на филмски работници. 47. издание за нас претставува особена чест и задоволство што повторно го организираме, но претставува и огромна одговорност затоа што ИФФК „Браќа Манаки“ е еден од најзначајните фестивали во нашата земја и низ годините успеавме да изградиме бренд по кој сме препознатливи во светот, рече денеска Марија Димитрова, претседателка на Друштвото на филмски ...
Третото издание на обновениот регионален музички фестивал „Бисер Јадрана“ ги објави финалистите кои ќе настапат на овогодинешното фестивалско издание во Тиват. По конкурс кој траеше три месеци и пристигнаа 164 апликации, на сцената на 18 јули ќе се претстават два македонски артисти кои се најдоа помеѓу избраните 25. Ана Петановска ќе настапи со дуетот „Под ногама“ со поранешната членка на „Фрајле“, Наташа Михајловиќ. Освен Ана оваа година ...
Од изложби и работилници до концерти, јавни дискусии и регионални DJ настапи – од 24 до 27 јуни Битола повторно станува град отворен за културата. Битола повторно ќе живее во ритамот на фестивалот „Битола Отворен Град“, манифестација која низ годините прерасна во препознатлив простор за современа култура, музика, младински иницијативи и граѓанско учество. Под мотото дека многу градови имаат фестивали, а овој фестивал има свој град, ...
Ротинско Езеро, планинските падини на Пелистер, електронска музика, велосипедски патеки и стотици посетители кои одлучија да бидат надвор од градот. Така изгледаше третото издание на Project 7000, годинава реализирано под името „Протокол Мираж“, кое го претвори Ротинско Езеро во место каде што се сретнаа природата, авантурата и современата музичка култура. Настанот започна уште во текот на денот со организирани hiking и biking активности. Дел ...
Во продажба е ново издание од едицијата „25 најголеми хитови“ – Љупка и Ивица, двоен винил кој ги обединува најубавите песни на еден од најпрепознатливите музички тандеми на овие простори. Ова луксузно издание носи 25 песни кои ги одбележаа богатите кариери на Љупка Димитровска и Ивица Шерфези, како преку нивните заеднички настапи, така и преку нивните успешни соло музички патеки. Љупка Димитровска и Ивица Шерфези се паметат како едно од ...
Младиот македонски кантавтор, мултиинструменталист и продуцент Иван Кукиќ издаде нов албум, „Зачарани круг“, издание кое носи единаесет авторски песни и го продолжува својот препознатлив музички пат, комбинирајќи различни жанровски влијанија и врвна музичка вештина. По албумот „Sunday vibes“, објавен во 2023 година за „Кроација рекордс“, Кукиќ се претставува со ново студиско издание, каде што повторно го потврдува својот талент како ...
Емин АЗЕМИ Кога во 1931 година, комедијата „Госпоѓа Министерка“ (Gospođa ministarka) на Бранислав Нушиќ беше прикажана за првпат на сцената на Народниот театар во Белград, елитната театарска критика од тоа време побрза да ја нарече „едноставен хумор“ или „претерана карикатура“. Сепак, извонредниот ентузијазам на публиката и речиси едновековната долговечност на ова дело го докажаа спротивното. Нушиќ не напишал само комедија на ситации, чиј ...
Словачката премиера на дебитантскиот игран филм „17“ на Косара Митиќ е закажана за 23 јуни, вторник, во рамките на 32 издание на најстариот и еден од најзначајните интернационални филмски фестивали во Словачка – АРТ ФИЛМ во Кошице (19 – 25 јуни 2026 година). Филмот учествува во програмата насловена „Во светлоста на сенките“ (In the Light of Shadows), што Фестивалот ја посветува на дела коишто поттикнуваат размислување и дискусија, ...
НУ Центар за култура – Битола и Здружението за култура и уметност Движечки Музички Театар – Битола денеска ја најавија премиерната изведба на театарскиот проект „МЕДЕЈА МК“. „Особено ми е драго што ја имаме Медеја.мк на нашата сцена. Со ова ја продолжуваме една значајна продукциска линија која ја имал Центар за култура – Битола. Истражувајќи во архивите, имало неколку продукции на монодрама во 2007 и 2010 а во 2015 година исто така и ...
70 од 140 апликации се прифатени на првиот конкурс кој го објави Културниот и информативен центар – Битола за првиот Битфест во нивна организација. 18. издание на познатиот летен фестивал започнува утре (19 јуни) со мјузиклот „Као Какао“ а се завршува на 29 август со јубилеен концерт на „Фолтин“. „Концертот ќе биде колаж од овие десет албуми кои се издадени. Концертот ќе биде целовечерен и ќе трае околу два и пол часа. А ќе гостуваат и ...
На 19 јуни (петок), со почеток во 20:00 часот, на сцената на Турски театар ќе се одржи премиерата на претставата „Интервју“, по текст на Онур Озџан, во режија на Александра Кардалевска. Во претставата играат Хакан Даци, Џенап Самет, Слаѓана Вујошевиќ и Јеткин Сезаир, додека сценографијата и костимографијата се дело на Онур Озџан. „Интервју“ е современа психолошка драма која низ навидум обично интервју за вработување постепено отвора прашања ...
Од 24 до 27 јуни, Битола ќе го слави јубилејното, 25-то издание на фестивалот Битола Отворен Град, една од најдолговечните и најпрепознатливи платформи за современа музика, младинска култура, уметност и граѓански активизам во Македонија. Во текот на изминатите 25 години, фестивалот прерасна од локална иницијатива во важен културен простор низ кој поминаа генерации музичари, уметници, активисти, волонтери и млади луѓе. Неговото значење одамна ...
Една од најголемите светски музички ѕвезди на денешницата, Рита Ора, испрати специјална видео порака до македонската публика во пресрет на спектаклот што на 1 август ќе се одржи на стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид. Нејзината видео порака предизвика огромно внимание кај фановите. Во неа, светската поп ѕвезда ги кани сите љубители на добрата музика да бидат дел од незаборавната вечер која на 1 август ќе го претвори Охрид во центар на ...
На плоштадот покрај Македонскиот народен театар деновиве беше поставен нов банкомат на Халкбанк, чиј изглед внимателно е осмислен за да се вклопи во архитектурата и атмосферата на една од најзначајните културни локации во Скопје. Со својата форма, дизајн и препознатливи црвени завеси, поставката потсетува на мала театарска сцена, создавајќи впечаток дека и најобичната секојдневна трансакција може да биде дел од градската културна приказна. Во ...
Дискографската куќа „Dancing Bear“ го заклучи најинтензивниот дел од историјата – стана горд сопственик на поголемиот дел од каталогот на легендарната „Hladno pivo“! Безвременскиот опус на групата „Hladno pivo“ е еден од најважните рок каталози во овој регион, а од денес, речиси целосно е собран под капата на издавачката куќа „Dancing Bear“! Со преземањето на сопственоста на албумите „Pobjeda“ (1999), „Knjiga žalbe“ (2007), „Knjiga postanka – ...
Пиво Фестивалот Прилеп 2026 ја објави својата целосна програма. А за трите фестивалски вечери се најавени познати музички имиња од регионот. Фестивалот кој ќе трае од 17 до 19 јули ќе се одржува на плоштадот „Александрија“. Главна ѕвезда за петок (17.07) е Џенан Лончаревиќ, за сабота (18.07) – Милица Павловиќ а недела (19.07) е резервирана за Јелена Розга. Покрај главните ѕвезди, ве очекува програма со домашни изведувачи, бендови и DJ настапи ...
Дискографската куќа „Dancing Bear“ го заклучи најинтензивниот дел од историјата – стана горд сопственик на поголемиот дел од каталогот на легендарната „Hladno pivo“! Безвременскиот опус на групата „Hladno pivo“ е еден од најважните рок каталози во овој регион, а од денес, речиси целосно е собран под капата на издавачката куќа „Dancing Bear“! Со преземањето на сопственоста на албумите „Pobjeda“ (1999), „Knjiga žalbe“ (2007), „Knjiga postanka – ...
Триото „Интерарт“, кое го сочинуваат флејтистите Емилија Ристевска Стефановска и Александар Стефановски и пијанистката Татјана Божиновска, на 18 јуни 2026 година ќе одржи концерт во НУЦК „Антон Панов“ во Струмица. На програмата се застапени дела од G. Shocker, A. Rubtsov, J. M. Damase и македонскиот композитор Марко Виденовиќ, кои на публиката ќе ѝ понудат интересен и стилски разновиден музички доживувај. Со овој настап триото продолжува со ...
Славните југословенски режисери Горан Марковиќ и Рајко Грлиќ, некогашни колеги од славната Прашка школа, промовираа заедничка книга. Се работи за збирка колумни од порталот „Велике приче“, кои, преку приказни за филмот, уметноста, актуелните настани и животот воопшто, претставуваат политички релевантно и многу прецизно сведоштво за времето во кое живееме. „Беше доста лесно да ги убедам. Бевме на премиерата на филмот на Рајко во Дом синдиката ...
На 60-тото, јубилејно издание на МТФ „Војдан Чернодрински“, актерката Сара Спиркоска Костадиновска настапи со три различни сценски остварувања и ја освои наградата за најдобра млада актерка за Неда во „Црнила“ – Дејан Пројковски (Народен театар „Војдан Чернодрински“). Нејзиното фестивалско учество опфати разновидни улоги и различни театарски естетики, што дополнително ја истакна нејзината актерска флексибилност и способност за трансформација. ...
Одборот на Фондот „Мирослав Крлежа“, по разгледувањето на пристигнатите апликации, одлучи да ги додели стипендиите за оваа година од Фондот „Мирослав Крлежа“ на проф. д-р сц. Твртко Вуковиќ од Загреб и д-р сц. Сашo Огненовски од Битол. Хрватскиот литературен историчар Твртко Вуковиќ, како резултат на своето истражување и студија, ќе напише монографија за аспектите на психоанализата во делата на Крлежа, додека македонскиот критичар, писател и ...
Македонската радио-телевизија со задоволство објавува дека Ана Стојаноска е избрана да ја претставува Македонија на Јуниорскиот Евросонг 2026, кој ќе се одржи на 24 октомври 2026 година во Валета, Малта. Ана беше избрана по спроведена аудиција за избор на претставник на нашата земја. По внимателно разгледување и преслушување на настапите на кандидатите, стручната жири-комисија донесе едногласна одлука, препознавајќи ги вокалните способности, ...
Џез-визионери, поп-икони, пионери на електронскиот звук и нови генерации визуелни автори – сето тоа носи 12. издание на фестивалот за музички документарни филмови „Скопје Синема Сити“, кое ќе се одржи на 26 и 27 јуни во киното „Фросина“ при Младинскиот културен центар (МКЦ). Во текот на две фестивалски вечери, публиката ќе има можност да проследи внимателно селектирана програма што ги спојува филмот и музиката во возбудливи приказни за ...
Под светлата на древниот Долни Сарај повторно ќе се испишува музичка историја. Подготовките за 33. издание на „Охрид фест – Охридски трубадури“ се во полн ек, а фестивалот уште еднаш најавува програма што ќе го обедини најдоброто од македонската и балканската музичка сцена. По традиционалната Фолк вечер на 26 август, веќе следниот ден, на 27 август, Охрид ќе биде домаќин на долгоочекуваната Интернационална поп вечер – музички спектакл што ...
13 јуни, Прилеп: Со врачувањето на наградите и изведбата на претставата „Црно злато“ од Дејан Дуковски, во режија на Оливер Фрљиќ на Београдско драмско позориште, синоќа беше спуштена завесата на 60. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Публиката го наполни гледалиштето на големата сала во Центарот за култура „Марко Цепенков“, дојде да им оддаде почит на најдобрите според жири-комисијата, но и да ја проследи една ...
Во чест на наградените, вечерва ќе имаме ексклузивна можност да ја гледаме последната претстава и особено актуена претстава на Балканот периодов, токму од Дејан Дуковски, автор во фокус на фестивалот. Ана Стојаноска, уметнички директор на фестивалот истакна дека ова е голем чекор и подарок од фестивалот за публиката. На прес-конференција можевме да ги запознаеме актерите: Милутин Милошевиќ, Наташа Марковиќ, Ања Ќурчиќ, Јана Милосављевиќ, ...
Со одлична енергија, силна посетеност и богата музичка програма, успешно заврши второто издание на Урбан Фест – единствениот радиски фестивал на отворено во Македонија. Фестивалот се одржа на 9 и 10 јуни на локацијата „Вембли“ во Градски парк, каде во текот на двете вечери илјадници посетители имаа можност да уживаат во настапи на голем број македонски изведувачи и диџеи, кои ја претставуваат современата домашна музичка сцена. На втората ...
Театарскиот фестивал „Петар Кочиќ“ во Бања Лука штотуку заврши, а жирито едногласно одлучи наградата за најдобар актер на фестивалот да му припадне на Никола Ристановски за улогата на Мишел Бабиќ во претставата „Уна“ од Звездара Театра. Жирито на 28-от театарски фестивал беше составено од следниве членови: актерката Наташа Периќ режисерот и универзитетски професор Душан Петровиќ, и драматургот Молина Удовички Фотез, претседател. Во нивното ...