Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Во октомври 2025 година, Текстилно Трговско Здружение – Текстилен кластер (ТТЗ-ТК) беше домаќин на тимот на Mission4Water во Скопје, организирајќи јавна округла маса и настан за вмрежување во рамките на Fashion Weekend Skopje. Настанот се одржа во Diamond of Skopje – Carat Office и ја собра индустриската, академската и граѓанската заедница со цел да ги промовира новите пристапи за справување со загадувањето на водите и микропластика од ...
На 17 ноември на покана на Македонско културно друштво „Македонија“ и Заедницата на македонците во Република Хрватска, Велешки театар ќе ја одигра претставата „Синиот портокал“ во Сплит, Р. Хрватска. Гостувањето во Сплит на Театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ е во рамките на манифестацијата „Македонска културна есен“ која оваа година се одржува по 15 пат. „Синиот портокал“ е најиграна претстава во историјата на Велешки театар со над 100 ...
На 13.11.2025 со почеток во 20:00 часот во Центар за култура – Битола, БИТОЛСКИОТ ДУВАЧКИ ОРКЕСТАР ве поканува на нов голем концерт насловен „Take Five – Биг Бенд приказна“.На 13.11.2025 со почеток во 20:00 часот во Центар за култура – Битола, БИТОЛСКИОТ ДУВАЧКИ ОРКЕСТАР ве поканува на нов голем концерт насловен „Take Five – Биг Бенд приказна“. Дојдете да уживате во фанк и џез инструментални композиции во изведба на нашиот оркестар и познати ...
Објавата која предизвика неверување на друштвените мрежи е вистинита. Легендарниот Момчило Бајагиќ – Бајага и раперот Давид Љубеновиќ, попознат како Девито, објавија дуетска песна. Шокот, кој многумина го сметаат за оправдан, се прелеа и на социјалните мрежи, каде што сите пишуваат за оваа необична соработка. „Што е ова?“, „Од каде дојдоа овие двајца“, „Дали е ова Ai“… се само неколку од коментарите. Песната „Астронаут“ е придружена со ...
Младен Војичиќ – Тифа по долго време објави нова песна, насловена како „Anđeo u paklu“. Ова е воедно и почеток на неговата соработка со издавачката куќа „Hit Records“. „Оваа работа е единственото нешто што знам да го правам и верувам дека забележавте дека сум малку поинаков од другите, и поради мојот животен стил и поради мојата апсолутна посветеност на музиката. За мене, тоа беше вистинско освежување, но и нормален след на настани, ...
Националниот џез оркестар денес заминува на европска турнеја под наслов „Macedonian Dreams“, која ќе се одржи од 12 до 17 ноември 2025 година и ќе ги опфати градовите Будимпешта, Прага и Виена. Турнејата ќе започне на 12 ноември во Будимпешта, во престижната ELTE Aula Magna Hall, ќе продолжи на 14 ноември во Прага, во La Fabrika, и ќе заврши на 17 ноември во Виена, во реномираниот џез клуб Porgy & Bess – еден од најпрестижните џез клубови ...
Само денес (11 ноември), Центарот за култура – Битола подготви еднодневна промоција која не се пропушта. Искористете ја шансата и специјалната понуда да купите блок влезница за Фестивалот на музика од светот со голем попуст од 20%. Редовната цена на блок влезницата е 1500 денари а само денес цената е 1200 денари. А покрај попустот добивате екстра подарок со секоја купена блок влезница, брендирана шоља од фестивалот. Оваа намалена цена важи ...
„Храбриот нов театар“ е мотото под кое ќе се одржи 60. јубилејно издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ – Прилеп, од 12 до 19 јуни 2026 година. Ова мото е поткрепено и со визуелен идентитет на фестивалот за кој и годинава се погрижи дизајнерката Ема Велковска. Ви ја споделуваме експликацијата на Ана Стојаноска, уметнички директор на фестивалот: „Насловот на денес култниот роман на Хаксли – „Храбриот нов свет“ (1932) ...
На 28 март 2026 година (сабота), хрватската музичка ѕвезда Весна Писаровиќ ќе настапи за првпат пред македонската публика, на сцената на Македонската филхармонија во Скопје. Со својот препознатлив глас, харизма и искрена емоција, Весна ќе ги оживее своите најголеми хитови – „Да знаш“, „Јутро доноси крај“, „Сасвим сигурна“ – како и многу други песни што го обележаа нејзиниот музички пат. Публиката ја очекува вечер исполнета со врвна музика, ...
На утрешниот концерт (8 ноември), кој е по повод 25 години од албумот ,,Врати на имагинација” и 25 години од нивниот легендарен концерт на Саем, АРЕА за првпат ќе го отсвири целиот студиски албум во живо. А специјален гостин ќе биде Young Dadi Публиката ќе има можност првпат во живо да ја слушне новата верзија на легендарната песна „Очи Ангелски“, чиј прием од публиката го потврди безвременскиот дух на АРЕА и докажа дека добрата музика не ...
Центарот за култура – Битола со голема чест го најавува 17. издание на Фестивалот на музика од светот, кое оваа година ќе се одржи од 27 ноември до 1 декември 2025 година под мотото „Уметноста на звукот“. Во текот на петте фестивалски вечери, Битола ќе живее во духот на world music – универзален јазик што ги спојува народите, културите и генерациите, создавајќи мост меѓу традицијата и современиот звук. Светска музика. 5 вечери. Една енергија. ...
Голем број познати имиња од забавната музика, на гала концерт, ќе му оддадат почит на човекот кој ги создаде едни од најубавите хитови и за нив напиша повеќе од 700 композиции – едиствениот маестро Кире Костов. „Летај Галебе“ е насловот на концертот што ќе се одржи во Националната опера и балет во режија на Дејан Пројковски, а под диригентската палка на Сашо Тататрчевски. Музички соработници се Дамир Имери и Владимир Костов а ќе настапи и ...
Центарот за култура – Битола со голема чест го најавува 17. издание на Фестивалот на музика од светот, кое оваа година ќе се одржи од 27 ноември до 1 декември 2025 година под мотото „Уметноста на звукот“ Во текот на петте фестивалски вечери, Битола ќе живее во духот на world music – универзален јазик што ги спојува народите, културите и генерациите, создавајќи мост меѓу традицијата и современиот звук. Светска музика. 5 вечери. Една енергија. ...
Голем број познати имиња од забавната музика, на гала концерт, ќе му оддадат почит на човекот кој ги создаде едни од најубавите хитови и за нив напиша повеќе од 700 композиции – едиствениот маестро Кире Костов. „Летај Галебе“ е насловот на концертот што ќе се одржи во Националната опера и балет во режија на Дејан Пројковски, а под диригентската палка на Сашо Тататрчевски. Музички соработници се Дамир Имери и Владимир Костов а ќе настапи и ...
Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ од Велес ги објави добитници на наградите на Интернационалниот фестивал на античка драма – ИФАД „Стоби“ 2025. Жирито во состав: Јордан Витанов, Кристина Атанасова Арсова и Фаик Мефаилоски, со едногласна одлука ги додели овогодинешните награди на најистакнатите остварувања на фестивалот. Награда за најдобра претстава: „ИФИГЕНИЈА ЗА НИШТО“ – во продукција на Драмски театар Скопје Претставата ...
Националната установа – Центар за култура „Ацо Шопов“ – Штип во четврток, 06 ноември 2025 година, со почеток во 11:00 часот, во Спомен собата на установата, ќе одржи Симпозиум на тема „Битовата драма во репертоарот на националните театри“. Настанот е посветен на истражувањето и анализата на битовата драма како значаен жанр во македонската драматургија и нејзината застапеност во програмите на националните театри. Учесници се: Билјана ...
На 4 ноември – Денот на ослободувањето на Битола, градот ја прослави само својата историја, и еден нов почеток во културниот живот. Во Центар за култура, Битола се одржа настан на кој Битолскиот Камерен Оркестар IWConnect го претстави своето ново име – Битолски Оркестар DIVA. Настанот, кој се одржа во чест на градот и неговите граѓани, собра бројни гости, љубители на музиката и пријатели на оркестарот. Присутни беа градоначалникот на Општина ...
Во навечерието на Денот на ослободување на градот, синоќа Патеката на славните во Прилеп доби нова ѕвезда. За прв пат по 2016 година, еден заслужен граѓанин доби почит и чест со поставување на вакво обележје. Се работи за Коста Смилески кој остави неизбришливи траги во културниот живот на Прилеп, со својата посветеност, талент и љубов кон музиката и театарот. Роден на 11.03.1939 година во Прилеп, Коста Смилески завршува музичко училиште во ...
Ексклузивното ремастерирано винилно издание на „Врати на имагинација“ по повод 25 години од издавање на албумот ќе биде достапно за продажба на официјален MEET & GREET со бендот после концертот на 8 ноември во СЦ „Јане Сандански“. На 8 ноември во СЦ Јане Сандански ќе имате ексклузивна шанса да си го купите своето издание, потпишано од страна на АРЕА, по ексклузивна цена од 1.500 денари. Станува збор за луксузно опремено издание на 140 ...
Дејан Дуковски, еден од највлијателните и најизведувани македонски драмски автори, ќе биде Автор во фокус на претстојното 60. Јубилејно издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Фестивалот ќе му посвети ден на авторот во кој со различни содржини ќе биде потенцирана важноста на Дуковски за македонската театарска меморија и култура, воопшто. Фестивалот годинава ќе се одржи од 12 до 19 јуни 2026 година. Името на ...
Синоќа на свечена академија во НУ Центар за култура „Марко Цепенков“, Општина Прилеп ги додели општинските признанија „3-ти ноември“, по повод Денот на ослободување на градот. Помеѓу добитниците беше и Народниот театар „Војдан Чернодрински“ кој во речиси полн состав се појави на сцената, а надвор од сценариото во име на ансамблот се обрати актерката Даниела Иваноска, со моќен и впечатлив говор. „Вечерва му се доделува награда на Народниот ...
Мјузиклот „Nebo je malo za sve“ посветен на познатиот југословенски рок бенд од Ниш – „Кербер“, премиерно ќе биде прикажан на 19 ноември во Народниот театар во Ниш. Мјузиклот ќе ја донесе енергијата на оваа музика, духот на 1980-тите и 1990-тите, сликата на Ниш во тоа време, но и емотивна љубовна приказна. Мјузиклот е именуван по песната „Nebo je malo za sve“ од 1983 година, а е создаден врз основа на идејата на писателот Милош Петковиќ, ...
На 5 ноември со почеток во 19 часот во Свечената сала на Офицерскиот дом – КИЦ Битола ќе се одржи концертот „Промузика“. Настапува водечкиот оперски драмски сопран во Македонија, Весна Ѓиновска Илкова во пијано придружба на Кристина Светиева. Весна Ѓиновска Илкова е водечки оперски драмски сопран во Македонија,и Македонската Опера во последните 25 години,певица со софистицирано пијано, беспрекорна вокална техника, огромна музикалност, харизма ...
Од 25 до 30 ноември во Јајце, БиХ, каде на 29 и 30 ноември 1943 година се одржа Второто заседание на АВНОЈ, ќе се одржува АВНОЈ Фест. Создаден врз основа на традицијата на АВНОЈ, преку различни уметнички форми ќе ги потврдува вредностите на антифашизмот, толеранцијата и мирот. Оваа година, фестивалот носи различна културна содржина а настанот што привлече најголемо внимание е концертот на словенечкиот бенд „Лајбах“, насловен како „Четвртата ...
Општина Штип ги објави добитниците на традиционалните Осмоноемвриски признанија, што секоја година се доделуваат на Денот на ослободувањето на градот, 8-ми Ноември. Оваа година ќе бидат доделени 18 признанија на поединци, институции и организации, заслужни за афирмација на Штип. На листата се уметници, актери, средношколци, спортисти, граѓански организации. Прва на листата е Клиничката болница за професионалниот ангажман и брзата реакција во ...
Центар за култура – Битола го најавува 17 издание на Фестивалот на музика од светот кој ќе се одржува од 27 ноември до 1 декември во Центар за култура и Народен Театар – Битола. На 30 ноември во Битола доаѓаат „Koza Mostra“ – еден од највлијателните и најпознатите грчки бендови на изминатата деценија! Својот меѓународен пробив го направија на Евровизија 2013 со хитот „Alcohol is Free“, кој денес има повеќе од 12 милиони прегледи на YouTube. ...
31 издание на Fashion Weekend Skopje powered by UniBank, поддржан од Министерството за култура и туризам како проект од национален интерес, во петтиот ден ја претвори салата на Diamond Mall – Carat во сцена каде модата зборуваше за дизајн, свест и етика. Од разговорите за прифаќање и различност до ревиите што го слават модниот дизајн, вечерта покажа дека модата не е само облека, таа е јазик на вредности и културна промена. Денот започна со ...
Под слоганот „Одржлива мода и креативна традиција – развој на иновативни практики во македонската модна сцена“, четвртиот ден од Fashion Weekend Skopje 31 powered by UniBank и поддржан од Министерството за култура и туризам како проект од национален интерес, го претвори просторот на Diamond of Skopje, Carat Office во јадро на современата македонска модна сцена, преку прецизно куриран простор каде идеите за одржливост, културна меморија и ...
Овој декември, на сцената на Македонскиот народен театар ќе гостуваат Црногорско народно позориште со ремек-делото „Господа Глембаеви“, предводено од легендарниот Светозар Цветковиќ, како и Народно позориште од Белград со култната комедија „Вообразениот болен“, во која ќе настапи извонредниот Иван Босиљчиќ. На големата сцена на Македонскиот народен театар, на 16 декември (вторник) во 20:00 часот, публиката ќе има можност да ја проследи ...
Објавен е повик за македонски дизајнери на мода, текстил и аксесоари да учествуваат во меѓународната резиденцијална програма „Зелена и одржлива мода – Нордиско-балтичката приказна“, која ќе се одржи во Северна Македонија од 21 до 30 март 2026 година. Резиденцијата е дел од проектот „Green and Sustainable Fashion – The Nordic-Baltic Story“, финансиран од Nordic Council of Ministers, а реализиран од Амбасадата на Шведска во Скопје, во ...