Скопје
14ᴼ /
14ᴼ
Израелската разузнавачка агенција Мосад работеше „во срцето на Техеран“ за време на неодамнешната заедничка американско-израелска кампања против Иран, изјави директорот на Мосад, Дејвид Барнеа, на церемонијата по повод Денот на сеќавањето на холокаустот. Барнеа нагласи дека мисијата на неговата агенција во Иран е далеку од завршена, објави The Times of Israel. „Им обезбедивме на воздухопловните сили прецизни разузнавачки информации, што им ...
Американската војска тврди дека во првите 24 часа од почетокот на поморската блокада на Ормутскиот теснец, ниту еден брод не успеал да ја пробие блокадата. Командата на американските сили (Centcom) објави дека повеќе од 10.000 лица од морнарицата и воздухопловните сили учествуваат во операцијата, заедно со повеќе од десет воени бродови и десетици авиони. Според нивните тврдења, шест трговски бродови ги послушале наредбите на американските ...
Заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Албрим Хоџа, соопшти дека на денешната седница на Владата е усвоен Планот за управување со јагулата, документ кој има за цел заштита и обновување на оваа важна врста за екосистемот и регионот. Според Хоџа, планот предвидува конкретни мерки за мониторинг и долгорочно управување со јагулата, со цел зголемување на нејзиниот број и зачувување на природната рамнотежа. Тој истакна ...
Времето утре ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, информира УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 16, а максималната ќе достигне од 12 до 23 степени. Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 22 степени. Следува ...
Фату, најстарата горила во светот што живее во заробеништво, го прослави својот 69-ти роденден во зоолошката градина во Берлин. За таа пригода, таа беше почестена со посебна гозба составена од домати, цвекло, праз и салата, но немаше роденденска торта бидејќи шеќерот не е здрав за приматот во поодмината возраст. Како западна низинска горила, Фату далеку го надживеала типичниот животен век на нејзиниот вид во дивината, кој е од 35 до 40 ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, ја критикуваше енергетската политика на Обединетото Кралство во објава на неговата социјална мрежа Truth Social, велејќи дека со отфрлањето на експлоатацијата на нафта од Северното Море, Европа останува без клучен извор на енергија. „Европа очајно има потреба од енергија, а Велика Британија одбива да ја отвори нафтата од Северното Море, едно од најголемите нафтени полиња во светот. Трагично! Абердин треба ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари телефонски разговор со Анита Орбан, главен советник за надворешна политика на новата владејачка партија на Унгарија – TISZA. Во разговорот, министерот Муцунски упатил искрени честитки по повод резултатите на парламентарните избори. „Соговорниците ги реафирмираа одличните билатерални односи и високото ниво на политичка соработка, изразувајќи подготвеност за нивно ...
Во моментов нема недостиг на гориво во Европската Унија, но наскоро би можело да се појави проблем со снабдувањето со гориво за авиони, изјави денес портпаролката на Европската Комисија. „Во моментов нема докази за недостиг на гориво во Европската Унија, но во блиска иднина би можеле да се појават проблеми со снабдувањето, особено за гориво за авиони“, изјави портпаролката Ана Каиса Итконен на прес-конференција. Таа додаде дека рафинериите ...
Понатамошната ескалација на војната во Иран може да предизвика глобална рецесија, да предизвика зголемување на инфлацијата и нагло опаѓање на финансиските пазари, предупреди Меѓународниот монетарен фонд. Во сè понестабилна средина, фондот со седиште во Вашингтон соопшти дека економската штета од конфликтот на Блискиот Исток постојано се зголемува и ги намали своите прогнози за раст за 2026 година врз основа на досегашното влијание на војната, ...
Министерството за правда соопшти дека во текот на утрешниот ден ќе достави барање до надлежните судски органи и обвинителства за потребните списи за сите предмети поврзани со поранешниот премиер Никола Груевски и откако ќе ги добие потребните документи ќе постапи согласно позитивните законски прописи. Од Министерството потсетуваат дека за Груевски досега е поднесено едно барање за екстрадиција на 20.11.2018 година, како и дополнување на ...
Здружението на новинари на Македонија и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници реагираат по денешната јавна изјава на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, упатена кон новинар од ТВ Алфа. „Сметаме дека е недозволиво и непримерно за претседател на политичка партија јавно да упатува тешки обвинувања за корупција проследена со реторика на дискредитирање кон новинари и медиуми. Oва не е изолиран случај, туку загрижувачка пракса ...
Министерството за економија и труд, во соработка со Државниот пазарен инспекторат, изготви компаративна анализа на движењето на цените на основните прехранбени и непрехранбени производи, согласно заклучокот донесен на 162-та седница на Владата на Република Северна Македонија. Анализата ги опфаќа цените на 55 најпродавани производи, следени во четири трговски синџири со различно ценовно позиционирање, во периодот од 1 февруари до 1 април 2026 ...
Израелскиот министер за финансии Безалел Смотрих побара извинување од германскиот канцелар Фридрих Мерц за неговата изјава дека „не смее да има де факто анексија на Западниот Брег“. Барањето на Смотрих дојде откако Мерц изрази загриженост за ситуацијата на палестинските територии во понеделникот, објави агенцијата „Анадолија“. Одговор на Смотрих до канцеларот Во објава на социјалните медиуми доцна во понеделникот, Смотрих рече дека ...
Германија и Украина сакаат дополнително да ја продлабочат политичката и воената соработка и да ги подигнат своите билатерални односи на ниво на стратешко партнерство, беше објавено по консултациите на германско-украинската влада во Берлин денес. „Со нашата поддршка за Украина, истовремено ги зајакнуваме германските и европските одбранбени капацитети и нашата индустриска база“, рече германскиот канцелар Фридрих Мерц на заедничката ...
Поранешниот возач на Формула 1 и амбасадор на трки во Абу Даби, Роберт Дорнбос, наговести дека неодамна откажаната Голема награда на Саудиска Арабија сè уште може да се врати во календарот и да се одржи подоцна во текот на годината. Да потсетиме дека трката во Бахреин беше планирана за 12 април, додека Саудиска Арабија требаше да биде домаќин на караванот на Формула 1 на 19 април. Сепак, обете трки беа откажани поради ескалацијата на ...
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до ОЈО ГОКК поднесе кривична пријава по брза постапка против К.Ш., на работно место полицаец во ПС ОН Струмица, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службена должност и овластување“ по член 353 од КЗ и од страна на судија за претходна постапка му се одредени мерки на претпазливост. Според полицијата, пријавениот ...
Водечките земји на Европската Унија не сакаат да го разгледаат приемот на Украина во ЕУ во блиска иднина, пишуваат медиумите, повикувајќи се на извори. Според дипломатите на Европската Унија, Германија, Холандија и Италија се залагаат приемот на нови членки да се спроведе врз основа на нивниот успех во спроведувањето на соодветните реформи и да не се прават исклучоци од геополитички причини. „Секако, не сакаме да го ослабнеме (Владимир) ...
Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, го означи почетокот на работите за реконструкција и трансформација на Старата чаршија, една од како што велат од неговиот кабинет, најзначајните инфраструктурни интервенции во ова историско подрачје во последните децении. Проектот опфаќа површина од 1.567 м² и предвидува реставрација на калдрмата со травертински камен, со што се зачувува историската автентичност на Чаршијата, како и целосна ...
Веднаш откога ќе се појави во земјава Никола Груевски ќе биде упатен на издржување на затворската казна, рече денес премиерот Христијан Мицкоски. Одговарајќи на новинарски прашања по свеченоста по повод 34 години Царинска у, премиерот Мицкоски рече дека нема никакви очекувања за Никола Груевски по смената на власта во Унгарија. „Јас немам никакви очекувања, но доколку Никола Груевски се појави во Македонија, тој има правосилна пресуда и ...
Синоќа во 19:30 часот во Полициската станица Гевгелија е пријавено дека во Итна медицинска помош Гевгелија за укажување на лекарска помош била донесена 12- годишна малолетничка од Богданци. Таа се здобила со тешки телесни повреди при пад од електричен тротинет на ул. „Васо Марков“ во Богданци. Увид на местото извршила екипа на ОВР Гевгелија. Синоќа во 19:30 часот во Полициската станица Гевгелија е пријавено дека во Итна медицинска помош ...
По повод отпочнувањето на активностите за вежбата „БЛЕСОК 26“ (Б-26), која ќе се изведува на повеќе локации во државата во периодот од 19 до 27 април 2026 година, денес во Генералштабот на Армијата се одржа брифинг за претставниците на медиумите. На брифингот присуствуваа: началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, командантот на Командата за операции (КО) бригаден генерал Мирче Ѓоргоски, директорот на вежбата ...
Вчера во 13:45 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Т.И.(57) од Скопје. Според пријавеното тој околу 10:00 часот пред домот на Д.Б.(27) од Скопје упатувал вербални закани кон него и неговата мајка, а потоа се заканувал и со пиштол. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. Вчера во 13:45 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба полициски службеници ...
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,73% во однос на одлуката од 6.4.2026 година. Од 15.3.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 82,00 (денари/литар) Моторен бензин ...
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, демонстрира недозволиво ниво на ароганција и неодговорност, сега обвинувајќи ги вработените во ЈСП Скопје дека со своите тужби го ʼблокираатʼ претпријатието, реагираат од Левица. Со тоа, додаваат од оваа партија, Ѓорѓиевски не само што ги дискредитира работниците кои се принудени по судски пат да ги бараат своите загарантирани права, туку директно ја префрла вината за катастрофалната состојба ...
Легендата на Манчестер Јунајтед, Рој Кин, го критикуваше Мајкл Карик по поразот од Лидс. Иако резултатот беше во сенка на судиските одлуки, Рој Кин жестоко ја критикуваше играта Јунајтед и вели дека била под просекот. Кин досега беше еден од најголемите критичари на Мајкл Карик, синоќешниот пораз му овозможи повтороно да „удри“ по тренерот. „Како што реков претходно и ќе продолжам да велам – Карик не е вистинскиот човек за оваа работа. ...
СДС и Филипче наместо да ликуваат на резултати од избори во други држави, нека си се посветат на партијата која е распадната на парчиња, истакна на прес-конференција Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „СДС којашто некогаш беше релевантна и кредибилна, Филипче ја доведе во комбинација со Заев, да тоне се повеќе и повеќе во жива кал и да нема како да излезе од неа. СДС којашто треба да биде главна опозиција и коректив на власта, се ...
Аурелио Де Лаурентис, 76-годишниот контроверзен сопственик на Наполи, во интервју за „Њујорк тајмс“, презентираше радикални идеи за модернизација на фудбалот. Според Де лаурентис, фокусот треба да биде на младите генерации. „Фудбалот ќе ја изгуби помладата генерација. Натпреварите се предолги, децата немаат концентрација за 90 минути фудбал“, рече Лаурентис и додаде: „Замислете ја таа глупава пауза од 15 минути на полувремето! Дали мислите ...
Премиерот Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на обвинувањата од опозицијата и најавата дека ќе бараат ревизија на парите коишто се дадени од Унгарија во државава во однос на телекомуникација, енергетика и медиуми изјави: „Видете СДСМ изминатиов период, најблаго кажано живее според онаа читанката „Алиса во земјата на чудата“, јас повеќе тоа би го класифицирал како СДСМ во земјата на лагите и конструкциите. ...
Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица од селото Корешница, општина Демир Капија, за кои постои основано сомнение дека биле соизвршители во кривично дело – Грабнување согласно член 141 став 2 во врска со став 1 и во врска со член 22 од Кривичниот законик. Двајцата осомничени, на 12 април, заедно извршиле грабнување на лице со намера да го присилат да сними изјава со признание ...
Доаѓа време за вистина, за правда и за одговорност, историската победа на Тиса и Петар Маѓар во Унгарија донесоа крај на уште еден долгогодишен срам за Македонија, Груевски мора да се врати и да одговара, нагласи претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција. Филипче ја поздрави пораката од новата унгарска власт дека ќе ги испорача оние кои бегаат од правдата, а се кријат на нејзина територија. „Ја поздравувам јасната ...